дома блог страница 5131

Имате лош здив? Ова се совети кои ќе го решат вашиот проблем !

82673_couple05-stock-thinkstock_ff

Ако имате проблем со лошиот здив, не грижете се, постои решение за овој проблем. За овие совети ви е потребно малку време, а ќе го решите проблемот за секогаш. Ако и после ова лошиот здив постои, тогаш сигурно имате посериозни здравствени проблеми кои се решаваат на друг начин.

  • Јадете здрава и балансирана храна. Јадете повеќе брокула, компири и свежо овошје. Тоа ќе ги регулира маснотиите и ќе влијае на здивот.
  • Не заборавајте на зеленчукот. Здравата храна го “убива” лошиот здив и со текот на времето тој ќе исчезне.
  • Почесто јадете јаболка.
  • Треба да пиете многу вода. Водата ги чисти бактериите и му помага на телото да функционира. Заменете ги газираните сокови со вода.
  • Кафето заменете го со зелен сок или чај. Зелениот сок содржи ниско ниво на киселина за разлика од кафето.
  • Од време на време изџвакајте свеж магдонос. Можеби ви звучи смешно, но ова растение го освежува здивот.
  • Пиењето јогурт ќе ви помогне. Тој ќе ви помогне да ги внесите корисните материи кои се неопходни за организмот, а ќе ги отстрани штетните материи кои создаваат лош здив.
  • Секој ден мијте ги забите и користете конец за заби.
  • Користете вода за миење на устата.
  • Џвакајте гуми за џвакање без шеќер.
  • Држете се подалеку од цигари.

МАРКУКУЛЕ АНКЕТА: Дали Илија Несторовски заслужува прв состав во македонската фудбалска репрезентација?

Oдлучно НЕ од граѓаните за идејата на Зоран Заев за двојазичност на територијата на Република Македонија.

Откако лидерот на опозициската СДСМ, се избламира себе си и партијата која ја претставува, сметајќи дека и во Прилеп, градот каде застапеноста на Албанците е на најниско ниво, добро би било да се воведе двојазичност, преку нашиот портал спроведовме анкета и го тестиравме мислењето на граѓаните.

Резултатот од анкетата е поразителен и срамен за сите членови на СДСМ, имајќи го во предвид и тоа дека изостануваа нивните коментари и одобрувања на ова прашање.

Анкетата гласеше: Дали одобрувате албанскиот јазик да се изучува од прво одделение во цела Р. Македонија, како што предлага Зоран Заев?

Нашите читатели во изминатите две недели гласаа, па цели 90% од нив НЕ го одобруваат тоа, а само 49 гласале потврдно.

Новата анкета е инспирирана од успесите на прилепскиот голгетер Илија Несторовски и неговите први погодоци за италијанскиот калчолигаш Палермо.

Прилепскиот виртуоз е причината да запрашаме: ”Дали Илија Несторовски заслужува прв состав во македонската фудбалска репрезентација?”

  • Да
  • Не

[democracy id=”16″]

ВИДЕО: И го одзеле бебето по раѓањето: Погледнете како ќе реагира кога повтоно ќе го здогледа

untitled

Оваа слатка сцена се случи во зоолошката градина во Таипеи.

Поради одредени проблеми, веднаш по раѓањето  на пандата и го одзеле бебето. Лекарите морале многу брзо да  реагираат за  да го спасат животот  на малечкото.

Мајката трпеливо чекаше да и го вратат, а кога дојде тој момент, погледнете  како реагираше …

 

Скандал на Коридорот 11: Ги рушат новите тунели бидејќи се ниски, штета од 4 милиони евра!

dkmghnfgshdfgdsf

Тунелите Брџани и Шарани на делницата Лиг-Прелина во Србија се целосно наупотребливи – пониски се за 30 сантиметри, поради што шлеперите не можат да поминат.

Во Србија се е можно, па и еден од најважните градежни проекти Коридорот 11 да биде изграден така што шлеперите не можат да поминат низ тунелите.

Како што пишува српски Курир, двата тунела кај Лиг практично се наупотребливи и шлеперите низ нив можат да поминат само по средина.

Со тоа е направена штета од четири милиони евра.

 

Од 1 октомври забрана за пуштање и на српска музика во Македонија

20160927221650

 

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори – СОКОЈ, им забрани јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територијата на Република Македонија.

„Забраната стапува на сила почнувајќи од 01.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на СОКОЈ, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет“, стои восоопштението на ЗАМП.

„Како што стои во известувањето на СОКОЈ, причините за донесување на одлуката за забрана за користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената дозвола од Министерството за култура на РМ на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела, споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок.“

ЗАМП, исто така, потсетува дека од 20 септември стапи во сила забраната за емитување на авторски музички дела по пат радиодифузно емитување од репортоарот на ЗАМП.

 

ВИДЕО: Мразот на Гренланд се топи и разоткри таен проект на американската армија

Топењето на мразот околу Северниот пол, предизвикано од глобалното затоплување, на виделина изнесе таен проект на американската армија од времето на Студената војна.

 

ice-canyon-greenland-4

Станува збор за таен град изграден во северозападниот дел на Гренланд во 1959 година. Градот наречен Сенчери се наоѓал на осум метри длабочина под мразот, на околку 200 километри од брегот, и претставувал лавиринт од тунели и простории во кои имало лаборатории, продавници, болница, мала капела, па дури и кино сала.

Градот бил изграден во рамки на тајниот проект „Леден црв“ и во време на неговото функционирање, таму престојувале околу 200 американски војници и научници.

Главна цел на градот била создавање постројки за нуклеарни проектили, кои би можеле да гаѓаат цели на територијата на поранешниот Советски Сојуз. Се проценува дека во тајниот град имало околу 600 проектили со среден дострел.

