дома блог страница 5080

Мајка монструм: Родила бебе, го задавила, па закопала

Припадниците на полицијата од Фоча, БиХ,  ја уапсија С.К. под сомнение дека го задавила новороденото синче.

 

bebe-noze-640x361

-Во текот на криминалистичката обработка осомничената призна дека на 14. август во селото Кршевина, општина Фоча, во близина на куќата родила живо машко дете и веднаш го задавила, а потоа го закопала, соопшти полицијата.

Врз основа на наредба од Основниот суд Фоча, поради ексхумација и увид, вчера на местото излегоа јавен обвинител, судски вештак и увидна полициска екипа.

-Пронајдени се и ексхумирани остатоците од безживотното тело на новороденче, кои со возило на погребалното претпријатие се префрлени во Универзитетската болница во Фоча поради судско – медицински вештачења наложени од страна на обвинителството, изјавија од полицијата.

Клубот за Tалентирани Средношколци 2016 од Академија Микросам со освоени две златни плакети на Макинова 2016

3

Во склоп на компанијата Микросам АД во Прилеп, работи Академија Микросам, каде се вршат обуки за програмери, инженерски помошници во машинството и инженерски помошници во електроника, автоматика и роботика. Во летниот период Академија Микросам работи и со средношколци во Клубот за талентирани средношколци. Сите овие обуки во Академија Микросам се бесплатни, единствен спонзор на Академија Микросам е компанијата Микросам АД. Преку овие обуки Микросам АД го поддржува развојот на младите таленти.

1

18 до 22 октомври 2016год. во Скопје се одржа саемот за техника Технома 2016. Паралелно со Технома веќе традиционално се одржува  и меѓународната изложба на пронајдоци, иновации и нови производи МАКИНОВА 2016.

Академија Микросам учествуваше на Макинова 2016 со два проекти:  “Робот – сложувач на рубикова коцка“ и “Роботска рака која игра tic tac toe со човек“ . Проектите ги изработија средношколци учесници на Клубот за талентирани средношколци 2016, Давид Лазароски и Ѓорѓи Димески, под менторство на проф. Емил Тавчиоски.

Поради иновативноста и успешноста, проектите се наградени на Макинова со две златни плакети.

4

Академија Микросам повеќе години со ред настапува на Макинова и освојува награди.

Со ова се докажуваат квалитетните обуки во Академија Микросам.
Идејата за еден ваков тип на образование, кој ги вклучува најатрактивните курсеви, е единствена и оригинална, барем на овие простори.

Микросам Академијата е само дел од целокупниот концепт на Микросам АД за промена на пристапот на работа, образование, размислување, како императив за постигнување на заедничката цел: Подигање на нивото на техничко – технолошки развој на Република Македонија.

2

22 -годишна прилепчанка прегазена на пешачки премин во Скопје

soobrakjajka-soborna-5-640x427

Околу 22 часот синоќа, на булевар Климент Охридски возило марка „голф 4“ со скопски регистарски ознаки прегази девојче, потврдуваат од МВР.

-Сообраќајката е пријавена во 21:50 часот. Прегазен е пешак-девојче кое е пренесено на Ургентниот центар“, велат од МВР.

Тие додаваат дека увидот сѐ уште трае, дополнително ќе бидат утврдувани причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.

Според пишувањата на медиумите се работи за 22-годишна прилепчанка.

Девојчето, дознаваме според пишувањата на медиумите се наоѓа во Ургентниот центар и е во стабилна состојба.  Се утврдуваат повредите со кои се здобила, по што ќе бидат направени дополнителни испитувања.

Најголемиот малер во историјата на постоењето на кладилниците во Македонија- за само еден гол испушти неверојатни 750.000 евра! (ФОТО)

Иначе на сликата сите ливчиња се исти само со различни уплати.

 

mozart-640x351

-Другарче направи револуција во кладилнициве Моцарт, бидејќи за малце (за еден гол) не им собра повеке од 750.000 евра. После оваа случка максимална исплата во Моцарт е само 9 милиони денари и само едно ливче можеш исто да уплатиш. Малце им горело под…

slika-nes-640x1138

ВИДЕО: Се рушеше се – страшна снимка од земјотресот во Италија

untitledytjn65uh5656u56u5

Страшна снимка се појави од земјотресот во Италија кој вчера направи вистински хаос и паника.

Првиот потрес беше регистриран во 19.10 часот со интензитет од 5,4 степени по Рихетеровата скала. Вториот беше осум пати посилен, со магнитуда од 6,1 степени, соопшти американскиот Геолошки завод. Со оглед на тоа дека повеќето жители веќе биле надвор на улиците со намера под отворено небо да ја минат ноќта, два часа подоцна, кога удри вториот земјотрес, тие биле надвор од своите домови, со што веројатно се спасени многу животи, соопштија официјални лица.

Сеизмолошките служби соопштија дека првиот потрес бил регистриран со епицентар 60 километри источно од Перуџа, на длабочина од девет километри под површината на земјата, а вториот близу Вишо, на 170 километри североисточно од Рим, на длабочина од 10 километри.

