дома блог страница 5079

„Запалена“ келнерка има секс со муштерија среде кафуле (ВИДЕО/+18)

Сигурносните камери од едно кафуле го снимија моментот во кој келнерката и гостин имаат секс среде терасата на локалот, бесрамно како да ќе нема утре.

received_10209432101590946

Двојката во сексуалниот занес не само што заборавила на камерите, туку и дека има уште една келнерка во кафулето.

“НЕСТОР ГОЛ” ГАЗИ: Нов погодок за прилепската гол машина

609561220-u12096383830mkg-u170142732600f4d-620x349gazzetta-web_articolo

“Нестор Гол”, како што популарно го нарекуваат нашиот Илија Несторовски навивачите на Палермо, повторно стрелаше и го постигна својот 4 погодок во итлијанската Сериа А.

На натпреварот од десеттото коло против Удинезе кој сеуште е во тек, нашиот Иле прецизно стрелаше во 10-та минута и му донесе водство на неговиот тим. Задоволството е поголемо поради тоа што на голот од Палермо стои Гркот Карнезис.

Удинезе изедначи на 1:1 со голот на Теро во 36-та минута.

Турски бизнисмени во посета на Прилеп

_mg_6917

Триесетина турски бизнисмени од Измир, Република Турција, од 17 различни сектори (градежништво, текстил, металургија, рударството, мермер и руда, производство на храна…), кои присуствуваат на меѓународната конференција “Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион”, во организација  на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во вториот работен  ден од својата работна посета во Р.Македонија, го посетија и Прилеп. Имаа средба со градоначалникот, Марјан Ристески, како и со општинскиот  тим  на ЛЕР и одделенито за управување со недвижен имот, а  остврија средби и со бизнисмени од прилепски компании. При оваа средба градоначалникот ги запозна гостите со можностите кои Прилеп ги нуди за инвестирање во ТИРЗ, можноста  за соработка со прилепскиот бизнис сектор и со условите и можностите, кој овој град ги нуди за бизнис соработка со странски и домашни инвеститори. Во рамките на овие бизнис средби за унапредување на економскиот развој  и  изнаоѓање   заедничка соработка, турските бизнисмени од  Измир, во Прилеп, ја посетија и текстилната компанијата „Комфи Ангел“, при што се запознаа со менаџерскиот тим, организацијата на работа на компанијата и со нејзиното производство.

_mg_6890
_mg_6893

_mg_6920

_mg_6923

_mg_6925

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ГО ЗАКОПА УДБАШОТ БОГОЕВСКИ: Богоевски има мрачна улога во македонската политика, токму тој е пријател и соработник на Кондоминас

Не е точно дека грчкиот бизнисмен Кондоминас сугерирал Груевски да биде министер, премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот лидер на партијата и премиер Љубчо Георгиевски за РСЕ.

ljubco-georgievski-slobodan-bogoevski

Тој вели дека Кондоминас нема врска со приватизацијата на Окта, туку дошол подоцна со приватизацијата на Телеком.

РСЕ: Господине Георгиевски, поранешниот шеф на УБК, Богоевски за време на вчерашното гостување во Топ тема на Телма телевизија, меѓудругото изјави дека вие сте го поставиле лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Груевски за министер за финансии за да го потпише договорот за продажба на ОКТА, а подоцна и по предлог на грчкиот бизнисмен Димитри Кондоминас да стане лидер на партијата. Како реагирате на ваквите тврдења на Богоевски?

