дома блог страница 5143

Хуманитарен спортски хепенинг во спортската сала во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп

14379941_1658742574436330_13622778905508706_o

По повод отварањето на новата спортска сала во ООУ “Добре Јованоски” во Прилеп, во недела со почеток од 10:30 часот, ќе се одржи хуманитарен спортски хепенинг.

Програмата ќе започне со ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Победа и ФК Пролетер, а ќе се одиграат уште натпревари во кошарка, ракомет и одбојка.

Ова ќе биде одличен начин да се испроба новата спортска опрема во салата која е четврта спортска сала која се изгради во градот под Марковите Кули.

14370030_1658595694451018_9048820846972748027_n

Се разбуди “Супер Марио”: Нови два гола и лесна победа против Монако

mario-balotelli-nice-transfer

Марио Балотели или како што е познат во јавноста “Супер Марио” по се изгледа дека го пронајде своето вистинско место.

Во два меча во француската Лига 1 Балотели постигна 4 гола и го доведе својот тим до првото место.

Летниот преоден рок беше тежок период за него бидеќи големите  клубови беа скептици за негово доведување.

Тој е познат по неговиот темперамент и по невољите кои ги создаваше во клубовите за кои играше.

ВИДЕО: Вака се живееше во Сирија пред да започне војната

f8caa88166540a4fca61e38d6e528875_l

Додека бомбите и насилството на исламските фанатици не започнаа да го уништуваат секојдневието во Сирија, во оваа медитеранска држава луѓето живееле во слобода.

Од Сирија последниве 4  години стигнуваат само лоши вести. На војната не и се гледа крај. Сите се прашуваат  како оваа држава изгледаше пред започнувањето на  војната и како се живееше во неа.

Во Сирија во слога  живееле христијани и муслимани. Верските заедници меѓусебно се почитувале.

ВИДЕО: Погледнете како изгледа озлогласениот логор Аушвиц снимен од дрон !

screenshot_1-85-640x411

Ова видео кое снимено со помош на дрон го претставува озлогласениот концентрационен логор Аушвиц, 70 години откако е ослободен од страна на советските војници.

Секоја година илјадници туристи и преживеани од тоа време, го посетуваат најголемиот логор изграден од страна на нацистичка Германија.

Повеќе од еден милион луѓе, најголем број Евреи, ги загубиле животите од 1940 до 1945 година. Во 1945 година тој е ослободен од страна на Црвената армија.

За колку голем комплекс се работи погледнете на видеото.

 

Вртоглави суми: Колку троши Хилари Клинтон во кампања?

Кандидатката на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон минатиот месец потрошила 645.000 долари дневно повеќе од нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп.Иако и со кампања вредна 50 милиони долари таа не успева да се оддалечи од него во анкетите во трката за Белата куќа, наведуваат американски медиуми.

 

tramp-klinton

Кампањата Клинтон имала најскап месец досега во август – 12 милиони долари повеќе отколку во јули. Таа и Демократската партија во август потрошиле 78 милиони долари додека Трамп и Републиканскиот национален комитет потрошиле околу 47 милиони долари.

Клинтон во август покрила 11 сојузни држави со 35.714 тв-реклами додека 7.457 реклами на Трамп се емитувани во пет сојузни држави.

Тимот на Клинтон има околу 800 луѓе за кои минатиот месец се одвоени околу 5 милиони долари. Трамп има околу 130 вработени во кампањата и повеќе од 100 консултанти.

 

Повеќе од 20.000 луѓе вчеравечер го следеа Ален Хасановиќ на „Фејсбук Лајв“

dasaaa-696x522

Популарниот македонски пејач Ален Хасановиќ вчеравечер им подготви вистинско изненадување на своите фанови со вклучување во живо преку својот официјален Фејсбук профил.

Имено, вчеравечер (20-ти септември) на само некоја минута по полноќ Ален ги извести своите фанови дека во наредните два часа ќе имаат можност да му поставуваат прашања, но и да нарачуваат песни кои тој ќе им ги отпее во живо и ќе го прочита нивниот коментар.

Според статистиката достапна на Фејсбук, само во првите десетина минути се приклучиле повеќе од 10.000 корисници кои активно го следеле неговиот директен пренос. Хасановиќ помош при изведувањето на ова изненадување имаше од својот помал брат, Армин Хасановиќ кој го пратеше во текот на целото вклучување, но и од менаџментот на неговата матична продукција која го емитуваше вклучувањето на својот телевизиски канал „Гранд ТВ“, достапен преку повеќето кабелски оператори и во нашата земја.

Од македонски, српски, ромски, па се до англиски мега хитови, Ален Хасановиќ ја забавуваше својата публика и најави дека во наредниот период ќе промовира нешто ново на кое веќе некој период работи активно со продукцијата „Гранд“.

– За Ален Хасановиќ секогаш се бара билет повеќе. Преполните дискотеки и гледаноста на Youtube се само еден показател за неговата успешна кариера која од ден во ден се зголемува. Во наредниот период ќе ја промовираме новата песна на Ален за која веруваме дека ќе биде одлично прифатена од публиката, исто како и сите претходни негови песни, коментираат од неговата матична продукција.

Покрај новата песна на Ален Хасановиќ, српската продукција „Гранд“ подготвува уште едно изненадување за македонските гледачи кои го следат музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Неофицијално, станува збор за Ристе Ристески, кој во моментов има ексклузивен ангажман во Швајцарија.

