Пред 70 години е направена првата фотографија на нашата планета од космосот, но технологијата со која е фотографирана имала мрачно потекло.
Во октомври 1946 година, истражувачи од американската воена база, испукале нацистичка V2 ракета, но причината за лансирање не била бомбардирање, туку нешто сосема друго- правење на првата фотографија на Земјата од космосот , пишува Newsweek.rs.
Ракетата е лансирана по падот на нацистичка Германија, лансирана е на висина од повеќе од 100 километри и пред да се сврти и да започне да се враќа назад во Земјата направена е фотографијата.
Фред Рули, кој тогаш имал 19 години, се сеќава на тој ден многу јасно. Бил дел од тимот кој ги собирал остатоците од ракетата која паднала негде во пустина. Кога откриле дека филмот на ракетата е зачуван, научниците и нивниот тим скокале од среќа.
Два часа по првиот земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтеровата скала средишниот дел на Италија во 21.18 часот го потресе уште еден, посилен, со магнитуда од 6,3 степени, Епицентар е подрачјето на Перуџа.
Првиот земјотрес со магнитува од 5,4 степени беше со епицентар во местото Кастел Сент Анџело ди Нера, кој осетно ја затресе цела средна Италија во 19.11 часот. Хипоцентарот беше на 10 км длабочина, па зафатил широко подрачје се осетил од Фиренца до Неапол, се тресеа Перуџа, Терни, Рим, каде што луѓето излегоа на улица.
Иако беше објавена вест дека има жртви, таа беше веднаш повлечена, но потврдено е дека има стари градби кои се оштетени.
Сеизмолозите претпоставуваат дека овој потрес е поврзан со катастрофалниот кој го уништи градот Аматриче на 24 август годинава.
На Шон Смит, 37-годишен Американец, уште му е тешко кога ја слуша снимката од својот повик во брзата помош откако во 1989 година без да сака ја застрелал својата сестра Ерин, пишува Хафингтон Пост.
Тогаш, 10-годишниот Шон бил сам во куќата со својата сеста, а барајќи видео игри во фиоката на својот татко, пронашол скриен револвер. Пред да сфати што се случува, пиштолот испукал, а Ерин во истиот момент паднала на под. Малото момче веднаш повикало брза помош.
Овој повик бил пуштен и во смисијата на Опра Винфри за да се привлече поголемо внимание кон контролата на оружје, а по емисијата сите биле вознемирени од тоа што го чуле.
Трагедијата била прогласена за несреќен случај, но сепак Шон не може да го заборави овој трагичен настан. Тој 27 години подоцна проговорел за својата траума, а неодамна гостувал и во емисијата „Опра: Каде се тие сега“ во која раскажал за несреќата.
– Се обидев да и дадам вештачно дишење, но не реагираше. Последната слика на која се сеќавам е дека ја ставив кај мене во скут каде и почина, се присетил тој.
Шон подоцна дознал дека Ерин умрела во истиот момент Кога била застрелена бидејќи куршумот ја погодил во срце.
Многу години потоа, тој се уште се бори со разни проблеми заради траумата.
– За време на тинејџерските години бев многу деструктивен. Не сакав да одам во училиште и бегав од дома неколку пати.
Работите почнале да се менуваат кога му се родил син.
– Заради него престанав да консумирам дрога и алкохол. Тој е неверојатно момче, а разговаравме и за оружје. Сакав да бидам сигурен дека знае што ми се случи и да биде внимателен, раскажал Шон.
Тој се уште се бори со болката поради несреќата со Ерин.
– Има и тешки денови. Порано ме правеа мрачен и депресивен, но сега со одење во црква, разговор со мојата партнерка или со мојот терапевт, дојдов до стадиум кога можам да се смирам и да си простам, завршува Шон.
Во својата куќа Шон чува работи кои го потсетуваат на Ерин, нејзини чевли, медалите кои ги освоила, цртежи, а има и тетоважа со нејзиното име. Вели дека сега единствено се фокусира да има среќна иднина.
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, на југот од земјава облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот, преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет, а на повисоките планини на запад во земјава врнежите ќе поминуваат во снег.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 12 до 17 степени.
Од петок попладне следува период на стабилно и суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.
Колку и да се трудиме да не ги оштетиме, сепак често се случуваат незгоди со нашите мобилни телефони или други уреди со поголеми екрани.
Ваквите незгоди сами по себе не се толку страшни, но гребниците на екранот постојано нè потсетуваат на моментите на невнимание. Без разлика на тоа колкави напори вложуваме, се чини дека е невозможно да се реши овој банален проблем.
Доколку парите не ви се пречка, можете да го замените целиот екран, но постои многу побрз и поевтин начин за отстранување на гребаници од екраните, а сè што ви треба е балсам за усни, вазелин или било која друга мрсна супстанца. Погледнете во продолжение.
