дома блог страница 5090

ПОСЕБНА ПОНУДА: Спиење во аквариум полн со ајкули

ffac9a1238324a9a9749-660x330

Целата соба е во стакло,  а на средина има голем кревет. Собата се наоѓа на 10 метри длабочина и погледот е неверојатен.

1 2 3

МАРКУКУЛЕ.МК

Од очајни домаќинки до очајни старици – Еве како денес изгледаат дамите од популарната серија

91899_clipboard_ff

Главните ликови, со чии проблеми ги поминувавме деновите, со кои се смеевме и плачевме, на крајот се раздвоија и заминаа од предградието кое 8 години им беше дом.

Некои од нив многу се промениле, додека за други времето застанало.

Еве како изгледаат денес.

-Тери Хачер

1

-Фелисити Хафман

2

https://www.instagram.com/p/BI-ya3UgAwR/

-Марша Крос

3

https://www.instagram.com/p/BIuDSD6AdQc/

-Ева Лонгорија

4

МАРКУКУЛЕ.МК

ВИДЕО: Гостите се пожалија на чудни звуци од оваа хотелска соба: Кога проверија што има внатре се шокираа

hotel-660x330

Секој пат кога престојувате во хотел, постојат големи шанси покрај вашата соба да имате и многу гласни “соседи”. Но кога едни гости ја повикаа рецепцијата на овој хотел и се пожалија на звуците од другата соба, не можеа ни да замислат за што се работи.

Всушност, собата со број 209 била празна, а сепак од неа доаѓале чудни звуци. Кога еден храбар работник одлучи да истражи за што се работи, виде нешто страшно. Сето тоа се забележува и на безбедносните камери.

МАРКУКУЛЕ.МК

Дедо направи зделка: Нарачал млада Албанка за 3000 евра – еве како поминал

gerhrtjtydkuy

Реџеп Кастрати од едно село во Призрен, кога наполнил 61. година, решил повторно да се ожени. Купил млада Албанка за да му биде жена.

Како што изјавил за локалните медиуми тој за идната сопруга дал 3.000 евра. Сепак, иако очекувал, како што вели од 35 години, но му довеле девојче од 19.

Приказната на овој човек е уште поинтересна по тоа што со првата жена, која починала во 2000 година има 12 ќерки.

Сите негови ќерки се омажени и има 50 внуци. Со новата сопруга Валентина пред четири години го добил првиот син и му го дале името Димант.

Му соопштуваат дека се разбудил од кома по 10 години – погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

Откако се онесвестил од преголема консумација на алкохол, неговите пријатели решиле да го заплашат и му подготвиле замка која ќе ја памети цел живот.

 

rej-640x359

Реј поради возење во алкохолизирана состојба ја добил петтата казна и затоа пријателите решиле да му одржат лекција.

Кога Реј се онесвестил во алкохолизирана состојба, го внеле во соба која личела на болничка и со помош на актери кои глумеле доктори го излажале дека тукушто се буди од кома во која бил 10 години од 2013 и дека сега е 2023 година.

Ефтов: Нека ме поканат и мене во Телма и 24, за да ги пофалам СЈО и да ја вработат жена ми

Новинарот Васко Ефтов, реагираше на последните вработување во Специјалното јавно обвинителство.

eftov

Медиумите деновиве пишуваат за вработувањата како награда за бранење на ставови на СЈО, како и непотизам во ова јавно обвинителство.

На ова реагираше новинарот Васко Ефтов, кој на својот Фејсбук статус напиша:

-Бидејќи е сопругата Соња невработена би било добро да ме поканат на една дебата во Телма или во 24 Вести каде би ја фалел работата на СЈО и работењето на Катица Јанева бидејќи тоа е најдобрата гаранција за сигурно работно место. Еве може да ме покани колешката која во новата сезона од четири емисии две посвети на СЈО или другата колешка кога ги писува оние убави колумни за ликот и делото на Кате национале во Германски бран ( написано на германски 🙂 ) бидејќи е јавна тајна дека двете колешки заедно го писуваа последниот извештај за работењето на СЈО кој потоа беше објавен во јавноста. Вака така СЈО отвори повеќе работни места од која била голема странска инвестиција во РМ, напиша Ефтов на Фејсбук.

Тој во коментар додаде дека „На крајот на краиштата и СЈО е странска инвестиција во Македонија.“

Груевски им е ноќна мора: Заев и Шеќеринска бегаат од директен судир со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ?

dfs23

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, синоќа одлучи Конгресот на партијата да се одржи на 6-ти ноември, кога и официјално ќе ги откријат кандидатските листи за престојните парламентарни избори на 11-ти декември.

Но, она што и во изминатите 10 години претставува проблем за опозиционерите, е кандидатот кој треба да му се спротистави на Никола Груевски во првата изборна единица. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните написи на медиумите од СОРОС, останува ноќна мора и понатаму за првите луѓе на опозицијата Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои бегаат од директен судир со него.

Па така лидерот на опозицијата своите ветувања за двојазичност, најверојатно ќе ги испроба во шестата изборна единица, а Шеќеринска најверојатно ќе претрпи страшен пораз во петката, имајќи го во предвид фактот дека ВМРО-ДПМНЕ може да остане на Антонио Милошоски како носител во оваа изборна единица.

Останатите кандидати кои се споменуваат се: екс амбасадорот Никола Димитров во двојката, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, ќе се обиде во тројката, каде СДСМ претрпува најубедливи порази,  додека за четворката во игра е прилепчанецот Хари Локвенец,  човекот кој загуби со 10.000 гласа разлика на претходните локални избори за градоначалник од Марјан Ристески во Прилеп.

Понеделник е неработен ден : Уште колку неработни денови ни остануваат во оваа година ?

makedonskiznaminja

По празникот 11 Октомври останаа само уште два неработни дена до крајот на оваа година.

Неработни се 23 Октомври, Денот на македонската ревулуционерна борба, кој воедно е и последниот продолжен викенд за годинава.

Неработен е и 08 декември, вторник кога се празнува “Св. Климент Охридски”.

 

Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија

banka

Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато.

Народната банка се стекна со нови 6 прачки на монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни метали во Лондон.

Оваа постапка се реализира согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за претворање на пригодните ковани пари во монетарно злато и согласно измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, според коишто на Народната банка и беа отстапени дефинитивно одземени златни предмети од Агенцијата за управување со одземен имот.

Пригодните ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети беа испратени на постапка на претопување во швајцарска топилница, по што функционално се претворија во монетарно злато и се вклучија во девизните резерви на Република Македонија.

На тој начин, се зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија за 2.288 унци, односно од 218.875 унци се искачи на 221.163 унци злато.

ФОТО + ВИДЕО – Вистинска убавина: Во центарот на Прилеп ученици го формираа државното знаме

dscn1818

Државниот празник 23-ти Октомври, денот кога е оформена  Македонската револуционерна организација, ќе се одбележи со низа свечености и настани во градот под Марковите Кули.

Денес токму на пладне, учениците од основните и средните училишта во Прилеп, во центарот на градот, на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, го формираа држаното знаме.

Bистинска убавина и ремек дело беше да се погледни целиот настан од повисоко.

dscn1830

dscn1829

dscn1828

dscn1827

dscn1824

dscn1823

dscn1822

dscn1818

dscn1812

dscn1810

dscn1808