дома блог страница 5141

СЕЛО ВО СРБИЈА КРИЕ МОРНИЧАВА ТАЈНА: Сите жени во ова село се вдовици, но има и нешто пострашно !

drvo-zapis-sveto-mesto-osvestati-selo-srbija-suma-600x399

Мало населено место покрај Смедерево веќе два века го носи името Удовице. Во ова место има во просек 130 вдовици на 2.000 жители.

Иако ова место треба да биде препознатливо по овоштарството и сточарството, тоа и понатаму е автентично по една работа – бројот на вдовици. Постојат неколку теории за ова место.

Според едно предание, овде постоело селото Подгорица каде деспотот Вук погубил 60-70 селани за да ги казни бидеќи го криеле Бегот Али. Во тоа време многу жени останале вдовици и селото го добило името Удовице.

Постарите луѓе велат дека територијата на денешно Удовице не се простира на онаа која се наоѓало селото Подгорица, туку на територијата измеѓу Подгорица и поранешниот манастир Кокора. Денес сеуште се гледаат темели од манастирот и траги од гробовите кои се наоѓале покрај него.

Удовице се споменува и во арачките листи во првите години од 19 век .

Во тој период во селото живееле млади доселеници. Иако од тогаш има поминато многу време, ова село сеуште го прати истата карма.

 

 

Русите ќе ја „колонизираат“ Месечината

1

Ќе се користи специфична платформа за симулирање на условите, најмногу гравитацијата на Месечината, која е изработена од RSC Energia уште на почетокот на 70. години од минатиот век. Резултатите треба да откријат како најефикасно астронаутите да се движат по месечевата површина и како најдобро да го користат роверот.

„Ги спроведуваме овие експерименти за да видиме на што треба да обрнеме внимание. Месечината не е лесно место за движење во скафандер, па ќе има потреба од посебна опрема за транспортирање“ – вели Александар Полишкук, заменик на шефот на проектот.

Со овој експеримент Русија ќе биде чекор поблиску до формирање на трајни бази на нашиот природен сателит. Во 2024 година се планира да се лансира сонда која ќе ја избере локацијата за базата, а целта на колонијата ќе биде од истражувачка природа и за ископување на минерали.

Се планира првата мисија да брои четири члена, а се опремува со капацитет на 10 до 12 лица да престојуваат во одреден период. Електраната, како и самата база се планира да биде под површината за да персоналот биде заштитен од космичката радијација која би претставувала опасност за нив.

Русите работат во моментот на нивната ракета „Ангара“ и во план се до шест лансирања, секое од тие би значело нов модул за базата. Изградбата се очекува да трае повеќе од десет години

Иванов во ОН: Бараме да ни се почитува правото на самоидентификација и човеково достоинство

Јас сум Македонец, моите сограѓани се Македонци и од оваа говорница ви се обраќам на македонски јазик. Бараме сите да не почитуваат како Македонци, како што ние го почитуваме правото на сите да се идентификуваат така како што се чувствуваат. Како што ние, на сите им го почитуваме правото на самоидентификација и човеково достоинство, бараме истото да се однесува и на нас. Сакаме како Македонци да соработуваме и да имаме најдобри односи со сите наши соседи, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во обраќањето на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, говорејќи за прашањето за името.

ivanov-640x518

Според македонскиот претседател, поради двојните стандарди и непочитувањето на меѓународното право, меѓународниот поредок полека деволуира во, како што рече, глобален хаос и непоредок, а во својот четврт век независност, Република Македонија ја почувствувала оваа сурова реалност.

– На нашиот пат кон меѓународно признавање и интегрирање се соочивме со многу блокади и претрпени штети. Се соочивме со негирање на правото на самоидентификација на македонските граѓани, без кое нема ниту интегритет на човековата личност, ниту човечко достоинство. Поради ова прашање, дури и денес сме блокирани во меѓународни организации, како НАТО и Европската унија. Веќе 5 години Република Македонија чека меѓународната заедница да ја испочитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата, рече претседателот Иванов.

