дома блог страница 5119

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Продолжува акцијата „Еразмус“ – МИТ универзитетот фатен во нелегална работа!

Голема полициска акција на органите на прогнот за расчистување на неправилностите во работењето во високото образование во Македонија. Како што дознава Press24 од полициски извори, во рамки на акцијата под кодното име „Еразмус 2“ а врз основа на наредби на судија на претходна постапка извршени се претреси на три локации во Скопје и една во Македонски брод за да се обезбедат докази за незаконско работење на МИТ универзитетот.

281605-vnimanie-lazhni-fakulteti-na-mit-zapishuvaat-studenti

На четирите локации претесени се вкупно 7 места, а како што дознава Press24 при претресот на станот на сопственичката пронајдени се два индекси од кои еден на турски студен запишан на дентална медицина, за што МИТ Универзитет нема дозвола за работа.

mit_sopstvenicka mit_sopstvenicka2

Сопственичката на МИТ со Специјалните обвинителки

Во канцелариите на факултетот пронајдени се и списоци на суденти кои биле запишани на стоматологија и физиотерапија, за што Универзитетот исто така нема дозвола.
Во моментов УЈП има отворено налози за три фирми поврзани со МИТ и вршат проценка исто како и просветниот инспекторат. Покрај тоа, пронајдени се и каса прими од уплати и договори за студирање на козметологија.

Какво време не очекува утре?

vreme-studeno

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во западниот дел од земјата ќе дува ветер од западен и југозападен правец, а долж Повардарието и од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степени.

Во петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има повторно зголемување на облачноста и врнежи од дожд, особено во доцните попладневни и вечерни часови кога наместа врнежите ќе бидат и пообилни. Температурата ќе биде без позначителни промени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота релативно свежо со слаб до умерен северен ветер, а од недела ќе има благ пораст на дневната температура.

Банка по грешка на клиент му уплатила 6 милјарди долари

screenshot_1-19

Германската банка “Дојче Банк” по грешка на свој клиент му уплатила 6 милјарди американски долари, пишува Анадолу Агенцијата (АА).

Младиот референт за девизни инвестиции на оваа банка, по грешка уплатил 6 милјарди долари на сметка на свој клиент, внесуваќи грешни податоци. Како што пишуваат германските медиуми, грешката е откриена и исправена веќе следниот ден.

deutsche-bank-post

Инцидентот дури сега е откриен во јавноста иако се случил во јуни оваа година.

Германската банка најави драстични промени во работењето, бидеќи како што велат, сакаат драстично да ги намалат трошоците, да го зголемат профитот и посветат внимание на имиџот.

МАРКУКУЛЕ.МК

ДЕФЕКТОТ НА СУДСКИОТ СИСТЕМ НАРЕЧЕН СПЕЦИЈАЛНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

13045696_10207728123335499_725875_n

Досегашното искуство од работата на Специјалното јавно обвинителство покажа дека тоа е намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р.Македонија. Но, и покрај тоа што ова изгледа голем проблем, може ли да се замисли подобра вест од таа дека од неговото дејствување не можеме да изгубиме, туку, напротив, ќе добиеме. Парадоксално, но вистинито. Кога сфативме дека Специјалното јавно обвинителство е намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р. Македонија наменет за остварување на специјалните лични интереси на домашните предавници и странските предатори на вредностите од македонската држава, тогаш научивме нова лекција, односно сфативме од каде доаѓа гушењето на македонската нација. Всушност, спознанието на Специјалното јавно обвинителство како намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р.Македонија стана причина за спознавање на доброто и злото за нашата држава.

Посебен придонес и признание за ова спознавање има ликот и делото на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Истата, сè додека се криеше зад називот специјална јавна обвинителка и  “компетенциите“ запишани во незиното CV, и сè додека успеваше да одбегнува настапи во парламентот и јавноста,  како јавност немавме можност да ги инспектираме (видиме во вистинско светло) неjзините лични мотиви, капацитети, квалификации и склоности. Исто како што ловџиите не знаат колку е голем зајакот сè додека тој се крие зад грмушката, така и ние не можевме да донесеме вистински суд за личните компетенции и наклонетости на специјалната јавна обвинителка.

