дома блог страница 51

Денеска се празнуваат Светите Три ерарси: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст

МПЦ-ОА и православните христијани во земјава денеска го слават празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст – значајни личности што страдале за Христовата вера.

Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник.

Овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го величаа светиот Василиј заради неговата чистота и храброст, други светиот Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по светиот Јован, заради неговата чудесна благоглаголивост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити.

По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно… ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата свети архијереи.

Од друга страна, секој од нив имал некои специфични карактеристики: Свети Василиј Велики бил голем во книжевната мудрост, реториката и филозофијата. Свети Григориј Богослов ја изразил својата величина во теологијата и светоста на добродетелниот живот, додека Свети Јован Златоуст се одликувал со прекрасни проповеди и толкување на Светото Писмо. Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст имаат улога и во составувањето на Светите Литургии што ги носат нивните имиња, а кои уште се служат во Светата Црква и денес. Секој од овие три светила на Црквата, покрај овој заеднички, има и свој посебен празник: Свети Василиј Велики (1 јануари/14 јануари), Свети Григориј Богослов (25 јануари/7 февруари), Свети Јован Златоуст (13 ноември/26 и 27 јануари/9 февруари).

Кои биле тројцата светители и со што заслужиле да влезат во календарот на Светата Христова црква?

Свети Василиј наречен Велики бил најславниот владика во градот Кесарија Кападокиска. Роден е во Неокесарија околу 330 година (според некои 329 г.) од побожни родители. Татко му, кој исто така се викал Василиј, бил учител по беседништво – оратор и адвокат, а мајка му се викала Емилија. Во 345 година заминал на школување во Кесарија Кападокиска, а во 352 година во Атина. Овде соученици и другари му биле Григориј, подоцна наречен Богослов и Јулијан внукот на Константин Велики, кој најпрвин бил христијанин, а подоцна го напуштил христијанството, станал цар и ги прогонувал христијаните поради што е познат по прекарот Отстапник.

Василиј, по завршувањето на школувањето, на околу 30 годишна возраст се вратил во родното место, станал учител, подоцна примил свештенички чин и бил проповедник во црквата. Бил многу популарен поради што тогашниот владика многу му завидувал. Тоа било причина Василиј да замине во пустина. За време на престојот во Александриската пустина се сретнал со свети Атанасиј Велики кој бил протеран од Ариевците. Во тоа време било силно ариевското движење и цариградскиот цар Валент, кој ги поддржувал овие еретици сакал да им ги предаде сите цркви.

Во Кесарија немало личност која со својот авторитет можела да му се спротивстави на ова движење, но и на царот Валент. Таква личност бил само свети Василиј, кој по смртта на кесарискиот владика се вратил од пустината и бил поставен за владика Кесариски. Бил многу популарен меѓу народот и многу лесно луѓето ги придобивал за христијанската вера, поради што бил наречен втор Павле. Особено успешно се борел против Ариевците поради што го навлекол врз себе гневот на царот Валент, кој се обидувал да го убеди да се откаже од архиепископскиот престол за да може да постави некој од Ариевците. Му се заканувал со протерување и смрт но и тоа не го исплашило и поколебало свети Василиј. Умрел на 1 јануари (според стариот календар) 379 година (според други 389 година) на 50 годишна возраст.

Свети Василиј Велики е значаен и како писател. За време на престојот во Понтиската пустина ги составил монашките правила. Кога бил архиепископ во Кесарија градел болници и училишта, а самиот живеел скромно поради што бил многу популарен. Поради тоа што свештениците литургијата ја служеле различно тој ја скратил литургијата на св. Јаков и напишал т.н. „Василева служба“ која до денес се служи во првите пет недели од Велигденските пости, потоа на Велики четврток, Велика сабота, на денот на Св. Василиј спроти Божик и Богојавление, а понекогаш и на Божик и Богојавление, што значи десет пати во годината.

Во времето кога живеел св. Василиј Велики живеел и св. Григориј Богослов. Бил негов другар, и исто така, бил многу популарен. Григориј на грчки јазик значи вреден, буден, бодар. Роден е во 329 година во градот Назајанз во југозападна Кападокија. Татко му бил владика (тогаш владиците се женеле) и во родниот дом ја стекнал првата љубов кон образованието. Учел во Кесарија, Александрија и Атина, каде што се запознал со св. Василиј Велики. Оттука дошол во градот Сосим каде што бил избран за епископ, а подоцна и во Цариград каде што во 379 година станал патријарх.

