дома блог страница 5130

ВИДЕО: Стави коцки мраз во машината за перење – погледнете што се случи…

wqfcijeigfjeht

Погледнете ги најдосадните домашни работи, кои мораме да ги извршиме, но со овој трик повеќе нема да морате да размилсувате за пеглање.

Изгужваните суви кошули ставете ги во машина за сушење алишта. Ставете една шака мраз во машината за сушење подесете ја на најсилна брзина и ќе добиете совршено испеглани кошули. Без малку труд.

 

ФОТО: Во Барселона се урна авионот на Кристијано Роналдо

Тешка несреќа преживеа приватниот авион на Кристијано Роналдо, кој се урна во текот на слетувањето на пистата на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.

ronaldoavion-768x456

Според првите информации причина е дефект на тркалата, но добра вест е тоа што нема жртви, освен што пилотот е полесно повреден.

Ниту Роналдо, ниту членовите на неговото семејство не биле во авионот за време на несреќата. Имено, освен за приватни цели Роналдо го користи авионот и за изнајмување на компании, а во време на несреќата бил изнајмен. Информацијата ја објави шпанскиот весник „Спорт“.

kristijano-640x621

Инаку, се работи за скапа играчка Голфстрим Г200, која чини 20 милиони евра.

 

ВИДЕО: Родено бебе со тело на 80 годишен старец

86317_beba3_ff

Лекарите во Бангладеш останале шокирани кога на свет донеле дете кое изгледа како 80 годишен старец.

Детето е родено со лице и кожа на старец, а испитувањата покажале дека е родено со редок синдром од кој пребрзо се старее наречен Хатчинсон- Гилфордов синдром.

“Бебето не изгледа како новороденче. Се гледаат знаци на стареење. Бебето има брчки на лицето и груба кожа”, изјави еден од лекарите.

 

Америка ги објави тајните документи од “супер оружјето” на Никола Тесла !

30930_tesla01-profimedia-profimedia_ff

Американското Федерално истражно биро (FBI) ги објави документите за Никола Тесла, 73 години откако американската влада запленила два камиони со негови работи.

Доверливите документи се објавени врз основа на Законот за слобода на информациите. Тие откриваат дека американската влада била заинтересирана за “смртоносниот зрак” – оружје кое Тесла наводно го измислил.

Документите на кои долго се чекаше откриваат и дека ФБИ планирале да го уапсат роднината на Тесла кој се обидувал да дојде до непроценливо вредните документи.

86559_57ec0f77c36188f54c8b474d_ff

Во поранешниот извештај се наведува дека САД нема право на имотот на Тесла кој бил натурализиран граѓанин на САД, но дека може да ги задржат сите други материјали барем на два дена.

Исто така, меѓу објавените документи има и писмо упатено до Едгар Хувер, прв директор во ФБИ, во кое се истакнува значењето на статијата во која Тесла зборува за “смртоносниот зрак” и неговото значење во идните војувања.

2

Се препорачувало Тесла да биде под постојан надзор, за да биде заштитен од странски непријатели кои се заинтересирани за смртоносното оружје.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Тврди дека излекувал 45.000 заболени: Рецепт за рак кој масовно се шири на интернетот (ВИДЕО)

Рудолф Бреус смислил метода за 42 дневна исхрана само со сокови од органски одгледуван зеленчук.

rak-660x330

За време на овие 42 дена гладување и конзумирање на оваа напивка направена  од состојки од органски зеленчук со помош на која кои се исфрлаат сите загадувачи.

Неговата метода, како што тврди тој, излекувала 45.000 луѓе од рак и леукемија.

ОВА Е НЕГОВАТА РЕЦЕПТА: ЦВЕКЛO (55%), МОРКОВ (20%), КОРЕН ОД ЦЕЛЕР (20%), КОМПИР (3%) И ЦРВЕНА РОТКВИЧКА (2%).

Се пие само кога организмот бараа течност, не постојано. За време на конзумирање многу е важен и престојот на отворено и шетањето. За време на овие 42 дена гладот од ткивата ги исфрла сите загадувачи кои сме ги внеле со храна и пијалак.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Мажишта сакаа да се сликаат со питон, тоа им беше голема грешка

hbftghfyjukj

Неколку мажи фатија огромна змија и дојдоа не баш на толку добра идеја да направат групна фотографија со неа.

Додека четворица- петорица од нив го држеа питнот, едно момче во розова маичка самоуверено пријаде да слика селфи.

Меѓутоа наеднаш, змијата тргна кон него и го касна за рамото.

Тој момент сигурно долго ќе го памети. Можеби едноставно змијата не сака селфи.

Изложбата ,,Минливи секвенци,, од Маја Јаќимовска во Прилеп

%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0

Во петок 30 септември 2016 во 20.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата ,,Минливи секвенци,, од Маја Јаќимовска. Уметницата ќе се претстави со 20 дела.

