дома блог страница 5082

Прилепчани несовладливи на домашен терен

1

Р.К. Прилеп 33 – 21 Металург 2
Ракометарите на Прилеп поуспешни и во втората утакмица на домашен терен.

2 (2)

5

Исполнетата сала во СОУ Р.Р.Ричко беше мотив плус за подобра игра и огромна разлика во резултатот. Убедливата разлика е само најава за амбициите на прилепчани оваа година.

6

7

Уште првото полувреме се беше јасно кој ќе ги добие бодовите и со одлични осум голови разлика со резултат од 18:10  заврши првото полувреме.

11

9

И второто полувреме домаќините имаа добра игра со што ја зголемија разликата на 12 голови разлика.

13

14

17

19

22

26

 

СОНЧЕВИОТ ОКТОМВРИ ГИ “ЕВАКУИРА” ПРИЛЕПЧАНИ ОД ДОМА

[Best_Wordpress_Gallery id=”51″ gal_title=”СОНЧЕВИОТ ОКТОМВРИ ГИ ЕВАКУИРА” ПРИЛЕПЧАНИ ОД ДОМА”]

Децата со моќни пораки: „Детската љубов нема граници, детскиот живот нема цена“ (ФОТО)

deca1

Кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата “ Да ги заштитиме децата во сообраќајот” продолжува со уште позасилено темпо. Освен првично најавените познати личности, порака за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот испратија и познатата манекенка Катерина Ивановска и славниот гитарист Владимир Четкар.

deca2

Покрај нив, во кампањата свој придонес дадоа и оние учесници во сообраќајот кои што се најзасегнати кога станува збор за оваа кампања – децата. Најмалите од детската градинка “Никола Карев” од општината Карпош облечени во флоуресцентни елечиња, црвсто држеjќи ги жолтите табли со пораки до возачите, се прошетаа низ улиците на Карпош и ги упатија своите пораки до возачите.

Дел од искрените моќни пораки гласеа: “Секое дете заслужува да му се радува на животот”, “Вози внимателно – ти си одговорен”, “Детската љубов нема граници, детскиот живот нема цена” “Биди совесен возач” и уште голем број други пораки испратени од дечињата со надеж дека тие ќе допрат до секој учесник во сообраќајот

Покрај познатите личности и најмалите, кон кампањата се приклучија и основците од О.У “Димитар Македонски” од скопската населба Лисиче, упатувајки силен апел до сите возачи да бидат совесни и да внимаваат како на нив така и на останатите учесници во сообраќајот.

Од РСБСП истакнаа дека се задоволни од досегашното одвивање на кампањата со надеж дека овие пораки на децата ќе допрат длабоко во свеста на секој возач. Исто така апелираат и до останатите надлежни институции да се приклучат и да дадат свој допринос во оваа кампања, со што заеднички ќе се постигне и крајната цел, односно подигнување на јавната свест на возачите за зголемување на безбедноста на децата како учесници во сообраќајот, а со тоа и намалување на бројот на деца жртви во сообраќајни несреќи на 0.

Оваа кампања организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја приклучува и Република Македонија во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет.

deca3

ВИДЕО: Доказ дека кучето најдобар пријател на човекот

cutedog

Ова видео е вистински доказ дека кучето е најдобриот пријател на човекот.

Кучињата се верни на својот газда и се би направиле за него.

Ова кученце кое ќе го видите во видеото е навистина нешто посебно.

Погледнете како тој му помогна на еден човек кој одвои од себе за да му даде него да јаде.

Јубилејно издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ЗВЕЗДИЧКИ“

plakat

На 9 и 11 октомври во Центарот за култура “Марко Цепенков“ ќе се одржи 15тото јубилејно издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ЗВЕЗДИЧКИ“. Како и во сите години наназад Прилеп повторно ќе биде домаќин на децата учесници од многу земји од светот. Оваа година со своето учесво фестивалот ќе го удостојат учесници од Русија, Израел, Малта, Словенија, Унгарија, Хрватска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија како и домаќините Македонија.
За прославата на јубилејот се предвидени доста придружни манифестации како екскурзии и посети на знаменитости од градот, традиционалната “Вечер на националните кујни“, прием кај Градоначалникот, настапот на Ѕвездичките на плоштадот на централната прослава на празникот, а на 11 октомври пред почетокот на финалето лимузина (бел Линколкн) ќе ги довези сите Ѕвездички и специјални гости на фестивалот на црвен тепих пред Центарот за култура како во Холивуд.
Канал Визија ќе врши директен пренос на фестивалот , а Канал 5 одложено ќе го емитува.

Концерт на руски вокален ансамбл „Чајка„ и на гудачкиот камерен орекстар ,,АРКО,,

poster-1-01 cajkaНа 03.10 (сабота) 2015 година од 19.30 часот (голема сала)
Концерт на руски вокален ансамбл „Чајка„ на Здружението на руски сонародници во Р.Македонија „Чајка„ – Скопје
Раководител : М-р Елена Сиљаноска
Рускиот вокален ансамбл „Чајка„ постои од 1999 година. За времето на своето постоење тој успешно ја представува руската песна, традиција и танец на македонската публика во Скопје и во другите градови на Македонија. Исто така ансамблот има настапувано во Србија (Ниш), Бугарија (Софија , Благоевград), Грција (Серес) и два пати ја претставуваше Македонија на Фестивалот на руската песна во Русија (Москва). Добитник е на првото место на Балканскиот меѓународни фестивал на руската песна во 2014 година.
Ансамблот има доста голем фонд на костими, користи во тек на пеење елементи од руски танцoви движења и затоа неговиот настап е интересен за гледање. Во неговиот репертоар се народни, староградски, козачки, новокомпонирани и други песни.
Настапот на руски вокален ансамбл „Чајка„ во Прилеп ќе биде за прв пат и сигурно нема да остави рамнодушна присутната публика, на која ќе ја презентира културната традиција на рускиот народ.

