дома блог страница 5091

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Еве како ќе изгледа новиот Клинички центар во Скопје

received_10209371424154048

Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на Универзитетски Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе отпочнат на почетокот на 2017 година. Предвидено е да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45 месеци, со гарантен рок од 12 месеци.

Во текот на градбата, нема да се дозволи во ниеден момент да се загрози работата на клиниките во кампусот, посочи министерот за здравство Никола Тодоров и додаде дека ова е долго очекуван проект кој што претставува круна во низата инвестиции во здравството направени во минатиов период.

Погледнете како ќе изгледа новиот Клинички центар во Скопје.

ДЕТСКИОТ ЖИВОТ Е БЕСЦЕНЕТ: Посветеноста на прилепските стручни работници при центарот за социјални работи, спаси двегодишно момче

Изложени на ризик, закани, пцовки и викање, како и на удар на дел од медиумите, тимот на стручни работници при Меѓуопштинскиот центар на социјални работи-Прилеп никогаш не се обесхрабрува, напротив делува решително, ефикасно и ефективно.

14801242_10209371108266151_798945061_n

Нивната хуманата работа е континуирана и професионална, нивното единство како тим ги прави посебни, а желбата за работа и да се помогне некому е вистински и редок пример.

Најсвеж пример од пред два дена е случајот двегодишното момче од ромската популација (во сторијата ќе го наречеме Н.Н.), оставено на милост и немилост во центарот на Прилеп, на дожд и ветер, да питачи и само да го заработува лебот.

Со мил поглед и слатка насмевка, Н.Н. до пред два дена го освојуваше секој втор минувач и добиваше по некоја паричка, што според минувачите потоа послушно ја предавал на возрасен човек.

Интервентноста и решителноста на стручните работници при ЈУ МЦСР- Прилеп го спаси ова дете од сигурно премрзнување и заболување од студените плочки на градскиот плоштад.

Случајот со двегодишникот  крена голема бука од некои медиуми, што му дадоа негативна конотација на случувањата.

Имено, на 19.10.2016 година (среда), тим на социјални работицни од ЈУ МЦСР-Прилеп со асистенција од подрачната полициска станица, во претпладневните часови, се упатил на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, секојдневното престојувалиште на малиот Н.Н.

Во моментот кога еден од социјалните работници го зема детето, e нападнат од неговите роднини, што го оставиле да пита, а според очевидци и го тепале за да не го напушта местото.

За неговите роднини, за случајот со Н.Н. виновна е државата и власта, и тука го најдуваат оправдувањето за оставањето на двегодишното дете со денови да се смрзнува на градскиот плоштад.

Маркукуле дознава дека, ЈУ МЦСР-Прилеп запазувајќи ги стандарддите и процедурите за постапување со малолетно дете изложено на социјален ризик, во претпладневните часови околу 11 часот, детето е повлечено од центарот на Прилеп, пружена му е здравствена заштита, а потоа околу 2 часа е згрижено во просториите на ЈУ МЦСР-Прилеп каде му е пружена храна, топла и чиста облека и хигиена. За тоа време извршена е идентификација на детето во соработка со ПС-Прилеп  и ЈУ МЦСР-Кичево и други релевантни институции. Потоа истото со службено возило е пренесено во Кичево, неговиот матичен град на живеење, каде околу 16:00 часот е предадено во просториите на ЈУ МЦСР-Кичево, од каде се презеле мерки и детето било сместено во згрижувачко семејство.

“Одеднаш лицето на двегодишното момче блесна, детето како да знаеше дека некој му подаде рака, дека за миг го прегрна и му даде нова надеж. Во тој краток период ни стана пријател на сите, играше и се радуваше на секоја педа простор околу него”, велат вработените стручни работници.

Случајот со Н.Н. не е единствен, постојат деца кои треба да бидат згрижени и на кои им е потребна помош. Но, кога станува збор за дејствувањето на стручните работници постојат многу аспекти на кои треба да се внимава, како и законски процедури и правилници што треба да се испочитуваат.

