дома блог страница 5095

Фрлена бомба на полицајци: Најмалку 10 загинати, хаос на улиците во Турција!

сирија-500

Во бомбашкиот напад на полициски минибус во Турција убиени се најмалку 10 полицајци, а тројца се повредени.

Нападот се случил во Игдир, провинција на истокот на Турција, соопштија официјалните служби.

Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК), изведен е врз минибус во кој се наоѓале полицајци кои работата на граничниот премин кој води од истокот на Турција кон Азербејџан, извести приватната турска телевизија НТВ, пренесоа агенциите.

Македонија слави 24 години самостојност

Република Македонија денеска одбележува 24 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

1

Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“, пишува миа.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Во изминатите 24 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја – кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и годинава. Грција, по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска собраниска делегација предводена од Силвана Бонева, во состав Светлана Јакимовска, Авдија Пепиќ и Соња Мираковска ќе положи венец цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија” во паркот „Жена борец“. Цвеќе ќе положат и партиски, општински и граѓански делегации.

За државната награда „8-ми Септември“, која оваа година ќе се додели по четврти пат, а е поделена во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот, пријавени се 11 кандидати.

Еден ќе ја добие наградата за животно дело, а на четворица ќе им бидат доделени признанија. За „Животно дело“ конкурирале Венцислав Недев, Владимир Радиќ, Лазар Лечиќ и Петар Алексовски. За наградата „Признание за остварувања во областа на спортот“ конкурирале: Љупчо Стојчевски, Руждија Калач, Кирил Манев, Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, Ристо Магдинчев и Сашо Поповски.

Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија.

Свеченото доделување и соопштување на носителите на државната награда за спорт ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, синоќа во националното Собрание, се одржа прием под покровителство на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

На приемот присуствуваше претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, пратеници од првиот Собраниски состав, актуелни пратеници, министри, претставници на верските заедници, на АРМ, на дипломатскиот кор и други гости од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Одбележан Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември

 

 

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегации од локалната самоуправа на Прилеп, Сојузот на борците, на политичките партии и граѓанските здруженија положија цвеќе и им оддадоа почит на прилепски дејци кои се бореа за слободна и самостојна држава.

5

Цвеќе беше положено на споменикот на првиот третседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред  споменикот на идеологот на Народната револуција во НОБ Кузман Јосифоски Питу, пред спомениците на пере Тошев и Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои и пред споменикот „Карпалак“.

– Осми септември е сонот на бројни генерации за самостојна и независна Македонија. Денес тој е стварност. Борбата на современите генерации е да изградиме просперитетна, економски силна и стабилна  држава, а во неа и економски цврст Прилеп со нови работни места и многу инвестиции, порача градоначалникот Марјан Ристески.

По повод празникот денеска ќе биде поставен камен-темелник на нов трговско-деловен центар во центарот на Прилеп, инвестиција на компанијата „Тинекс“ од Скопје

 

Поврзување на сојузниците: Се гради мост помеѓу Кина и Русија

Околу 230 милиони долари ќе бидат потрошени за изградба на мост кој ќе ги поврзува рускиот град Благовјешченск со кинескиот град Хејхе.

мост-500

Ова го изјави извршителот на должноста гуверен на рускиот Амурски регион Александар Козолов.

„Во Кина на 3 септември беа потпишани два договори – договор за изградба на мост преку реката Амур и договор за изградба на жичара која ќе ги поврзува рускиот град Благовјешченск и кинескиот град Хејхе, изјавил Козлов.

Според неговите зборови, кинеските власти инвестирале околу 87 милиони долари во проектите, а парите се наменети за изградба на делови на мостот и жичарата на кинеската територија.

Рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи на источно економскиот форум во Владивосток, нагласи дека развојот на инфраструктурата ќе биде еден од главните приоритети на рускиот Далечен Исток, пренесува Спутник.

Според Путин, регионот ќе стане еден од клучните центри на рускиот општествено економски развој и мора ефикасно да биде интегриран во брзо развојниот азиско – пацифички регион.

Човекот кој го предвиде отцепувањето на Крим тврди дека истото ќе се случи и со Одеса

Михаил Сакашвили е човекот кој во 2014-та година го предвиде отцепувањето на украинскиот полуостров Крим од Украина, а сега тој тврди дека можно е да се отцепи и регионот Одеса.

odesa

Тој предупредил дека сценариото од Донбас би можело да се случи и во украинскиот регион Одеса поради политичката нестабилност.

-Регионот е нестабилен. Шпекулациите за опасната политичка ситуација и тука се можни. Тоа што се случи во Донбас би можело да се случи и овде. Украинските власти овде практично и да немаат никаква поддршка од украинските медиуми, изјавил Сакашвили.

