дома блог страница 5142

Страшната сообраќајна незгода што утринава се случи пред Прилеп однесе две жртви – ФОТО

14393835_332481133767703_600218658_o

Утринава во 10:30 часот, се случи страшна сообраќајна незгода на планинскиот превој помеѓу Македонски Брод и Прилеп, кај месноста Барбарас.

Од очевидци дознаваме дека камион шлепер удрил во карпа падната на патот, при што шоферот и сошоферот загинале на лице место.

 

14393289_332481143767702_1610681863_o

Бред Пит ја отвори душата:Ја сакам, ама таа жена е луда!

Од час во час се појавуваат нови детали за кои се претпоставува дека претходеле на крахот на љубовта на Анџелина Џоли и Бред Пит, а последната ексклузива ја понуди таблоидот „Сан“.

pit-520x777

Тие пишуваат како Бред и признал на Анџелина дека има проблем со алкохолот и дрогата, а наведуваат и дека имал бројни бурни судири со наскоро бившата сопруга. Наводно и понудил на Анџелина да се пријават на рехабилитација како би го спасиле баркот.

-Таа е луда, но се уште ја сакам – рекол Бред на своите пријатели кога сфатил дека бракот му пропаѓа.

Со оглед на тоа дека Анџелина го нарекла лош татко и побарала старателство над децата со барање Бред само да ги посетува, холивудскиот актер ги ангажирал најдобрите адвокати како би се изборил за заедничко старателство. Бред и Анџелина имаат 6 деца, три посвоени, три биолошки, а се венчаа во август 2014 година.

Тешка сообраќајка пред Прилеп – сообраќајот во прекин во двата правци

policiska-lenta-02-3-_215-71811

Од 10:30 часот, на планински превој помеѓу Прилеп и Македонски Брод поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин во двата правци, информираат од АМСМ. Се уште нема информации за евентуални жртви или повредени.

Изложба ,,Бисерите на Малиот Битолски Монмартр 2016,, пред прилепчани

dsc_0057

Во петок 23 септември 2016 од 20.00 часот во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата ,,Бисерите на Малиот Битолски Монмартр 2016,,.Се работи за изложба од 30 дела што се дел од 35 јубилејно издание на манифестацијата.

dsc_0065

Темата на изложбата е старата македонска архитектура. Делата ги насликаа околу 100 деца – ликовни таленти од околу 15 земји. Пренесени се архитектурите на Битола, Охрид и Крушево.

Од најдобрите дела е формирана изложбата која ќе можат да ја проследат прилепчани.

dsc_0100

dsc_0096

Како да откриете неквалитетен мед – едноставен трик кој многу ќе ви помогне

rggdhtdhj-640x351

Најдоброто што природата може да го направи и истовремено е најздраво е мед. Тој има многу здравствени предности и се користи за различни цели.
Медот е одличен за косата и кожата, како и за здравјето воопшто.Тој има магичен вкус и е популарен и кај возрасните и децата.
Меѓутоа, поради високите цени на пазарот се наоѓа и мед кој не е органски, со хемикалии во него. Докажано е дека 76% од медот на пазарот е полн со хемикалии.
Таквиот мед често може да го најдете и во супермаркетите, па зато би требало да знаете како да го препознаете.
– Доколку медот не „кристализира“ со тек на времето, постои можност да е неквалитетен, бидејќи органскиот мед ќе „кристализира“ доколку се чува во фрижидер.
– Секогаш прочитајте ја налепницата , а доколу содржи комерцијална гликоза или пченкарен сируп, одбегнувајте го.
– Додадете неколку капшки јод во чаша со вода и додајте малку мед. Доколку медот се претвори во плава боја тогаш тој е во комбинација со пченкарен скроб.
– Додадете неколку капки оцет во мешавина на вода и мед. Доколу се појави пена, медот содржи гипс.
– Запалете мед со фосфор и кибрит, доколку се запали, тоа е чист мед.
– Ставете лажица мед во чаша вода. Доколку медот не се распушта, тогаш е природен и квалитетен.
Споделете го ова со вашите пријатели и роднини, така што и тие ќе научат како да ја препознаат разликата меѓу органски и неквалитетен мед!

Жена во смртна постела предупредува: Секоја втора девојка ја прави оваа грешка која е многу опасна!

zena_b-olna

Секојдневно слушаме за различи активности кои ги правиме, а кои го доведуваат нашето здравје во ризик. Тоа најчесто се газираните пијалоци, недоволно спиење и нездрава исхрана. Но, оваа жена, Ешли Ренер ни ги отвори очите со својата приказна за опасности од работи кои често ги игнорираме – опасност од солариум.