На оваа должност останал 12 години и многу придонесол за засилување на православието. Потоа дошол во селото Арианз во Кападокија, каде што ги напишал своите главни дела. Поради големото богословско образование бил наречен Богослов. Умрел на 25 јануари 390 година и на овој ден секоја година светата црква го празнува неговиот ден. Денес главата му се наоѓа во Москва, а другиот дел од телото во Рим.

Освен свети Григорије Богослов во Цариград бил познат и популарен и свети Јован Златоуст. Роден е во Антиохија во 374 година. Во раните денови од детството му умрел татко му и мајка му го дала на училиште. Сакал да се закалуѓери и тоа го направил по смртта на мајка му кога отишол во еден манастир во близината на Антиохија. Потоа бил избран за патријарх цариградски каде што се прославил со убави беседи поради што бил наречен Златоуст. Напишал многу дела меѓу кои е и литургијата што се служи преку целата година позната како „Златоустова литургија“.

Народот почнал да го моли, коските на Св. Јован Златоуст да бидат пренесени во Цариград. Познато е писмото што цар Теодосија II му го напишал на св. Јован Златоуст како да е жив, соопштувајќи му дека ќе го пренесат во Цариград, за што испратил и брод. Моштите на св. Јован Златоуст во Цариград се пренесени на 9.II/27 И 438 година и овој ден Светата Православна Црква го одбележува секоја година.

Свети Јован Златоуст умрел на 14 септември 408 година но бидејќи на овој ден се празнува Воздвижение на чесниот крст (Крстовден) празникот на Св. Јован Златоуст е пренесен на 26/13 ноември.

Советниците ќе дискутираат за ФК Победа, конечно сите 27 ќе ги вкрстат аргументите?

Советничката група на СДСМ во Советот на општина Прилеп, поднесе барање за вонредна седница до Претседателката на Советот, што следува по вчерашното соопштение од ФК Победа, со кое клубот ја информираше јавноста дека поради блокираната сметка и очајната финансиска состојба, сениорската екипа не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората фудбалска лига.

Од тие причини, советничката група на СДСМ и Коалицијата до претседателката на Совет на општина Прилеп поднесе барање за свикување на вонредна седница на општинскиот Совет со единствена точка на дневниот ред:

1. Информација за актуелната состојба во ФК „Победа“ Прилеп и донесување на предлог заклучоци за изнаоѓање на соодветно решение за надминување на ваквата состојба.

Во образложението за поднесеното барање се вели:

„Фудбалскиот клуб “Победа“ од Прилеп како најзначаен и најпрепознатлив спортски бренд на градот, се наоѓа во состојба на целосно пропаѓање, што претставува сериозен удар врз спортот, младите и јавниот интерес на општината.

ФК Победа не е само спортски колектив, тук дел од идентитетот на Прилеп, клуб со децениска традиција, бројни успеси, европски настапи, клуб на генерации фудбалери кои го прославија името на клубот и градот низ државата како и надвор од неа. Денешната состојба и целосната неизвесност за иднината на ФК “Победа“, е резултат на
долгогодишната негрижа и отсуството на одговорност. Општина Прилеп, за жал, последниве неколку години не покажа желба за вистинска помош на клубот за излез од оваа криза и е директен соучесник во неговото уништување.

Како советничка група, сметаме дека е потребно свикување на вонредна седница на која Советот ќе добие целосна информација за фактичката состојба во клубот и ќе се донесат конкретни заклучоци и мерки за спас и реорганизација на ФК “Победа“.

Свикувањето на вонредна седница ќе покаже дека Советот на Општина Прилеп ја разбира својата улога и сериозно му приоѓа на проблемот, дека стои зад заштитата на јавниот интерес, спортот и иднината на младите во нашиот град. Ако Советот ја пропушти можноста навремено да реагира, ќе остане запаметен како Совет кој преќутно дозволи да згасне најголемиот спортски бренд на Прилеп“.

Драма во Прилеп – двајца браќа лишени од слобода

-На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп.

При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени.

Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициското возило, се обидел да го спречи транспортот до ОВР Прилеп и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Цел чопор пред детска градинка во Прилеп – Проблемот со кучињата скитници е АЛАРМАНТЕН!

Веќе станува АЛАРМАНТНО! Проблемот со кучињата скитници во Прилеп сега е распространет во речиси сите населби во градот, а граѓаните редовно ни испраќаат фотографии и видеа од цели глутници пред нивните домови.