Она што е интересно е дека поранешниот грузиски претседател Сакашвили оваа година стана гувернер на југозападниот украински регион Одеса.

Сакашвили има изразени анти-руски ставови за кои се смета дека му го олеснија доаѓањето на споменатата функција.

ВО ЕДЕН ДЕН: Грмотевици убиле 22 луѓе во Индија

Од грмотевици во јужната индиска држава Андхра Прадеш загинале 22 луѓе, а најмногу од нив биле работници на нивните, соопштија денес тамошните официјални служби.

грмотевици-500

Фаталните несреќи се случиле вчера вечер, за време на невреме кое го зафатило тој дел од земјата.

Два женски крикет тима успеале да се спасат и избегнат катастрофа кога грмотевица удрила во дрво на теренот во градот Гунтру, каде бил игран натпреварот. Официјалните служби изјавиле дека членовите на крикет тимот и гледачите биле спасени од чудо, пренесе АП.

Дрвото се запалило кога го погодила грмотевица, а одекна и застрашувачки звук поради кој сите во паника избегале од теренот.

Удари на грмотевици се чести за време на сезоната на монсуните во Индија, која трае од јуни до септември.

Србите ќе исчезнат, доколку немаат трето дете

Во Србија до 2050 година ќе живеат милион ипол жители помалку од сега! Ова го покажа истражувањето на Обединетите нации, кое Србите ги вбројува на листа на земји со катастрофална демографска проекција. Народот забрзано ни старее, умираат градови и села, деца се раѓаат се помалку и помалку.

deca

Дека бројот на постарите лица од 65 години го надмина вкупниот број на деца помлади од 14 години, за прв пат покажа пописот од 2002 година. Резултатите од пописот од 2011 година се уште по поразителни, бидејќи покажуваат дека децата се само 14 отсто од популацијата во Србија, пишува Сител.

А, пред само половина век во Србија, без Косово и Метохија, деца имало речиси три до четири пати повеќе од стари лица. Според пописот од 1950 година, ние сме биле 5,9 милиони, а се проценува дека исто толку ќе бидеме и до 2050. Како цел век без раѓања!

– Недоволното раѓање, за проста репродукција, во Србија почна од средината на 20 век – вели мр. Иван Маринковиќ од Центарот за демографски истражувања при Институтот за општествени науки во Белград.

– Тоа практично значи, дека ниту една генерација на жени родени по Првата светска војна не родиле доволен број на деца за проста репродукција. Во општеството тоа помалку се гледало бидејќи била млада старосната структура на населението.

Опстанок

Шанса за нешто да се поправи и демографската слика на Србија денес да не биде ваква, според зборовите на нашиот соговорник, постоела во втората половина на 50-тите години. И во тие години, вели, недоволно се раѓало, а последиците се покажале во 1992 година, кога во Србија за прв пат е забележан негативен природен прираст, пишува Сител.

– Од тогаш негативниот природен прираст во нашата земја е константен, а единствено што се менува е тоа што од година во година е се по изразен – потенцира Маринковиќ.

– Прво бројот на умрените бил 30.000 поголем од бројот на новородените. Сега е околу 35.000, а се очекува и разлика од 40.000. Значи за една деценија ќе бидеме околу 400.000 помалку. Ако на тоа го додадеме и неспорниот факт дека од Србија секоја година се иселуваат над 5.000 млади, тогаш не е чудно што според истражувањето на ОН се најдовме на листа на земји со катастрофална демографска проекција.

Како што вели нашиот соговорник, ни иднината не ни изгледа светла, а шансите да се подмладиме се минимални.

– Поради нераѓање во Србија секоја година исчезнува место со големина на Ќуприја – вели Маринковиќ. – За прост опстанок на една нација потребни се барем две деца во секое семејство, а кај нас во домаќинствата се раѓаат 1,4 деца. Ако раѓањето ни остане на ова ниво, дури и кога годишно околу 30.000 би имигрирале во Србија, повторно односот на старите и младите до 2050 година дупло ќе се влоши. Дури ако до 2020 година се зголеми нивото на раѓање и годишни ни стигнуваат околу 50.000 странци, кон средината на овој век би имале околу 15 отсто шанси да го спречиме стареењето на нацијата.

Партнери

Демографите потенцираат дека сега сме невитална стара нација, која според процентот на пензионерите е прва во Европа. Додаваат и дека на одлуката за раѓање не влијае многу ни (не)сугурната работа, што често служи како оправдание на многу парови. Во Србија, како и во целиот медитерански појас, според зборовите на демографите, виновници за падот на наталитетот треба да се бараат во многубројните културолошки и психолошки фактори, оттуѓеноста, проблемите околу наоѓање на соодветен партнер, нестабилните емотивни врски.

