дома блог страница 5078

Познати добитниците на плакети и дипломи по повод 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

Во просториите на локалната самоуправа денеска беше оддржана прес конференција на која Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија ги соопштија овогодишените добитниците на плакети и дипломи – 3-ти Ноември.

_mg_6945

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски бранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски

_mg_6955

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.

b7c53f99c83ef521b88a7d7b924058187bef5aeb57081551a9pimgpsh_fullsize_distr

 

Прилепчанец дел од најдобриот македонски тим во Counter Strike GO: Moмците се на пат да го освојат Балканот

p1_2051122_a4f78a0c

Прилепчанецот Димитар Андоноски е дел од најдобриот македонски тим во играта Counter Strike Global Offensive.

Tимот “Levelone” во кој покрај Димитар (NVD) членуваат и Анел Цековиќ (NENO), Семих Камил (osama), Јован Деребаноски (N1GHTMARE)  и Кристијан Куковски (KiLLerA), растура низ Балканот.

Денес дечките патуваат за Приштина, каде утре со почеток од 10:00 часот ќе  одиграат полуфинале на балканскиот турнир против домашната екипа “Кosova5 Team”.

Доколку утре победат, во недела ќе учествуваат во големото финале, за кое е обезбеден live stream пренос со коментар на англиски јазик.

Од 16 тимови, од кои 15 се од Косово, нашите момци го освоија првото место во нивната група и стигнаат до завршните два меча.

Им посакуваме среќа и очекуваме радосни вести од Приштина.

Џудо федерацијата денес ќе го одбележи “Светскиот ден на џудото”

judo-day-2016

Под мотото „Џудо за светот“ Македонија, Џудо федарацијата на Македонија, македонските џудо клубови, џудисти, тренери и спортски работници шеста година по ред ќе го одбележат светскиот Ден на џудото, 28 октомври.
Годинашниот фокус на прославата на светскиот Ден на чудото кој се чествува во чест на роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано е насочен кон темата „Џудо за сите“ која заедно со претходните теми „Обединетост“ (Unity), „Чест“ (Honour), „Упорност“ (Perseverance), „Џудо за сите“ (Judo for all) и „Почит“ (Respect) означува дел од принципите на џудото.
judo-day
Денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо. Интернационалната џудо федерација брои повеќе од 200 национални федерации и пет континентални сојузи.
Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг. Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да се помогне да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.

ЖУРНАЛ: Пристигна експертот од „Ериксон“- случајно или не, тој е од Италија

Експертот од „Ериксон“, од кого зависи конечното извршување на судските наредби за постапувањето на СЈО во МВР пристигна во земјава.

janeva_pred_mvr_noke1

Според информациите  кои ги објави ЖУРНАЛ, случајно или не, експертот е од Италија. Неофицијално, СЈО директно контактирале и договарале со „Ериксон“ кој експерт да дојде во Македонија.

-Пристигнувањето на експертот од шведската телекомуникациска компанија доаѓа откако претставниците на СЈО ја увидоа грешката која ја направија со упадот во УБК и соочени со аргументите ги прифатија сугестиите на професионалците од УБК, повикувајќи ги систем инженерите на Ериксон комуникации – Македонија, кои се единствено овластени да влезат во системот и да ги обезбедат информациите кои што ги бара СЈО. Систем инженерите на „Ериксон“ во Македонија известија дека нивото на нивна обученост не овозможува постапување по барањата наведени во судската наредба, односно дека за таков вид на пребарувања е потребен ангажман на систем инженери со повисоко ниво на знаење. Предлогот од страна на компанијата беше таков експерт да се повика од централата на Ериксон, пишува порталот.

Јавноста го памети писмото на опозицискиот лидер Зоран Заев испратено до Зоран Верушевски што беше запленето во „Пуч“, а во кое што тој кажуваше дека бил во контакт со една странска амбасада за да му обезбеди дозвола за работа.

-Работата која ја чекавме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив многу високи познаници од партијата на премиерот, се вели во писмото на Заев до Верушевски.

-Наводната инволвираност на италијанската дипломатија и тајната служба во обидот за државен удар во Македонија, конекцијата со поранешниот прв разузнавач, првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, како и сите хронолошки фази од политичката криза во Македонија, беа предмет на анализата од петнаесет страници објавена пред неколку месеци на интернет-порталот „Balkanalysis.com“, посветена на случувањата изминатата една и пол година.

Според анализата, италијанската Агенција за надворешно разузнавање и безбедност (АИСЕ) е меѓу странските служби што поминаа најлошо во погледна компромитирањето, а перцепцијата оти амбасадорот Ернесто Масимо Белели и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соработувале за време на обидот за државен удар е длабоко вкоренета дури и во главите на децата на улица, стои во анализата.

Според авторите на обемната анализа, Италија можеби и не би била вмешана во обидот за државен удар да не беа два клучни момента:

– Прво, во рамките на т.н. чадор на западната дипломатија во Македонија, на Италија традиционално и е доделена улогата на покривање на СДСМ. Што се однесува до клучниот играч, ова е поврзано со шефот на контраразузнавачката агенција ДБK во времето на СДСМ, Зоран Верушевски, кој работел во македонската амбасада во Рим од 2007 до 2010 година – забележуваат двајцата новинари.

-Но, она што дефинитивно ги натерало да оценат дека нешто чкрипи во однос на релацијата со Верушевски е моментот кога тој сакал да се информира за условите за добивање виза за престој во Италија пред да биде уапсен во јануари 2015 година. Според авторите, се чини неверојатно дека во какви и да е услови Верушевски – лице со претходно искуство во Италија и со врски на високо ниво – би морал лично да дојде во амбасадата за информации за виза, пишува ЖУРНАЛ.