Како што вели и самата сакала таму да се сонча, за да добие потемен тем од својот природен. Со само 33 години и е дијагностициран меланом односно рак на кожата кој се проширил по целото тело. На 40 години веќе била озбилно болна. Жените често се повикуваат на рекламите за солариум каде ја ставаат убавината на прво место, заборавајќи на сопственото здравје.

Погледнете го видеото и обратете внимание:

Македонска романтика во Будва: Погледнете како Горан ја запроси својата девојка Ивана (ВИДЕО)

За време на нивниот летен одмор во Будва, скопјанецот Горан, момчето на Ивана, направил нешто што таа сигурно ќе го памети целиот свој живот. Тој собрал храброст и пред полното кафуле излегол и клекнал за да ја побара раката на својата девојка. Погледнете го видеото на коее прикажано целото запросување…

 

УРНЕБЕСНО: Како изгледа интернетот во Северна Кореја

_91324291_d1f4600c-ff99-42be-8544-4fe3c1dee0a6

Северна Кореја врши голема рестрикција врз пристапот на интернет на своите граѓани, но сепак граѓаните имаат пристап и до некои веб страници кои потекнуваат надвор од државата.

Поголем дел од овие веб страници од секогаш биле достапни во државата, но во вторникот беа и јавно претставени.

_91324293_rodong

Северна Кореја врши голема рестрикција врз пристапот на интернет на своите граѓани, но сепак граѓаните имаат пристап и до некои веб страници кои потекнуваат надвор од државата.

Поголем дел од овие веб страници од секогаш биле достапни во државата, но во вторникот беа и јавно претставени.

_91324231_2eed907d-54fd-4968-887e-c621e50ecee2

Веб страната cooks.org.kp е исполнета со рецепти од традиионална храна. Исто така содржи информации и за рестораните во Северна Кореја.

НЕСТОРОВСКИ СТРЕЛА ПАЛЕРМО ПОБЕДУВА!

PALERMO, ITALY - AUGUST 12: Ilija Nestorovski (R) of Palermo in action during the Coppa Italia - Tim Cup match between US Citta' di Palermo and AS Bari at Stadio Renzo Barbera on August 12, 2016 in Palermo, Italy. (Photo by Tullio M. Puglia/Getty Images)

PALERMO, ITALY - AUGUST 12:  Ilija Nestorovski (R) of Palermo in action during the Coppa Italia -  Tim Cup match between US Citta' di Palermo and AS Bari at Stadio Renzo Barbera on August 12, 2016 in Palermo, Italy.  (Photo by Tullio M. Puglia/Getty Images)

После погодокот во претходното коло против Кротоне, кога му донесе бод на својот клуб, сега погодок за три бода.

Прилепскиот виртуоз во Палермо повторно погоди за тимот од Сицилија и му донесе вредни три бода од гостувањето во Бергамо против Аталанта.

Несторовски стартуваше како единствен истурен напаѓач вечерва и прецизно стрелаше во 89-тата минута од натпреварот, при асистенција на својот балкански колега, Босанецот Мато Јајало.

 

 

Роза Топузова за Катица Јанева: И од дното постои подолу

Во Собранието на Република Македонија денес на седницата на Комисијата за политички систем каде се разгледува извештајот за работата на СЈО, Катица Јанева се дрзна да дава коментари со политичка конотација, демонстрираше класично непочитување на функцијата пратеник, но истовремено покажа и огромен недостаток лична култура и учтиво однесување.

roza

-Кои граѓани она ги застапува? Кои граѓани ги застапува Роза Топузова? Беше она на пратеничка листа како што знам, потоа независна, вакви недолични зборови и коментари со политичка конотација употреби Катица Јанева обраќајки и се на пратеничката Роза Топузова-Каревска.

По ова срамно и дрско однесување на Јанева, следуваше жестока и емотивна реакција од страна на пратеничката Роза Топузова Каревска каде што таа констатираше дека ова однесување на Катица Јанева срамно и го допрела дното.

-Претседателе, немам зошто да одговорам на вакво прашање. Ова значи дека имало и од дното подолу, одговори пратеничката.

На ваквата невидена дрскост реагираше и Професор Билјана Ванковска, која на својот фејсбук профил напиша: „Кај ограничена, па и дрска – ама сака да биде и кокетна!  Ужас! Се конфронтира со Роза Топузовска?!?  Кого претставувала!?! Оваа не е арна! “.

vankovska-1