-Можам да ви кажам дека прво моето мислење за Слободан Богоевски е дека е еден од најмрачните ликови на севкупната македонска транзиција и мене ми е жал што ,нели, сега во ова време на критика на актуелната власт, која заслужува и треба да се критикува им се дава шанса на секакви луѓе кои просто не заслужуваат ништо друго освен да бидат игнорирани од времето. Значи за политичкиот дел на Слободан Богоевски можам да зборувам многу за да ја потврдам таа негова мрачна улога во севкупната македонска политика. Што се однесува сега малку на делот за Кондоминас. Сакам да ја потсетам македонската јавноста на неколку работи дека ако некој му е познаник, да не речам пријател на Кондоминас тоа е господинот Слободан Богоевски и ,според моја информација, нивното познанство датира од времето кога министер беше Фрчковски и онаа фамозна приказна за доаѓањето на некој грчки генерал кој го криеле овде во Македонија, а за тоа наплатиле пари. Значи од тогаш датира пријателството на Кондоминас со Богоевски, а подоцна исто така со, нели, некои информации кои ги имам нивното пријателство се зголемува до таму што куќата што ја имал Слободан Богоевски на Водно ја продава за над милион евра на Кондоминас, а син му одредено време е директор на фирмата на Кондоминас овде во Македонија и на крајот само ќе ве потсетам дека делото за кое лежеше затвор господинот Слободан Богоевски, затоа што фалсификувал потпис на Кондоминас и на тој начин му има узурпирано имот кој се наоѓа некаде на територијата на Скопје.

Е сега тоа е за релацијата Кондоминас – Богоевски. За релацијата на Кондоминас со нашата Влада најодговорно тврдам за времето кога се приватизираше ОКТА никој од Владата на Република Македонија немаше чуено, ниту пак, Кондаминас се појави во Македонија кога се приватизираше ОКТА, ниту имаше некаква улога во приватизацијата на ОКТА.

Целата приватизација одеше во директни преговори до грчки владини претставници. Јас ќе ве потсетам само колку пати доаѓаа грчки министри за да се заврши целата таа приватизација. Кондоминас се појави во Македонија со приватизација на Телеком, меѓутоа никој од Македонија него не го бараше, туку него во Македонија го донесе Дојче телеком. Јас првпат со Кондоминас се имам запознаено кога во Македонија доаѓа еден од директорите на Дојче телеком и го претставува Кондоминас како партнер. Тоа е најодговорно што ви го тврдам. Не знам какво било пријателството меѓу Кондаминас и Никола Груевски, немам таков впечаток од тоа време и немам некои посебни детали, меѓутоа дека Кондоминас сугерирал Никола Груевски да биде министер, премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е комплетен нон-сенс, тоа е толкување на еден човек кој се има комплетно искомпромитирано пред правниот систем на Република Македонија и сега сите му се криви. И повторно потенцирам дека Слободан Богоевски треба да ни го раскаже неговиот однос со Кондоминас, колку време се пријатели, каков бизнис однос имале и како дошло на крај тој да му го узурпира имотот на Кондаминас. Никој друг не му е крив, освен тој самиот, истакна тој.

Извор: Инфомакс

Едицијата „Црните страници на УДБА“ промовирана пред прилепчани

_mg_6658

Едицијата „Црните страници на УДБА“ ,која неодмна беше издадена од страна на Државниот архив на Македонија, денеска беше промовира во Прилеп. Промоцијата се одржа во преполнетата сала на Градската библиотека „Борка Талески“, на која граѓаните на Прилеп се интересираа за направените извештаи од тајната полиција во кои е опишано што се случувало во Македонија во периодот од 1945 до  2000 година. Едицијата,во присуство на градоначалникот на Прилеп, г-н Марјан Ристески,политички функционери ,претставници од граѓански здруженија и граѓани,  ја промовираше директорот на Државниот архивот на Р. Македонија, Филип Петрески, кој го истакна значењето на оваа едиција ,која,како што истакна тој, преставува шокантна вистина за сведоштвото во едно време  кога била супресирана каква била мисла што била надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на тогашната власт. „За жал,досиејата  потврдуваат дека тајните службите дејствувале по старите методи и по одвојувањето на Македонија од СФРЈ.Идеолошките следења продолжиле и по падот на комунистичкиот режим се до 2000 година“-истакна директорот на Државниот архивот на Р. Македонија, Филип Петрески.

