дома блог страница 5144

Битола: Почниал на лице место – колегата го прегазил со багер

policijalenta20148

Враќајќи се наназад со багер го прегазил својот колега. Несреќен случај вчера попладне во Битола. Како што јавува полицијата, во објект во изградба, 47 годишниот В.М. управувајќи багер, враќајќи се наназад прво го прегазил 56 годишниот Т.М. а потоа и 63 годишниот Ј.Е.

56 годишниот маж поминал без повреди, а 63 годишниот Ј.Е. откако го извадиле од багерот, лекарите констатирале смрт.
Телото е предадено на обдукција.

Koлку само храброст и искуство му било потребно на овој камионџија да го направи ова – ВИДЕО

screenshot_7-40

Иако камионџиите се добро познати по своето искуство и професионалност, малкумина од нив би се осудиле да го направат тоа што го изведе овој шофер на камион.

Да преминеш преку надојдена река со камион полн со товар, потребно е многу храброст. Еден погрешен чекор би можел да биде фатален.

Погледнете го видеото:

А.Г.

Стобирај и вози – голема наградна игра од Витаминка со брендот Стоби

Три автомобили, скутери, ховерборди, ЛЕД телевизори, таблети и уште над 500 други вредни награди се дел од големата наградна игра на Витаминка и омилените грицкиСтобиФлипс, ЧокоСтобиФлипс и СтобиСтикс.

vitaminka

Наградната игра „Стобирај и вози“ започнува на 20-ти септември и ќе трае до 25-ти декември, кога е последното извлекување на добитниците.

За учество и можност за добивање на некоја од бројните награди, потребно е само да се соберат 5 празни кесички од СтобиФлипс, ЧокоСтобиФлипс или од СтобиСтиксод кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се оставиво видливо обележаните кутии во продажните места низ целата држава или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.

-Како бренд што поврзува генерации и некако го следи развојот на Витаминка, се решивме да направиме наградна игра за производи од брендотСтоби. На овој начин сакаме да им се заблагодариме на потрошувачите кои го ценат квалитетот на овој производ што прерасна во домашен бренд број еден“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Стобирај и вози!има вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување. Првото извлекување ќе биде на 23-ти Октомври, второто на 27-ми ноември и третото на 25-ти декември. Од првите две извлекувања ќе биде доделен по еден автомобил ToyotaYaris и други вредни награди, додека на третото извлекување главната награда е најновиот модел наToyota C-HR Hybrid.Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија.Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.

Сите подетални информации за наградната игра како и јавното објавување на добитниците ќе бидат поставени на веб платформата www.stobiranka.mk.

ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Ова е езеро кое нема дно! (ВИДЕО)

screenshot_10-22

Езерото “Сино око” во Албанија е природен феномен, бидејќи нема дно! Синото око всушност е дупка во која се спојуваат подземни води, кои преку неа извираат на површината. Самата дупка, која не е целосно истражена според некои тврдења  е околу 45 метри длабока.

Овој природен феномен се наоѓа во близина на патот кој води до градот Саранда.

Иако пливањето и капењето во Синото око е дозволено, поради температурата на водата која изнесува 10 степени целзиусови, малкумина се осудуваат тоа да го сторат.

1

Туристите овде доаѓаат да  уживаат во прекрасната природа и да фрлат камче во центарот на дупката, што по неколку секунди го здогледуваат на површината.

Погледнете го видеото:

А.Г.

Тестирајте ја вашата концентрација: Ќе најдете ли маче за 5 секунди? (ФОТО)

Оваа фотографија, на која е прикажан автомобил паркиран покрај дрво, е идеална за проверка на вашата моќ за концентрација и набљудување.

 

zagatka-mace

Иако на прв поглед сигурно нема да забележите, на неа се наоѓа и една мачка.

За разлика од некои многу компликувани загатки кои ги има на интернет, оваа не е толку сложена, па повеќето луѓе истата можат да ја решат за околу 5 секунди. Тоа е и времето потребно да ја решите и вие за да си кажете дека сте успеале.

Нов температурен шок: Следува вистинска есен во Македонија

images-of-autumn-3

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а во останатите делови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места и студени утра. И натаму ќе дува умерен северен ветер.

Министерот Мисајловски најави изградба на втората делница на експресниот пат Прилеп – Градско

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој учествува на „Инотранс“, најголемиот саем за железнички транспорт во светот, потврди дека во соработка со Европската Унија е објавен меѓународен тендер за изградба на втората делница од експресниот пат Прилеп – Градско.

14424953_1577155442591486_7717368332891335073_o

– Зборуваме за 15-километарско поврзување од Прилеп кон Градско, значи дополнување на експресниот пат, инвестиција којашто е многу важна за Република Македонија затоа што целата инвестиција би изнесувала преку 80 милиони евра. Што значи дека вториот сегмент заедно со Европската унија која го распишува тендерот е многу добар мотив за нас да продолжиме понатаму и во процедурите за третиот дел од етапата Градско – Прилеп. Овој проект е поделен на три етапи, првата веќе се гради, втората се распишува, третата ќе ја градиме во текот на следните години. Тоа значи дека до крајот на годината ќе избереме изведувач, односно ќе завршат оние подготовки за изведувач и по процедурата што следи за да се потпишат договорите некаде во првата половина на наредната година да можеме да започнеме со градба, изјави министерот Мисајловски за МИА во Берлин.

