дома блог страница 5094

Утре обилни врнежи низ Македонија

dozhd1

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, денес почнувајќи од вечерните часови, па до утре на пладне ќе има врнежи од дожд, кои во западните делови повремено ќе имаат умерен интензитет.

На највисоките врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег. Утре дневната темепература ќе достигне од 10 до 17 степени.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во сабота.

Во тек е геофизичкото скенирање на археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“ во Кривогаштани

geofizicko-skeniranje-na-vrbjanska-702x336

Ова претставува нова етапа во истражувањето на овој локалитет и тоа преку примена на современи научни методи во македонската археологија. Ваквиот метод подразбира недеструктивно детектирање на подземни архитектонски структури присустни на предисториските, античките и средновековните наоѓалишта. Тоа овозможува мошне брзо документирање на организацијата на населбите и тоа без нивно ископување. Геофизичкото скенирање го изведуваат полски археолози во соработка со Центарот за истражување на предисторијата од Македонија, а коишто и претходно соработуваа на ваков вид истражувања во Пелагонија. Планирано е на овој начин да се истражат повеќе тумби во близина на локалитетот „Врбјанска Чука“ како и тврдината кај Локвени. Со оглед на нивната уникатност, резултатите добиени од овие истражувања ќе бидат публикувани во македонски и странски археолошки списанија, а ќе бидат презентирани и на неколку меѓународни конференции.

Пожарот им зема се: Изгоре куќа во битолско

policijalenta8

Околу 18 часот и 30 минути во селото Добровени–битолско, од засега непознати причини целосно изгорела куќата на 57-годишниот Н.М.

Пожарот бил изгаснат во 20 часот и 40 минути од страна на Противпожарната единица Битола. Повредени лица за среќа нема.

Увид ќе се врши во текот на денов.

Изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска

dlanka

Во петок 21 октомври 2016 во 19.00 часот во галеријата ,,Борко Лазески,, во ЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп ќе биде отворена изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска. Со отворањето на оваа изложба ќе профункционира новата ликовна галерија во Центарот за култура насловена по големиот македонски и прилепски уметник, еден од основоположниците на македонското современо сликарство Борко Лазески, кој во Центарот пред 20 години наслика мурал.

izbistren-um

Со новата галерија ,,Борко Лазески,, ЦК,,Марко Цепенков,, има три галериски простори преку кои ќе ја презентира ликвоната уметност во Прилеп. Инаку, уметницата Дијан Томиќ Радевска ќе се претстави со 60 графики.

Податоци за уметницата

Дијана Томиќ – Радевска Родена е 1961 г. во Скопје. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985. Студиски престој во Дрезден при Отвореното графичко студио во 1997 година. Од 1999 година е Официјален витез на Академијата ,, Greci Marini,, Вербано, Италија., оддел за уметност. Предава ументост во СУ ИХС од 2007 година. Изработува дизајни за уникатни рачни ткаени теписи и килими. Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг.

Добитник е на неколку награди на ДЛУМ, како и на диплома и златен медал на галеријата Модиљани во Милано (1996.), награда Љубомир Белогаски (1996). Самостојни изложби во Скопје( 1998, 1992, 1995,1996, 1998, 2002, 2005, 2010, 2012, 2016), Охрид(1988, 1992, 1995), Гевгелија( 1985), КУманово (1995), Милано (1996), Мастрихт(1997), Ахен ( 1998), Загреб (1999,2012), Битола(1999,2013), Фриментал (2000), Берлин (2006), Љјујорк (2006), Белград (2009), Прилеп (2011, 2016) Селектирани групни изложби во Виена, Букурешт, Скопје, Битола, Сент Николас, Париз, Дрезден, Сан Ремо, Софија, Ваљево, Варна, Офенбах, на Мајна, Краков, Шамалие, Подгорица, Нови Сад…..

КАКОВ ТИКЕТ: Вложил 30 динари, заработил 60.000 евра

Во вторникот, во Лигата на шампионите, се одиграа натпреварите од третото коло во Е-Х половината, а резултатите на седум од осумте мечеви на обложувач од Панчево, Србија му овозможиле добивка од 60.000 евра.

 

tiket-60

Жител на српскиот град Панчево, во вторникот, одиграл седум од осумте натпревари во ЛШ, по принцип полувреме-крај, уплатил 30 динари, ги погодил сите седум мечеви и заработил 60.000 евра.

