дома блог страница 5124

Англичани, Американци, Германци…паднаа под нозете на прилепската фаланга

10

Изминатиов викенд македонското знаме гордо се виореше во соседна Грција.

Младите борци на Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп, собраа цел грст на медали од меѓународниот џудо турнир во Аминтео.

На турнирот учевство зедоа 18 земји, а нашите 11 натпреварувачи освоија 7 медали.

Американци, Англичани, Германци, Исланѓани… паднаа под нозете на прилепската фаланга.

Младите момци и девојки од Бушидо направија партал!

Поединечно освоени се следниве резултати:

Мартина Јанкоска – 1 место

Теодора Ристеска – 2 место

М. Георгина – 3 место

Сара Атанасоска – 3 место

Филип Попоски – 3 место

Антонио Талески – 3 место

Стефан Талески – 3 место

Од клубот се горди и на Миле Грижоски кој ја забележа првата победа на меѓународен турнир, како и на Кико Наумоски кој освои 4 место и Благојче Ацески 5 место.

1

 

2

6

7

3

4

5

Нaвивачката група “Мајмуни” организира голема крводарителска акција

112121

Навивачката група “Мајмуни”  втора година по ред организира голема крводарителска акција која ќе помогне на оние на кои им е најпотребна.

Годинешната хуманост од Мајмуни ќе ја покажат на 10-ти октомври, пред празнувањето на Денот на народното востание на македонскиот народ, 11-ти Октомври.

“Горди сме што можеме да кажеме дека веќе втора година по ред организираме една акција која ќе помогне на оние на кои им е најпотребна. Горди сме и што голем дел од нашите членови учествуваат во истата, истовремено спасувајќи човечки животи. Бидете и вие горди што ќе помогнете некому со тоа што ќе донирате крв и ќе учествувате во крводарителската акција на Навивачкиот клуб „Мајмуни”. Во понеделник, 10.10.2016, во Центар за култура „Марко Цепенков” во Прилеп, со почеток во 09:00 часот, ги повикуваме нашите членови, но и сите граѓани на нашиот град да се вклучат во оваа акција и да донираат крв која може да спаси нечиј живот”, истакнаа од навивачката група.

 

Во среда „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“

tose-proeskith54y54y54

На 5 октомври од 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“  која ја организира фан-клубот на Тоше.

Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт од македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата.

На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.

Природен третман со билни масла за блескава коса

Доколку сакате за нега на косата и кожата исклучиво да користите природни состојки, тогаш маслата за коса се идеален третман за вас.

 

1

Еднаш во неделата на кожата на главата и по целата должина нанесете билно масло (бадемово, арганово, од сусам, кокосово) или било каква мешавина по ваш избор.

Потоа замотајте ја косата со најлонска фолија и над неа ставете затоплен пешкир.

Оставете го маслото да делува од 20 до 60 минути.

На крајот од третманот измијте ја косата со шампон.

Маслата за коса го потхрануваат влакното, на косата и даваат совршен сјај и мекост, и помагаат во спречувањето на келавоста.

ГО ЗАКОПАЛЕ МОБИЛНИОТ СО БАБАТА ВО ГРОБ: Почнале да добиваат СМС-пораки од бројот!

Кога Лесли Емерсон починала од рак, најблиските роднини нејзиниот мобилен телефон го пoгребале заедно со неа. Меѓутоа, две години подоцна, почнале да им пристигнуваат пораки од нејзиниот број.

hitportal-baba-sms

Лесли била погребана со нејзиниот мобилен телефон бидејќи во текот на животот обожавала да праќа пораки на своето семејство.

Две години по нејзината смрт, нејзината внука Шери доживеала шок кога на мобилниот телефон и пристигнала порака од починатата баба: „Внимавам на тебе, се ќе биде подобро. Само издржи!“

Се испоставило дека мобилната мрежа го доделила бројот на починатата жена на друг корисник, за кој се испоставило дека е суров шегобиец.

Новиот сопственикот на бројот намерно продолжил да праќа пораки кога сфатил дека го има бројот од лицето кое неодамна починало.

 

ФОТО: Македонка ја сонувала победата на Милан, па еве што сé уплатила!

Милан денеска славеше неверојатна победа над Сасуоло од 4:3, иако губеше со 1:3, а од овој резултат добро се офајди една Македонка која го погоди точниот резултат.

1

-Другарка ја сонуваше вчера утакмицава и цел ден ја збореше, напиша нејзин другар на социјалните мрежи.

 

 

ХРАБРА ИГРА И МНОГУ ЖЕЛБА: Недоволно за победа

2

Пелагониското женско ракометно дерби донесе возбудлив меч, со многу акција и борба до последните секунди од мечот.

3

Прилепчанки беа поразени на домашен терен од Пелистер со резултат 19:20 (8:9 на полувремето).

Најдобро издание кај домашниот тим имаа голманот Сара Богоеска со 8 одбрани, а најдобар стрелец беше Бојана Јованоска со 5 постигнати голови.

7

Она што е позитивно е дека, екипата на ЖРК Прилеп го има потребниот капацитет и покажува одлична игра, што со сигурност ќе напредува од меч во меч и ќе го даде потребниот резултат.

Наредното коло прилепчанки повторно играат на домашен терен, во Прилеп гостува екипата на ЖРК Гевгелија.