Најновата поплака од граѓани е од населбата Марино Маало, каде деноноќно е присутна глутница од десетина кучиња скитници. Граѓаните стравуваат за своите најмали, бидејќи кучињата се често присутни околу основното училиште “Гоце Делчев” и детската градинка.

Фотографијата е од утрово токму пред градинката “Наша иднина” во оваа населба.

Апел до новиот директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп, ова да биде еден од приоритетите со кои ќе се занимава на стартот од својот мандат.

За потсетување, пред неколку дена во Битола, двегодишно дете беше испокасано од група кучиња скитници додека си играло пред својот дом.

СВР Битола: Во 2025 за трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени од слобода над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени 94 кривични дела против 102 сторители.

Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности, постојаното присуство на полициски службеници од СВР Битола на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за поголема ефикасност во расветлувањето на овој вид на извршени кривични дела, со тенденција откривачката дејност да се зголеми во периодот што следува.

На подрачјето на СВР Битола во текот на 2025 година извршени се вкупно 86 претреси на домови, од кои на подрачјето на Битола извршен е 51 претрес, на подрачјето на Прилеп извршен е 31 претрес на домови, на подрачјето на Демир Хисар извршени се два претреси, на подрачјето на Ресен извршен е еден претрес на дом и на подрачјето на Крушево, исто така, еден претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, кокаин, амфетамин различни таблети.

Како најчести жртви од употребата на дрога и психотропни супстанции се јавуваат млади лица, односно средношколци, кои најчесто употребуваат марихуана, а констатирано е дека се продава и консумира и кокаин, амфетамин и екстази.

Извршителите на овие кривични дела најчесто се корисници и дилери и кај нив при личен преглед се пронаоѓаат помали пакувања на дрога, како би можеле полесно да ги сокријат и да ги прикажат дека се за лична употреба, а не за препродавање.

Најчесто, продажбата на наркотици се врши преку претходно договарање по телефон или со користење на разни апликации на интернет, а доставата се врши на тој начин што дилерот му ја остава дрогата на корисникот на определено договорнео место, а парите се врачуваат подоцна.

СВР Битола продолжува со преземање на интензивни мерки и активности за разбивање на таквите криминални групи и за поднесување на соодветни пријави.

ОЈО да оформи предмет, Општината вели пари од Победа се трошеле по казина

Имаме сознанија дека службени средства на клубот биле ненаменски трошени за уплати во казина, обложувалници и приватни потреби – овој дел од соопштението на општина Прилеп по објавата од ФК Победа дека клубот ќе се откаже од настапи во Втората лига, предизвика низа прашања, а и гнев во јавноста.

Прашањето е кој, кога и каде ги трошел парите на клубот? Кој и дали се коцкал по казина и трошел пари по обложувалници?

Ова се сериозни обвинувања на кои внимание треба да посвети и Основното јавно обвинителство во Прилеп, од каде јавноста и фудбалските вљубеници од Прилеп очекуваат да се отвори предмет по допрен глас.

Во продолжение целосното соопштение од општина Прилеп:

Ристески: Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но се уште, повеќе од шест месеци, се чека одговорот од синдикатите и работодавачите – да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии кои можеби би требало да се вградат во неа.

Како што рече вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска во однос на синдикалната и од неа се исклучени цигарите, тутунот, алкохолот и станарината.

Според Ристески, синдикатите ја пресметувале синдикалната кошничка врз основа на цените од еден или два маркета, ги земале предвид сезонските овошја и зеленчук кои не се карактеристични за соодветните периоди, а ја калкулирале и киријата. Притоа, податоците не се однесувале за цел месец, туку кошничката се пресметувала на 20-ти во месецот. Како што рече, тоа го правеле за да вршат синдикален притисок во јавноста и врз Владата за зголемување на платите.