Извор: Пелагонија.мк

За што е корисно семето од чија и за што можете да го користите

chia-seeds-history-and-information-gq-fitness

Ова е неверојатен производ кој е моќен извор на калциум, омега-3 масни киселини и антиоксиданти.

Со конзумирање на ова семе ќе изгледате помладо, ќе станете поенергични и ќе се чувствувате поздрави и витални.

Ако досега не сте биле во контакт со овој феноменален производ, ова сигурно ќе ви помогне да ги запознаете сите негови предности.

Ова семе содржи 20% протеини, 34%масти, 25% диететски влакна а исто така и значајна количина на антиоскиданти.

За што е корисно семето од чија ?

  • Намалување на тежината. Бидеќи ова семе изобилува со вода, веднаш откако дојде до желудникот се чуствува ситост.
  • Ова семе претставува моќен извор на калциум. Во ова семе се наоѓа 5 пати повеќе калциум отколку во млекото и 3 пати повеќе отколку во бананата. Ова семе ги грешава проблемите со меките коски на телото.
  • Ова семе изобилува со омега-3 масни киселини исто како и црвената риба. Семето од чија го намалува холестеролот а со тоа го подобрува и работењето на срцето.
  • Бидеќи содржи голема количина на антиоксиданти придонесува за помлад изглед на лицето и штити од инфективни заболувања.

Прилепчанка ветувала повратни билети од САД – и платиле ама не ги добиле

policijadjip

СВР- Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишната Ј.Ч. од Прилеп.

Таа со лажно прикажување односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија.

Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779,000 денари по што на Д.Н. му обезбедила карти само во еден правец а Л.А. воопшто не добила авионски билети. Во текот на март годинава, сега оштетениот Д.Н. кој моментно живее во САД, на сметка на пријавената уплатил вкупно 4.140 американски долари за купување на пет повратни билети на релација Чикаго-Виена-Скопје.

По остварен контакт меѓу пријавената и сега оштетената Л.А. во Струга, било договорено купување на 12 повратни авио билети од САД за Република Македонија. По извесно време од средбата и направениот договор, сега оштетената Л.А. на сметка на пријавената уплатила 283.200 денари но договорените 12 повратни авионски карти воопшто не ги добила – соопштија од МВР.

 

Светската трка за мир ќе помине низ Прилеп и Кривогаштани

maxresdefault1-702x336

На 21 февруари 2016 година во Порто (Португалија) се одржa церемонијата за отварање на најголемата штафетна трка за мир низ Европа
„Шри Чинмој Единство-Дом Трка за Мир“ – “Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run” (позната и како „Трка за Светска Хармонија“). Во нејзината трета декада постоење, тоа е најголемиот и најдолгиот народен труд за мир на човештвото.

Интернационалниот тим од тркачи трча со запален факел како симбол на мир – подавајќи го од рака на рака и од срце на срце низ цела Европа.
Се посетуваат училишта, општествени групи, организации од сите сфери на животот, лидери и спортисти, со цел да се споделат идеалите за охрабрување и подршка на другите и потикнување на единството и мирот
во секојдневниот живот. Се трчаат повеќе од 24 илјади километри низ 49
европски држави со финиш во Рим на 7 октомври.

Визионерот за мир Шри Чинмој ја основа „Трката за мир“ во 1987 во духот на љубовта, хармонијата и единството. Оттогаш со оваа иницијатива се посетени повеќе од 150 држави и се истрчани повеќе од 500 илјади километри. Едноставната порака на трката „Твој е првиот чекор!“ инспирираше милиони луѓе низ светот.

За време на трката тркачите поминуваат околу 100 километри на ден. Едно до две возила го следат тимот на тркачи кој со себе го носи факелот од град до град, со очекување дека секој тркач ќе покрие од 10 до 30 километри дневно.

Подржана од многу светски личности, меѓу кои беше и Мајка Тереза, претседателот Нелсон Мандела, нашите претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров. Карл Луис, поранешениот американски супер атлетичар познат под псевдонимот „Син на ветерот“ изјави: „Со носење на факелот, милиони граѓани прават чекор кон светска хармонија, и ги спуштаат социјалнте бариери кои оделуваат една нација од друга.“

Трката е непрофитен настан кој е организиран и финансиран целосно од волонтери, чија цел е да ги охрабри добрите односи помеѓу луѓето од сите нации. Не цели кон собирање на средства, ниту застапува некоја политичка цел. Секој може да учествува: спортисти и оние кој не спортуваат, млади и стари. Факелот може да се носи неколку чекори, неколку метри или неколку милји или пак само да се даде подршка на тркачите кои минуваат.

За повеќе информации за целата рута и релации на трката, посетете ја страницата “Live from the road” на http://www.peacerun.org/mk/

 

Се празнува „Рождество на Пресвета Богородица“ во населените места во Прилеп

12

По повод големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“ или Мала Богородица, градоначалникот Марјан Ристески денеска ги посети повеќето цркви во населените места: Мало Коњари, Кадино Село и Штавица.

Мештаните, ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник.

6

1

2

3

4

5

Градоначалникот Ристески користејќи ја оваа пригода на сите православни граѓани им го честита светиот ден „Рождество на Пресвета Богородица“ посакувајќи им благосостојба и добро здравје. Градоначалникот посочи дека секоја година на овој празник е присутен во населените места и е горд што овој верски празник се празнува во многу населени места како и во црквите во градот.

11

7

8

9

10