Данска. чиј посед бил Гренланд во тоа време, воопшто не знаела за постоењето на овој таен град, а САД официјално тврделе пред Копенхаген дека станува збор за „обичен воен камп“.

Како што објави лондонски „Гардијан“, во тајниот град биле вршени тестирања со биолошки, хемиски и нуклеарни материјали. а во самиот мраз били изработени посебни комори во кои било складирано оружјето.

– Мислеле дека никогаш нема да бидат откриени, бидејќи тогаш никој не ни помислувал на глобалното затоплување. Но. во меѓу време климата се промени и сега се поставува прашање дали она што било закопано во овој таен град и ќе остане таму, изјави за „Гардијан“ научникот и експерт за климатски промени Вилијам Колган,

Проектот „Леден црв“ бил прекинат во 1967 година, кога инженерите сфатиле дека константонто копање низ мразот и нестабилното време би можеле да ги уништат тајните тунели. По откажувањето на проектот, американските сили се повлекле од тајниот град заедно со целокупната вредна опрема и оружје, но зад себе оставиле хемиски и нуклеарен отпад.

Според „Гардијан“, американската армија претпоставувала дека овој отпад ќе остане вечно под мразот и дека никој никогаш нема да дознае за тајниот проект.

Но, за жал тоа не се се случи. Оваа година на Гренланд е регистрирана рекордно висока температура и мразот се топи со двојно побрзо темпо отколку во 20-от век. Затоа научниците сега се загрижени што ќе се случи кога на површината ќе излезе сетоа она што било скриено под мразот пред 50 години, оценува весникот.

 

Истрагата покажа: Обама е поврзан со е-маил скандалот на Хилари Клинтон

obamaclintonseated

ФБИ објави дека претсетаделот Барак Обама користел псевдоним кога комуницирал со поранешната  Државна Секретарка Хилари Клинтон на нејзиниот приватен е-маил сервер.

Скандалот со приватниот е-маил сервер на Хилари Клинтон се појави неодамна, кога  се заостри битката на претседателските избори. Секој ден се појавуваат нови податоци за несмасноста на Клинтон во чувањето на тајните државни комуникации.

Многу луѓе сметаат дека нејзиното непочитување на федералните правила е главен проблем, но она што навистина загрижува е мотивацијата на Клинтон да користи не класифициран, таен , приватен сервер да ги скрие нејзините е-мејлови од американската јавност.

Но последниве неколку денови, фокусот е насочен и кон Барак Обама. Како што покажуваат последните објавени документи на ФБИ, по се изгледа дека и тој е вмешан во скандалот.

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Погледнете го трајлерот на новиот филм од Дензел Вашингтон

DENZEL WASHINGTON as Eli in Alcon EntertainmentÕs action adventure film ÒThe Book of Eli,Ó a Warner Bros. Pictures release.

untitled

Фановите на актерот Дензел Вашингтон ќе ги израдува информацијата дека новиот филм во кој глуми овој актер, ќе се појави во кино салите од 25 декември.

Во новиот  филм Дензел освен што е актер, има улога и на режисер и продуцент.

Во главна улога се појавува актерката Виола Дејвис, а освен неа тука се и Јован Адепо, Расел Хорнсби, Сања Синди и многу други.

 

 

Романтичарите на нозе пред залетаната Победа

14440771_10210700626455777_5911401858352050138_n

Победа славеше голем триумф од 2:1 над фаворизираниот Работнички. Натпреварот од осмото коло што попладнево се одигра на стадионот под “Тумбе кафе” донесе големи 3 бода за црвено-белите од Прилеп.

Со овој триумф Победа не знае за пораз 4 кола, во кои забележа 2 триумфи и 2 нерешени резултати.

Вчера победашите добија нов шеф на стручниот штаб, што веќе денес вроди со плод и донесе бодови што ја искачија екипата на 7-мото место на првенствената табела.

Стрелци за Победа беа: Шаркоски во 15-та и Гешоски во 68-та минута, за Работнички намали Најденов во 85-та минута.

Во наредното коло Победа и гостува на Ренова, што е шанса за уште еден поволен резултат.

 

Тој знае кој ќе биде идниот претседател на САД: Никогаш не погрешил во последните 32 години

Никој не може да биде сигурен околу тоа кој ќе победи на 8-ми ноември на претседателските избори во САД, но еден човек е прилично уверен и вели дека знае кој ќе се пресели во Белата куќа.

 

hilari-i-tramp-640x360

Станува збор за професорот Алан Личман кој точно ги има предвидено сите резултати од претседателските избори во САД од 1984-та година па наваму. Според неговите зборови, нов претседател на најмоќната држава на светот ќе биде кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп.

-Доналд Трамп оваа изборна трка направи да ми биде најтешка, откако започнав да се занимавам со оваа работа, поточно од 1984-та година. Никогаш ние сме немале кандидат како што е Доналд Трамп. Досега немаме видено претседателски кандидат кој цел живот се богател на сметка на другите, вели американскиот професор и додава:

-Внимавајте добро, досега сме немале кандидат кој што повика странска сила да се вмеша во американските претседателски избори. Никогаш сме немале кандидат кој што се заканувал со дигање во воздух на бродовите кои што ќе им се приближат на нашите во Персискиот залив, вели Личман.

Одговарајќи на директното прашање кој ќе биде победник на претседателските избори во САД, професор Алан Личман вели дека неговите предидувања се дека нов претседател на САД ќе биде токму Доналд Трамп.

-Да се разбереме, како што реков пред 30 години, да се предвиди не значи дека се поддржува. Моите предвидувања се базираат на научни факти. Тоа автоматски не значи дека јас како професор, или пак Универзитетот во кој што работам го поддржуваат Доналд Трамп, беше категоричен професор Личман.