Човекот кој составил еден од најдобрите тикети, не го одиграл единствено мечот во Лисабон, помеѓу Спортинг и Борусија Дортмунд.

Обложувачот мечот Бриж-Порто го играл од 1 во 2, а Португалците до триумфот стигнаа со пресверт и гол од пенал во 93.минута.

Панчевецот Реал го играл 6+, типувал дека нема да има победник на мечот во Леверкузен, односно дека ЦСКА ќе има предност на полувреме против Монако, но дека мечот ќе заврши без победник.

Во Прилеп се оддржа кампања „Климата се менува, од нас зависи”

Градот под Марковите кули беше домаќин со низа настани во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест и поддршка во борбата против климатските промени под мотото „Климата се менува, од нас зависи”, во организација на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

klima-pp-640x427

На настанот во Прилеп посетителите имаа можност преку едукативни материјали, брошури и дискусии одблизу да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начините за нивно ублажување и адаптација кон истите преку промени во секојдневните навики на секој поединец.

Во Прилеп, во рамки на овој проект, во партнерство со општината и граѓаните, се изработи долгорочна и стратегија за климатски промени на општината, а во почетна фаза е спроведувањето на приоритетната мерка за адаптација кон климатските промени – санација и репарација на водоводните каптажи на старите градски извори за пивка вода, што ќе овозможи одржливо користење на водата за пиење и зголемената ефикасност на системот на водоснабдување во општина Прилеп.

2

Кампањата, насочена кон целокупната локална јавност, се реализира преку еднодневни настани во десетте општини каде што се спроведува проектот: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуше и Теарце и ќе трае до 22 октомври.

Денеска е тежок празник: За многу години

Денеска е Св. апостол Тома.

sveti-toma-560x390uykm67ik76i67

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

Државно првенство во џудо за млади во организација на ЏК “Бушидо”-Прилеп

14657335_1772028979713749_2048807718285357585_n

Најмладиот, но  истовремено клубот со најголем подем во изминатата година, Џудо клуб “Бушидо” од Прилеп, после успесите на државните и меѓународните првенства во изминатиот период, организира младинско државно првенство во џудо.

Настанот ќе се оджи во недела, 23.10.2016 во новата спортска сала во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп, со почеток од 10:30часот.

Претходно во петок, 21.10.2016, со почеток од 10:00 часот, клубот ќе гостува на утринската програма на Канал 5 Телевизија, каде ќе ги претстават досегашните успеси и планови за во иднина.

 

Генијалци пронајдоа начин како секогаш да добиваат во казино

novac-660x330

Двајца мажи пронајдоа начин како секогаш да добиваат во казино, но не баш на легален начин.

Ал Баглан и Хасан Гилџил се обложуваа на електронски рулет само по два пати и потоа го напуштија казиното во Лондон со 14.000 фунти добивка.

За нивна несреќа казиното е опремено со камери, а една од нив открила што тие прават. Прво Хасан ставил 38 фунти облог на бројот 3 и освоил  1.368 фунти а потоа неговиот партнер се обложил со дури 650 фунти и освоил 23.000 фунти.

Потоа целата работа ја повториле, Хасан ставил 382,5 фунти на бројот 29, и секако освоил 23.000 фунти а неговиот партнер истовремено ставил 40 и освоил 1.440 фунти.

Потоа станале и ладно го напуштиле казиното.

Техничарите кои ги прегледувале снимките најпрво ништо не забележале, но по вториот обид сфатиле за што се работи.

Момчињата го кревале стаклото на рулетот и го ставале топчето каде што им одговара. Неверојатно но вистинито.

Тие знаеле каде се наоѓа камерата па еден од нив стоеќи го криел својот партнер.

На полицијата не и требало многу време за да ги пронајде и уапси.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

 

ВИДЕО: ДЕЦАТА НА ХОЛИВУД: Во детството преслатки а сега се распаѓаат

untitled

Растењето во шоу бизнисот е најлошото нешто што може да му се случи на едно дете. До славата доаѓаат пребрзо, а премногу се млади за да се справат  со неа. Тие заработуваат повеќе од своите родители, кои со тоа го губат авторитетот и им даваат преголема слобода.

Поради изложеноста на неморално однесување, нелегални супстанци, често се случува да се “изгубат” и да имаат проблеми со зависноста.

МАРКУКУЛЕ.МК