Од ЈУ МЦСР Прилеп напоменуваат и тоа дека, поглем број од овие деца во социјален ризик потекнуваат од други градови, па дејствувањето во тие случаи е уште поспецифично и бара уште поголемо внимание.

Конкретно во овој случај, тимот на стручни работници при ЈУ МЦСР-Прилеп активно го следел случајот, а при посетата на адресата на неговото престојувалиште во Прилеп, на нив било реагирано со погрдни зборови и со закани.

Сепак, во моментот кога се исцрпиле другите законски можности на укажување, стручните работници реагираат и успешно реализираат уште една мисија, која се надеваме дека ќе донесе посветла иднина и детство за Н.Н,, кој уште на двегодишна возраст го помина најтрнливиот пат во животот.

За нас Н.Н. е малечок херој, а храброста професионалноста на тимот од стручни работници во Прилеп е дело за кое вреди да се посвети внимание, имајќи го во предвид фактот што истите често пати биле изложени на ризици по сопственото здравје и живот.

Поучна приказна за таткото што го однел синот да види како живеат сиромашните

Еден богат човек одлучил да го однесе својот помлад син на пат, да научи лекција за тоа како изгледа да се биде сиромашен. По патувањето, таткото бил изненаден од реакцијата на својот син.

 

kukicka-640x382

Приказната започнува вака:

Еден ден, видливо расположен таткото го одведе својот син на едно патување во некоја земја, за да му покаже како изгледа да се биде сиромашен. Тие поминале неколку дена и ноќи на фарма со своето семејство, за кое може да се каже дека е сиромашно.

По завршеното патување, таткото го праша својот син како му се допадна патувањето.

-Беше одлично, тато, рече синот.

-Гледаш ли колку луѓето можат да бидат сиромашни. А, што научи на ова патување?”, праша таткото

„Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме еден базен во средината на дворот, а тие имаат една мала река, на која не може да ѝ се види крајот. Имаме еден тон светилки во нашиот двор, додека тие го имаат ѕвезденото небо. Нашиот двор е ограден и ограничен, а тие го имаат целиот хоризонт. Ние имаме еден мал дел од земјиштето на кое живееме, а тие имаат пространство без граница. Ние имаме слуги кои нѝ служат, додека тие им помагаат на другите. Ние купуваме храна за нас, додека тие одгледуваат храна за себе. Имаме ѕидини околу нашиот имот да нè чуваат, додека тие имаат пријатели кои тоа го прават.”

Таткото останал без зборови кога неговиот син му ги искажал своите искуства, а на тоа момчето само додало дека сфатил дека тие се оние кои се навистина сиромашни.

(ФОТО+ВИДЕО) Снимиле напуштен авион среде шума: Кога видоа што има внатре следуваше шок

napusten-avion-660x330

Авионот го купил во 90тите години за 100.000 долари, цена која била многу поволна. Брус одлучил да го надогради неговиот авион и да го претвори во свој дом.

1 2 3

Во авионот тој престојува 6 месеци во годината, а остатокот од годината е во Јапонија каде гради нов дом од авион.

МАРКУКУЛЕ.МК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ : Поранешна новинарка стана старлета – ова е НАТАЛИЈА ДУБАИ

92131_kaver-nata_ff

Често сме во прилика да видиме како девојките го менуваат својот живот, односно од обични девојки стануваат старлети, посакувајќи внимание, скапи подароци, автомобили и секако пари.

Пред недела дена новинарката Наталија Атанацковиќ, правеше интервју со сега веќе познатата старлета Тијана Ајфон. На почетокот на интервјуто започна чуден разговор, всушност новинарката ја праша Тијана од каде и се скапите телефони и облека, а таа и одговори дека ги добила од пријател, а новинарката изрази желба дека и таа сака такви пријатели.