Благодарение на предизвиците што ги исправија пред неа медиумите и пратениците во парламентот, јавноста доби можност да согледа “кого толку многу скапо го плаќа“?, односно спозна за кого постои и на чии интереси им служи таа со нејзината улога како специјална јавна обвинителка. Спознавме дека ниту може, ниту знае, ниту сака и ниту им служи на суштинските интереси на македонскита нација. Всушност, бенефитот од незиното работење е лекцијата што ја научивме како јавност дека Специјалното јавно обвинителство е намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р.Македонија наменет за остварување на специјалните лични интереси на некои домашни предавници и странски предатори на суштинските вредностите на македонската нација и држава.

Да не звучам тенденциозно, не дека во судскиот систем на Р.Македонија нема вакви “атрибути“ кои што подлегнуваат на синтагмата “кога ќе дојделе на власт сдсмовците…ќе јаделе живи луѓе???“, пак, и заради тоа од сопствената професија прават вистинска папазјанија. Но, кадровската диференцијација во судскиот систем на Р.Македонија е редовна и системски инсталирана активност заснована врз стандарди и критериуми за процена на квалитетот од работењето на извршителите, а не врз основа на заканувачки синтагми од типот „кога ќе дојдеме на власт…“, креирани од залутани политичари.

Исто така, се покажа дека активностите и “уметничките“ креации на шарената револуција и дејствувањето на специјалното јавно обвинителство наоѓаат заеднички именител во синтагмата „кога ќе дојдеме на власт живи луѓе ќе јадеме“. Демонстрирајќи лажна сила безидејните водачи на веќе, издишаната шарена револуција, со обновените активности се обидоа да соберат бенефит со заплашување на судските институции преку нивните “уметнички“ креации и синтагмата „кога ќе дојдат на власт живи луѓе ќе јадат“ доколку не им служат на фингираните обвиненија на Специјалното јавно обвинителство.

Без амбиција да се докажувам за нешто што, веќе е очигледно, а имајќи ги предвид сите настани поврзани со борбата за гола власт на македонската опозиција, конечно, можеме да го заклучиме следното:  дека и синтагмата „кога ќе дојдеме на власт ќе јадеме живи луѓе“, и активностите на воајерскиот хуманизам манифестиран преку презентирање на прислушкувани разговори на носителите на државни функции, и дејствувањето на Специјалното јавно обвинителство, и таканаречената шарена револуција, и намената на терористичката група уништена во кумановско Диво Насеље, и паничните ветувања на лидерот на македонските социјалдемократи за благодетите што ќе му ги донесел на албанскиот електорат доколку тие го гласаат за да дојде на власт, сè облик на општествен садо-мазохизам со кој што се афирмира нарцисоидната политика на којашто и недостасуваат способност вистински да се сака сопствениот народ и капацитет за креирање на  јавни политики кои што ќе овозможат еволутивен раст на македонската држава и нација.

Таква е шемата на комуникација на македонската политичка опозиција со сопствената нација:

…закани…лажење…притисоци…користољубие…лични интереси…манипулации………….

Каква им е комуникацијата со нацијата такво им è и владењето-за среќа одамна не биле на власт, а како ми изгледа уште долго ќе треба да “постат“ за да добијаат таква обврска.

Д-р Зоран Петрески

Авторот на текстот е доктор на науки по јавна администрација

 

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Што станувате кога сте пијани

pijanstvo-pixabay

 Сте излегле со друштво и сите “добро” сте испиле алкохол. Додека седите и ја држите чашата во рака, забележувате дека еден од вашите другари се труди да ве насмее и расположи, друг им кажува вицеви на луѓето од соседната маса а третиот се скарал на шанк.

 Факт е дека сите различно се однесуваат кога конзумираат алкохол. Некои знаат многу да се напијат а да се однесуваат како ништо да не било, додека други не личат на себе. Научниците утврдиле дека постојат “четири вида на алкохоличари”- Ернест Хемингвеј, Мери Попинс, Откачен професор и Мистер Хајд.

Оние кои спаѓаат во групата на Хемингвеј можат да испијат многу, а сепак да се однесуваат нормално. Поточно, тие немаат промени во однесувањето. За среќа, такви се скоро 40%.

