дома блог страница 5086

Меѓународно признание за Гимназијата „Мирче Ацев“

1

На меѓународната завршна конференција на проектот за претприемничко учење организирана од Регионалниот центар за развој на претприемачки компетенции за земјите од Југоисточна Европа (SEECEL), која од 17 до 19 октомври се одржуваше во Шибеник (Република Хрватска), се претстави и нашата Гимназија.
Гимназијата „Мирче Ацев“ е дел од овој проект од 2014 година кога училиштето беше вклучено како пилот училиште во третата фаза на проектот, ISCED 3.
Во проектот покрај нашето училиште вклучени беа повеќе од 130 образовни институции, основни и средни училишта и факултети, 12 бизнис институции за поддршка кои вклучија повеќе од 2.500 претпријатија, како и голем број на експерти од осум земји-членки на SEECEL (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Турција).

2

Во Шибеник беа претставени постигнувањата и структурираната регионалната соработка на Претприемачката мрежа на SEECEL, истакнати беа  примери на добра пракса и се поставија насоки за понатамошно зајакнување на претприемачката клима во општеството. Оваа конференција го означи завршувањето на проектот.
Конференцијата броеше повеќе од 430 учесници, меѓу кои наставници од различни образовни институции своите ученици/студенти но и претприемачи кои ги презентираа своите искуства.
Сите учесници имаа можност да бидат активно вклучени во различни работилници, панел дискусии и презентации, со цел понатамошен развој и усогласување на националните политики со препораките на ЕУ, како и понатамошен развој на политиките поврзани со учење на претприемништвото. Претставници на релевантните национални власти како и бизнис институции за поддршка од регионот и од цела Европа беа исто така присутни на настанот.

3

Нашата Гимназија на Завршната конференција на SEECEL беше претставена од Весна Паноска, наставник по економија и координатор на проектот, Кети Ефремоска, наставник по англиски јазик и член на тимот и Јована Бошкоска, ученичка во IV година.
На овој настан, нашиот тим промовираше изработен постер со кој ги претстави сите досега завршени активности на училиштето во склоп на проектот, а исто така беа презентирани и досега изработените материјали, како календар на кој се претставени голем број од наши наградени ученици, брошури за презентација на училиштето, ДВД-а та од нашиот традиционален музички фестивал ГИМФЕСТ, промотивен материјал за училиштето и сл.

4

Штандот предизвика голем интерес и беше посетен од страна на сите учесници на Market Space.
По поминатата обука, училиштето е наградено и признато како Претприемничко училиште и во иднина ќе биде училиште ментор кое ќе ги обучува и ќе им помага на другите училишта кои ќе бидат вклучени во идните проекти на SEECEL.

 

Во ова село сите живееле 100 години: Мештаните тврдат, тајната е една евтина намирница

downloadhb54y45y54e

Само една чаша јогурт на ден е доволна за да бидеме здрави и полни со енергија. Порано во едно село во Грузија имало многу жители со над 100 години кои како тајна на долгиот живот го посочуваат јогуртот.

Богат е со калиум, фосфор, цинк, рибофлавин, протеини и Б12.

Исто така има и добри бактерии кои му помагаат на телото.

Затоа, секој ден пијте една чаша јогурт и со оваа евтина намирница подобрете си го здравјето и продолжете си го животот.

 

Се урна авион со функционери на ЕУ

Најмалку петмина функционери на Европската унија загинаа кога утрово се урна авион на Малта.

avion-2

Малиот авион се урнал набрзо по полетувањето од Меѓународниот аеродром на Малта во 07.20 часот по локално време.

Според официјални претставници, авионот требал да лета од Малта за Либија. Засега не е позната националноста на загинатите.

Ракот ја совладува, ама пејачката со насмевка не губи надеж

Босанската пејачка на која повторно и се врати страшната болест, реши да објави фотографија и со тоа да демантира одредени објави по медиумите.

dona-ares-640x359

Дона Арес која во текот на целото лекување од ракот постојано беше во комуникација со своите фанови и пријатели реши повторно да проговори за тешкиот период низ кој минува.

 

dona22-640x469

За да не дојде до забуна, таа официјално потврди дека последната операција била успешна, но дека процесот на заздравување е долготраен и тежок.