-Потрошувачката кошничка е изготвена уште во првиот дел минатата година, на 30 јули на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ја дадовме на увид на синдикатите и работодавачите и се уште очекуваме одговори од нив, еве, повеќе од шест месеци, да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии што би требало да се вградат. Кога тоа ќе го направат, ќе ја поставиме на ЕСС и ќе почнеме да ја пресметуваме. Ние имаме направно пресметка и има разлика во однос на синдикалната кошничка. Просечната потрошувачка кошничка е пониска од минималната, а разликата во однос на синдикалната сигурно ќе биде повеќе од 10 отсто. Параметрите се земени од Државниот завод за статистика, врз база на шест синџири на маркети на национално ниво, два регионални маркета, зелени пазари од различни региони и Земјоделскиот пазарен информативен систем. Се изработува врз основа на два дела: првиот е храна и безалкохолни пијалаци, а вториот услуги и други потреби за едно просечно четиричлено семејство. Сите овие релевантни податоци даваат реална слика за просечните потреби на едно семејство. Оваа кошничка ги има исклучено акцизните стоки како цигарите, тутунот и алкохолот како луксузни, но и станарината зашто според пописот, во 2021 година 90 отсто од населението не плаќа кирија, информира Ристески во дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека просечната потрошувачка кошничка нема да биде конкурент на синдикалната, зашто, секако, синдикатите имааат право да ги бараат своите права.

Кина ги руши границите на невозможното: Пуштен во употреба тунел на автопат долг над 22км (ВИДЕО)

Најдолгиот тунел на автопатиштата во Азија штотуку е завршен. Делницата со совршено осветлени бетонски ѕидови се наоѓа во Кина и долга е 22,13 километри, објави „ЦГТН“.

Новиот градежен потфат не само што урна рекорд, туку буквално го менува значењето на зборот „далеку“ во која било планинска област. Зад овој масивен коридор, наречен Тјаншан Шенгли, лежи едноставната кинеска „национална опсесија“ – да се поврзе секој агол од земјата, без разлика колку е „див“ теренот. Пробиен низ суровиот терен на покраината Гуиџоу, масивниот премин е дел од брза патничка врска осмислена да ги скрати патувањата што некогаш се одвивале по бавни, опасни планински патишта.

Така, еден од стручњаците на овој сложен потфат, ја спореди изградбата со „изведување операција на отворено срце на планина што постојано се движи“, укажувајќи на опасностите при пробивање пат под масивните кинески планини.

Инаку, норвешкиот тунел Лердал сѐ уште е најдолг патнички тунел во светот со 24,5 километри.

Планини, реки, длабоки долини – се чини, ништо веќе не е трајна пречка. Кинеските планери градат автопати како „пајажини“, а секој нов тунел обезбедува уште една совршено права линија што го сече она што некогаш принудувало бесконечни заобиколувања. Тоа, според познавачите, укажува и како инфраструктурата стана една од најмоќните алатки на Кина за раст и влијание.

Четврта година по ред МАТАДОР Прилеп го доби највисокото признание од познатата светска фирма (ФОТО)

Liqui Moly Македонија, на прва официјална средба, презентација и тренинг во Прилеп, ги претстави резулатите од работа на компанијата како независен дистрибутер за продуктите на германскиот производител.

На завршницата на настанот, на сопственикот на компанијата “Матадор”, Игор Стеванов, четврта година по ред му беше доделено признанието за најдобар партнер.

Позната по производство на врвни лубриканти, компанијата Liqi Moly чие седиште е во Улм, Германија, со своите производи е присутна во дури 150 земји ширум светот и е синоним за квалитет, не само за лубриканти, туку и за сите други производи од нивниот асортиман.

Од мал бизнис до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила. Во 24 години постоење оваа компанија стана препознатлив бренд на Прилеп и број еден дестинација кога во прашање е набавката на резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија…

И не само тоа, компанијата низ годините во безброј случаи покажа општествена одговорност со каква ретко кој може да се пофали. Често тоа било без “фанфари”, тивко, со желба да се помогне секаде каде имало потреба. Од хуманитарни настани, до спорт, култура, медиуми…компанијата помагала секогаш и секаде.

Паднат прозорец од Саат Кулата, паднат објект во двор на училиште, внимавајте кога поминувате и покрај стара општина (ФОТО)

Паднат прозорец од Градската Саат кула за малку ќе предизвикаше трагедија, падната куќа во школскиот двор на ООУ “Климент Охридски”, еден куп објекти кои се пред рушење, во кои никој не живее со децении, а претставуваат опасна закана кон безбедноста и имотот на граѓаните.

Ова е горлив проблем со кој се соочува Прилеп и бара итна акција, а со цел да се спречи некоја потенцијална голема трагедија.

Граѓани ни испратија фотографија и од објектот на старата општинска зграда, каде треба особено да се внимава кога поминуваме, а добро би било да има и едно предупредување, дека малтер и ќерамиди можат да ви паднат на глава.

Апел до надлежните да ги лоцираат сите вакви обејкти, навреме да реагираат, пред да се случи било што…