дома блог страница 5082

Двајца прилепчани се обиделе да прегазат со автомобил полициски службеник

policijamarica1

25-годишниот Џ.Ќ. и 28-годишниот А.Ќ. од Прилеп заработија кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во извршување на службено дејствие“. Шумски полицајци, движејќи се по патот кон Вештачкото езеро во близина на гарнизонот „Мирче Ацев“, ги забележале пријавените како превезуваат огревни дрва со две возила.  Истите направиле обид да ги легитимираат, и во тој момент Џ.Ќ. со возилото тргнал кон едниот полициски службеник со цел да го прегази, заканувајќи му се по животот. Во текот на дејствието започнала да се собира поголема група на луѓе поради што полициските службеници процениле дека доколку продолжат со службените дејствија ќе биде загрозена нивната безбедност, по што се повлекле од местото.

По повод големиот христијански празник Преподобна Параскева, новиот храм во населбата “Точила” ги поканува верниците

pokana-26oktomvri2016

Божјиот храм Св. Петка во населбата “Точила” по повод големиот христијански празник Преподобна Параскева (Петковден), широко ќе ги отвори вратите и ги поканува верниците на заедничка литургија и молитва.

Денес, 26.10.2016 со почеток од 18:00 часот ќе се одржи празнична вечерна литургија, со која ќе чиноначалствува митрополит г. Петар. Веднаш потоа ќе се одржи и духовна академија.

Утре, 27.10 со почеток од 07:00 часот ќе се одржи Празнична утрена литургија, а од 08:00 часот ќе започне Св. Божествена Архиерејска Литургија, со учество на хорот “Света Петка” и хорот “Благовештение”.

 

Денеска е Света Злата Мегленска

Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа.

 

sveta_zlata_meglenska-640x360

Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам.

Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи. Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.

ВИДЕО: ДЕТЕ ОД БОСНА СО СУПЕРМОЌ: Светот шокиран од приказната за Ерман

scrnshterman-696x398

Петгодишното дете од Босна и Херцеговина, чие тело привлекува метални предмети, потполно е здраво велат лекарите.

Ерман Делиќ детето од Малешица е вистински човечки магнет, иако лекарите тврдат дека е целосно здрав, пишува британски “Mirror”.

Неговото семејство објави снимка на која за телото на детето се лепат монети, прибор за јадење и други предмети и тоа без лепило или било какви други помошни средства.

Ерман својот чуден талент го открил додека гледал ТВ, а родителите веднаш го однеле на лекар за да проверат дали е се во ред со него. Лекарите не знаеле да ја објаснат неговата необична состојба, ниту ги откриле причините за неа.

Ф.Г.

Временска за цела недела: Подгответе се за пресврти со времето

vremesnegzima2

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 15 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.

Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

untitled56415141651465415umk67i67i766trbh54y54y54

Следуваат многу продолжени викенди

makedonskiznaminja

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2017 година, неработни денови се: За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (недела), Нова Година, односно 02 јануари (понеделник) е неработен ден

• 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (понеделник), Ден на трудот,

• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден

• 02 август (среда), Ден на Републиката

• 8 септември (петок), Ден на независноста

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)

• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 02 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед

• 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (среда), Празникот на сите светци

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 01 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (петок), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

РАЈ НА ЗЕМЈАТА – Најлуксузната куќа на дрво (ФОТО)

kuca-696x418

На само неколку километри оддалечена од Лондон се наоѓа најлуксузната куќа на дрво изработена од столарот Гај Малисон.

“Woodsman Treehouse” вреди 150.000 фунти, а биле потребни 5 месеци за нејзиното комплетирање. Малисон и неговата екипа ги створиле сите естеткси карактеристики, креирајќи фасада на куќата која сите ги воодушевува. Куќата е изградена од локални материјали и притоа природниот екосистем го оставиле недопрен.

1 2 3 4 5 6

Ф.Г.

Откриена мисериозната тајна која ја криеше Црно Море !

okean-ff-600x398

За време на проектот за чистење на дното на Црното Море, поради геофизички истражувања, поморските археолози пронашле 40 бродови кои се неверојатно добро зачувани.

Во длабочините на Црно Море каде нема ниту светлина ниту кислород пронајдено е вистинско богатство. Археолозите долго време верувале дека “мртвата зона” ги одржува во одлична состојба, а оваа експедиција покажа дека биле во право.

Откриени се повеќе од 40 бродови од византиско и османлиско потекло. Се смета дека бродовите се задржале во оваа состојба поради тоа што нема кислород на оваа длабочина.

1

Експедицијата е вршена на 1.800 метри длабочина користеќи брод опремен со најсовремена опрема.

– Примарната цел на овој проект беше да се извршат геофизички истражувања, да се земат примероци од површината и да се направи реконструкција на црноморската праисторија – рече професорот Џон Адамс, лидерот на експедицијата.

2 3

Ф.Г.

