дома блог страница 5069

Децата со посебни потреби ја посетија Могилата на непобедените

Учениците од посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“, со градското вовче денеска направија обиколка низ градот и ја посетија Могилата на непобедените и рајската градина. За нивната радост да биде уште поголема, прошетката ја направија со атрактивното туристичко вовче. Неможеше да се сокрие радоста на нивните лица при посетата на рајската градина, каде покрај срнчето, ламите и другите рајски птици, најмногу им се радуваа на познатите пони коњчиња со кои и се сликаа.
Локалната самоуправа редовно се грижи за потребите на овие дечиња и за сите други, обезбедувајќи им подобри услови за следење на наставниот процес и редовно уредување на ова прекрасно катче на могилата на непобедените, на кое најмногу му се радуваат најмалите генерации.

[Best_Wordpress_Gallery id=”12″ gal_title=”Децата со посебни потреби ја посетија Могилата на непобедените”]

Завршија 31-вите Мариовско – мегленски средби

Градоначалникот Марјан Ристески и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли го означија стартот на четвртата по ред велосипедска тура и ги отворија 31-те по ред Мариовско – Мегленските средби.
Покрај велосипедска тура чиј старт беше од селото Манастир, оваа година имаше и планинско трчање, планинарење и аеробик со цел да се задоволат потребите на околу 700– тината учесници од Балканот и пошироко.
Велосипедскиот настан се одржува со поддршка на Локалната самоуправа, а придобивките се веќе препознаени и од страна на Владата на РМ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за истиот да биде дел од националната програма.
Реализицијата на ваков вит на манифестации го прави овој предел интересен за туристите.
На 31-те Мариовско – Мегленски средби кои се одржаа пред дворот на манастирот Св.Илија во с.Витолиште присуствуваа повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници со богата културно-уметничката програма.
Со овие традиционални средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите..
Она што е особено значајно за организацијата на вакви манифестации е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина.

[Best_Wordpress_Gallery id=”13″ gal_title=”Завршија 31 – вите Мариовско – мегленски средби”]

Отворена „Влашката соба“ во Крушево

Во Крушево свечено се отвори „Влашка соба“. Со тоа градот ја зголеми својата културно – туристичка понуда, а туристите сега имаат уште едно место кое задолжително мора да го посетат, кога ќе дојдат во „Градот музеј – Крушево“.

Пред многубројните присутни гости, се обрати градоначалникот на Општина Крушево, г-дин Ѓорѓи Дамчески кој истакна: „ Во нашиот град власите и македонците од секогаш живеат не еден покрај друг, туку еден со друг. Доказ за почитта кон нашите сограѓани од влашко потекло е и самиот факт, што со посебна одлука на Советот на Општина Крушево, влашкиот јазик е прогласен за официјален, со што Крушево е единствената општина во Македонија, каде влашкиот јазик е службен. Дамчески ја искористи приликата и им се заблагодари на сите стари крушевчани од влашко потекло, кои воопшто не се штедеа и со своите совети помогнаа успешно да се реализира проектот и на сосема автентичен начин да се претстави влашката култура.

„Влашка соба“ е само еден дел од проектот кој од почетокот на годинава, започна да го реализира општина Крушево. Во месец јули, ќе се промовира брошура каде ќе бидат запишани најзначајните податоци за културата и традицијата на Власите во Крушево. Во истиот период ќе се презентираат и автентични влашки носии кои веќе се изработуваат, а ќе се организираат и други промотивни настани. Проектот „Денови на влашката култура“ со 18 000 евра е финансиран од страна на Европска Унија, а имплементиран од страна на Советот на Европа, а со свои средства учествува и Општина Крушево.

[Best_Wordpress_Gallery id=”17″ gal_title=”Отворена „Влашката соба“ во Крушево”]

„Денови на Крали Марко“ по деветти пат

Легендарниот лик на Кралот Марко, кој историски нераскинливо е поврзан со Прилеп, по деветти пат е инспирација за организирање на културната манифестација “Денови на Крали Марко”.
Во негова чест во дворот на црквата „Св. Никола“ во Варош се одржа ликовна колонија, литературно читање и историски час посветени на ликот и делото на овој легендарен јунак. Учениците кои членуваат во историската секција од ОУ „Блаже Конески“ и ликовната секција од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ се потрудија преку своите изведби и дела да го прикажат ликот на Крали Марко.
Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која традиционално ја организира Локалната самоуправа, синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање со поетско читање на тема „Ликот на Крали Марко во македонската современа литература“
Со манифестацијата се одбележува годишнината од загинувањето на Крали Марко, а целта е промовирање на Прилеп како град каде што живеел овој легендарен крал.
Градоначалникот Ристески истакна дека во скоро врема во центарот на Прилеп ќе биде поставен споменик во чест на оваа легендарна и култна историска личност.

[Best_Wordpress_Gallery id=”14″ gal_title=”„Денови на Крали Марко“ по деветти пат”]

Посетена месноста каде загинал Никола Карев

Изминаа 110 години од смртта на  Никола Карев, првиот Претседател на Крушевската Република.

По тој повод делегација од општина Крушево, Советот на Општина Крушево, наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“, потомци на Карев како и претставници од НУ „Историски Музеј“ ја посетија месноста Свиланово , положувајќи цвеќе на местото каде во 1905 година херојски загина Никола Карев.

Во чест на Никола Карев свои творби прочитаа учениците од училиштата во Крушево и Кочани кои го носат неговото име.

– Горди сме на херојското дело на Карев и споменот за него го чуваме во нашите семејства. Првпат сме на местото каде што загинал нашиот дедо, изјавија Петар и Борис Кареви, внуци на Никола Карев кои беа дел од делегацијата.

[Best_Wordpress_Gallery id=”16″ gal_title=”Посетена месноста каде загинал Никола Карев”]