дома блог страница 5145

Македонија повторно се тресе: Три земјотреси во близина на Скопје, третиот најсилен

Трет земјотрес од 2,7 степени беше почувствуван денеска во Македонија во 19.37 минути. Епицентарот на земјотресот е на 10 киломeтри од Карбинци.

 

zemjotres-3-1

Претходно, во 15.57 часот е регистриран земјотрес во Скопје и околината, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот беше 2,4 степени според Рихтеровата, скала и е значајно посилен првиот кој се случи во 13.20 часот, кој беше со јачина од 1,9 степени по Рихтер

 

Утре е Мала Богородица – ова никако не смеете да го правите

boyjn56u6559u568u456541u56251u565

Кај народот овој празник се одбележува со живописни обичаи, особено посветени на раѓањето.

Некои семејства во свечена облека, иако не одат на слава или не слават, повеќе денови поминуваат во празнично расположение особено во краевите каде што се одржуваат панаѓури.

Се верува дека ако е ведро на тој ден, Сонцето ќе ни се смее во текот на есента, но и во текот на зимата.

Жените на овој ден не би требало да ја чистат куќата, да перат и да вршат слични работи.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се работи никаква работа што се врши со раце. На денешен ден наводно не е добро ни да се почнуваат било какви нови работи, туку тоа да се одложи за следните денови.

Дејкоска утре ќе го забележи својот настап на “Светското армиско првенство”

10513269_678670448885644_2366809353774643794_n

Mae Дејкоска членка н а борачкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп, ќе ги брани боите на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија на 31-то “Светско армиско првенство” во борење.

Дејкоска утре ќе настапи во категоријата до 58кг, а се очекува нејзиниот настап да донесе одлична борба и резултат.

Земји кои учевстуваат на СП се: Бразил, САД, Русија, Полска, Индија, Ј.Кореа, Словачка, Грузија, Финска, Пакистан, Естонија, Латвија, Тунис, Азербејџан, Турција, Казахстан, Бугарија, Словенија, Романија, Белорусија, Украина, Кина, Египет, Бахреин, Еквадор, Швајцарија, Франција, Германија, Чешка, Мексико, Аргентина, Шведска и Македонија.

 

ВИДЕО: Пронајдена нацистичка временска капсула: Ова неверојатно откритие ги изненади научниците !

hitler-600x392

Во градот Злочењец, Полска, кој во текот на Втората светска војна и припаѓал на Германија, пронајдена е нацистичка временска капсула која датира од 1934 година.

Капсулата ја открил археолог кој знаел за нејзиното постоење но долго време не можел да стигне до неа.

Археолозите, како што е наведено, морале да пронајдат начин да поминат низ подземните води и дебелиот слој цемент за да дојдат до капсулата, а потоа требало да ги заобиколат германските рудници.

Предметите од капсулата се совршено сочувани.

 

ВЕСТА КОЈА ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: Џим Кери осомничен за смртта на бившата девојка

dzim-keri-497x600

Катриона Вајт почина од прекумерена конзумација на дрога  во септември 2015 година. Познатиот холивудски глумец Џим Кери, на последното рочиште е осомничен дека токму тој ја снабдувал со опијати.

Според последните наводи, познатиот глумец ја снабдувал девојката со таблети. Од документите до кои дојде “Mirror Celebs”, се дознава дека на амбалажата на пронајдените таблети било напишано “Артур Вајт” што е псевдоним под кој е познат Џим Кери.

Во согласност со тоа, светски обожуваниот комичар, се оптужува дека својата бивша девојка ја снабдувал со таблети 4 дена пред нејзината смрт.

Прилепчанката Жаки му го одзеде здивот (ВИДЕО)

4

Даниел Крстески сними спот за својата нова песна “Милена”. Во него една од главните улоги е прилепчанката Жаки, која освојува со својот сексапил и убавина.

Песната на Даниел е певлива и разиграна композиција која допира уште при првото слушање, а Жаки е вистински шлаг на тортата.

1

2

3

Во продолжение слушнете ја новата песна на Даниел:

Направете здрав напиток лесно и едноставно !

zalfija-ff-600x400

Виното од жалфија го зајакнува организмот и делува како природен лек за потенција. Овај напиток се добива кога во 2 литри домашно квалитетно вино се ставаат 30 грама жалфија и 70 грама рузмарин па сето тоа се загрева неколку минути.

Кога виното ќе се олади, додадете 30 грама мед. Потоа промешајте и турете во мала стаклена чаша. Се пие по една мала ракиена чаша пред јадење.

За употребата на природни лекови задолжително консултирајте се со лекар.

ШОК ВО ХОЛИВУД: Анџелина Џоли се разведува од Бред Пит

По 12 години брак, славниот холивудски пар ќе се раздели, пишува Дејли мејл.

 

bred-pit-andjelina-djoli

Како што пишува Дејли Мејл, Анџелина Џоли била таа која што ги поднела документите за развод,

Парот започна да се забавува во 2004 година, а направија свадба во 2014.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицијата на “демократска” Америка: Пукаат во невооружен човек, татко на 4 деца

amrika-policija-oruzje-600x355

Американските медиуми објавија видео во кое се гледа како полицијата во Тулса, во америкаснката држава Оклахома, пука во невооружен афроамериканец.

Ова е уште еден во низата случаеви кој го поставува прашањето на односот на употреба на сила на полицијата врз Афроамериканците, пишува “USA today”.

Полицијата на местото на настанот пристигнала откако добила дојава дека на патот се наоѓа напуштено возило а на почетокот тврделе дека оружје било употребено кога Теренс Кручер (40) се противел на наредбата да ги подигне рацете.

Полицајката Бети Шелби јавила во централата дека Кручер не ја почитува наредбата а потоа пукала во него. Другиот полицаец употребил електро-шок.

Видеото снимено со камера од полициски автомобил и од хеликоптер покажува дека Кручер стои на средина од патот со кренати раце, а потоа оди на кај својот автомобил. Целото време полицајците го имаат на нишан. Кратко потоа се слуша истрел, а Кручер паѓа на земја.

Основното подрачно училиште во Кадино Село со нови инвестиции

12

Основното подрачно училиште во населеното место Кадино Село доби нови санитарни јазли. Инвестицијата е од 600.000 илјади денари средства обезбедени од ЕЛС Прилеп. Во ова подрачно училиште досега е инвестирано во промена на дограмата, подовите, кровната конструкција, училниците. Градоначалникот Марјан Ристески при посетата посочи дека Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи со инвестициите во образованието и подобрување на условите за работа во училиштата како во градот така и во населените места.

18 13 14 15 16 17