КУД “Мирче Ацев”-Прилеп: Амбасадори на македонскиот фолклор – ВИДЕО

untitled

Можеби малку се зборува и се посветува внимание на нив, но членовите на Културно уметничкото друштво “Мирче Ацев” -Прилеп се вистински амбасадори на македонскиот мелос и фолклор и вистинска гордост за градот под Maрковите Кули.

Нивните настапи низ светот се рај за очи и нешто што плени душа, а вредноста на тоа што го прават е непроценлива.

Ширењето на македонскиот фолклор, традиција и култура е нешто што треба на сите да ни значи, а за нив претставува задоволство и љубов.

Во продолжение погледнете го настапот на КУД “Мирче Ацев” на меѓународниот фолклорен фестивал “Велика Горица” во Република Хрватска.

Падна снег во Македонија: Снежен пејзаж на Попова Шапка (ФОТО)

sneg-sapka2-740x555-640x480

Попова Шапка утрово се разбуди покриена со бела снежна покривка. Ако сте љубители на планински воздух, викендов ќе биде навистина пријатен со услови за движење.

Во сабота ќе биде сончево речиси цел ден а Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: Западна и централна група планини јужна експонираност околу 9°С, северна експонираност околу 7°С.

На 1500 метри ќе дува Слаб ветер од север – северозапад, додека на над 2000 Слаб северен .

Во недела повторно ведро време низ сите планински региони.

Натпревар во прецизно слетување: “PRILEP OPEN 2016”

14705830_10207599024240471_5966857249593293144_n

Клубот “Skyriders” – Прилеп со поддршка од Локалната самоуправа на општина Прилеп, по трет пат го организираат натпреварот во прецизно слетување “PRILEP OPEN 2016”.

На натпреварот учество ќе земат натпреварувачи од Бугарија, Косово, Албанија и Македонија.

Натпреварувањето ќе започне утре, 29-ти октомври, со почеток од 09:00 часот  и ќе трае до попладневните часови наредниот ден. Местото за полетување е манастирот Трескавец Богородица.

Покрај натпреварувачки карактер, настанот ќе има и рекреативен карактер, па така предвидени се тандем летови по намалени цени.

 

 

ИМОТОТ НА СФРЈ ОДИ НА ТЕНДЕР: Колку ќе добие Македонија?

На меѓународен тендер ќе оди продажбата на дипломатско-конзуларните претставништва на поранешна Југославија кои се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и Њујорк како и стан на Менхетен.

ambasade-sfrj
 Ова е договорот што го постигнале петте држави наследнички на поранешна СФРЈ на состанокот во Словенија.

Имотот е вреден околу 42 милиони долари а земјите се согласиле дека таа може да се продаде по повисока цена доколку се распише меѓународен тендер кој ќе биде објавен во „Вашингтон пост“ и „Економист“.

Секоја земја нема да добие иста сума и прашање е колку од овие пари би добила Македонија.Србија се надева дека ќе и припадне третина, а слични побарувања има и Хрватска.

Овие објекти со години зјаат празни и на нив се фрлаат големи пари за одржување.На пример станот на Петтата авенија во Њујорк заклучен е од 1992 година и досега има „изедено“ 2,7 милиони евра.

jugoslavija-karta-drzave-520x249

Следниот состанок ќе се одржи во март во Белград.Досега се поделени 72 од вкупно 123 објекти.Поголемиот дел ги користи Србија како свои амбасади.

Државите наследнички на распаднатата СФРЈ: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија (денеска Србија) на 29 јуни 2001 година во Виена го потпишаа Договорот за прашањата околу наследството на СФРЈ.

stan-u-petoj-aveniji-njujor_620x0-520x389

 

Купила грепка само за да му докаже на сопругот дека џабе си ги троши парите – добила милион долари

rsjghfdgsdgfds

Жена од Северна Каролина, САД, сакала да му одржи лекција на својот сопруг во врска со лотаријата, но наместо тоа таа добила голема животна лекција.

Гленда Блаквел од Лестер била уморна од нејзиниот сопруг кој постојано трошел пари на лотарија. Во саботата, тој и рекол да му купи неколку ливчиња за лото извлекувањето. Наместо тоа, таа купила грепка од 10 долари.

– Јас само сакав да купам грепка колку да му покажам дека никогаш не се добитни. Понекогаш сум му многу лута и му велам: „Само си ги трошиш парите“, изјави Гленда за Си Ен Ен.

Очигледно Гленда треба почесто да му се лути на својот сопруг. Грепката што ја купила од лутина и донела 1 милион долари.

– Морав да си изедам зборовите, но вредеа да се јадат, рече Блаквел.

ОВА ЛИ Е НАШАТА ЦЕЛ ? Хрватски политичар ја откри вистината за ЕУ која се премолчува

untitled

Добро е познато дека Европската Унија се наоѓа во една од најголемите кризи од нејзиното постоење. По популарниот “Brexit” и излегувањето на В.Британија се поголеми се гласините дека на унијата и се заканува распаѓање.

Унијата не е совршена. Барем не онака како што се претставува во јавноста. Незадоволството на државите членки е се поголемо, особено на оние помалите. Гласот на економски слабите држави нема никакво значење во унијата.

Хрватскиот политичар Иван Перван се охрабри и ја откри вистината за унијата која до сега се премолчуваше. Тој го открива “пеколот” што го поминуваат малите држави во ЕУ. Во својот говор тој зборува за тоа колку унијата “помага” за подобрување на економијата, вработеноста, отворениот пазар и прави компарација на предностите и мааните.

Погледнете и проценете. Вреди ли да се вложува ваков напор за да се стане член на ЕУ ?

Ф.Г.