дома блог страница 5110

Прилеп започна со чествување на 11-ти Октомври, Денот на народното востание

Градот под Марковите кули започна со чествувањата за одбележување на 75 годишнината од почеток на народното востание и организираниот отпор на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Градоначалникот Марјан Ристески нагласи:
„Прилеп и прилепчани секогаш несебично застанувале на браникот на Татковината. Овој град многу дал за слободата на Македонија и затоа е гордост да се биде Прилепчанец посебно на овој голем ден“.
Чествувањето во приквечерието, започна со настапот на вокалните солисти на хорот „Мали Анѓели“, потоа следуваше и настапот навоениот оркестарот на АРМ со голем број на композиции, импровизираниот напад и огнометот започнаа во 19.45, а веднаш потоа следуваше изложбата на Васил Василев насловена како „Ретроспектива“ и секако во преполаната сала на ЦК „Марко Цепенков“, свој целовечерен концерт имаше Ансамблот „Танец“.
Утре, вторник на празникот ќе им биде оддадена достојна почит на дејците, борците, народните херои и жртвите што Прилеп ги дал во народноослободителната војна.Во четиригодишната народна револуција Прилеп дал 15 народни херои и околу 650 жртви чии мошти се на Могилата на непобедените во паркот на Револуцијата. По повод празникот свежи цвеќиња ќе бидат положени на Могилата на неподените, во Алејата на народните херои што се во комплексот „Парк на Револуцијата“, а почит ќе им биде оддадена и на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски-Питу и на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто пред нивните споменици во центарот на градот.
Празникот продолжува со одбележување на настаните од спортот, Car Show на Булеварот „Гоце Делчев“ , како и изложба на стари велосипеди.

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-1

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-4

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-10

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-11

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-12

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-13

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-17

6443-prilep-zapocna-so-cestvuvanje-na-11-ti-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie-960x600-22

ВИДЕО: Каква измама, погледнете што му подметнале на бензинска пумпа наместо бензин!

Посетител на една бензинска пумпа во Лос Анџелес ја проби големата измама или ненамерната грешка која се случила на местото каде пробал да наточи гориво.

izmama

Имено, во еден момент го повлече цревото од отворот на резервоарот и од него не течеше ништо. Потоа погледна на бројчаникот кој  брои колку литри гориво сте ставиле и износнот за плаќање, па виде неверојатна работа – бројките се вртеле, всушност како да точи гориво.

Кога прекинал со „точењето“ на бензин неговиот долг изнесувал 50 долари. Секако, 50 долари за ништо.

И кој знае колку од нив така биле насамарени…

ФАТЕНИ НА ДЕЛО ВО ПРИПРЕМАЊЕ НА ВОЕНО ЗЛОСТОРСТВО: Американците ги префарбуваат авионите во Руски бои!

Воздушните сили на САД се фатени како префарбуваат неколку од нивните борбени авиони во боите на авионите на Рускат Федерација. Мислењата за ваквиот потег се поделени. Додека едните тврдат дека се работи за тренинг програма, други тврдат дека со ова се припрема голема местенка.

screen-shot-2016-10-10-at-10-52-38

Имено, воени експерти за Сириската телевизија изјавиле дека се работи за обид да се лажира бомбардирање врз цивили во Сирија, а потоа за тоа да се обвинат силите на Руското воздухопловство, со цел да се предизвика исфрлување на Руските сили од Сирија, а целокупната активност да ја преземе САД.

Се предвидува дека сценариото би било да се испратат овие борбени авиони на низок лет, со цел што повеќе луѓе да ги видат, а потоа да започнат со бомбардирање на цивилни цели, а потоа снимките да се пропагираат како воено злосторство направено од Руската армија.

Првите три фотографии се од Ф/А-18 борбен авион со бои на военото воздухопловство на РУсија. На долниот дел на авионот се гледа истата комбинација на бои како оние што се на СУ-34 рускиот воен авион.

Кратка историја за “СПОРТОТ НАД СПОРТОВИТЕ”- БОРЕЊЕТО

Прилеп,многу серизно се наметнува на спортската боречка сцена во Р.Македонија.Во правец на поголема популаризација на борењето во Прилеп и Р.Македонија авторот на текстот Трајче Димков ни дава кратотк осврт на борењето во светот и борењето во Република Македонија.

slika

БОРЕЊЕ

Спортот над спортовите, спортот кој е поврзан со почетокот на човештвото ,спортот кој е основата на многу други спортови, спортот кој се појавува во Античките Олимписки Игри а и од почетокот на новите, современите Олимписки Игри.БОРЕЊЕТО е еден од најуспешните спортови во Македонија.како во ниеден друг спорт,македонските борачи ја преставувале својата земја на најпрестижен начин,освојувајки бројни трофеи.

Македонија,во изминатите децени, е етаблирана како своевидна велесила во овој спорт.Борачите низ времето освојуваа олимписки медали и постигнуваа забележителни резултати на светските и европските и клубски натпреварувања.Македонскиот спорт со борењето постигна еден автентичен идентитет.Борењето го постигна ова балгодарение на,искрената мултиетничка соработка,респект и заедништво која постои во Република Македонија.

