дома блог страница 5129

Поставен камен темелник за 10-метарски крст во прилепско: Финансиер наш сограѓанин

14528318_10208920184096273_853036759_n

Денеска во присуство на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, беше поставен камен темелник за 10-метарски крст над населеното место Новоселани- прилепско.

14509153_10208920187176350_1095996545_n

14459015_10208920182576235_798725135_n

14508625_10208920181336204_1663875502_n

На 800 метри надморска височина, од каде се гледа поголемиот дел од долненска општина и прилепско поле, ќе се постави крст висок 10 метри, 7 метри широк и тежок 2 тона.

14518434_10208920187616361_1331093978_n

14528249_10208920186576335_794737873_n

14528290_10208920186496333_1517184671_n

14528417_10208920185776315_774700759_n

14528490_10208920186416331_383431958_n

Идејата и финансиите за ова монументално свето дело, се од Владо Глигороски, наш сограѓанин, кој е родум од Новоселани, а живее во Прилеп.

Местото каде ќе биде поставен крстот беше копано на 28-ми август, за големиот христијански празник Голема Богородица.

14527614_10208920187936369_527609373_n

Семејството Глигороски не го криеше своето задоволство, што ќе се оствари нивниот сон да ја продолжат традицијата на македонскиот народ, што од век и векови се негува преку поставување и изградба на крстови, цркви, манастири…

14508688_10208920185816316_907409901_n

На семејството и нивните најблиски им посакуваме бериќет, радост, здравје и исполнување на сите желби, а нивниот спомен нека биде вековен.

 

Доделени нови решенија за бесправно изградени објекти

_mg_7506

Во големата сала на Собранието на Општина Прилеп денеска продолжи редовната практика за доделување на решенија од процесот на легализација. Градоначалникот, Марјан Ристески врачи 80 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

_mg_7493

_mg_7489

„Процесот на дефинирање на статусот од недвижниот имот изграден бесправно пред повеќе децении продолжува со несмалено темпо во Прилеп“ , посочи градоначалникот Ристески. Дополнителниот рок за доставување на нови барања за легализација од граѓаните кој заврши неодамна ја зголеми бројката на предмети на недвижен имот што ќе биде опфатен со изготвување на геодетски елаборати. Општина Прилеп заедно со овие дополнителни барања регистрира околу 18 илјади поднесени пријави. Досега, преку приватните геодетски куќи и општинската урбанистичка служба финализирани се над 8.000 барања за легализација.

_mg_7519

_mg_7508

Градоначалникот Марјан Ристески во посета на стари и изнемоштени лица

_mg_7438

По повод 1-ви Октомври Светскиот ден на Стари лица, денеска градоначалникот Марјан Ристески и директорката на старски дом Ирена Стерјовска-Локвенец ги посетија: Добрица Ристеска (82 год) и Цена Ѓоргиоска (90 год.) кои се корисници на проектот.

_mg_7452

Проектот „Супер Марио“ е наменет за давање социјални услуги на старите и изнемоштени лица, а е во организација на Локалната самоуправа и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески-Платник“. Корисниците посочија дека се задоволни од услугите што ги добиваат од страна на веќе активните волонтери, од негата и вниманието. Домот за стари лица и локалната самоуправа на овој начин обезбедуваат подобри услови за живот на преку 100 семејства на стари лица.

_mg_7460

_mg_7458

„Супер Марио“, започна да се реализира во ноември месец 2013-тата година и досега, преку проектот се имаат ангажирано 15 волонтери, кои ги посетуваат трипати неделно со задржување кај нив до еден и пол час. Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ ги обучува волонтерите во однесувањето со старите лица и начинот на давање услуги кои им се неопходни.

_mg_7477

Сите заинтересирани и стари лица над 65 години може да се пријавуваат во Домот „Киро Крстески-Платник“ или во приемното одделение на Локалната самоуправа на телефонските броеви 048/ 401-720 и 048/428-807 во период од 08.30 до 15.30 часот.

За имплементација на проектот, Општината од Буџетот издвои еден милион и двесте илјади денари во период од 12 месеци.

_mg_7481

ФОТО: Што се крие во црната торба која го следи американскиот претседател насекаде?

И кога не е покрај контролните уреди, црната торба со тајна содржина му овозможува на претседателот на САД да нареди нуклеарен напад.

crna-torba2

Истата ја носат воени лица и тежи 20 килограми. Лицата задолжени за торбата секогаш се во близина на американскиот претседател.

– Постојано сте на штрек. А постојано и ја отворав торбата за да се потсетам што содржи, како и на одлуките со кои се соочува претседателот, вели Роберт Патерсон, мајорот на воздухопловните сили на САД, кој ја носеше торбата во периодот кога Клинтон беше во Белата куќа.

crna-torba

Од она што е познато, во црната торба се наоѓа и прирачник од 75 страници со упатства за нуклеарен напад, книга со тајни локации за скривање на претседателот, папка со упатство од 10 страници за управување на соба за итно обраќање и картичка со шифри.

Торбата има прекар „нуклеарен фудбал“, што го доби според името на планот за нуклеарна војна, „дропкик“ (термин за шут во американскиот фудбал).

3

Мистериозно светлечко летало еден час бдееше над Прилеп

14509274_10209182138422023_1636202396_n

Синоќа околу 19 часот забележано е мистериозно светлечко летало над Прилеп кое еден час бдеело над градот.

Голем број прилепчани го забележале летечкиот објект кој  на моменти ја менувал формата и  бојата.

По еден час истото во форма на полумесечина нечујно прелетало над “Mогилата на непобедените” и се упатило кон исток.

Фотографијата ни ја испрати очевидец кој го забелешал леталото, токму од “Паркот на револуцијата”.

 

 

Денеска е Света Софија, Вера, Надеж и Љубов – еве што треба да направите

svsofija-2

На 30 септември се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.

Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните.

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

ФОТО: Љубовницата на Путин се појави со бурма и две млади момчиња кои многу личат на него

Поранешната руска гимнастичарка, Алина Кабаева за која долго време се шират гласини дека има тајно семејство со рускиот претседател Владимир Путин, првпат се појави во јавноста со деца за кои се чини дека се нејзините два сина.

 

1

Гламурозната олимпијка носела венчален прстен, кој се обидела да го скрие од камерите.

2

Фотографиите со Кабаева и двете момчиња се направени по последните руски парламентарни избори, на кои победи партијата Обединета Русија, основана од Путин.

3

Веб-сајтот Узнајвсјо тврди дека е „познато“ дека Кабаева има деца, но дека идентитетот на таткото останува мистерија.

4

ВИДЕО: Човек пронашол вистински мртов змеј на пуст остров во Тихиот океан

untitled

Зејовите се митски суштества кои можеме да ги видиме само на ТВ и во книгите. Тоа е она во што секогаш сме верувале. но што ако тие навистина постојат ?

На социјалните мрежи се појави едно интересно видео во кое е прикажано чудно суштество кое водата го исфрлила на брегот, а кое многу личи на змеј. Не ни верувате? Погледнете и сами …

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Лошата слика на “Октоберфест” во Германија: Огромна разлика со прилепскиот “Пиво Фест”

Aко мислевте дека се е совршено и дека “Октоберфест” e најидеалната светска манифестација, се лажете. Галеријата која следи е од овогодинешното издание, кое штотуку започна.

[Best_Wordpress_Gallery id=”374″ gal_title=”ОктоберФест”]

За разлика од “Октоберфест” прилепскиот “Пиво Фест” иако далеку помал фестивал е пример за организација и бренд, не само на Прилеп, туку и на целата држава.

22

23

24

25

26

Прилепчанецот Емил Димоски има хоби кое ќе освои сечиј поглед: Неговите ремек дела се вистинска инспирација

Прилепчанецот Емил Димоски (36 г.) е професор по математика и физика во основното училиште „Добре Јованоски“, а целото свое слободно време го посветува на своето интересно хоби. Тој со многу трпение, љубов и креативност изработува слики, макети на стари селски куќи и инсталации со етно елементи, а најголема преокупација му се мариовските градби. Вели дека работата го релаксира и инспирира, а пред се од своето хоби ја црпи енергијата која му е потребна за извршување на секојдневните обврски.

14508698_10208907609261910_71217466_n

Пасијата кон овој вид уметност му дошла од мали нозе кога неговите родители го носеле на посети низ околните села. Макети започнал да изработува уште во петто одделение во основното образование. Најпрво биле куќарки од кибритчиња. Додека студирал изработивал куќарки од камчиња. Како поминувало времето така се надоградувал и сега изработува веродостјни и оргинални макети на стари куќи.

За изработка на творбите и на макетите користи материјали претежно од прилепското поднебје. Собира камчиња, дрвца, плитари, ќерамиди, сѐ што се наоѓа во околината што го опкружува. Макетите ги изработува така што ги доловува најситните детали на истите. Искршените прозори, распаднатата и оштетена дограма, чардакот на кој одамна престанал животот по штиците, пондилата и шталите во кои ги нема животните, различните покриви се само дел од елементите кои се застаени во макетите.

– Уживам додека ги работам куќарките, а најголемо внимание посветувам на предниот дел. За мене чардакот е најубавиот дел за изработка  бидејќи на него се одвивал голем дел од секојдневните обврски на жителите, а пред се на домакинките. Куќите ги правам како слика во три димензии со што поавтентични материјали. Внимавам секое камче да си го најде соодветното место. Но не само што ги создавам макетите на куќи се интересирам и за начинот на нивната изградба и за животот што секојдневно се одвивал во истите  и за куќните елементите инивната намена . Затоа често ги комбинирам каменот, грнето за грав, лејката и другите традиционални екементи во изработката на моите дела – објаснува тој.

14518688_10208907609381913_232057034_n

Со своите изработки ги оживува старите разурнати куќи и не дозволува да заминат во заборав спомените на македонската традиционална архитектура. Почнал да изработува макети уште во петто одделение, а прво тоа биле куќарки направени од кибритчиња. Додека студирал изработувал куќарки од камчиња, а како поминувало времето се надоградувал и сега изработува веродостојни и оригинални макети на стари куќи. Иако за ова хоби треба многу време, труд и трпение тој постојано твори.

– Потребни се најмалку две недели за изработка на една куќарка, бидејќи работам внимателно, со пинцета и лепам дел по дел. Ставам, ред камчиња, па ред малтер, земја, слама и така со ред. Кога се работи од љубов ништо не е тешко, напротив часовите што ги посветувам на моето хоби се вистинско задоволство – вели Емил.

14518767_10208907609421914_1258189448_n

Тој има присуствувано на Балканска колонијата на ракотворби која ја организира здружението Астерион 5 од Битола. Оваа година Емил Димоски, одржа Работилница, пред студенти и заинтересирани посетители… Преку неа, практично е прикажана умешноста и уметноста на техниката, преку која создава уникатни дела, со помош на природни материјали, земја, сламки, камчиња, малтер, гранчиња.

Главната подршка за изработка на неговите дела се неговите родителии неговиот брат кои во ниту еден момент не се обиделе да го отргнат од неговото хоби и да го ограничат во просторот кој истото го бара. Енергијата за своите дела ја црпи и од своите ученици. Некои од неговите дела се настанати сосем случајно благодарение на најмладите за кои има и насловени дела “Диди“. Подршката за своите дела ја наоѓа и кај своите колеги кои редовно ме пратат во моите уметнички чекори-вели Емил

14483842_10208907609341912_600391602_n

Покрај присуството на поголем број на заеднички изложби, сон ми е да имам и самостојна изложба, за која делата се изработени само го чека денот кога ке се отвори.

– Желба ми е да ја зачувувам традицијата, но и да ја афирмирам преку најразлични културни активности – истакна Димоски.