1 4 5 6 8 9

10 11

 

 

 

ЗА СИТЕ КОИ САКААТ ДА СТУДИРААТ ВО РУСИЈА: Како полесно да се запишете

Во Русија е пуштена во работа платформата-навигатор за странците кои сакаат да студираат на руските универзитети бесплатно: „Најдобрите универзитети во Русија. Избери го својот“ (http://russia.study). Навигаторот им помага на странците да изберат руски универзитет и веднаш да поднесат пријава за запишување.

12

Во базата на навигаторот се избрани 207 од околу 900 високообразовни институции на територијата на Русија. Како што изјави за „Руска реч на македонски“ заменик-раководителот на „Россотрудничество“ Дмитриј Гужеља, критерумите за избор биле строги: универзитетот да има центар за меѓународна соработка, студентски дом, веб-сајт на англиски јазик, социјални мрежи.

Што може да се дознае од навигаторот?

Новиот навигатор им дава на странците пристап до информации за руските универзитети на едно место, а процесот за аплицирање е минимизиран. Претходниот систем подразбираше лично присуство или испраќање на документите по обична пошта.

13

Московскиот државен универзитет е меѓу петте најдобри универзитети од БРИКС.

Како се користи?

1. Кандидатот си отвора личен профил во навигаторот.http://russia.study/registration

2. Ги внесува своите лични податоци, закачува документи за завршено образование.

3. Избира до 6 руски универзитети по приоритет.

4. Испраќа пријава.

5. На својот профил кандидатот го следи патувањето на својата пријава до универзитетите што ги избрал, добивајќи одговори од универзитетите.

Што се случува со пријавата на кандидатот?

Во разговорот со „Руска реч на македонски“ Дмитриј Гужеља објасни дека и универзитетите си избираат кандидати.

Секоја година Русија повикува околу 15 илјади странски студенти бесплатно да се здобијат со високо образование. Штом кандидатот ќе поднесе пријава, пријавата оди на разгледување во претставништвото на „Россотрудничество“ во соодветната земја и потоа „Россотрудничество“ ги испраќа пријавите во руското Министерство за образование.

„Откако пријавата ќе дојде на разгледување во комисијата на руското Министерство за образование, комисијата им ги праќа пријавите на универзитетите кои имаат можност да си изберат кандидати, затоа што корисникот наведува 6 универзитет според степенот на приоритет“, коментира Гужеља.

44

Доколку еден универзитет ја одбие пријавата на кандидатот, тогаш пријавата оди во следниот универзитет од списокот што го направил кандидатот. На профилот на кандидатот се означува кој универзитет ја разгледал неговата пријава, ја одбил и причината за одбивањето. Исто така, доколку кандидатот не го познава рускиот јазик, тогаш му се нуди факултет за подготовка на странски студенти.

Што се случува ако сите шест универзитети ја одбијат пријавата? – „Тогаш пријавата на кандидатот се испраќа до некој седми универзитет кој не бил пријавен од кандидатот, но кој има недоволно запишани студенти“, одговара Дмитриј Гужеља.

Навигаторот работи на 12 јазици на платформата на МИА „Русија денес“ (Россия сегодня) и „Спутник“  а исто така функционира и веб-сајт на два јазика http://russia.study/. Проектот е резултат на заедничката работа на Министерството за надворешни работи на РФ, Министерството за образование и наука на РФ и „Россотрудничество“.

Ја прашаа што мисли за забраната за пушење, поради одговорот стана хит во регионот

2

Воведувањето на законот за забрана за пушење на сите јавни места овие денови е жешка тема во Босна и Херцеговина.
Телевизијата Хајат направила анкета меѓу граѓаните на Сараево за тоа дали го подржуваат овој закон или не – и додека некои се сложуваат дека чадот од цигарите треба целосно да се забрани бидејќи е многу штетен, други сметаат дека е тоа нивно граѓанско право.
Меѓутоа, една госпоѓа од Сараево има толку силен став по ова прашање, што нејзиниот одговор стана хит на социјалните мрежи во регионот.
Погледнете што има да каже оваа сараевчанка:

Како Америка ги вооружува кризните региони во светот

bosna-specijalci-vehabije-600x300

Сите војни и конфликти во последнава деценија имаат една заедничка карактеристика. Без оглед на географската положба, националниот или верскиот карактер на страните кои се во конфликт, сите добиваат оружје од американските воени сили.

Оваа тактика се заснова на желбата на САД да го примене својот омилен метод за дестабилизирање на државите и регионите: создавање на контролиран  хаос.

Со помош на правни, полу-правни и кривични методи, тие носат оружје во регионот, а потоа ги дестабилизираат социјално-политичките услови кои доведуваат до појава на вооружен судир.

Неодамна, еден од водечките американски медиуми објави статија во која отворено пишува за неможноста  на следењето на оружјето кое е легално пратено на Блискиот исток.

Авторот на статијата пишува за Хусеин Махјави од Ирак, кој користел фејсбук за да продаде “карабин М4” кој припаѓал на американските воени сили.

Истовремено, пушката имала ознака која е карактеристична за американското воено наоружување, вклучуваќи го и QR-кодот со единствени податоци за оружјето.

Иако управата на социјалната мрежа реагираше на пријава на корисници, а страната на Хусеин е бликирана, црниот  пазар за оружје на Блискиот  исток забрзано се  шири, а интернетот е една од најпогодните трговски платформи.

Покрај огненото оружје, Пентагон веќе долго време испраќа и тешко вооружување во Ирак и Афганистан, како што се RPG-7, SPG-9 топови и друго оружједизај нирано да ја уништи непријателската оклопна опрема.

 

МАРКУКУЛЕ.МК