Деновиве од устите на многу државници, тука, од ова место, ќе слушнете за неопходноста од почитување на меѓународното право. Но, исто така, многумина по заминувањето од ова место ќе заборават на она на кое повикуваат. Пресудата од Меѓународниот суд на правдата во спорот меѓу Македонија и Грција, донесена уште пред 5 години – на неа потсетив и пред 2 години од оваа говорница. Но, пресудата до ден денес не е испочитувана. Ова е еден од школските примери за неефикасноста на нашата светска организација, рече претседателот Иванов.

Неодлучноста на Европската унија и НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Република Македонија, рече претседателот Иванов, беше една од главните причини за постојаната внатрешнополитичка криза во Македонија што кулминираше оваа година.

– Последиците од блокадите станаа причини за нови блокади. Но, Република Македонија не е исклучок. Целиот регион на Балканот стагнира. Одново се јавуваат ретроградни процеси. Балканските држави наивно веруваа дека некој од надвор ќе им ги реши проблемите. ЕУ очигледно ја нема таа моќ, рече македонскиот претседател.

Решението за разликата околу името, според македонскиот претседател, треба да се бара во рамките на Времената спогодба, резолуциите на Обединетите нации и пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Заедно со примерок од говорот на претседателот Иванов, до сите учесници на 71. ГС на ОН беше дистрибуиран и документ со преглед од најважните поенти од Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 5 декември 2011 година.

 

П*КИ ШТА ИМА? Речникот на Петре Шилегов како алхохолизиран кочијаш!

Пратеникот и портпарол на СДСМ, денес сериозно се потруди да биде поодвратен од апсолутниот шампион Катица Јанева

shilegoff

Откако прво беше забележан како си дава „ишарети“ со Софија Куновска со која заедно се изгубија по Собраниските ходници, Шилегов се врати во салата каде што се одржува Комисиската расправа очигледно вознесен од претходното искуство, па со речник на алхохолизиран кочијаш им се обрати на пратениците „Пички шта има?“.

 

Еве, и сами погледнете го резилот.

Извор : ИНФОМАКС

Дали ви се допаѓа ? Руси преработија еден од најголемите југословенски хитови

untitled

Големиот хит на Бајага од 80тите “Верујем, не верујем” 28 години од неговото  настанување доби и руска верзија. Преработката се вика “Верко- не верко” а ја изведува познатиот руски бенд “The Peace Dukes”.

“Навистина ми се допаѓа нивната верзија на мојата песна. Ми се допаѓа енергијата и спотот е одличен” изјави Момчило Бајагич  Бајага за РТС.

 

Цигарите „Ронхил“ заминуваат во историјата

После 37 години, цигарите Ронхил заминуваат во историја, изјави на денешната прес-конференција Џон Брејди, член на Управата на „Бритиш Американ Тобако Адрија“.

ronhil-cigari

Тој најави дека кон почетокот на октомври, брендот Ронхил ќе биде преименуван во Данхил, јавува хрватски Тпортал.

– Со влегувањето на Ронхил во семејството Данхил, обезбедуваме нова иднина за потрошувачите на овој бренд. После осум години постојана работа, Ронхил изгуби повеќе од половината од својот почетен удел во пазарот, поради што е јасно дека потрошувачите бараат промени, истакна Брејди.

Ронхил, првпат на пазарот се појави во 1979 години, а според податоците за продажба, во 2007 години биле продадени 5,8 милијарди кутии Ронхил.

Според фабриката за производство на цигари Ровињ (Творница духана Робињ-ТДР), која ги произведува овие цигари, наведува дека пазарниот удел на Ронхил во Хрватска изнесува 42 отсто, што значи дека ги конзумира секој трет потрошувач.

Бритиш американ Тобако ја купи ТДР минатото лето за 505 милиони евра, при што се обврза дека ќе го задржи производството најмалку пет години. Но очигледно, во договорот немало дека мора да ги задржи и брендовите на ТДР.

Судбината на Ронхил, претходно ја доживеа Јорк, кој стана Пал Мал, а се очекува Волтер Волф да стане Лаки Страјк.