Погледнете ја застрашувачката снимка. Ќе ви се заледи крвта во вените.

Честитки до православните христијани по повод празникот Петковден, упати градоначалникот Марјан Ристески

_mg_6335

Започна чествувањето по повод големиот христијански празник Петковден. Градоначалникот Марјан Ристески упати честитка до сите верници од православна вероисповед што денеска го празнуваат овој празник. По тој повод го посети храмот „Св. Петка“ каде присуствуваше на свечена празнична вечерна литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландаски Г-дин Петар.

_mg_6347

_mg_6308

_mg_6324

Градоналникот Ристески посака добро здравје, среќа и многу успеси, а на сите донатори и добронамерници кои учествуваа во изградбата на овој свет храм им се заблагодари и воедно ги повика секогаш да бидат дел од создавањето на трајните вредности.

_mg_6373

_mg_6349

_mg_6359

Црквата „Света Петка“ доби и камбанарија, а во текот на утрешниот ден во раните утрински часови, ќе биде служена и Света божествена архиерејска литургија.

_mg_6252

Изложба ,,Циклични пулсирања,, од уметникот Слободан Милошески

f-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8-6-7

Во петок 28.10. 2016 во 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде отворена изложбата ,,Циклични пулсирања,, од уметникот Слободан Милошески.

Биографија

Слободан Милошески е роден на 02.05.1977 во Охрид. Во 2001 год дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во 2009 год, дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарствo. во Скопје. Во 2011 год. магистрира на Факултетот за ликовни уметности, на област вајарство, во Скопје. Моментално е докторант на Националната уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „скулптура“. – Работи како доцент по предметите вајање и вајарски техники на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. -Член на Друштво на ликовни уметници на Македонија од 2009год.

Слободан Милошески има реализирано 16 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 40 групни изложби во земјава и странство, како во: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Чешка и др. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015год. , како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год.

a3-got-a

Реализирани скулптури во јавен пристор:

-2008-Скопје-Скулптура во паркот на Франкофонија;

-2010- Скопје-Спомен обележје на Првото заседание на АСНОМ;

-2011- Скопје-Две скулптури наменети за фасадата на објектот МНР;

-2011 -Скопје-Скулптура на Живко Чинго;

-2011-Скопје-Скулптура на Ристо Шишков;

-2012-Скопје-Скулптура „Муза“ наменета за фасадата на објектот „Стар театар“;

-2013-Скопје-Скулптура на Кузман Шапкарев;

-2014-Скопје-Скулптура на Јоаким Крчоски;

img_3265

За „ЦИКЛИЧНИ ПУЛСИРАЊА“

-КРИТИКА –

Слободан Милошески е зрел автор од помладата генерација која моментално твори на балканската уметничка сцена. Она по што овој автор се одвојува од останатите е неговата перманентност во работата и активизмот, подеднакво на општествено ниво на делување, како и на интимна уметничка профилација. Слободан Милошески во рамките на хибридната македонска ликовна сцена со својата работа трајно се афирмира како амбициозен автор, феномен чиј поетски дискурс е заснован на постулатите на модерната европска скулптура и нејзината синтеза. Тој низ неговата работа ја преферира претпоставката дека скулптурата е повеќе уметност на масата, отколку на просторот. Овој автор развива конструирана скулптура во една врста апстракција, слична на руските конструктивисти, со идеја таа да се трансформира во симболичка форма или динамичка структура…

Проф.д-р Џемил Бектовиќ

Слободан Милошески и неговите кинетички скулптури, односно необични геометриски објекти, инсталации кои ствараат игра на светлината и сенката, на прв поглед се спротивставуваат на науката, кога го анализираме материјалот од кој се направени. Секоја од неговите скулптури е приказна сама за себе, која изгледа магично, а по малку и нестварно. Конопот на металната конструкција, пилевината, кучината и акрилните бои се материјали преку кои на еден суптилен начин ја одразува извонредната имагинативна енергија и континуитетот во творењето , бавејќи се со естетика и со ликовни компоненти, потполно надвор од актуелните или водечките стилски формации.

Најголема награда за еден уметник е кога неговото дело е видено, како и разбрано или доживеано од страна на гледачот со целосната идеја која тоа ја носи. Пораките на уметнички опус на Милошески се со универзален карактер, раскажани преку универзални симболи претставени на еден многу личен и непосреден начин…

м-р Јасмина Фортиќ

Апстрактните конструирани скулптури на Слободан Милошески богати се со неисцрпен енергетски потенцијал во изразување на субјективната визија. Во нивната затворена или отворена морфологија доследно донесуваат компактни карактеристики на линиската цврстина и рационализам во изведбата. Тие се повеќедимензионално меѓусебно поврзани и заеднички се помагаат и надополнуваат во својата примарна намера да остварат одржливост во просторно и сореално коегзистирање. Заради тоа може да се констатира дека строго и донекаде агресивно го дефинираат, ограничуваат, а би можело да се каже и артикулираат просторот во кој се наоѓаат.