Најпознатиот македонски туристички центар влезе во топ 10 дестинации на ” Best in Travel 2017″.
Охрид е на петтото место на топ 10 листата за најдобри дестинации за патување во светот, дестинација која е препорачана од познатиот британски издавач за туристички места Lonely Planet.
Како што соопшти Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија, респектабилниот водич во писмено издание се издава еднаш годишно.
Утре, 27.10.2016 година, со почеток од 13:00 часот во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ќе биде промовирана едицијата насловена како “Црните страници на УДБА”.
Првите 202 досиеја од огромната архива што југословенска тајна разузнавачка служба до 1990 година, а потоа и полицијата на демократска Македонија до 2000 година ги водела за огромен број македонски државјани од денеска се достапни за јавноста.
Едицијата насловена „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година, содржи сведоштва за поголем број Македонци, пред се членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле следени од управата за државна безбедност на поранешната југословенска држава.
Државниот архив на Република Македонија во 16 кинги, поделени во 9 тома ги промовираше овие сведоштва, со цел да останат да сведочат за мрачната историја. Во нив ќе можат да се прочитаат тажните судбини на голем број истакнати македонски дејци. Првиот том е насловен „Елиминацијата на ВМРО по 1945 година“, вториот „Информбиро“, третиот „Помалку познати судбини“, четвртиот „Ченто и Доцев на удар“, петиот „Емиграцијата – државен непријател број еден“, шестиот „Уметниците на мета“, седмиот „Борбата за независна Македонија никогаш не престанала“, осмиот „Следење, обработка и обиди за растурање на ВМРО-ДПМНЕ“ и деветтиот том „Лустрацијата недовршен процес“.
На промоцијата поканети се сите заинтересирани граѓани, особено оние кои некогаш биле лично засегнати од кодошите и удбашите.
Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија. Со овие аптеки ќе се опфатат 542 населени места или над 463.000 жители ќе можат за прв пат лековите да ги добијат во нивниот дом или во нивното населено место.
Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека најголем дел од жителите од овие населени места никогаш порано немале можност лековите да им бидат доставувани во нивното место на живеење или нивните домови.
Тој посочи дека досега имаше подвижни аптеки во 6 региони кои опфаќаа над 50.000 жители и 304 населени места.
Подвижните аптеки веќе од наредниот месец ќе започнат да функционираат во следните населени места:
-Велес, Чашка, Градско и Лозово со кои што ќе бидат опфатени 86 населени места, а бенефит ќе имаат 70.000 жители
-Кривогаштани и Долнени во 44 населени места за 19.300 жител
-Крива Паланка, Ранковце и Кратово во 80 населени места, за над 34.000 жители.
-Берово, Пехчево и Делчево, Македонска Каменица и Виница во 54 населени места, за над 64 жители
-Карбинци , Зрновци, Чешиново, Облешево во 39 населени места со кој се опфатени 14.000 жители
-Арачиново, Илинден, Петровец во 25 населени места, за над 36.000 жители
Демир Хисар и Крушево вонад 57 населени места, за 18.500 жители
-Битола во 59 населени места, за 100.000 жители
-Ресен и Охрид во над 60 населени места, за 83.300 жители
Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше организирана меѓународна конференција „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион” и бизнис средби со компании од регионот на Измир, Република Турција.
Целта на реализацијата на оваа конференција е унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион, привлекување на странски инвеститори во индустриските зони и останатите слободни локации во Пелагонискиот регион и воспоставување на директна соработка помеѓу бизнис компаниите од двете држави.
На денешната меѓународна конференција беше присутна и општина Прилеп која се претстави со зоните за домување и изградба на стопански објекти, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот.
Прилеп пред бизнисмените од Измир ги понуди повеќе градежни парцели од типската населба во изградба „Градина“, чија почетна цена е 61 ден по метар квадратен, намена за изградба на индивидуални домувања и колективни домувања и индустриската зона „Прилеп 2“, со 14 парцели, каде почната цена е 61 денар за метар квадратен“, инвестициите во ТИРЗ како и можностите за користење на проектот „Купи куќа за млади“ преку продажба на градежни парцели, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
На Меѓународната Конференција учествуваа 30 бизнис компании од Измир, чија цел е проширување на бизнисот и инвестирање во зоните во Пелагонискиот регион, како и присуство на околу 150 бизнис компании од Пелагонискиот плански регион.
Помалите фирми и оние кои имаат финансиски проблеми се уште не исплатиле регрес за годишен одмор, популарниот К-15. Имаат уште два месеца за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети со вкупна глоба од околу 4.000 евра.
Регресот за годишен одмор, според законот е утврден на висина од најмалку 40% од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Додатокот К15 изнесува 8.500 денари.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнуваат неколку услови, главно фирмата да има потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско – финансиска состојба.