Светскиот ден против гладта одбележан со голема хуманитарна акција во ООУ “Добре Јованоски”

14721491_1676012202709367_1792633982787738729_n

16-ти октомври – Светски ден против гладта

Под раководство на наставничката Моника Трајкоска, а во соработка со Црвениот Крст од Прилеп, училиштето ООУ ,,Добре Јованоски” зеде учество во хуманитарната акција за помош на ранливи групи на семејства и луѓе кои имаат недостаток од храна. Беше спроведена акција во времетраење од два дена, во која учениците уште еднаш го разбудија хуманиот инстинкт кај нив и донираа парични средства и прехрамбени производи. Акцијата завржи со успешен резултат и постигната цел!

14666145_1676012189376035_1843983360498057465_n

14702382_1676012269376027_8802092113599014219_n

 

14724450_1676012369376017_6834148049480279052_n

14731384_1676012186042702_8173899132189559783_n

Вложувањето во спортот е вложување во сопствената иднина.

Деновиве се уште сме под импресии од последниот успех на фудбалската репрезентација на Македонија  за фудбалери до 21 година.Сведочиме за моментот кога со голема возбуда и нетрпение го очекувавме финишот на натпреварот,единствени,сплотени,со една желба да ја видеме Македонија на завршницата на Европското првенство.Но деновиве сум сеуште под импресии и со уште поголема возбуда од  донесувањето на новите закони  но пред се измените во Законот  за Спорт во собранието на Р.Македонија,со што ќе се зголеми вложувањето во спортот.

slika

Вложувањето во спортот е вложување во сопствената иднина,во младоста,во здравиот живот а да не зборуваме за промоцијата на сопствената држава.

Во последните десетина години сме сведоци на историски вложувања во спортот пред се во спортската инфрастуктура,инвестирани се 100 милиони евра за изградба на:

-94 Спортски сали изградени од Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование,

-50 Фудбалски игралишта,

-83 Тениски игралишта,

-64 Повеќенаменски игралишта,

-5   Големи спортски игралишта,

-5  Фитнес зони,се планираат,20.

– Вештачка карпа за алпинизам,

– Арената Филип II

-Спортскиот центар Борис Трајковски(универзален спортски објект во чија близина има и Аква парк,Лизгалиште,Картинг,Куглана и др.).

Покрај вложувањето во спортската инфрастуктура,многу важни се и 500-те стипендии за млади спортисти што секоја година  ги доделува Агенцијата за млади и спорт,стипендиите кои се добиваат врз основа на постигнат успех на Европските и Светските првенства но и Спортските пензии.А Спорстката академија е проект кој  уште во средношколската возраст им овозможува на младите,професионално да се ангажираат во спортот.Но и наградата 8-ми Септември е многу мотивирачка пред се за тренерите и спортските работници кои се креаторите на спортските резултати.

Во континуитет на досегашните вложувања се и новите мерки кои ги промовираше Преседателот на ВМРО ДПМНЕ г-нот Никола Груевски  за зголемена подршка од  државата за Спортските федерации,Македонскиот Олимписки комитет,спортските клубови и активните спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови.

Првата мерка, е за зголемена финансиска поддршка од државата,средства,кои ќе се издвојуваат од приредувачите на игри на среќа во обложувалници и автомат клубови.

Втора мерка,ограничено ослободување од  данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат,спортисти,спортски клубови,спортски федерации и МОК .

Трета мерка,директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига.

Четврта мерка,ангажирање на врвни тренери од странство во спортските академии во Македонија.

Овие мерки вклопени и дополнети во Законот за спорт и Законот за добивка со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби,се гарант за загарантирано вложување во спортот и кои треба да придонесат за натамошен развој на спортот во Р.Македонија.

Круна на признанието за правилните и успешни политики на Р.Македонија во сопртот а пред се во спортската инфраструктура е и одлуката на Европската фудбалска федерација(УЕФА),градот Скопје,Фудбалската федерација на Македонија,да бидат организатори на Европскиот фудбалски Супер куп 2017,на кои ќе учествуваат актуелните шампиони на Лигата на шампионите и Лига Европа.Се очекува одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 да допринесе кон популаризација на фудбалот и на спортот воопшто,како и промоција на земјата со оглед на тоа дека станува збор за глобален настан кој се пренесува во скоро секоја земја во светот.

Спортот игра клучна улога во секое општество, придонесувајќи за социјална кохезија, надминување на предрасудите, зголемување позитивно влијание врз јавното мислење и ширење на етички и општите принципи кои се пренесуваат преку него. Спортот е една од  движечките сили за постигнување на Милениумските цели за развој на човечкото општество, како што е дефинирано од страна на Обединетите нации. Тоа е особено важна за модерниот свет кој многу брзо се менува, и која се карактеризира со тенденција да се создаде здрава и квалитетна услови за живеење.

Пишува: Трајче Димков