gudacki-orkestar-arko

Во недела 4.10.2015 – 19.00 часот (голема сала)
Концерт на гудачкиот камерен орекстар ,,АРКО,,
Гудачкиот оркестар ,,Арко,, постои од 2003 година. Со голем ентузијазам оркестарот негува репертоар близок до увото на изведувачот и на слушателот. Поголем дел од членовите на оркестарот се ученици кои учеле виолина кај проф. Ерхан Шукри. Во изминатите години оркестарот одржал бројни настапи и концерти меѓу кои на позначајните музички манифестации ,,Есенски музички свечености,, (2007, 2008) Бит фест, а гостувал на фестивали во Србија, Бугарија и Русија.
На програмата на концертот во Прилеп се дела од Вивалди, Скарлати, Бах, Пјацола, Мориконе, а солисти се Бојан Ефтимов, Мартина Костадинова, Благој Василевски, Георгина Поповска, Кристина Шокароска, Георги Калајџиев – Џоџо, Енис Алиу, Јована Гелебешева, Елена Гелебешева…
Раководител м- р Ерхан Шукри
Редовен професор по виолина и камерна музика во средното музичкото училиште ,, Илија Николоски- Луј,, Како надворешен соработник 14 години свирел во оркестарот на Македонската опера и балет. Од 1999 до 2001 година бил асистент на Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Член е на гудачкиот квартет,Стрип 4М,, Камерното музицирање и потребата за работа со ансамбли во 2003 годиан вродила со плод – формиран е гудачкиот камерен оркестар ,,Арко,,,. Оркестарот има гостувано во БиХ, Србија, црна Гора, Турција, Хрватска, Франција, Белгија, Полска, Русија, Гемранија, Малезија, Јапонија, САД, Индија, Полска, Португалија…

 

ПРИЛЕПСКИ СТУДЕНТ СЕ САМОУБИЛ ВО СКОПЈЕ?!

Studentski

Момче загина во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Според првичните информации најверојатно станува збор за самоубиство.

Д. Р. од Прилеп според привичните неофицијални информации се фрлил од четвртиот спрат од студентскиот дом.

Момчето е родено во 1995-та година.

На лице место веднаш пристигнала медицинска екипа. Д.Р. бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде за жал им подлегнал на повредите.

Нова објава за продажба на парцели во „Индустриската зона – Прилеп 2“ и населбата „Градина“

2

Со најновата објава која е во тек се информираат сите заинтересирани физички и правни лица дека се понудени на продажба пет нови градежни парцели со намена (Г3 и Г4 – сервиси и мало стопанство и стоваришта) во Индустриската зона „Прилеп 2“ која се наоѓа во населбата „Сточен пазар“ и три нови парцели за домување (A1) во новата населба „Градина“.
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk за секое наддавање со посебен рок :
– за електронското јавно наддаваање закажано за 06.11.2015 година рокот за поднесување на пријави е до 02.11.2015 година ;
– Јавното наддавање ќе се одржи на ден 06.11.2015г. по електронски пат на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.
Почетна цена се градежна парцела е 61 денар од м2, со 10 денари чекор за наддавање за намена домување и 100 денари чекор знаредно наддавање за градежни парцели со намена стовариште и мало стопанство. Би можеле да учествуваат сите физички и правни лица жители на Република Македонија и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит кој изнесува 30% од вкупната почетна цена.
Градоначалникот Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани домашни и странски инвенститори и заинтересирани граѓани, да се пријават по електронски пат и да земат учество во елкетронското надавање кое ќе се одвива на 06.11.2015 година.
Општина Прилеп е обврзана и ќе да ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.

1

Куќата на Жеревци, лоцирана на улицата Моша Пијаде 130, доби нов лик

1

Заврши реализацијата на проектот за конзервацијата на куќата на Жеревци, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура. Куќата на Жеревци која е изградена околу 1900-тата претставува одличен пример за влијанијата од европската градителска естетика на овие простори. На неа е зачувана оригиналната фасада, како и богатата архитектонска декорација, карактеристична за периодот на изградбата.

2

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска посочи дека целосно е заменета подпокривната конструкција и покривот на куќата чие пропаѓање и протекување влијаело и на фасадните ѕидови. Од особено значење е и што со реставрацијата на објектот, автентично се обновени сите елементи, вратен е целиот сјај и раскош на градбата, со што силно се потенцира градскиот дух на Прилеп во тоа време, посочи Министерката Канческа во изјавата за новинарите.

3

Според Градоначалникот Ристески, Прилеп доби уште еден нов лик со конзервацијата на куќата на Жеревци. Во градот има околу десетина вакви куќи кои треба да се реставрираат, од кои реконструирани се три.

4

Министерката Канческа ги најави и скорешната реализација на уште еден значаен проект во Прилеп на кој интензивно работи Заводот за заштита на спомениците на културата во Прилеп. Станува збор за темелна реконструкција на источниот конак на манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил во Варош чија промоција се очекува до крајот на месецов. Исто така продолжуваме и со конзервацијата на манастирот Св. Никола во Мариово, на проектите за обнова на опожарените конаци на манастирот Трескавец, како и на проектот за непосредна заштита на административната зграда на Заводот и музеј Прилеп.

5

https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/