 

(ФОТO+ВИДЕО) Ја измачувале 3 дена без вода и храна: Потресно спасување од рацете на џихадистите

100069_2_ff

Од крвавите судири во околината на Мосул денес стигна и убава вест – деветгодишното девојче Ајша е спасена по 3 дена измачување без храна и вода.

Девојчето е пронајдено во селото Кафер, оддалечено 30 километри од Мосул. Камерата го забележа моментот кога преплашеното девојче ги здогледа спасувачите од специјалните единици.

2

– Јас сум многу благодарна. Мислев дека никогаш нема да дојдете. Немаме храна и вода веќе три дена. Овде сме само јас и мајка ми, а татко ми го убија терористите. Тие одзедоа многу деца од нашето село и ние не знаеме што се случува со нив. Некои се мртви. Тие  луѓе и го одзедоа накитот и сите пари на мајка ми. Фала, фала многу – изјави девојчето.

Ф.Г.

Откриен заборавен тунел полн со тајни !

tunel_tajne-696x398

Тунелот е направен за потребите на кралското семејство, поточно за бегство на семејството. Изграден е по наредба на кралот Фердинанд II, свесен за немирите и превратот кои се случуваа во 19 век.

Овој тунел се наоѓа во Неапол, во самиот центар на градот на плоштадот “Piazzа del Plebiscito”. На овој плоштад се наоѓа влез кој води 30 метри во длабочината на земјата до тунелот “Bourbon” кој е долг вкупно 530 метри. Тунелот има огромни ходници и одводни канали. Тој е изграден во средината од 19 век но е целосно заборавен по Втора Светска Војна. Сепак повторно е откриен во почетокот на 21 век.

Во текот на 30тите години од 20 век се чувале стари автомобили а за време на големата војна служел и како воена болница.

1 2 3 4 5

Ф.Г.

Латас: Имаше обид за напад на полицискиот конвој кој ги пренесуваше терористите од Диво Насеље

СЈО бара снимки од следење терористички акции, особено на кумановската група, и криминалите на Заев и неговите соработници. Некој, преку СЈО и Катица, сака да дознае како тоа македонската полиција успеала да ги лоцира, и да се справи со терористите од Диво насеље во Куманово, да ги поапси и стави во затвор. Тоа некој мора да го знае, за следната таква акција да биде успешна, пишува новинарот Драган Павловиќ Латас во својата колумна.

 

132931601

-Кумановската група има јатаци, оние што се сликаа со Заев, кои се се уште активни. Неодамна, по завршување на судењето на кумановската група, полицијата фатила еден соработник на судените кој на разминување им дал локатор, за да ги лоцираат додека полицијата ги спроведува од суд кон затворот бидејќи планирале напад на полицискиот конвој и ослободување на дел од судените терористи. Обидот е виден и спречен. СДСМ проектира тензии пред изборите, и инциденти после изборите кои, нормално, нема да ги признае и ќе бара свои министри во идната влада за тензиите да се смират. Такво нешто веќе е забележано, и се следи. Сигурен спас од такви немири и тензии се 63 пратеници на листата на ВМРО. Прв тест обид за инциденти беше ноќниот театар на СЈО во МВР, односно во УБК. Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ на времена функција министер во МВР ангажира поранешни алфи избркани заради криминал, ги врати на работа, и им нареди да се постројат пред УБК и дејствуваат за потреби на Катица Јанева. Тие барале, и ветено им било, дека ќе добијат и автоматски пушки, пишува Латас.

 

-Врз кого тие избркани алфи ќе пукаа со тие пушки, во дворот на МВР? Секако, врз своите колеги полицајци кои не се под контрола на СДСМ и Катица Јанева. Прилично голема група полицајци се осетила испровоцирана и најавила дејствување согласно закон во вакви ситуации, кое би значело кошмар за Спасовски и неговите. Оливер Спасовски и неговите ментори се повлекле. До подобри времиња. Веднаш потоа, Оливер Спасовки излегува и изјавува дека СЈО може да биде спокојно, тој гарантира за безбедноста на снимките во УБК. И, Катица се враќа дома. Таа опасна ријалити ноќ помина. А ноќта е најцрна пред разденување, стои во неговата колумна,

 

Убавата русинка повторно ги полуде социјалните мрежи (ФОТО)

irina-696x398

Руската убавица Ирина Шаек реши повторно да го покаже своето совршено тело на инстаграм следбениците, а ги има повеќе од 6 милиони.

Со последните фотографии успеа да ги развесели и “запали” своите обожаватели.

 

ВИДЕО: Вака ќе заспиете за само една минута и ќе се будите одморени

screenshot_5-43-640x362

Лекарот Ендрју Веил го измислил методот “4-7-8” кој им помага на луѓето кои имаат проблеми со спиењето.

Овој метод помага да се “потоне” во длабок сон за само една минута,  се работи за брзо опуштање на телото.

Еве што треба да направите:

Вдишете длабоко 4 секунди а потоа задржете го здивот 7 секунди. Потоа полека издишете 8 секунди.

Постапката повторете ја неколку пати, потребна е само една минута.

Ваквиот начин на дишење ја успорува работата на срцето.

Ф.Г.

Густина на калории- Како да слабееме со повеќе храна!?

Поимот “густина на калории” се користи за да се опише бројот на калории во даден волумен или маса на една храна.

Фокусот на храна со ниска калорична густина помага да се подобри начинот на исхрана, тоа значи дека се консумираат големи порции а во исто време се крати на калории.  Овој принцип привлекува многу здравствени подобрувања вклучуваќи ги зголемениот внес на нутритиенти и губењето на телесна маса.

image004

Што е густина на калории?

Поимот објаснува колку калории содржи еден оброк во даден волумен или маса.

-Се споменува и како енергетска густина  во која единица мерка е калорија/100гр храна.

Избирајќи храна со ниска калорична вредност ние воведуваме стабилност и слабееме. Автоматски телото се заситува затоа што внесува повеќе храна а крати на непотребни калории.

Замислете чинија  полна храна со ниска калорична густина. Помалку калории  во чинијата значи дека имаме оброк со мала калориска густина. На пример, зеленчук од 100гр има 30калории(ниска калориска густина) – чоколадо од 100гр има 550калории(висока калориска густина).

Во овој дијаграм е прикажан концептот на исхранa со тоа што се споредени 5 различни примери  со вкупна вредност од 500кал.

 

image001

Брзи промени во секојдневната исхрана за подобро здравје !!!

Диетата со ниска калориска густина едноставно го тера телото да ја засити потребата од храна, да ги внесе потребните макро и микронутритиенти но најбитно од се воведува многу позитивни промени:

-помалку процесирана храна

-повеќе свежа и високо нутритивна храна

-внесување на чисти протеини

-намалено внесување на непотребни калории

-оптимално балансирани оброци и стабилна функција на организмот

Здрава храна со ниска калорична густина:

Кога би ги одделиле јаткастите производи и семињата што се извор на многу здрави нутритиенти, а имаат висока калорична вредност(се консумираат во мали количини), во овој список на ХНКГ припаѓаат:

зеленчуците: посебно зеленчуците со зелена боја имаат најниска калориска густина од сите видови храна. Тоа е поради големата содржина на вода во нивниот состав.

овошје: сите видови на овошје во својот состав имаат високо ниво на растителни влакна  добри за баланс на цревата во човековиот организам.

нискомастен јогурт, кокосово, соино и оризово млеко се напитоци кои обезбедуваат протеини за телото без додатни оптоварувања со непотребни масти

растенија со високо ниво на скроб: компири, легуминози, моркови, цвекло. Овој вид растенија се посебно квалитетни доколку се термички се обработат(обарување).

пијалоци без додатни количини на шеќери: чај, кафе, вода. Технички не содржат калории, а во исто време го исполнуваат желудникот.

мали количини на риба и бело месо.

ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ

Иако во светот постојат милион различни диети, растителниот начин на исхрана е еден од најефективните начини за одржување баланс на телото, внесување на сите макро и микро нутритиенти, задржување на нормална телесна маса или лесно намалување на ТМ.

Храната со ниска калорична густина овозможува помалку глад во текот на денот иако порциите се поголеми.

image003

Пишува: Марина Релушкоска

Авторот на текстот е Дипломиран Нутриционист