дома блог страница 5092

НАСМЕВКА КОЈА ГО ОСВОИ ИНТЕРНЕТОТ: Бебе старо само 5 дена пресреќно што е живо

beba-696x398

Сликата на бебето старо само 5 дена го освои интернетот. Ова девојче е родено со само 1.7 килограми. Нејзината мајка Лорен Виње објави фотографија со овие зборови:

“Нашата прва ќерка овде е стара само 5 дена. 1,7 килограми, среќна е што е жива! Често гледам во оваа фотографија како би ги издржала успоните и падовите на нашите денови. Животот е драгоцен”.

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Денес се промени Фејсбук: Ќе можеме да правиме работи кои ни го олеснуваат животот, но постои еден проблем

rijgfghsdfgdfsg

Американската друштвена мрежа Фејсбук, по воведувањето на дополнителните алатки на својот сајт, им овозможи на граѓаните на САД преку нејзината страница да порачаат храна, купат карти за кино или да закажат термин на фризер.

Корисниците на Фејсбук, како што е соопштено, сега се во можност директно да се поврзат со компаниите, пренесува Франс прес.

На пример, пицата може да биде порачана само со едноставен клик на иконата „порачај“ (order) на Фејсбук профилот на тој ресторан, додека кај другите услужни компании, како што е фризерски салон, корисникот може да побара закажување термин, кој компанијата потоа ќе го потврди со користење на месинџер.

Фејсбук исто така влезе и во партнерство со сајтот Фанданго, што овозможува купување на билети за кино директно од интернет страната посветена на тој филм.

Фејсбук, со 1,13 милијарди активни корисници дневно, од кои 84,5 проценти надвор од САД и Канада, за сега ги ограничува нановите услуги само на американските корисници.

 

НЕ ОСТАВАЈТЕ ДА ВЕ ЛАЖАТ: Три знаци кои ги откриваат лажговците во 5 секунди

lazov-660x330

Лажењето е лоша карактеристика на луѓето, од која рака на срце, никој од нас не е имун. Лажеме скоро секој ден. Просечен човек знае да ја промени вистината 11 пати во 7 дена, покажува едно истражување. Исто така, научниците откриле начини кои ќе можат да ви помогнат да ги препознаете лажговците за помалку од 5 секунди.

  • Личноста која лаже сигурно ќе се обиде тоа да го прикрие, но движењата на неговата глава ќе ви покажат дека од тој човек не излегува вистината. Еден од знаците дека некој ве лаже е тешко заприметливото тресење на главата, а личноста која лаже не е свесна за тоа.
  • Ако некој кој обично е опуштен започнува да гестикулира со рацете, да се чеша на лицето или има други немирни движења, бидете сигурни дека ве лаже.
  • Личноста која лаже и е потребно подолго време да одговори на прашањето од онаа која ја зборува вистината.

МАРКУКУЛЕ.МК

Во Кино Мис Стон ќе се прикажува најновиот македонски филм “Златната петорка”

На 21, 22, 24 и 25 октомври со почеток од 20.00 часот во Кино Мис Стон при ЦК,,Марко Цепенков,, од Прилеп ќе се прикажува најновиот македонски филм ,,Златната петорка,, во режија на Горан Тренчовски. Цената на влезниците е 100 денари.

 

poster3afinal4xl-mk

Филмот, работен по сценарио на Билјана Гарванлиева, Елеонора Венинова и Тренчовски, по мотиви на Братислав Ташковски, говори за визиите и ретроспекциите на пет невини студенти кои монструозно исчезнаа во вителот на една од најапсурдните комунистички ликвидации на југот од Балканот во 1951-та. Сведоците и најблиските уште ја чуваат тајната за чистотата и за евроатлантската ориентираност на нивните “златни” млади души, додека модерното време на новиот милениум промовира некои нови ликови со сомнителни квалитети.

Сеќавањата за идеалот и правичноста на “невината петорка” побудуваат низа секвенци со драматични и интимистички настани кои ја артикулираат состојбата на прогресивниот дух наспроти ерозијата на моралните вредности. Но духовното помирување и современата голгота не се секогаш единствената замена за казната поради пролеаната крв. Децениското проклетство од грешката за направениот злостор, најпосле раѓа нови љубови, нови предизвици. Генерациите зацртале нови патеки за изодување.

Главните улоги ги толкуваат Славко Штимац, Петар Арсовски, Јана Стојановска, Александар Ристоски, Игор Ангелов, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

ШОКАНТНО ВИДЕО: Погледнете како ветер руши зграда како кула од карти

fjgsadjkghsadjkghsajkgaga

Поради новите згради кои никнуваат секој ден ширум светот, природата полека изумира благодарејќи на убанизацијата.

Висока станбена зграда од видеото кое ќе го погледенте била во доста лоша состојба, па официјалните лица се плашеле дека може да дојде до рушење поради прилично силните ветрови. Тие наредиле целата зграда да се евакуира, што беше вистински потег.

За среќа поради евакуацијата нема ниту еден повреден од оваа несреќа.

Внимавајте полицијата ќе демне: Ќе платите голема казна ако го немате ова во возилото

policija1

Од 15 ноември почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од  45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала, автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат, лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака, „МС“, „М+С“, „М&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.

Како најлесно се губат килограмите без диети и вежбање

Не станува збор за некој чудесен пијалок, туку за едноставна биологија на нашето тело и трик кој го потврдија и научниците.

 

slabeenje-640x354

Ако се обидувате да симнете само неколку килограми вишок и никако не можете да се натерате на диета или посебен режим на вежбање, пристигнуваат добри вести од научните кругови. Имено, според едно ново истражување спроведено на Универзитетот Вагенинген во Холандија, улогата на водата во организмот е клучна за слабеење и таа има големо влијание врз нашето чувство на глад.

Во студијата научниците ги поделиле испитаниците во две групи на кои им давале идентични оброци, со тоа што на првата група веднаш по оброкот им даваледа испијат половина литар вода, додека другите не добивале ништо. Потоа, со магнетна резонанца им го набљудувале мозокот на испитаниците за да го утврдат влијанието на течноста на желудникот и мозокот.

Тие откриле дека кај испитаниците кои пиеле вода веднаш по оброкот, чувството на глад било значително помало, но било забележано дека имаат и поголеми мозочни активности. За неколку дена, таа група почесто оставала и храна на чинијата со објаснување дека веќе се сити, па ненамерно почнале да внесуваат и помалку калории.

Пиење вода пред или по оброците

И претходните студии го анализирале влијанието на водата врз чувството на глад, па така во една британска студија од 2015 година, луѓето кои околу половина час пред секој оброк пиеле по 4 децилитри до половина литар вода во период од 3 месеци, во просек симнале околу 2.3 килограми без да менуваат нешто во самата исхрана или без да ја зголемуваат физичката активност.

За научниците да го следат нивото на вода кое го конзумирале испитаниците, ја анализирале нивната урина и утврдиле уште една работа – дека оние кои се помалку дехидрирани имаат и помало чувство на глад во текот на денот.

Објаснувањето е едноставно – водата ни помага да се наполни желудникот, но е и еднакво основна потреба како храната. Проблемот е во тоа што не пијат сите доволно вода, па недостатокот на течност го надополнуваат низ храната, соковите и слични работи, без идеја дека всушност жедта ја замениле со глад. Ако сакате да ослабете малку испробајте го трикот со пиење околу половина литар вода пред секој оброк, бидејќи со тоа не можете да му наштетите на здравјето, а резултатите се одлични, советуваат нутриционистите.

РАНО ИЗУТРИНАВА БЕШЕ СПРЕЧЕН ОБИД ЗА НАПАД НА МВР: Спасовски барал од криминалците кои ги постави да дојдат со автомати во МВР!

Тензична беше ситуацијата во МВР од вчера попладнето откако Катица Јанева и нејзиниот тим се обидоа насилно да упаднат во УБК, со тоа предизвикувајќи безбедносна криза која подоцна би требало да заврши со насилно сценарио кое би требало да еруптира на денот на изборите, а се со цел да резултатите од истите да не бидат признаени

1

По основ на добиена наредба од надлежен суд во текот на вчерашниот ден, Катица Јанева и нејзиниот таканаречен тим составен од криминалци се обидоа да упаднат во просториите на УБК, со цел како што велат да ги одземат податоците за тоа кој бил под ПИ Мерки, согласно периодот од 2008 година заклучно со 31 декември 2015 година.

Според директорот на УБК, но и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов извршувањето на судската наредба не претставувало никаков проблем бидејќи како што изјавија, тие немаат што да сокријат, но со цел да се заштити националната безбедност потребен е одреден период за приватниот оператор кој располага со опремата за спроведување на ПИМерките да ги одвои податоците кои се бараат согласно наредбата на судот. Поточно, во списокот кој го доставил судот се бараат податоци за ПИМерки кои се завршени но и онакви кои сеуште се активни, а поради високиот безбедносен профил мора да бидат заштитени од било какви злоупотреби, односно како што информираше и дополнителниот заменик министер Андонов, во тие ПИМерки има и онакви кои се поврзани со тероризам, тешки врсти на криминал и субјекти од особено значење за националната безбедност на државата.

Проблемот настанал во моментот кога во кругот на зградата на УБК во комплексот на згради на МВР упаднале десетина припадници на единицата „Алфи“ кои пред неколку дена беа распоредени на раководни функции во единицата од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски. Се работи за лица со дебели криминални портфолија, осудувани за тешки форми на криминал.

Според директорт на БЈБ, овие лица упаднале во кругот на зградата на УБК без претохдна наредба, речиси на своја рака за што не бил известен ниту директорот на БЈБ Митко Чавков но и надлежниот началник од СВР Скопје. Дополнително загрижува фактот што, овие лица сега вработени на високи функции во единицата „Алфи“ имале намера да влетаат во УБК вооружени со автоматски пушки, но по долга расправија и противење на надлежните на оружарницата истите се упатиле во МВР со лесно вооружување.

На прашањето што бил планот на овие лица и на техничкиот министер од СДСМ Оливер Спасовски, и зошто им биле потребни автоматски пушки, дали за заплашување или пак за нов пуч кој би почнал со напад на МВР, Директорот на БЈБ Митко Чавков изјави дека уште денес ќе се истражи нивната намера и ќе бидат соодветно дисциплински казнети, но дека верува дека нивната намера била креирање на една голема драма.

Ваквото планирано сценарио за жал не е првпат спроведено од страна на СДСМ и нивните сателити, а поддржани од одредени странски амбасадори кои во јавноста се познати како „чадорот“. Имено, не смееме да го заборавиме обидот за пуч кој СДСМ го организираше во Собранието на Р.Македонија кога како наводна причина беше наведен буџетот кој Собранието требаше да го донесе за наредната година.

Веднаш потоа, за жал успешно беше изведен удар врз државната безбедност со објавувањеот на нелегално прислушуваните материјали, за кои тогашниот премиер на Р.Македонија и актуелен лидер на најмоќната политичка партија во Р.Македонија потврди дека се стекнати преку нелегално прислушување, а на опозицијата и се предадени од одредени странски фактори.

Но, овие два или три примери не се единствените. Во 2001 година СДСМ изврши државен удар и предизвика граѓанска војна преку објавувањето на аферта „Големото Уво“ која по крвавата војна, резултираше со потпишување на рамковен договор, со кој Македонија вештачки беше поделена, а општините беа прекројувани со цел да се зголеми бројот на малцинското население каде што според рамковниот договор беше воведена двојазичност.

Овој пат, „чадорот“ преку Зоран Заев бара двојазичност на целата територија на Р.Македонија, федерализација на државата, а според Рускиот министер за надворешни работи и конечна поделба на територијата на Македонија на Бугарија и Албанија.

Извор: Инфомакс

ОВА Е НАЈСУРОВИОТ КОМУНИСТИЧКИ ЗАТВОР ВО СВЕТОТ: Затворениците не смееле да лежат и да зборуваат

zatvor-620x330

“Рамница Сарат” е комунистички затвор во Романија кој важел за еден од најбруталните и најсуровите. Тој бил место во кое оделе сите кои се противеле на владеачкиот режим. Таму ги чекало мачење кое за цел имало да им ги ” исчисти либералните идеи”.

Вработените во затворот биле од редовите на комунистичката партија и сите имале иста задача, која писмено ја добивале од директорот на затворот: сите кодоши, саботери и непријатели треба да “пуштат крв”.

zatvor-2-768x1024

На сите затвореници им било строго забрането да ја напуштаат затворската ќелија, освен кога им било наредено. Медицинската помош ја добивале во ретки случаеви, а на чуварите им било строго забрането да покажуваат било какви знаци на хуманост.

zatvor3-768x569

Затворениците не смееле да се доближат до прозорите ниту да разговараат меѓусебно. Доколку ги посетел лекар тие требало да бидат свртени кон ѕидот и да одговараат на поставеното прашање.

zatvor-4-768x576

МАРКУКУЛЕ.МК

Убави вести за сите оние кои патат од загубени заби – доволни се 9 недели за да ви израснат нови

d2rg4hfth43fy5jh

Протезите и забните импланти наскоро ќе станат минато, бидејќи научниците тврдат дека постои можност во вилицата на пациентот да се развијат нови заби, пишува „Стил“.

До сега една опција за надоградување на изгубени заби беа имплантите, но бидејќи во иднина тоа може негативно да влијае на здравјето, експертите истражувале како на природен начин луѓето повторно да добијат заби.

Забната протетика може да предизвика инфекции и повреди исто така ти  сметаат во исхраната на пациентот.

Новата техника која ја осмислиле доктор Џереми Маи и професорот Едвар В. Зегарели заедно со тимот на врвни експерти на Универзитетот во Колумбија функционира така што матичните ќелии од телото одат на тридимензионална платформа, која е здружена со факторот за растење на нови заби.

sg4dr32g43d54h

Тоа кога ќе се вбризга во вилицата, новите заби ќе почнат да растат за само 3 недели.

 

Клучниот фактор за регенерација на забите е да се пронајде пристап кај пациентот дури и кај пациентите кои не се добри кандидати  за забни импланти или не можат да си ги дозволат, истакна Др. Мао.

Студијата е објавена во Журнал на стоматолошките истражувања, водечкото списание во светот на полето стоматологија.