дома блог страница 5062

Јелена Карлеуша соучесник во убиството на познатиот новинар

Драган Карлеуша, екс-заменик началник на Управата за криминалистичка полиција, за српскиот весник Ало изјави дека на неговата ќерка, Јелена Карлеуша, и местат замешаност и убиство на новинарот Славко Чурувија.

karleusa-640x509

-Тоа се болни умови, ќерка ми беше во врска со Зоран Давидовиќ Чанда, но тој немаше ни едно кривично дело. Тоа што ќерка ми и Давидовиќ ги вплеткуваат во овој случај е чиста местенка- вели Карлеуша пред почетокот на судењето за убиството на новинарот Чурувија.

Поранешниот шеф на полициската група која го истражуваше убиството, на сведочењето на 28 октомври рече дека според оперативни сознанија до кои дошол во убиството е вмешана Службата за државна безбедност, но тоа не можеле да го докажат.

kaleushatatko

Адвокатката инсистирала Карлеуша да објасни дали биле споменувани и други имиња освен на обвинетите, вклучително и на Зоран Давидовиќ Чанда.

-Чанда беше ситен криминалец , кој за жал имаше врска со мојата ќерка Јелена. Неколку пати сум го видел и пред овој случај- посочи таткото на Карлеуша.

Тој потоа за весникот рекол дека не е точно дека Јелена била со Чанда во автомобилот кој го следел новинарот пред убиството, онака како што тоа го сведочел сведокот на обвинителството Милован Бркиќ. Дури додал и дека на судењето му се „испуштила“ реченицата дека Давидовиќ бил ситен криминалец, додавајќи дека не сака да изнесува свое мислење за младите со кои неговата ќерка се забавувала.

karleushadecko

Чурувија е убиен на Велигден на 11 април 1999 година во Белград, а за убиството Обвинителството за организиран криминал ги терети тогашниот началник на Државната безбедност, началникот на белградскиот центар на државната безбедност и поранешниот главен инспектор на втората управа на државната безбедност.

 

Доаѓа големиот празник Митровден: Ако не сте дома цела година ќе ви се случува ова

doiqifwkgopethormk76i67i67i67

Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува во вторник. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му,  Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата на воскреснатиот Христос. Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата. Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погубил. Некои христијани го земале неговото тело и чесно го погребале. На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

За овој ден постои верување. Во очите на Митровден  секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

БУНТ ВО СДСМ: Членството револтирано, Куновска поднесе оставка!

Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ незадоволна од листите за кандидати на пратеници, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на извори во партијата.

 

sofija-kunovska1-420x240

Како што пренесува порталот, Куновска реагирала на поставувањето на Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ со прашањето:

„Како е можно таа што беше втора зад Груевски на листата на режимот од 2014 денес да е на шесто место на листата што треба да го урива режимот“.

Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа. Куновска прашала и како е можно луѓетo што во 2014 година убедуваа дека се сигурни во победата и затоа не беа на листите, сега да се најдат на добитни места на избирачкитe листи.

Незадоволството од изборните листи на Заев денеска јавно го искажаа низа поддржувачи на опозицијата. Меѓу последните е универзитетската професорка Билјана Ванковска, која пишува дека СДСМ излегува со хокус-покус листи.

vankovska-640x413

Несторовски ја нанижа и мрежата на големиот Милан – ВИДЕО

nestorovski-palermo-festeggia-2016-2017-538x358

Илија Несторовски го постигна својот 6-ти погодок во италијанската Сериа А. Неговата маестралност, вештина и голгетерски сенс, овојпат ја манифестираше и на големиот Милан.

Неговиот погодк во 71-та минута донесе изедначување за тимот од Сицилија, но повторно не беше доволен за бодови. Палермо загуби со 1:2, голот на Лападула во 81-та минута се покажа како решавачки и донесе 3 бода за Милан.

untitled

ВИДЕО: „Роналдо“ се појави во „Ѕвездите на Гранд“

Роналдо од Крушевац, со вистинското име Маријан Амзиќ, со својот глас направи хаос во Ѕвездите на Гранд.

ronaldo

Маријан (21) ги запрепасти сите кога се појави во Ѕвездите на Гранд, затоа што сите помислиле дека пред нив стои Кристијано Роналдо, а кога тој почна да пее…

Тој одбра 2 тешки песни од Љуба Аличиќ и од Шабан Шаулиќ и благо кажано сите ги воодушеви.

