дома блог страница 5061

ФОТО: Презгодната Јулија се шета во танга

Сексапилната фитнес инструкторка и фотомодел Јулија Хилас со провокативни фотографии предизвика воодушевување кај своите фанови на социјалните мрежи.

 

1

Атрактивната и провокативна Јулија има околу четири милиони фанови на Инстаграм, секако поради фотографиите кои таа ги објавува.

2

Сега популарната инструкторка покажа дека во танга може да се појави и на улица.

5

3

4

Презентирана сеопфатната стратегија за образование за 2016- 2020 година

_mg_8873

Општина Прилеп денеска беше домаќин на „Информативна сесија за нацрт Сеопфатна стратегија за образование 2016-2020“. Стратегијата ги опфаќа сите нивоа на образование и има за цел да ја оствари визијата за сеопфатно, инклузивно и меѓуетнички интегрирано образование што се фокусира на ученикот и се базира на модерните програми кои ќе им дадат знаење, вештини и компетенции на идните генерации. Визијата што е определена со оваа стратегија се засновани на јасно утврдување на главните предизвици на образовниот сектор од кои произлегуваат приоритетите во кои треба да се внесат промени во временски период до 2020 година. Стратегијата исто така предлага и подолгорочни цели кои можат да се земат во предвид кога ќе се програмираат следните фази на развој на образованието во земјата.

_mg_8884

_mg_8874

_mg_8876

_mg_8877

_mg_8883

„Фото кино клуб“ од Прилеп со две награди

6484-foto-kino-klub-od-prilep-so-dve-nagradi-960x600-5

На овогодишниот меѓународен фестивалски аматерски и документарен филм во Битола, „Камера 300“, членовите на „Фото Кино Клуб“-Прилеп се закитија со две награди. Тоа беше поводот за средба со градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави, а воедно им честита на добитниците на награди посочувајќи дека ова е еден од најактивните клубови последниве години.

6484-foto-kino-klub-od-prilep-so-dve-nagradi-960x600-7

6484-foto-kino-klub-od-prilep-so-dve-nagradi-960x600-4

Интернационалното жири на членовите на „Фото Кино Клуб“-Прилеп им доделија две награди и тоа на: гиманзијалецот Горан Попоски за освоена награда Златна Камера 300 за најдобар докумнетарен филм и на Гоце Трајкоски кој ја освоил наградата за најдобра монтажа за неговиот филм „Ајвар“.

6484-foto-kino-klub-od-prilep-so-dve-nagradi-960x600-12
Клубот и понатаму продолжува со успесите на полето на филмот и фотографијата, како и со обуката на нови членови и презентацијата на Прилеп и прилепските автори низ целиот свет.

Во Косово уапсени 7 лица кои подготвувале напади на Балканот

Јавното обвинителство на Косово соопшти дека биле уапсени седуммина осомничени за врски со екстремистичката организација Исламска држава и за планирање напади на Балканот.

kosovo

Антитеростичката полиција, како што беше соопштено извршила акција во три градови на Косово.

Лицата имале контакти во соседните земји како Македонија и Албанија, а според јавното обвинителство, дел од нив се уште биле на слобода.

-Тие подготвувале терористички напади на територијата на Балканот, но најпрвин на Косово, наведува косовското обвинителство.

Подгответе се за невереме

nevreme1thb54ey54y54y5ytjtyj

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во вечерните часови во западните и северните делови со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

 

Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

До четвтрок времето се очекува да биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во среда се очекуваат обилни врнежи од дожд особено во западните, а попладнето и во источните делови. Во четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

 

Успешно започна акцијата „Од народ за народ“ во Прилеп

Донирајќи помош во облека, обувки, мебел и куќни апарати, викендов во Прилеп успешно беше спроведена хуманитарната акција „Од народ за народ“.

received_10209531104545958

Жителите од урбаните заедници „Вишне“ и „Аличаир“ и УЗ „Ѓордере“ и „Гоце Делчев“, во периодот од 10 до 14 часот овој викенд се покажаа хумани и ги донираа своите апарати, облека, обувки.

received_10209531106426005

received_10209531104785964

Акцијата продолжува да се спроведува етапно, а сите заинтересирани граѓани повеќе информации можат да добијат на телефонските броеви: 070/351-823 и 048 – 412 000.