91259_tijana_ff

Разговорот замина во друга насока, па така се роди и Наталија Дубаи, како “помлада сестра” на Тијана Ајфон.

Сите ова го прифатија како шега, но не и Наталија. Започна да се дружи со Тијана, како би ги научила сите начини да се впушти во оваа популарна работа. Наталија стана Ната Дубаи и даде отказ.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

Погледнете го трајлерот за “Логан”, новиот филм на Хју Џекмен

x

Добра вест за фановите на Хју Џекмен и неговиот Вулверин. Пуштен е трајлерот за новиот филм на холивудската ѕвезда. Новиот филм ќе започне да се пушта во кината во светот дури од 2017 година.

Погледнете го трајлерот за новиот филм “Логан”.

МАРКУКУЛЕ.МК

Познати производи кои настанале по грешка

science_experiments2-305x186

Сигурно понекогаш се прашувате како некои од најпознатите светски производи настанале. Интересно е да се каже дека дел од нив денеска ги знаеме и ги користиме благодарение на некој грешка или неуспешен експеримент.

1424962514208

Кока кола– Обидувајќи се на направат тоник за луѓето кои имале проблеми со воспаление на забите, фармацевтите го пробале тестерот и откриле дека нема некој лош вкус.

Додале малку газирана вода и денес овој производ претставува што е еден од најпознатите во светот.

alexander_fleming

Пеницилин – Изумител Александар Флеминг. Иронично, Флеминг бил во потрага по „чудо од лек“ што ќе може да излечи разни болести. Оставил куп валкани садови кога тргнал на одмор.

 

Се вратил од пат и открил нешто чудно во чиниите. Сите јадења биле покриени со бактерии, освен една чиј дел бил заштитен. Сфатил дека тој дел ги блокирал бактериите и дека може да се искористи за да убие широк спектар од нив. Настанал лекот пеницилин, еден од најчестите антибиотици денес.

 

Ќесички чаj  – Датираат од 1903 година и биле направени од рачно шиена свила. Томас Саливен, американски трговец со кафе и чаj, праќал примероци од своите производи до клиентите спакувани во лименки. Се’ додека еден ден не дошол до заклучок дека би му било поевтино примероците да ги испраќа во мали, рачно зашиени свилени кеси. Нарачките веднаш пристигнале, не за чаевите, туку за неговите ќесички.

 

Чипс – Најпопуларната приказна за пронаоѓањето на чипсот е врзана за готвачот Џорџ Крум. Тој во 1853 година бил готвач во еден ресторан во државата Њујорк, кога еден муштерија цело време ја враќал чинијата со пржен компир назад, барајќи парчињата компир да бидат исчени потенко и да се пржат подолго. Џорџ бил изнервиран од гостинот, ги исекол компирите на многу тенки парчиња, ги пржел додека не се искривиле и ги посолил. Наместо да се лути поради компирт, гостинот побарал повеќе и револуцијата почнала. Бил познати како Саратога Чипс по градот каде настанал.

 

viagra-pills

Вијагра – Хемичарите во фармацевтската компанија „Фајзер“ развивале пилула за лекување на кардиоваскуларни болести. Во 1991 година нешто искрснало, буквално.

Лицата на кои ја тестирале пилулата покажале споредни и „чудни“ ефекти при лекувањето. Пилулата, подоцна наречена „вијагра“ е одобрена во 1998 година и се покажала како неуспешна за лекување на срцеви болести, но неочекуванo лекувала еректилни дисфункции.

 

Шпанка роди здраво девојче на 62-годишна возраст

Шеесет и двегодишна Шпанка, Лина Алварез роди здраво девојче, објавија шпанските медиуми медиумите.

 

lina-1

Девојчето, кое е родено со царски рез во градот Луго во северозападната шпанска покраина Галиција, веќе доби името по нејзината мајка – Лина.

Малата Линда е зачната преку ин витро во Мадрид, а нејзината мајка, која и самата е лекар, изјави дека е многу среќна поради „чудото кое се случило“.