 Другата категорија е Мери Попинс. Овие луѓе сакаат се да биде весело околу нив, па и тие се секогаш весели, насмеани и спремни за акција.

Третата категорија е Откачен професор. Се сеќавате на познатиот филм со Еди Марфи ? Ваквите личности едноставно не личат на себе кога пијат алкохол. Од срамежливи личности се претвораат во друштвени и сакаат да се спријателат со цела кафана.

Најлоша е категоријата Мистер Хајд. Тоа се луѓе кои со алкохол го будат својот лош брат близнак. Во многу случаи започнуаваат расправија со непознати луѓе, а често и тепачка. Тие не размислуваат рационално и способни се да прават проблеми.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОВЕРЕТЕ: Ставете јаболко во топла вода, ако ви се појави ова тоа е канцерогено

Јаболките се едно од овошјата кои најмногу се затруени со пестициди- едно јаболко се прска и до 12 пати во годината за да дочека берба.

csm_jabuke-vosak-3_4dd1d5f2d6-660x330-520x260-79653

Потоа, сосема вообичаен процес е потопувањето во восок, кој наизглед ги прави јаболките поубави и ги чува од пропаѓање.

Стручњаците советуваат дека е најдобро да се купуваат јаболки од проверено и органско производство, но ако не сте во таква можност, тогаш најдобро е да ја излупите кората на јаболките.

Следното видео открива како топлата вода ги отстранува наслагите од восок, нечистотиите и хемикалиите од јаболката кои се токсични за нашиот организам.

 

 

 

21–ви по ред Економски совет во Прилеп

6418-21vi-po-red-ekonomski-sovet-960x600-2

Членовите на советодавното економско тело на Општина Прилеп заедно со членовите на Регионалната стопанска комора, денеска на својот 21-ви работен состанок имаа можност да споделат повеќе информации во врска со започнатите и реализирани проекти во текот на 2016 год, со новите проекти и огласи од АВРМ, изградба на приватни детски градинки, информации за инфраструктурни проекти и објекти, спорт, како и за многу проекти кои би се одразиле на развојот на стопанството во нашата општина, а ќе бидат реализирани во текот на оваа година.

6418-21vi-po-red-ekonomski-sovet-960x600-5

6418-21vi-po-red-ekonomski-sovet-960x600-4

Претставниците на Регионалната стопанска комора го презентираа почетокот на имплементацијата на проектот за дуален систем на образование и тренинг во средните стручни училишта. Како што посочија, по барање на бизнис заедницта кои се во недостаток на соодветен кадар, овој проект им нуди соодветна пракса и тренинг на средношколците од техничките струки, се со цел учениците да се здобијат со знаења за во иднина да излезат соодвено образовани кадри. На 21-виот работен состанок беа презентирани и други мислења и предлози кои би дале придонес за подобар развиток на градот Прилеп.

6418-21vi-po-red-ekonomski-sovet-960x600-9

6418-21vi-po-red-ekonomski-sovet-960x600-7

Подрачното училиште во населеното место Селце со нова училница

10

Подрачното училиште во населеното место Селце, денеска беше посетено од градоначалникот Марјан Ристески, Советникот за образование Марјан Матркаоски и директорката Катерина Чавлеска – Трпкоска. Причина за посетата е реновираната нова училница која се состои од промена на дограмата, малтарење на ѕидовите, промена на подовите, а во иднина ќе се реконструира и дворното место. Реконструкцијата чини двеста илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Прилеп.

8 7 6 4 3 2 1 9

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Како реагираат животните на својот одраз во огледало

screenshot_1-18-640x372

Во видеото што следува ќе видите како реагираат животните во прашумата на својот одраз во огледало.

На мајмуните очигледно ништо не им е јасно.

МАРКУКУЛЕ.МК

 

TEХНО МУЗИКА КАКВА ШТО НЕ СТЕ ЧУЛЕ ДО СЕГА: Овој уличен артист буквално РАСТУРА! (ВИДЕО)

screenshot_6-14

Дарио Роси е уличен артист кој создава техно музика користејќи тави, тенџериња, пластични канти и секакви други отпадни метали и сето тоа изгледа реално и звучи неверојатно добро.

Роси патува низ многу градови и воодушевува илјадници луѓе ширум Европа.