 

ФОТО: Марјана со шлиц до папокот ги збесна мажите

Марјана Станојковска знае како се заведува, со шлиц до папокот таа ги остави мажите без сон.

149222711364244760253465566686674661264218njn65u56u56u5

 

Пронајден лек против ХИВ – едно лице целосно излечено

df21ghft4h5fth

Британец на возраст од 44 години стана првата личност во светот која се излечила од ХИВ вирусот.

Користејќи нова екпериментална терапија направена од тим научници од 5 британски универзитети, вирусот целосно исчезнал од неговиот крвоток и ако нема промени тој ќе остане првиот маж кој бил излечен од сида.

Марк Самјуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството, вели дека сеуште се истражува реалната слика од ова лечење во кое се вклучени 50 лица.

Тој вели дека ова е голем предизвик но дека сеуште е рано за се и покрај неверојатниот напредок.

 

Пијан Русин не знае како се вика, но знае дека Путин е претседател! (ВИДЕО)

putin-650x396

Овој пијан Русин стана „херој на денот“ откако една локална телевизија прикажа репортажа за несреќа која тој ја предизвикал.

Тој бил толку пијан што не можел да се сети на ништо…освен на тоа дека Путин е претседател на Русија!

Пијаниот возач не знаел како дошло до несреќата, од каде тој дошол зад воланот на автомобил со странски таблички, чиј е всушност автомобилот, колку алкохол испил…Заборавил се, освен она што му е важно – дека претседател на Русија е Владимир Путин.

ДАЛИ КРАЈОТ ВАКА МИРИСА: Сугарески заминал среде состанок на ЦК и не се појавил на Конгресот на СДСМ

Екс-координаторот на СДСМ Горан Сугарески денеска заминал среде состанок на Централниот комитет на СДСМ на кој биле затворани листите со кои СДСМ ќе се појави на изборите на 11-ти декември, дознаваме од извори во СДСМ.

 

sugareski-640x351

Покрај тоа што заминал среде состанок, Сугарески подоцна не се појавил ниту на конгресот на кој Заев, Шекеринска и останатите раководни лица на партијата на членството му понудија листи на кои нема 13 од 25-те пратеници кои во минатиот мандат ја водеа битката за СДСМ.

Покрај координаторот кој не е воопшто на листата на Заев и СДСМ, забележливо е отсуството и на Лидија Димова која беше задолжена за разноразни циркузи во Собранието и за злоупотреба на пратеничкиот имунитет шофирајќи го комбето на Платеничката револуција.

Сепак, се чини дека највидливиот револт околу листите на СДСМ е околу изоставувањето на екс-пратеничката Софија Куновска, која воедно беше и претседател на градската организација на СДСМ до попладнево. Незадоволна што нејзното име не е на листите кои ги скроиле Заев и партнерите, Куновска пред неколку часа ја достави својата оставка до раководството на партијата.

Незадоволството е забележливо и на социјалните мрежи каде активисти на шарената платеничка револуција исто така не го кријат разочарувањето што нивните имиња не се меѓу кандидатите на СДСМ кои ќе влезат во парламентот, иако Заев на големо ветуваше дека „прави пакт со граѓаните“ и ќе ги става на листа. Оваа реторика беше на сила додека се обидуваше Шарените платеници да ги претстави како граѓански сектор за да го подобри имиџот и рејтингот на партијата кај неопределените.

Ваквиот револт и нервоза кај сите во СДСМ е евидентен показател дека сите знаат каков ќе биде епилогот од изборите – ако СДСМ беше барем малку со идеја дека може да победи, немаше да има расправии бидејќи секој ќе можеше да најде место за себе во распределбата на власта.

Но кога знаеш дека одиш во сигурен пораз и дека пратеничкото место е единствено кое нуди имунитет и сигурна висока плата – и ќе ти го земе некој за кој Заев пресметал дека ќе му донесе повеќе поени – тогаш се случуваат работи како гореопишаните.

 

Извор: КУРИР