Со цел да ја покажеме големината, важноста и потребата од овој спорт ќе дадеме осврт на зачетоците на овој спорт во светот како и во Македонија.

Борењето покажа дека може да го сврти вниманието на сите љубители на овој спорт. имајќи предвид дека се работи за спорт чии корени лежат уште со почетоците на човештвото.Овој значаен спорт кој во последно време ги надмина и бариерите на половата припадност и кога се појави опасност за отсранување од Олимписките игри,лидерите од цел свет се обединија и застанаа зад борењето, за учество на Олимписките игри и свој потпис дадоа, Путин од Русија, Обама од САД, Ахмединеџад од Иран и др. За првпат борењето ги обедини сите светски народи.

КРАТКА ИСТОРИЈА НА СВЕТСКОТО БОРЕЊЕ

Борењето е спорт кој е поврзан со самите почетоци на човештвото. Уште од самите почетоци на човештвото, борењето било едновремено, култ, легенда, задолжение а и испит на секој член на задницата.Тоа нема автор како повеќето спортски дисциплини, ниту етнички или географски центар од каде би започнало.Тоа е познато на сите народи од секогаш поврзано со, битието, културата, воената подготовка и внатрешните потреби на луѓето. Борењето е еден од најраспространетите спортови во светот.
Почетокот на борењето е закриен во маглината на древните легенди и преданија. Спортската историографија ги бара почетоците на физичките активности а исто така и на борењето во религиозниот култ, инстиктивните побуди, вродените агресивни комплекси.
Според древните грчки легенди борењето е божественена наука и искуство зошто правилата му се дадени од божицата Атина Палада. Според други легенди тоа е создадено од Прометеј, Хермес, Херакле и др.

Почетоците на борењето се врзани со она време кога човекот почнува да разбира дека физичката активност,движењата и определени техники за удари, свлекување, фаќање, задушување и др., давале гаранција за подобар лов, напад или одбрана со животните и луѓето. Создавањето на овие движења е од една страна големо откритие на човечкиот ум а од друга страна незамисливо средство за умствениот развој на човекот и изиграло важна улога во, Антропогенезата [формирањето на човекот ] и за негов понатамошен развој.

Борењето се  раѓало и развивало како општо човечки и светски историски процес, полицентрично насекаде каде што живееле човечки групи.

Првите напишани сведоштва за развојот на борењето се од од пред 5000 години. Во, Поемата за Гилгамеш, напишано со клинесто писмо, на баралефи, цилиндрични печати и најстарата скулптура на борачи од Каваџи се гледа дека постоело борењето и тоа организирано, се гледа како Гилгамеш се бори со лав и начинот на кој го прави тоа е многу сличен на техниката од борење позната под името ,,Мелница’’.

Многу се археолошките и историските белези од борењето на древните египјани но најкарактеристични се четиристотините техники од гробницата, Бени Хасан цртежите покажуват дека египјаните познавале многу техники што и ден денес се користат, одбрани и контранапади а помалку познавале техники од партер.Борењето во Египет било организирано а се одржувале и меѓународни натпревари во присуство на фараоните, каде имало правила и судии.
Историјата на борењето на далечниот исток е задоцнета и засенета со воените искуства. Во книгата, Азиски воени искуства, Дреигр и Смит пишуваат дека борењето може да биде сметано за основа на сите воени искуства.

Писмени сведоштва се откриваат и во индиските епови ,Ригведа,,,Рамајама,,,Пурана, и други. Борењето ,Шиаочиао, во Кина е познато од пред 5000 год. За борењето кај Евреите може да се види од од Библијата и книгата на Јов,опишана е силата на Саул,борбата на Јаков со бога и борбите на Самсон и Давид.

Најмногу се ценело борењето во Античка Грција каде го сметале за наука и уметност. Борењето била главна спортска самостојна дисциплина на олимписките игри 708 год. пне и била круна на, Пенталонот [петобој- фрлање на диск и копје,трчање,скок во далечина и борење. Во тоа време и тренерите биле многу ценети и познати. Во 3 век во нашето време Филострат пишува во своето дело ,За тренерската наука, а од ракописот на Оксирика може да се види дека уште од тогаш постоел методски начин на учење на борењето,во школите постоеле натписи,Учи ја школата на борењето пред да почниш да се бориш,.Oд податоците на Пиндар, грците го познавале и боречкиот мост а Епиктет ги дал описот на некој вежби за јакнење на вратната мускулатура, исто така користеле кукли за тренинг, по тренингот се користеле масажа, туширање и пливање. Борачите во време се користени и како модели на многу скулптори за изработка на фигури, бидејки мускулите на борачите биле најмногу и најскладно изразени. Највлијателните личности минувале низ школите по борење како филозофите, Сократ,Платон, лекарите Хипокрит, Хипич, државниците Клистен, Филип 2 Македонски, Aлександар 3 Македонски и др.

Во Римското царство исто се давала голема важност на борењето кое било под влијание на грчкото борење. Кај нив приоритет им се давало на Гладијаторската борба. Секој народ си имал изградено свој стил на борење и најдобрите борачи биле ценети и славени како најголеми личности на својот народ[ Јапонија, Монголија, Скандинавските земји, Словенските народи и др.

Првата печатена книга излегла во 1500 год., втората книга е ,Боречкото искуство, на Фабиан Фон Ауерсвалд-1539 кои бил државен министер. Кон крајот на 19 век брзо почнало да се развива професионалното борење, кое барало организиран тренинг и натпревар. На првите Олимписки игри 1896 год. во Атина во главниот дел на Олимпијадата е вклучено и борењето, се бореле 5 борачи а победил германецот Шуман, тие се бореле слободен стил, додека грчко римски стил за прв пат се појавува во 16 век во Франција.

Првото светско првенство се одржало 1898 год. во Париз со учество на 30 борачи и победил францускиот борач Паул Понс. Во почетокот на 20 век спортовите на сила (борење,дигање на тегови,фрлање кугла и диск,влечење јаже биле во една дисциплина) биле во еден сојуз. Првата боречка светска организација е основана во 1905 год. во Дуисбург од податоците на Стен Свенсон на иницијатива на германскиот атлетски сојуз. Во тој период се вметнати и тежински категории во борење слободен стил 5 категории а во грчко римски стил 4 категории. Пред олимписките игри во Стоколхолм во 1912 год. требало да се одржи конгрес на кој ќе се направеле правилата и пропозициите на борењето, конгресот не е одржан но комитетот ги изработил основните меѓународни правила. На истите Олимписки игри борбата помеѓу русинот Клајн финецот Аискинен траела неколку часа а Олимписките игри поради борењето траеле 21 ден, тоа допринело до ограничување на траењето на борбата на 2х30 минути со една минута одмор и победа со добивање на поени.

Се смета дека ФИЛА-Светската боречка федерација е основана 1921 год. со седиште во Париз,Еинар Раберг од Шведска бил прв претседател,Милан Ерцеган од Југославија најмногу се задржал како претседател на ФИЛА и направил најмногу реформи во борењето.

Денес Светската боречка федерација (ФИЛА) го промени името и се нарекува Обединето светско борење или кратенка UWW, со намера да ги обедини сите дициплини слични на борењето а нејзин претседател е Ненад Лалович од Србија.

 

Трајче Димков
Професор по физичко воспитување,
Поранешен репрезентативец и селектор на
репрезентацијата на Република Македонија во борење и
учесник на Олимписките игри во Пекинг

 

 

 

ДОЖД И ГРМЕЖИ: Еве какво ќе биде времето од утре

Врнежи од дожд, проследени на некои места со ретки грмежи се очекуваат утре попладне, соопшти УХМР.

 

dozd

Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон среда, особено во северозападните и северните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен.

Утре претпладне ќе преовладува претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Во среда во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат локални и со послаб интензитет, а од четврток се очекува стабилно и потопло време.

 

Основното јавно обвинителство-Прилеп поднесе барање за мерка притвор за убиство и обид за убиство

policijalenta8

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство и Убиство во обид.

Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.

По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

 

Бизнисмен плати 8 милиони евра за регистарски таблички !

screenshot_1-36

Индиски бизнисмен кој што живее во Дубаи, на саботната аукција, издвои повеќе од 8 милиони евра за да ги купи регистарските таблички со бројот 5. На тој начин тој ја задоволува својата колекционерска страст.

“Сакам да собирам единствени регистарски таблички и многу сум горд што успеав да ја купам оваа на која пишува D5”, изјави Балвиндер Сахани.

Додаде дека бил подготвен да плати и повеќе, околу 50 или 100 милиони долари.

Сахани е сопственик на меѓународна компанија за промет со недвижности, а се пофали и дека минатата година купил регистарски таблички со бројот 9 за 6 милиони евра.

https://www.instagram.com/p/BLVXyW0gGRa/

МАРКУКУЛЕ.МК

Утре неработен ден – следува и продолжен викенд

makedonskiznaminja

Празниците и продолжените викенди кои ни останаа од оваа година, се бројат на прсти.

Утре по повод празникот 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе одмориме од работните обврски.

Нареден неработен ден е 23 октомври, недела, со што понеделникот ќе биде неработен, а последниот празник за годинава, и ден во кој ќе здивнеме од работните обврски, е 8 декември, празникот Свети Климент Охридски.

 

Прилепчанец почина во бизарна несреќа

policijalenta8

Бизарна несреќа со трагичен крај викендов во Македонија. Во текот на вчерашниот ден, во 15 часот било пријавено дека во атарот на селото Дебреште, 46-годишниот М.А. од Дебреште, движејќи се со трактор „ИМТ 533“ со прилепски регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва, по удолница, во еден момент се излизгал, по што се превртел.

Од падот М.А. се здобил со повреди во пределот на главата, по што со приватно возило бил пренесен до селото Долнени, од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Прилеп, кадеза жал починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Прилеп.