Инаку, малата Лина има двајца постари браќа на возраст од десет и 27 години.

 

Манастирот Зрзе духовно светилиште што плени

2-2

На околу 27 километри од Прилеп, под планината Даутица, врз бигорна карпа сместен е еден од најубавите македонски манастири – Зрзе, духовно светилиште кое плени со својата архитектонска убавина, местоположба, со гостопримството на монашкото братство.

Патот до манастирот води низ повеќе села во долненска општина. Се минуваат Ропотово, Пешталевo, се стигнува до с. Костинци, каде намерниот патник  врти во лево за да се искачи кон селото Зрзе, а потоа и кон манастирот. Природата  овие есенски денови е живописна. Се менуваат боите. Некаде зелено се уште, некаде жолто. Пред патникот се откриваат нови видици. Полека искачувајќи се. се стигнува до с. Зрзе, место – нем сведок за едно време. Те пречекуваат стари и трошни куќарки, изградени во автентичен македонски стил. Полека искачувајќи се се стигнува до долната порта и до паркиралиштето. Потоа пешки.

5

Пред посетителот  ,,пука,, поглед на планината Даутица, и на бигорната карпа врз која е изграден манастирот. Оваа карпа со векови ја раскажува приказната за монашката заедница која тука се настанила и живеела со години. Се искачуваш. Сега е лесно, откако е изграден патот. Без никаков проблем се стигнува до манастирот.

Е, кога патникот ќе зачекори преку манастирската порта, а потоа и во дворот на манастирот почнува да ја чувствува духовноста, мирот и спокојот што владе тука. Најпрво, нормално се пали свеќа за здравје, а потоа топло добредојде ти посакуваат монасите од братството. Отец Јов, како добар домаќин  раскажува за храмот посветен на Св. Преображение.

Црквата Св. Преображение е градена во неколку фази.Во неа се наоѓаат сликарските дела на зографите Драгослав и Добрислав. Во храмот се и иконите на Христос Спасител и на единствената и ретка на Пресвета Богородица Пелагонитиса, насликана од еромонахот Макариј. Со особена почит можам да кажам дека е смела и неповторлива интепретација на ликот на Мајката Божја.

1

Секој сака да фотографира, да има спомен од посетата. Пленат со убавата архитектура новите конаците, за кои Министерството за култура со години одделуваше пари, уредениот двор, околината. Монашкото братство  многу добро се грижи за уредувањето на манастирот.

Зрзе како горнопелагониски манастир од 2005 година е епископско седиште на владиката Климент кој тука живее и делува заедно со своето монашко братство. Главно монашко послушание на зрзеските монаси е иконописот. Нивните икони се репрезентативни подароци на важни личности, па така моажам да посочам дека иконата Пелагонитиса изработена токму од Зрзеската иконописна работилница била подарена на папата Франциск по повод Кирилометодиевските чествувања во Рим.

4-2

Од манастирот  се пружа величенствениот поглед на цела Пелагонија. Цел регион ти е на дланка. Пред тебе е непрегледно пространство, бескрајно, вечно. Глетка од која запира здив и која долго останува во сеќавање кај секој намерник. Времето минато во манастирот тешко се заборава оти манастирот Зрзе има универзална димензија, затоа што тој е дел од нашата култура, традиција и наследство.

4-1

Текст и фото Каролина Мицевска

ВИДЕО: Погледнете какви риби пливаат во каналите во Чернобил

som-cernobil-660x330

Во каналот кој се наоѓа во близина на нуклеарната електрана во Чернобил денес има живот, во него пливаат поприлично големи риби.

Јуждин Мазуренко неодамна ја посети “чернобилската зона” и одлучи да направи единствено видео. Тој стави камера во каналот кој се наоѓа во близина на нуклеарната електрана. Иако водата во овој канал веќе години е озрачена, подводниот живот се одвива сосема нормално.

МАРКУКУЛЕ.МК