Прилепчанец остана без 5.500 евра преку ноќ

rgergegh

Вчера непознат сторител со употреба на физичка сила влегол преку прозорот од приземјето на куќата во сопственост на К.С.(39) од Прилеп и извршил тешка кражба, при што одзел 5500 евра во разни апоени, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 350.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

 

Поштенски маратон стана член на најпрестижната асоцијација за маратони во светот

20160911_070025

Прв Поштенски Маратон стана член на најголемата асоцијација за маратони во светот “Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина” (AIMS- Association of International Marathons and Distance Races). Во оваа престижна организација членуваат 400 маратонски трки од повеќе од 120 земји и територии во светот, а отсега и Поштенскиот маратон, кој оваа година ќе се одржи во Прилеп на 9-ти октомври.

Сертификацијата на маратонот се одвиваше на тој начин што официјален претставник на AIMS ја поминува, мапира и во исто време ја сертифицира целосната патека по која се одвива маратонската трка во Прилеп. По утврдувањето на сите правилности и далечината од вкупно 42 километри, донесена е одлука Поштенскиот маратон да стане член на организацијата. Целта на оваа соработка е да се етаблира и промовира патеката на Поштенскиот маратон низ целиот свет, размена на информации, знаење и стручност меѓу сите членови на здружението, како и поттикнување на странски маратонци и рекреативни тркачи да го земат своето активно учество во маратонот.

Пријавувањето се врши на веб страната на маратонот www.postalmarathon.com, а сите заинтересирани тркачи може да одберат да трчаат маратон од 42 км, полумаратон од 21 км, рекреативна трка од 5 км и трка за деца од 1км. Собраните средства од котизацијата на учесниците ќе биде донирана на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што целокупната заедница на тркачи на долги стази се вклучува во хуманитарните активности по повод катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.

20160911_094217

 

Вака изгледа ќерката на Владимир Путин: Откриена најдобро чуваната светска тајна !

putin-6-696x415

Идентитетот на ќерката на рускиот претседател долги години се чуваше во тајност. За нејзиното име се појавија претпоставки а физичкиот изглед беше непознат бидеќи немаше нејзина фотографија на интернет.

Сепак, “Гардијан” објави фотографии за кои се претпоставува дека на нив се наоѓа младата ќерка на рускиот претседател Катарина Владимировна, која што користи лажно име Тихонова.

Агенцијата Ројтерс наведува дека идентитетот го открила преку разговор со Андреј Акимов, заменик директор во Гаспром, а тој го објавил на медиумите.

putinka1

 

Шесто издание на “Крали Марко Треилс” – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот

_mg_5689

На 24 и 25 септември оваа година со старт и финиш во прилепскиот Варош ќе се одржи шестото по ред и досега најмасовно издание на најголемата македонска ултрамаратонска трка Крали Марко Треилс, „По Стапките на Крали Марко”.

_mg_5695

„Учесниците ќе имаат цели 22 часа да ја завршат 90 километарската делница полна со голем број врвови, ридови, села и манастири. Следниот ден на 25.09 во 10 часот наутро е закажан стартот на 16 и 31 километарските трки на кои се пријавени 310 учесници, посочи Игор Јовановски од здружението за планинско трчање TREX и ПСД Макпетрол – Скопје

_mg_5690

Во сабота, на 24-ти во 23 часот со старт од амфитеатарот во Варош, ќе започне најдолгата трка „Крали Марко Ултра Треил“. „Градоначалникот Ристески ги покани граѓаните да бидат дел од овој настан, а покрај трките за возрасни истакна дека ќе се одржи и трка за најмладата популација насловена Маркукуле Треил во должина од 1 километар“.

Крали Марко Треилс е повеќедневен настан кој се состои од неколку трки во планинско трчање и планинарење кои се одржуваат околу Марковите Кули, манастирот Трескавец и планината Бабуна. Оваа година КМТ ќе биде составен од четири трки – Трескавец Треил 16км, Камена Баба Треил 31км и Крали Марко Ултра Треил која со нејзините 90 километри ќе биде и прва официјална планинска ултрамаратонска трка.

_mg_5688

Настанот е во организација на здружението за планинско трчање TREX, Општина Прилеп и ПСД Макпетрол – Скопје.

За повеќе информации посетете го веб-сајтот www.kmt.mk

Се гледаме на старт – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот!