дома блог страница 5088

ВИДЕО: НАУЧНИЦИТЕ ВО ШОК: Откриени нови морски “чудовишта” од длабочините

dubina-696x398

Неколку спектакуларни и ретки подводни суштества се откриени оваа година во длабочините на Тихи Океан, пишува BBC. Меѓу нив има чудни виолетови животни што личат на октоподи.

Во другата експедиција на западниот американски брег пронајдени се околу 500 дупки од кои истекува метан, два пати повеќе од она што се очекувало. Нив ги пронашол др. Роберт Баљард, човек кој прв ги лоцира остатоците од Титаник.

 

Ф.Г.

Овој град е 6 пати поголем од Њу Јорк но изгледа морничаво: Во него скоро и да нема луѓе

1

Познато е дека во Бурма владее строг режим и слаба демократија, и покрај тоа што луѓето имаат воља тоа да се промени.

Во овој град на луѓето од западот им е тешко да влезат и покрај тоа што се потрошени милјарди долари да се направи. Потрошена е огромна сума на пари за да се изградат куќи за милиони луѓе. И покрај тоа скоро и да нема луѓе и градот изгледа морничаво и напуштено.

2

Овој напуштен град е скоро 6 пати поголем од Њу Јорк но никој не знае за него. Градот е направен на средина од џунгла. Има ресторани и интернет но единствена работа која му недостасува се луѓе.

3

Како што можете да забележите, улиците се правени за голема популација на луѓе, исто така има и многу убави објекти, но нема туристи на видик.

4 5 6

 

Ф.Г.

КАЗНИ ЗА НЕИСЧИСТЕН ОЏАК: Од 1.000-2.000 евра за приватни лица, од 2.000-5.000 за фирми

Почна грејната сезона, а со тоа почнаа поголемите финансиски трошоци за граѓаните. Однесувањето на граѓаните како кон себе така и кон околината треба да биде на високо ниво, доколку сме несовесни може да бидете казнети од инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, ако оџакот не Ви е исчистен. Казната за приватни лица се движи од 1000 до 2000 евра, а за фирмите од 2000 до 5000 евра во денарска против вредност .

odhak

-Освен граѓанинот, законска обврска на сите јавни институции и служби, во текот на грејната сезона минимум еднаш треба да ги исчистат своите оџаци и грејни тела. Да не бидат граѓаните изненадени ако им дојде инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, за да види дали ги исчистиле оџаците. Казните како за приватното лице така и за фирмите и службите се доста високи, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ во Битола

Од ТППЕ велат дека најголем фактор за појава на пожар во зимскиот период се неисчистените оџаци и зголеменото оптеретување на електричната инсталација.

-Апелираме до граѓаните, задолжително барем еднаш годишно да ги исчистат своите оџаци,за да не дојде до настанување на пожар, сами да водат сметка за своите грејни тела, бидејќи преоптеретувањето на електричната инсталација може да доведе исто така до пожар. Со самото тоа што ќе го исчистат оџакот и што ќе водат сметка за грејните тела добиваат зголемена сигурност, ќе им се намали потрошувачката на горивото и трето добиваат зголемена температура, додаде Поповски.

Поповски наведува дека и неисчистениот оџак дополнително влијае на зголемено загадување на воздухот .

-Една од главните причини за зголемените ПМ честички во воздухот, се токму несогорувањето на материјалот кој што гори: дрва, ќумур, мазут, нафта итн., вели Поповски

Минатата година на ниво на општина Битола ТППЕ интервенирала 316 пати од кои 65 до 70% биле интервенции поради неисчистени оџаци.

Саботно кафе во Прилеп: 22.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”391″ gal_title=”OktomvriSabotno3″]

(ФОТО+ВИДЕО) ТАА ИЗГЛЕДА НЕВЕРОЈАТНО: Српската фитнес ѕвезда го полуде светот

screenshot_21-610x330

Диана Морич, атрактивната девојка од Нови Сад е вистинска интернет ѕвезда. Диана има повеќе од 80.000 следбеници.

Диана Морич (28) е српски фитнес модел и фитнес инструктор, но пред да влезе во фитнес водите, Диана била и државна шампионка во борење и џудо. Исто така  таа била и светска шампионка во самбо (руска вештина за самоодбрана). По повредата на коленото пред  година дена, таа  престанала со џудото и се одлучила  за фитнес.

Оваа година ја претставувала Србија во Бејрут за  извор на Топ модел. Покрај неверојатниот изглед и тоа  што е неверојатна спортистка, Диана ги советува младите девојки за тренирање и правилна исхрана.

 

ВИДЕО: ВО БОСНА ИЗНИКНА АРАПСКИ ГРАД: Во него никој не смее да влезе, опколен е со ѕидови и со силно обезбедување

sarajevo-osenik-bih-arapski-grad-600x405

Босна и Херцеговина го доби својот прв арапски град. Се работи за Сараево Ресорт Осеник во кој сопственици на сите објекти се арапи, а за време на летото на сите босанци им бил забранет пристапот  во овој град.

Ова е прво населено место од затворен тип, опколено со големи ѕидови и под заштита на  приватно обезбедување.

Моментално во овој град има 160 куќи и други дополнителни содржини.

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Гимназијалците од “Мирче Ацев” во чест на хероите

den-na-makedonskata-revolucionerna-borba

На 23 Октомври 1893 година во Солун, група македонски интелектуалци ја создадоа Македонската револуционерна организација. Главната цел на Организацијата е низ организирана форма на целата територија на Македонија да се започне со вооружена борба за ослободување на Македонија и создавање на Македонска држава.
Денот на создавањето на МРО, во нашава држава го празнуваме како „Ден на македонската револуционерна борба“.

Во пресрет на овој голем македонски празник, поголема група ученици од втора година од  гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп, под водство на професорот по историја Николче Богданоски, директорот на гимназијата, Кире Николоски и професорката Маријана Спиркоска, посетија три историски обележја од Прилеп и прилепско.

Најпрво, во Кадино Село, посетен беше гробот на револуционерот Методија Патче. Таму ученичката Стефанија Стефаноска во кратки црти ги запозна присутните со создавањето, целите на Македонската револуционерна организација (МРО), почетоците на организираната форма на борба за слобода и создавање на Македонска држава и со значењето на престојниот празник.
Потоа положено беше свежо цвеќе на вечното почивалиште на Патчев за чиј живот и револуционерна дејност пред присутните реферат прочита ученичката Јана Луческа.

Во црквата „Св. Благовештение“ (Стара црква) посетен беше гробот на големиот македонски револуционер Пере Тошев. И таму положено беше свежо цвеќе, а за животот и делото на револуционерот реферат прочита ученичката Марија Јорданоска.

На крајот, посетен беше и споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп. Положено беше свежо цвеќе, по што, ученичката Катерина Бошкоска прочита реферат за херојот.

 

1

2

3

4

5

6

7 8

Присутните ученици беа задоволни од овој историски час. Научија нешто ново, запознаа неколку историски споменици и изразија желба да продолжи ваквата практика на запознавање на нашиот град и пошироката околина.

Со оваа скромна активност, оддадена им беше почит на овие и на сите други македонски херои членови на МРО, кои беспоштедно се бореле и ги оставиле своите животи во темелите на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.

 

9

10

По трет пат “Килимијада” во Прилеп

_mg_5452

Денеска во организација на невладината „Мајка Традиција“ на плоштадот кај Саат кулата се одржа изложба на килими и на традиционални везови и ракотворби, настан познат под името „Килимијада“.

_mg_5504

Гадоначалникот Марјан Ристески, го поздрави настанот и посочи дека манифестации од ваков тип секогаш се добредојдени, зошто преку нив се враќаме кон старата традиција и корените.

_mg_5458

_mg_5459

 

_mg_5470

_mg_5471

_mg_5482

„Срцата ни се исполнуваат со вакви настани, тука имаме донесено само дел од килимите со мотивите, ружите, трендафилите на десете разни килими од кој изложен е најубавиот – цветниот, посочи Љубица Петреска од „Мајка Традиција“.

_mg_5503

Панде Ризеска, со 68 години, среќна е што е дел од овој начин на негување традиции и дружење меѓу постарите генерации па и со помладите. Вели од секаде ги посетувале, имаме и бројни благодарници и признанија поврзани со оваа манифестација.

Настанот беше збогатен и со настапот на КУД „Моминок“ од Прилеп.

Марсело во женскиот фудбал живее во Прилеп: Интервју со Даниела Велеска

Иако не е популарен колку машкиот, женскиот фудбал ја носи целата жестокост и борба. Даниела Велеска е пример за тоа дека девојките умеат со фудбалската топка и го заслужуваат целото внимание како и сите други спортисти. Данче е репрезентативец во Македонската женска фудбалска репрезентација и е пример за посветеност, пожртвуваност, работа, труд и напор.

13900465_1292566154107413_1055619210_n

 

Велат дека фудбалот е главната споредна работа во светот. Кога се заљуби ти во оваа игра?

Па љубовта кон фудбалот во мене постои уште од мала, гледајќи фудал заедно со мојата мајка.

Кога повеќето од девојките се одлучуваат за одбојка или ракомет ти се одлучи за најпопуларниот спорт во светот. Што влијаеше за да ја донесиш оваа одлука? Кој те поттикна?

Во населбата каде што живеев како мала, децата кои беа на моја возраст повеќето беа машки и нормално нивна омилена игра  беше фудбалот, па често ме бараа и мене да играм со нив. Зачудувачки иако тие беа машки, навстина добро играв и од ден на ден фудбалот ми стануваше се поинтересен и поинтересен, исто така  голем потик беше и мојата комшивка, тетка Валентина, која за мене е и како втора мајка. Таа навистина веруваше во мене кога другите се откажаа.  Тоа  никогаш нема да и го заборавам  и од се’ срце и се заблагодарувам.

13900466_1292566164107412_711433655_n

Во кој фудбалски клуб ја започна својата кариера и за прв пат ги истакна своите фудбалски капацитети ?

-Мој прв фудбалски натпревар беше за моето основно училиште “Kочо Рацин”, каде се покажав доста добро и тука ме виде еден од тренерите во  женскиот фудбалски клуб “ПОБЕДА” , па ме зеде да играм за нив.

Постои ли некој натпревар во твојата кариера кој секогаш ќе ти остане во сеќавање?

-Никогаш нема да ја заборавам мојата прва утакмица  за Македонската фудбалска женска репрезентација до 17 години  на турнирот во Хрватска,  каде и го освоивме второто место.

14794164_1292566147440747_261531339_n

Имаш ли некој ритуал пред натпреварите ?

-Хахаха, па да пред секоја утакмица сакам да се слушнам со мојата мајка да ми даде храброст, да ми каже да играм паметно,  и победата ќе дојди сама, а да и секако никогаш да не се плашам.

Кој се твоите фудбалски идоли ?

-Мои идоли се Марсело и Карвахал кои играат во Реал Мадрид, играат иста позиција како и јас, па гледајќи ги нив учам и за мене.

За жал женскиот фудбал не се следи доволно кај нас. Што мислиш која е причината за тоа ?

–  Јас сметам дека целата јавност е свртена кон машкиот фудбал, како и медиумите кои се премногу импресионирани само од машкиот фудбал, при што многу малку се обрнува внимание на нас жените,  за жал.

14800825_1292566157440746_898344963_n

Ти си дел и од Репрезентацијата на Македонија. Што треба да се промени за конечно и Македонија да се бори за висока позиција на големите натпреварувања ?

– За жал многу работи мораат да се променат за конечно нешто да тргне кон подобро. Прво треба да се зајакне нашата лига, да се има поголема конкуренција, a со тоа играчите би добиле поголем квалитет, потоа публиката треба да стекне поголема доверба во нас, повеќе да не поддржуваат, при што  со тоа и нашата мотивација би била поголема, и секако и ние играчите треба да го смениме нашиот менталитет, да веруваме дека можeме да постигнeме успеси, како што тоа го докажаа и нашите  фудбалери  од машката репрезентација до 21 година, при што успеаа да се квалификуваат на Европското првенство во Полска.

Каде се гледаш себе си во иднина, имаш ли некоја неостварена фудбалска желба ?

– Од кога започнав да играм фудбал тренирав напорно. Мојот труд беше забележан и како награда заиграв за Македонската женска репрезентација до 17 години. Потоа добив повик и за репрезентацијата до 19 години и  за најголемо мое изненадување добив и повик за  националната А репрезентација на Македонија. Моја, за сега неостварена желба, е со клубот да стигнеме до шампионската титула во Македонија, а потоа да заминеме во квалификации за Лигата на шампиони, каде би посакала да се покажеме во добро светло, а  се разбира  би сакала и да заиграм за некој поголем клуб надвор од Македонија.

14800886_1292566150774080_1703025712_n

Кој е патот до успехот според  Даниела ?

-Па спортскиот живот е навистина тежок, си бара свои жртви, треба да се тренира напорно секој ден, да го даваме својот максимум,  да се избегнуваат доцните излегувања, со цел што повеќе да бидеме одморени за наредниот тренинг, да бидеме упорни,  да не се откажуваме кога е тешко  и секако да веруваме во себе си.

 

Ф.Г.

Ноќен живот во Прилеп: Caffe Virus & The Gallery House Pub – 21.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”390″ gal_title=”OktomvriNoken6″]