Од семиолошко-информационен карактеристики на овие скулпторски дела се формираат заклучоци за значењето на целокупната поставка, како и за отвореноста или затвореноста на системот на овие објекти. Комбинацијата на материјали со која овде визуелно, па и тактилно, се сретнуваме ја дообликуваат приказната која условно тука постои.

На крај треба да споменеме дека овде е остварен еден систем во кој самиот уметнички објект и публиката остваруваат комуникација која истовремено може да се случи на неколку различни нивоа на свеста. Поради тоа овие дела ствараат веројатни светови, надвор од светот на стварноста, зошто тие не се занимаваат со нештата какви се, или какви биле, туку такви какви би можеле да бидат. Оваа констатација во принцип најмногу е заснована од потребата и можноста за визуелна и естетска рецепција.

Проф. д-р Фехим Хусковиќ

Денеска се слави Света Петка, заштитничка на жените

Иако ја викаат Црна света Петка, луѓето веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести. Поради тоа, народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

 

sveta-petka-paraskeva-640x432

Православните верници денеска ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Петковден како домашна слава се празнува со служби посветени на св. Петка, а го празнуваат голем број македонски семејства.

На Петковден именден слават Петко, Петкана, Параскева, Пенка.

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува утре. Сите три името го добиле бидејќи биле родени во петок кога (пред христијанството) Евреите се подготвувале да го одбележат празникот и неработен ден – сабота. Уште од тоа време Параскева значи подготовка.

Според житието на св. Петка Епиватска, таа е родена во Епиват во Тракија, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на 10 век. Нејзините родители биле од словенско потекло, побожни луѓе, па така ги одгледувале и своите деца. Параскева била многу мала кога покажувала интерес за монашкиот живот. Имала брат Ефтимие, кој подоцна станал епископ мадитски.

Параскева живеела со своите родители до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, па во јорданската пустина (денешен Израел) каде што живеела во пост и во молитва до староста. Се вратила во родниот Епиват каде што по две години се упоколила, според житието, во 11 век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во романскиот град Јаши.

Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.

Има уште два празника посветени на св. Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка) која се слави на 8 август, и Преподобна маченичка Петка (Икониска), која се одбележува на 10 ноември. Денешната се нарекува и Црна света Пека бидејќи светицата секогаш била облечена во црно.

ИЗГУБИЛА 50 КИЛОГРАМИ ОД ЗАПРОСУВАЊЕТО ДО СВАДБАТА: Еве на кој начин

Невестата Хејли Смит (24) стана популарна на Инстаграм, откако хронолошки го документираше своето слабеење во изминатата година.

nevesta-4-640x640

Минатата недела, Хејли се омажи со својот свршеник Мет, а на денот на свадбата таа имала 50 килограми помалку отколку на денот на запросувањето.

Она што ја мотивирало најмногу да се ослободи од вишокот килограми, биле фотографиите од запросувањето, на кои таа не си се допаднала.

1nevesta-2

“Кога ги погледнав фотографиите од запросувањето воопшто не се препознав себе си. Плачев затоа што тоа беше еден од најсреќните моменти во мојот живот, но истовремено се чувствував засрамено. Не разбирав како може Мет да биде со некој како мене. Откако ги видов фотографиите, сфатив дека е време за промена”, раскажува оваа невеста.

Таа сфатила дека мора да почне постепено, па наместо веднаш да се фрли на тешки вежби и драстични диети, започнала со воведување на две здрави навики неделно.

2nevesta-2

Она што смета дека и помогнало најмногу била одлуката да не јаде после 8 часот навечер и да јаде надвор од дома само два пати во неделата. Исто така, таа вели дека многу и помогнало тоа што си поставувала остварливи цели, кои ја мотивирале да продолжи кога ги остварувала.

Сега, таа вели дека е пресреќна затоа што на свадбата можела да го носи фустанот од соништата, а со своите фотографии на Инстаграм сака да ги мотивира сите останати девојки кои не веруваат дека малите промени можат да имаат големи ефекти врз нивниот изглед и начин на живот.

 

Судбоносен твит: Поради овој твитер напис, Трамп се кандидира за претседател

Расел Штајбер е твитерџија кој му ја „даде“ идејата на Доналд Трамп за кандидатура на претседателските избори во САД.

tviter

Во 2013 година, преку Твитер тој му се обратил на Трамп со предлог да се кандидира, испровоциран од коментарите на Трамп по втората инагурација на Барак Обама.

-Во тој момент сакав да реагирам, па се обидов да го испровоцирам и да изреагира на она што го напишав. Па така мислев дека ќе го испровоцирам со зборовите дека Обама „ја мрзи„ Америка и дека треба да се кандидира за претседател. А тој на тоа ми одговори да се пазам, вели Штајбер.

Извесен период по тој твит, Трамп навистина се кандидира за претседател на САД, па многумина дури и самиот Штајбер смета дека тој е „виновникот“ за кандидатурата на Трамп.