Биографија

Маја Јаќимовска родена на 09.05. 1991 во Крива Паланка. Дипломиран сликар со модул графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје -2014 год. Во тек втор циклус на студии на Европскиот Универзитет во Скопје, На факултет за Арт и дизајн – насока графички дизајн. Добитник на втора награда на VII Студентско Интернационално Арт Биенале. Учествува на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Групни изложби 2016 „19 Меѓународна изложба на минијатура“, Запрешиќ, Хрватска; 2016 „Млади кривопаланечки уметнци“-групна изложба, Градски музеј, Крива Паланка; 2015 Годишна изложба на Европски Универзитет, КИЦ; 2015 „Paratissima Skopje“- Интернационален саем на современа уметност, МКЦ; 2015 „Youngart 2015“ Мултимедијален центар Мала станица, Скопје; 2014 II Меѓународна изложба на мал формат, Galerija DKV, Novi Sad; 2014 „Paratissima Skopje“- Интернационален саем на современа уметност, МКЦ; 2013 VII Студентско Интернационално Арт Биенале, SIAB, Скопје; 2013 Групна изложба на уметничка фотографија, Градски музеј, Крива Паланка; 2013 Изложба на дела од 27 колонија манастир „Св. Јоаким Осоговски“; 2013 I Меѓународна изложба на мал формат, Културно-информативен центар „Младост“ Нови Сад. Точката од којашто тргнува младата авторка Маја Јаќимовска во конципирање на својот творечки циклус со наслов “Корекции“ претставува една фасцинација од ефектите на артифициелното светло во ноќните услови како еден феномен којшто го продуцира човекот за своите потреби. Со таа пракса, всушност, современиот човек го покажува своето присуство во просторот во вечерните часови кога природната видливост е многу мала и кога треба тој негов хендикеп на суштество програмирано со природни предиспозиции за делување во дневни услови да се надмине и овозможи непречено опстојување и работење во ноќниот период. Дамнешниот стремеж за компензација на сончевата светлина и создавање услови за дејствување на човекот и во вечерните часови во последните 50-тина години е успешно решен со извори на светлина базирани на електрична енергија, но и на други извори. Но, она што е интересно за нашата тема се визуелните сензации коишто ги предизвикува ова светло и разните конотации и контексти коишто можат да се конектираат на оваа појава, толкувањата на истата како и нејзината интерпретација што, всушност, е и основната носечка идеја на концептот што се обидува да го развие авторката Маја Јаќимовска. Правејќи анализи и опсервации на ноќните вештачки светла, притоа користејќи го и фотоапаратот како алатка за снимање на определени состојби, Јаќимовска успева да искреира свој ментален виртуелно-визуелен простор којшто ќе ѝ овозможи да отиде и чекор понатаму, а тоа е можноста преку модификација, конструкција, креација, деструкција да интерпретира и материјализира еден сликарски простор што ќе стане оригинален израз на нејзините напори за споделување на еден интимен творечки опус со пошироката публика. Комбинацијата на емпириското доживување на ноќните светла базирани на бавноста на окото и очитувањата на истото во коешто движечката светлина формира линии во темнината, со интуитивното градење на тој линеарно-светлосен универзум продуциран од менталниот проектор на авторката, се добива една визуелно атрактивна ликовна творба во која не постои хиерархија во смисла на поставеност на објекти (коишто, патем, се отсутни и во реална и во апстрактна форма). Впрочем, и не е чудно говорењето на оваа авторка преку линијата како основно изразно средство ако знаеме дека нејзината специјалност е графичкиот дизајн. Повеќе изненадува, во позитивна смисла, појдовната основа и идејата за реализација на еден ваков проект како и третманот на колоритот преку кој е доловена светлината во сите свои нијанси и варијации на линеаризирана и геометризирана енергија којашто ѝ пркоси на темнината. Се надеваме дека таа творечка енергија на Маја Јаќимовска ќе биде почувствувана и од страна на евентуалните конзументи на оваа најнова творечка продукција – дела на авторка којашто допрва ги прави своите посериозни чекори на македонската ликовна сцена.

Роберт Цветковски, историчар на уметноста

Почна чистењето на сливовите на реката Црна во Пелагонискиот регион

Во Пелагонискиот регион почна чистењето на сливовите на реката Црна. Станува збор за зафат за зголемување на пропусната способност на постоечката каналска мрежа, преку отстранување на вегетацијата и акумулираниот нанос, како и за реконструкција на оштетените делови.

rekata-crna

Општината информира дека оваа интервенција е во рамки на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите и напорите за обезбедување на соодветна заштита од штетното дејство на поплавите на земјоделските површини и населените места во Пелагонија.

– Со средствата од ЕУ ќе бидат исчистени околу 40 километри канали по сливот на Црна Река во Пелагонија. Со овие интервенции, во голема мера ќе се надминат ефектите од повеќедецениското неодржување на инфраструктурата за заштита од поплавите, која дополнително се оштетува од сè почестите поплави, а најмногу од оние кои се случија на почетокот на 2015 година, соопшти општината.

Најголеми штети во пелагонискиот регион претрпеа општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево, во кои беа загрозени домовите на околу 15 илјади лица, а беа поплавени десетици илјади хектари земја.

Програмата на Европската унија ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство во Секретаријатот за европски интеграции, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, „Водостопанство“ и локалните самоуправи во погодените општини.

По бикини на тераса: Утрински поздрав од Марјана (ФОТО)

Во жешко црвено бикини и со крпа на глава, Марјана Станојковска им посака добро утро на своите следбеници на „Инстаграм.

Згодната русокоса водителка поради бројните обврски доцна го користи заслужениот летен одмор, па во овие студени утра барем уживаме во нејзините жешки фотки од плажа.

Следат два неработни денови и еден продолжен викенд

makedonsko-zname

Во октомври следат два неработни денови за сите граѓани, од кои едниот ќе биде продолжен викен и уште еден неработен ден за граѓаните од еврејската заедница.

Ова се неработните денови кои ни остануваат до крајот на годинава:

11 Октомври (вторник) Ден на народното востание
23 Октомври (недела) Ден на македонската ревулуцинерна борба – неработен ќе биде понеделник
08 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед:

01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
25 декември (недела), првиот ден на Божиќ

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик