дома блог страница 5109

Честит “11-ти Октомври”

?

?

Во присуство на Министерот за одбрана Зоран Јолевски, пратениците во Собранието на РМ, советници, борци, претставници од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески, политички партии и пред голем број на граѓани денеска беше положено свежо цвеќе пред спомениците од втората светска војна.

?

Делегациите се поклонија на Могилата на непобедените, во Паркот на Револуцијата, каде се моштите на 650-те борци што ги дал Прилеп, пред бистите на народните херои во Алејата на хероите. Почит им беше оддадена и на првиот председател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и на идеологот на Револуцијата Кузман Јосифоски Питу.

?

Министерот Јолевски посочи дека:

„Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за победа над тиранијата на фашистичкиот окупатор. Токму затоа, овој голем празник, денот кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово, Македонија застана на страната на правдата е многу значаен за нас“.

?

„Прилеп и прилепчани секогаш несебично застанувале на браникот на Татковината. Овој град многу дал за слободата на Македонија и затоа е гордост да се биде Прилепчанец посебно на овој голем ден“, посочи во својата изјава градоначалникот Марјан Ристески.

Во чест на празникот, на булеварот „Гоце Делчев“ се одржа и изложба на оружје и воена опрема на АРМ. Изложбата ја организираат Министерството за одбрана и АРМ. На булеварот се одржа и изложба на автомобили и олд-тајмери.

 

ФОТО – Изложба на воена опрема и оружје по повод денот на народното востание “11-Oктомври”

dscn1749-markukule

После спектакуларниот огномет синоќа и низата музички и културни настани, денес во центарот на Прилеп продолжи одбележувањето на 75-годишнината од почетокот на народноослободителната борба, “11-Октомври”.

Прилепчани имаа можност да погледнат дел од арсеналот и воената опрема на Армијата на Република Македонија и да се дружат со припадниците на војската.

dscn1724-markukule

dscn1726-markukule

dscn1727-markukule

dscn1729-markukule

dscn1731-markukule

dscn1732-markukule

dscn1733-markukule

dscn1734-markukule

dscn1736-markukule

dscn1740-markukule

 

dscn1746-markukule

dscn1747-markukule

dscn1748-markukule

dscn1752-markukule

dscn1753-markukule

“Тuning Car Show”: Во центарот на Прилеп изложба на автомобили по повод 11-Октомври – ФОТО

dscn1713-markukule

Како дел од програмата за одбележување на денот на народното востание, 11-Октомври, денеска во централното градско подрачје на Прилеп се организираше и изложба на автомобили насловена како “Тuning Car Show”.

Прилепчани имаа можност да уживаат во глетката и да се фотографираат со страшните “ѕверови” .

dscn1696-markukule

dscn1698-markukule

dscn1699-markukule

dscn1703-markukule

dscn1705-markukule

dscn1707-markukule

dscn1710-markukule

dscn1714-markukule

dscn1715-markukule

dscn1722-markukule

 

Честитка од градоначалникот на општина Кривогаштани по повод денот на народното востание “11-Октомври”

maxresdefault

Денес се навршуваат 75 години од народното востание против фашистичкиот окупатор, ден кога храбрите борци го трасираа патот кон независна и слободна Република Македонија. Низ вековите македонскиот народ многу пати се дигал против тираните, но АСНОМЦИТЕ се тие кои ни ја подарија слободата во која живееме сега. Овие слободољупци оставиле аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на татковината, амантет кој треба да се цени и почитува. За нас Македонците антифашистичката борба беше момент на национално будење, потврда дека сме спремни самостојно да ја одбраниме татковината, и самостојно да ги удриме темелите за независна република.

Овој голем празник е причина повеќе за да се потсетиме дека Македонија е, и секогаш била на страната на прогресот, слободата и демократијата.

За многу години нека ни е празникот и вечен спомен на загинатите борци.

8-ми Меѓународен Традиционален Турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2016“

klubovi-pocetok

На 09.10.2016 во Прилеп спортска сала на ООУ “Добре Јованоски”, се одржа 8-ми Меѓународен Традиционален Турнир во џудо  „Прилеп Град Херој 2016“  во организација на Џудо Клубот “СЕИШИН” – Прилеп. На овој турнир учевство зедоа околу 200 натпреварувачи, од 22 џудо клубови, од 6 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово), во категориите пионери и јуниори во машка и женска конкуренција.
borbi
Согласно очекувањата на организаторот, односно на клубот “Сеишин” – Прилеп, овој турнир беше најмасовен по број на клубови и држави учеснички досега во градот Прилеп. Организацијата помина безпрекорно почнувајќи од делот на сместувањето на странските гости ден претходно, па се до завршувањето на турнирот. Турнирот го водеше натпреварувачката комисија при Џудо федерацијата на Македонија, а во делот од судиите имаше и меѓународни судии од 3 држави.
borbi-4
Наградниот фонд за натпреварувачите  беше богат и за најдобрите имаше дипломи, медали, парфеми и пехари за најдобрите клубови по старосни категории.
nagradi
Имено најдобар клуб во категорија Пионерки е Феризај-Косово, Пионери -Пролетер -Прилеп, Јуниорки -Миоки Скопје и Јуниори -Работнички -Скопје.
gradonacalnik-2
 
Џудо Клубот СЕИШИН на овој турнир со своите членови освои вкупно 8 медали (3 златни, 1 сребрен, 4 бронзени).
Следат резултати поединечно:
Пионерки:
1.Вероника Белушанец кат. -44 кг. 2-ро место
2. Леона Настоска кат. -44 кг 3-то место
Пионери:
1. Кристијан Тошески кат. -66 кг. 1-во место 
2. Орде Трајкоски кат. -73 кг. 3-то место
Јуниорки:
1. Александра Најдоска кат. +78 кг. 1-во место
Јуниори:
1. Марио Цинцароски кат. +100 кг. 1-во место
2. Михаил Конески кат. -81 кг. 3-то место
3. Диме Ивчески кат. -66 кг. 3-то место
medali-4
medali-5
pocetok-sudii
medali-2

ГАЛЕРИЈА ОД СИНОЌЕШНИОТ ОГНОМЕТ ВО ПРИЛЕП: Градот го одбележува 11-Октомври

_dsc7685-markukule

Со голем број настани од областа на културата, спортот, како и со низа музички случувања, синоќа во Прилеп се одбележуваше денот кога започнало народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Неизбежен дел секоја година од празничкото одбележување е реконструкцијата од нападот на Участакот, што и оваа година беше проследено со голем огномет.

Од најубав агол преку фотографии ви го пренесуваме синоќешниот спектакл на небото над Прилеп

_dsc7686-markukule

_dsc7690-markukule

_dsc7692-markukule

_dsc7693-markukule

_dsc7695-markukule

_dsc7696-markukule

_dsc7699-markukule

_dsc7700-markukule

_dsc7702-markukule

_dsc7703-markukule

_dsc7704-markukule

_dsc7705-markukule

_dsc7711-markukule

_dsc7713-markukule

ПРИЛЕПЧАНИ КАЖАА: “МАРШ – за МАРШОТ за двојазичност!”

14642704_10209272362077558_1334761081_n

Очаен интерес за маршот во Скопје кај прилепчани. Негативната антинационална политика, коалициите со федерилизаторите и поддршката за ЛГБТ заедницата, придонесе денес да биде најслабиот одзив кај опозиционерите.

Најавата за двојазичност во Прилеп искажана токму од овој град наиде на страшен отпор кај градот херој, кој денес славеше 75 години од почетокот на народноослободителната борба.

ФОТО: Се огласи малото момче кое ја доби ракавицата од Буфон

Младото момче коe што успеа да го добие најубавиот подарок од италијанската фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон се вика Анид Абази од Скопје.

1

Момчето веднаш после последниот свиреж на судијата во квалификациониoт натпревар помеѓу Македонија – Италија успеа да му побегне на обезбедувањето и да се сретне со неговиот идол Буфон кој му ја подари неговата десна ракавица.

Инаку на социјалните мрежи се појавија гласини дека на момчето му била одземена ракавицата од страна на некој од обезбедувањето во стадионот.

Но, Анид демантираше и нè осигура дека ракавицата се уште е кај него.

-Вечерва го доживеав еден од најубавите моменти во мојот живот. Бев присутен на натпреварот Македонија-Италија и со брат ми направивме план како да влеземе на теренот и да се сретнеме со легендата Џанлуиџи Буфон. Откако влегов во теренот, трчав накај Буфон и го прегрнав, а тој ми ја подари неговата ракавица, напиша малиот Анид на социјалните мрежи по натпреварот.

2

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ТУРСКИ ТЕК: Русија и Турција започнуваат со изградба на Турски тек и нуклеарката „Акују“

Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган одржаа заедничка конференција за медиуми, по завршувањето на маргините на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул

putin_erdogan

Договорот од руската страна го потпиша министерот за енергетика Александар Новак, а од туската министерот за енергетика и природните ресурски Берат Албајрак. Путин додаде дека во рамките на дискусијата за проектот Москва и Анкара исто така се договориле Турција да добие попуст на гасот.

По долгиот билатерален состанок на двајцата лидери, потпиан е договорот за гасоводот „Турски тек“, со цел да се убрза припремата за почетокот на изградбата. Потпишувањето на меѓувладиниот договор помеѓу Русија и Турција за гасоводот „Турски Тек“ ќе ја убрза имплементаицјата на проектот. Двете страни се договориле да ја интензивираат работата на нуклеарната електрана „Акују“, изјавил претседателот на Турција.

„Според овој само што потпишан меѓудржавен договор, одлучено е да се забрзаат работите на Турскиот тек. Другото важно прашање е нуклеарната електрана Акују. Тука е постигнат договор додатно да се забрза работата на нуклеарната електрана. Уверен сум дека ќе бидеме во состојба да го надополните изгубеното време во изминатиот период“, истакнал Ердоган. Претходно директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер соопшти дека договорот помеѓу Русија и Турција подразбира изградба на две линии на магистралниот гасовод по дното на Црното Море, а капацитетот на секоја линија е поголем од 15 милијарди кубни метри гас.
Се претпоставува дека снабдувањето со гас преку првата линија ќе биде во целост предвидн за турските корисници. Другата линија е предвидена за европскиот пазар, но нејзината изградба би можела да биде дури по добивањето на гаранции од Европската Унија.

 

ВИДЕО: Ова се случува кога “опасен” питбул среќава мало маче

57fbe3cf-f474-48ea-86a1-3a0c0a0a0a6c-pas-690x480

Постојат многу луѓе кои сметаат дека кучињата како ова се агресивни, но ова видео покажува дека тоа воопшто не е така.

Малото маче му пријде на питбулот а неговата реакција ќе ве остави без збор.

Погледнете го видеото и ќе видите за што станува збор.

МАРКУКУЛЕ.МК