Може да се направи идеален модел на раѓање и имиграциите кои сигурно би го спречиле процесот на стареење во Србија, но тоа не е реално – вели Маринковиќ.

– Според тој модел, во текот на наредните децении, секој пар би требало да има четири или пет деца. Освен тоа, моделот подразбира и многу странци кои би дошле да живеат во Србија. Меѓутоа, во тоа тешко може да се верува додека не станеме побогата и стопански силна земја.

Критично и во регионот

Според податоците на ОН, во Србија од Суботица до Шар планина живеат 8,8 милиони жители. Негативниот демографски тренд, според оваа проекција на ОН, ќе доведе до драстично намалување на популацијата. За 35 години, Србија ќе има 17,2 отсто помалку граѓани.

Меѓу 10 земји во кои бројот на жителите исто така драстично ќе се намали, освен Србија се наоѓаат уште и Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Романија, Украина, Јапонија, Летонија и Литванија.

ФОТО: Големиот Икер Касиљас објасни каде е Македонија

Икер Касилјас е вистинска икона на шпанскиот фудбал и на десеткратниот европски првак Реал Мадрид, а при пристигнувањето во Македонија со фотографија на Инстаграм убаво објасни во која земја се наоѓа.

ikerot

Сегашниот голман на Порто напиша дека е во Македонија и утре ќе биде последниот бедем во одбраната на актуелниот европски шампион Шпанија во квалификацискиот дуел со нашата репрезентација.

Шпанија е апсолутен фаворит, а постот и сликата на Инстаграм на популарниот Свети Икер предизвика многубројни позитивни реакции на Македонците.

„Откријте ја Пелагонија“ во месецот на авантура

Во текот на септември и октомври во општините низ Пелагонискиот регион ќе се организира месецот на авантура “Откријте ја Пелагонија”. Негова цел е промоција на Пелагонија пред домашните туристи како дестинација за авантуристички туризам односно дестинација за уживање во физичка активноста, природа, локална традиција и култура.

333

 

Во рамките на месецот на авантура во Пелагонија ќе бидат организирани 10 настани со повеќе од 20 спортско-рекреативни и културни активностикаковелосипедизам, планинарење, ултра маратони, болдеринг и параглајдинг, наменети за сите категории на туристи.

Официјалното отворање на “Откријте ја Пелагонија”ќе се случи на 12 септемвриво Стење каде за време на два викенд деновиќе бидаторганизиранитрки во планинско трчање, планинарски марш на Галичица и велосипедски тури до село Коњско и Галичица.

Вечерта на 12 септември на новатаплажа во Стење ќе се организира музички хепенинг со рок бенд и диџеј. Камперите кои ќе бидат сместени на самата плажа ќе уживаат во гравче подготвено на логорски оган и други специјалитети од преспанската кујна.

Месецот на авантура во Пелагонија е организиран од широкаплатформа на јавен, приватен, невладин и донаторски сектор. Партнери во организацијата на настаните се општините во Пелагонија, Проектот за експанзија на мали бизниси кофинансиран од УСАИД и Швајцарската развојна агенција, спортски клубови, здруженија на граѓани и локалното население од регионот.

Повеќе детали за програмата на “Откријте ја Пелагонија” можат да се најдат на фејсбук страната www.facebook.com/discoverpelagonija или на веб страната www.pelagonijaregion.mk.

Презентирани нови мерки за вработување

222

 

Градоначалникот Марјан Ристески и директорката на АВРМ – Прилеп Силвана Пашоска, денеска ги презентираа новите мерки за вработување. Станува збор за проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“, „Проект за самовработување со кредитирање“ и „Самовработување со неповратни средства во грантови“.
Преку првиот проект, пријава може да достави правен субјект (микро и мало претпријатие) кој е регистриран најмалку 1 година, кој има најмалку 1 вработено лице минимум 3 месеци пред денот на објавување на јавниот оглас, и кој воедно не го намалил бројот на вработените во последните 6 месеци. Целта на вториот проект е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. И на третиот проект може да се пријават невработени лица активни баратели на работа евидентирани во Агенцијата за вработување кои ќе добијат обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјал и менторство во тек на почнување на бизнисот.
Досега 625 лица на територијата на Прилеп, имаат добено работа преку проектот „Самовработување со неповратни средства во грантови“ и 52 преку проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“, посочи во својата изјава директорката Силвана Пашоска.
Сите баратели на работа и заинтересирани можат повеќе информации да добијат на следниот линк: http://www.avrm.gov.mk/

https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/