Според Мисајловски, со оглед на должината на процедурите на ЕУ, до крајот на годинава ќе трае тендерот а на почетокот на првиот квртал на 2017 година ќе биде избрана компанија изведувач којашто ќе работи на втората секција од патот од Прилеп кон Градско. Оваа патна делница треба да биде готова до 2019 година. Според министерот за транспорт и врски граѓаните ќе добијат добар современ експресен пат бидејќи тие тоа го заслужуваат а наскоро со политиките на Министерстовото треба да се очекуваат и нови инвестиции и тендери во инфраструктирата.

Мисајловски посочи дека во моментов во Република Македонија се реализираат најголемите инвестиции во железничката инфраструктура и сообраќај. Во тек е изградба на пругата кон Република Бугарија и тоа на потегот од Куманово до Бељаковце, инвестиција од 40 милиони евра. Исто така, во тек е постапка за избор на фирма што ќе ја гради втората делница кон Бугарија, и тоа од Бељаковце до Крива Паланка, за што се обезбедија средства во висина од 147 милиони евра. Започнато е и проектирање на последната делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Според проекциите, се очекува пругата целосно да биде изградена до 2022 година.

Мисајловски дополнува дека во делот кон Албанија во тек е проектирање на нова едноколосечна пруга на потегот од Кичево до Лин, граница со Албанија а во тек е и реконструкција на делница долга 30 км на потегот од Неготино до Ногаевци на Коридор 10, набавени се нови 150 вагони, набавени се нови 6 патички возови.

Дополнително, во тек е постапка за набавка на три нови локомотиви инвестиција од 7 милиони евра, со што вкупните инвестиции во овој сектор надминуваат над 200 милиони евра, вели министерот за транспорт и врски Мисајлоски.

Ја сликал својата бремена жена, но на фотографијата имало чуден детаљ кој им претскажал нешто

Кога Крис Хани ја направил фотографијата на својата бремена сопруга Бриџит, на фотографијата забележал нешто чудно. Имено, над главата на неговата сопруга може да се види необична светлост.

 

zena

Очекувањето на бебе е највозбудливото време во животот на секој брачен пар, но за Бриџит и Крис, работите не оделе во најдобар ред…

Имено, пред да се родат двете здрави момчиња, отчукувањето на срцето на Бриџит драстично паднало, што ја довело до лоша состојба.

Погледнете ја нивната приказна во следното видео…

 

УРНЕБЕСНО: Како изгледа интернетот во Северна Кореја

_91324291_d1f4600c-ff99-42be-8544-4fe3c1dee0a6

Северна Кореја врши голема рестрикција врз пристапот на интернет на своите граѓани, но сепак граѓаните имаат пристап и до некои веб страници кои потекнуваат надвор од државата.

Поголем дел од овие веб страници од секогаш биле достапни во државата, но во вторникот беа и јавно претставени.

Листата на веб страниците беше објавена од страна на американски програмер, и на неа се наоѓаат помалку од 30 веб страни. Овие веб страни содржат пропаганда, туристички информации, но исто така може да се најдат и филмови од Северна Кореја.

_91324293_rodong

Граѓаните на Северна Кореја имаат пристап до несофистицирани веб страни кои содржат информации за големиот број активности на лидерот Ким Јонг Ун.

Веб страната cooks.org.kp е исполнета со рецепти од традиионална храна. Исто така содржи информации и за рестораните во Северна Кореја.

_91324231_2eed907d-54fd-4968-887e-c621e50ecee2

 

Родените на овој датум се најсреќни: Проверете дали тоа е вашиот роденден!

thinkstockphotos-511582534620x0-77297-800x306

Генерално зборувајќи, луѓето родени за време на летните месеци се многу повеќе позитивни од останатите.
Во истражување учествувале 2.000 луѓе за да се дознае на која дата е најсреќниот роденден. А, тој ден е 28 јули!
Истражувајќи за сајтот „Interflora.co.uk“ ги прашувале луѓето како се чуствуваат на својот роденден и согласно со одговорите донеле одредени заклучоци.
Критериуми: топло време, лето и близината на платата.
Дури 60% од родените во јуни се среќни за својот роденден, 59% родените во јули и 53% во август.
28 јули одбран е според следните критериуми: На тој ден обично е сончево времето, блиску е до исплата на платата и лето е.
Сосема очекувано, зимските родендени се најдепресивни, особено оние на 16-ти декември, а тоа е така поради студеното време и близината на Божиќ за кој третина од испитаниците кажуваат дека им ја засенува роденденската прослава.