_mg_6632

_mg_6638

 

_mg_6647

Едицијата „Црните страници на УДБА“  содржи девет тома, во  16 книги и 13500 страници тематски наловени,според содржината на досиејата  и личностите,кои биле предмет обработка од УДБА,меѓу која е и онаа од првиот претседател на Р.Македонија,Методија Андонв Ченто.

При оваа пригода на ќерката од првиот претседател на президиумот на АСНОМ и првиот претседател на Македонија,  Методија Андонов и беа врачени верни копии од документи и досиеја за нејзиниот татко.

_mg_6634

_mg_6649

_mg_6661

 

Министерката за култура во посета на Прилеп

_mg_6728

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска заедно со градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј- Прилеп каде е завршена реализацијата на основниот проект за ПРЕПОКРИВАЊЕ на административната зграда, археолошка поставка, депоата за икони, археолошки и етнолошки експонати.

_mg_6668

_mg_6670

_mg_6683

_mg_6700

„Заводот за заштита на спомениците го реализираше проектот за непосредна заштита на административната зграда (поставување термо и хидриозолациона заштита и замена на керамидите) во која е сместена институцијата која ја сочинуваат 5 објекти (депоата со археолошки материјал, зградата каде се наоѓа етнолошкото и историското депо како и зградата во која се сместени канцеларии и депото за големите керамички експонати, административните простории, постојаната археолошка поставка, библиотеката и постојаната етнолошка поставка).

_mg_6712

_mg_6720

_mg_6738

_mg_6777

_mg_6838

_mg_6860

Слободно можам да кажам дека навистина бројни се инвестициите на Владата и Министерството за култура во општина Прилеп“.

Министерката и градоначалникот Марјан Ристески го посетија и манастирот Трескавец каде во тек е обновата на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата  во манастирот Трескавец. Министерката посочи дека се се одвива според предвидената динамика, а целосната реализација на обновата на опожарените конаци е предвидена за 2018 година.

Детали: Откриен идентитетот на прилепчанката што синоќа беше прегазена во Скопје

soobrakjajka-soborna-5-640x427

Дваесет и три годишната Ќ.А. од Прилеп е девојката која вчера вечерта беше прегазена на пешачки премин во близина на Соборниот храм.

Сообраќајната несреќа се случила околу 22 часот на булеварот „Климент Охридски“, кога 32 годишниот Љ.С. управувајќи „Голф“ удрил во девојката.

Истата итно било пренесена во Ургентниот центар каде и се контатирани тешки повреди, внатрешно крварење во глава, фрактура на череп, фрактури на десна потколеница и десно рамо. Извршена и е хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност.

ВНИМАВАЈТЕ: Ова се опасностите кои ги демнат возачите на есен

1-1

Иако многумина сметаат дека зимата е најопасниот период од годината за возење (и во многу аспекти тоа и е благодарение на обилните врнежи од снег, замрзнување на дождот и мрзнење на коловозот), сепак и возењето во есен, исто така, им амногу опасности и предизвици.

Токму затоа, РСБСП укажува на некои важни работи на кои возачите треба посебно да внимаваат во овој период од годината:

Проверете го вашиот автомобил

Во овој период од годината, задолжително направете основен преглед на течностите во возилото, воздушниот притисок во гумите, бришачите, сопирачките, моторот, како и останатите критични делови. Не дозволувајте да ви откаже некој дел од возилото бидејќи и со повик наслужбите на кои основна дејност им е помош на патот и се секогаш на располагање, со само еден телефонски повик за помош, кога ќе се најдете на пат или на некое високо планинско место кое е изолирано од поголемо населено место,пристигнувањето на екипата за помош може да бара одложување на неколку часа пред таа да се појави.

Внимавајте на листовите

Свежо паднатите лисја може да предизвикаат голема опасност на патот. Влажните лисја може да предизвикаат лизгање на возилото – што дефинитивно не е нешто што сакате да ви се случи кога ќе возите по кривулести планински патишта.

Сувите лисја кои летаат од возилото може да влезат во тесните пукнатини во шасијата и во другите делови на подвозјето на возилото.

Избегнувајте да возите навечер

Есен е кога „го враќаме назад времето“ на нашите часовници и на крајот на денот тоа значи порано заоѓање на сонцето и намалена видливост на патиштата.

Имајте го ова на ум кога одите на пат во есен, тоа е исто како да возите на непознат (и со лисја покриен) пат. Ваквите патишта по зајдисонцето можат да бидат опасни.

Бидете особено внимателни на пат со оштри или заоблени кривини или пак на оние со големи стрмнини и внимавајте на останатите учесниц во сообраќајот, возачи, пешаци и велосипедисти.

Бидете внимателни на замрзнатите патишта

Мразот особено преовладува во некои делови од земјата во текот на месеците октомври и ноември, особено на местата со висока надморска височина.

Доколку сте во можност,  порано од законската обврска овозможете му на вашето возило зимски пневматици (наречени „зимски гуми“ во индустријата за гуми) пред да заминете на експедиција на есенско возење, а воедно бидете сигурни дека вашите сопирачки и светла функционираат правилно.

Внимавајте на мразот. Тој може да изгледа како мала локва вода, да ве залаже да возите побрзо, а со тоа да се најдете во потенцијална опасност.

Запомнете, мостови обично се покриени со мраз иако останатиот дел од патот не е (главно поради студениот воздух кој не може да циркулира над и под патот), па бидете дополнително внимателни кога преминувате на мост во текот на ладните есенски и зимски денови.

Внимавајте на останатите учесници во сообраќајот

Да се доловат убавите есенски пејзажи и да се искористат последните есенски зраци е доволна причина сите учесници во сообраќајот да ги управуваат своите возила со помала брзина од вообичаената и под одвлечено внимание.

Ваквото однесување може да предизвика опасни ситуации за сите возачи и за сите останати учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, мотоциклисти). Држете поголемо растојанието меѓу себе и возилото пред вас, особено кога возите на опасни патишта.

РСБСП советува – грижете се за вашиот автомобил и тој ќе се грижи за вас!

АНАЛИЗА: “Шарената” математика (лага) на СДСМ за повратот на ДДВ

СДСМ започна да работи активно и енергично, да не речам „бомбастично“, започна да промовира мерки, да дава предлози, идеи, да ветува, со еден збор, да води предизборна кампања. Нешто невообичаено за нив, но ете и тоа се случува. И навистина ваквиот начин на работа е далеку подобар за една партија отколку претходното „бомбардирање“ со телефонски муабети, но и насилни протести и дигање тензии.

matematika

                Во овој период треба да дојди до израз креативност и идејноста на партиите и нивните лидери и да се промовираат нивните визии за иднината на Република Македонија. А гласачите се тие кои ќе одлучат на која партија ќе и ја дадат довербата и ќе и го доверат мандатот да владее во наредните четири години, или барем до наредните предвремени избори.

И ете стигна и првата предлог мерка на СДСМ, промовирана лично од страна на лидерот Заев-на граѓаните ќе им враќаат по 15% од платениот ДДВ. Односно, секој граѓанин ќе си добие назад 15% од ДДВ-то што тој го платил во годината. Додуша, не им е првпат да ја промовираат оваа идеја. Тоа го направија за прв пат есента во 2013 година, па потоа се зафатија со други „бомбашки“ активности, за пак сега повторно да ја актуелизираат старата идеја.

Според Заев и СДСМ, благодарение на оваа мерка на крајот на годината граѓаните ќе добивале една плата гратис од државата, демек тринаесетта плата. Или како што рече самиот Заев на средбата со граѓаните во Валандово:

„Сите ние граѓани плаќаме секој ден за се што значи наш живот. Секаде го плаќаме данокот на додадена вредност. Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ДДВ внатре. Ние предлагаме 15 проценти од тоа ДДВ што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за се што плаќаме, 15 проценти да се врати назад кон граѓаните.  И додаде: „Тоа ќе обезбеди годишно 30 илјади денари, односно, уште една плата повеќе во секое семејство. Со тие пари граѓаните може да си ги платат давачките, трошоците, извршителите, кредит да вратат, или дел од кредит да вратат, да купат нова соба на младите дома, да може да платат годишен одмор. 30 илјади денари секое семејство ќе има дополнителен приход“.

Да немав барем малку познавања во тоа како функцинира даночниот систем во Република Македонија можеби и јас малку ќе се подзамислев – па не е така лошо да се земи уште една плата-тринаесетта, четиринаесетта ако подобро се снајдам. Мислам тука нема ништо лошо.

Но, пресметката не вели така. Прво, одма ќе го демантирам-во потрошени 1.000,00 денари имаме меѓу 48,00 и 153,00 денари платено ДДВ , во зависност од тоа дали сме купиле стока или сме користела услуга оданочена со 5% или 18% ДДВ. Еве да земиме една просечна плата во Република Македонија од 20.000,00 денари. Велам просечна, а после ќе го пресликаме ова и на најниската плата. Да земиме едно просечно семејство од четири члена-двајца полнолетни и двајца малолетни, да не речам двајца работоспособни и двајца издржувани. Ако во едно семејство имаме еден вработен (нели таква беше политиката на СДСМ-по еден вработен во секое семејство) со просечна месечна плата од 20.000,00 денари, тогаш тоа семејство не можи да потроши повеќе од тие 20.000,00 денари. Во Република Македонија денес постојат две даночни стапки за ДДВ-редовна од 18% и повластена од 5%. Да претпоставиме дека целата плата се троши за набавка на стоки и услуги (што во никој случај не е така) кои се одданочени со 18% ДДВ. Тоа значи дека овој граѓанин или ова семејство месечно и плаќа на државата 3.051,00 денари ДДВ. Според пресметката на Заев и СДСМ, ова семејство би остварило поврат на ДДВ во висина од 15% од платениот ДДВ, а тоа би било 458,00 денари месечно или 5.496,00 денари годишно. Еве признавам, износот и не е мал. Ама овде ставивме една претпоставка-дека целата плата ќе се троши за набавка на стоки и услуги оданочени со 18% ДДВ. Но, тоа во реалноста не е така. Со 18% се оданочени пијалоците, кафето, цигарите и други стоки и услуги кои можиме да ги сметаме за луксузни. А додека целокупната храна се оданочува со 5% ДДВ. Е сега ако примениме 5% ДДВ на истиот износ од 20.000,00 денари и добиваме дека месечно ова семејство би платило ДДВ во износ од 952,00 денари, при што би добило поврат на ДДВ во износ од 143,00 денари месечно, или 1.716,00 денари годишно.

Месечно примање 20.000,00 20.000,00 10.080,00 10.080,00
Даночна стапка 18% 5% 18% 5%
Платен ДДВ 3.051,00 952,00 1.538,00 480,00
Поврат на ДДВ 15% (месечно) 458,00 143,00 231,00 72,00
Поврат на ДДВ 15% (годишно) 5.496,00 1.716,00 2.772,00 864,00

Овде имаме и друг проблем. Математиката ја применивме на просечната плата од околу 20.000,00 денари. А просечната плата не ја земаат сите граѓани. Овде не мора да споменам дека и покрај сите напори на Владата на ВМРО ДПМНЕ, за зголемување на пензиите, просечната пензија е пониска од просечната плата. Ако ја применам оваа пресметка на најниската плата од околу 10.100,00 денари ќе добиеме уште полоши резултати за СДСМ. Во овој случај семејството или граѓанинот би добил поврат на ДДВ меѓу 900,00 денари и 2.700,00 денари годишно, што е секако далеку под оние 30.000,00 денари што Заев и СДСМ ги промовира.

И на крај да ставам до знаење дека не сите деловни субјекти, односно фирми се обврзани да се регистрираат за ДДВ обврзници. Пример, занаетчиите (бербери и фризерски салони), пазарџиите од зелените пазари, маалските дуќанчиња, кои имаат мал обем на промет, немаат обврска и не се регистрирани како ДДВ обврзници. А токму добар дел од своите примања граѓаните ги трошат кај овие фирми. Во таков случај граѓаните нема да добијат право за поврат на платениот ДДВ. Или пак, за да обезбедат поврат на платениот ДДВ, граѓаните нема да купуваат од овие фирми. А тоа значи крај за работењето на овие фирми и отпуштање на вработените од таму.

Мојата пресметка многу отстапува од она што Заев и СДСМ се обидуваат да му го „продадат“ на македонските гласачи. 30.000,00 денари годишен поврат на ДДВ е неверојатен за едно просечно македонско семејство, во кое има дури и двајца вработени со месечни примања од две просечни плати или околу 40.000,00 денари.

Но, ако ја свртиме пресметката обратно и тргнеме од овие фамозни 30.000,00 денари што треба да се остварат како поврат на ДДВ за едно семејство, тогаш тоа семејство треба да оствари месечна потрошувачка помеѓу 110.000,00 и 350.000,00 денари.

Месечно примање 110.000,00 350.000,00
Даночна стапка 18% 5%
Платен ДДВ 16.780,00 16.667,00
Поврат на ДДВ 15% (месечно) 2.517,00 2.500,00
Поврат на ДДВ 15% (годишно) 30.204,00 30.000,00

Ваква потрошувачка или ваков стандард имаат многу мала група на граѓани во Република Македонија. Евентуало, само оние што „рентаат“ станови на сопствените фирми  од околу 5.000 евра месечно.

Да заклучиме, СДСМ повторно се обидува со ситни трикчиња да ги залажи граѓаните. Оваа нивна мерка не е ништо друго туку една голема лага од типот на онаа од 2002 година за еден вработен во секое семејство. Ова е обична глупост што нема никаква врска со реалноста, ниту пак можи да се спроведи во дело. Таа служи само за замајување на јавноста и евентуално залажување на нивното членство дека, еве раководството почнало веќе нешто да работи. Меѓутоа, со ова тие само ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Нека не се чудат кога повторно ќе ги загубат изборите во декември. Едноставно, СДСМ овие 10 години не научи дека граѓаните не им веруваат на нивните „шарени“ математики.

 

Иле Тасески

Авторот на текстот е Дипломиран економист

Вакцинација против сезонски грип: Колку се безбедни вакцините?

Со 5000 дози на располагање, денеска во скопскиот Центар за јавно здравје почнува вакцинацијата против сезонски грип.

 

vakcinacija2

И годинава државата набави околу 27.000 вакцини од холандски производител кој штити од три типа на вирусот. Иако пикот се очекува во јануари и февруари, во институтот за јавно здравје веќе регистрирале педесетина заболени со симптоми на грип.

TВ Нова за деталите на оваа тема, зборуваше со епидемиологот Лилјана Лазаревска.

„Се препорачува вакцина на сите пациенти што се над 65 годишна возраст, лица кои имаат хронични заболувања независно од возраста, лица кои имаат контакти со други лица, здравствени работници, лица кои пружаат нега на деца помали од 6 месеци, затоа што вакцината може да се даде на деца над 6 годишна возраст. Вакцината е пуштена во промет од страна на Агенцијата за лекови, со години веќе правиме вакцинација против грип“, истакна Лазаревска.

Целиот разговор, во прилог.