Погледнете ги коментарите на жирито:

Ноќен живот во Прилеп: Club Calypso – 05.11.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”398″ gal_title=”NoemvriNoken2″]

Пратеничките листи на СДСМ преплавени од СОРОС и Шарените: Незадоволство во најава!

8687

Речиси секое второ место на кандидатските листи за пратеници на СДСМ за престојните парламентарни избори на 11-ти декември, им припаѓа на Шарените и активистите на СОРОС. Ваквата поставеност на работите веднаш предизвика огромен револт на членството на СДСМ поради тоа што овие активисти без партија ќе дојдат до државни пари, пишува порталот СТАРТ.МК

Зоран Заев ќе ја предводи четворката, а веднаш зад него ќе се најде Хари Локвенец. Останатите кандидати од оваа изборна единица се: Катерина Кузмановска, Кокан Јаневски, Кети Смилеска, Бетиане Китев, Сашко Поцков, Милевка Георгиевска, Мери Лазарова, Сашко Атанасов, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Кристина Момировска, Насте Настевски, Ристо Спасов, Ивана Лазова и Пецо Стојчевски.

Единицата ќе ја предводи Стево Пендаровски, во друшво со Рената Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, Павле Богоевски, Диме Велковски, Тања Прентовиќ, Ивана Туфегџиќ, Петар Атанасов, Анета Симеска, Сања Лукаревска, Далибор Богдановски, Дарко Каевски, Петар Здравковски, Енвер Хасиќ, Михаела Иванова.

Изборна единица 2, ќе ја предводи Оливер Спасов. Покрај него ќе бидат: Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Ферид Мухиќ, Максим Димитриевски, Курто Дудуш, Весна Илиевска, Тања Ковачев, Костадин Ацевски, Лидија Тасевска, Борче Георгиевски, Мартин Ристов, Жаклина Јовановска, Мартин Захариев, Умер Невзат и Ангела Новаковска.

Изборна единица 3: Љупчо Николовски, Благоја Бочварски, Јагода Шахпаска, Панче Иванов, Сашко Костов, Мира Стојчевска, Славица Митева, Агим Муртезанов, Владо Милошев, Елена Ташева Стојанева, Иван Кузмановски, Драган Атанасов, Јованка Пешначка,  Соња Иванова, Дејан Ампев и Сашо Ристески.

Радмила Шеќеринска ќе биде носител во 5-тата изборна единица, заедно со Александар Кирацоски, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Ирена Стефковска, Јован Митрески, Жаклина Лазаревска, Албина Манчевска, Ирена Ангелевска Лазароска, Никола Попоски, Тања Пројческа, Гоце Чакаровски, Тома Петроски, Сашо Јанкоски, Селма Јашари и Ангела Чавкоска.

Шилегов ја предводи 6ката: Петре Шилегов, Ѓулумсер Касапи, Благојче Трпески, Даријан Сотировски, Катерина Тодороска, Медат Куртоски, Андријана Томовска, Славица Јовановска, Гликерија Илијоска, Јована Андоновска, Нино Сотироски, Милош Стерјоски, Мирослав Митовски, Валентина Гавриловска, Тахир Зунуни и Милена Петровска.

 

 

KOИ СЕ НОВИТЕ ПРИЛЕПСКИ ПРАТЕНИЦИ ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ!?

sobranie-na-rm-03-custom-520x346

Неофицијално на кандидатската листа за пратеници од 4-та изборна единица, од редовите на СДСМ за престојните парламентарни избори на 11-ти декември, ќе се најдат поранешниот носител на листата и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп Хари Локвенец и Кети Смилеска. Ова се смета за големо изненадување на политичката сцена во Прилеп кое треба да ги разбранува страстите кај многу социјалдемократи.

 

ПАНИКА ВО СРБИЈА: Избегани диви животни од циркуз сеат страв низ луѓето

jaguar-srbobran-zivotinja-pobegao-foto-ap-1478296144-1028019

“Откако од дворот на нашиот сосед пред некој  ден одведоа 3 мечки и не известија дека не можеле да го пронајдат јагуарот. Од тогаш ја заклучуваме капијата” велат мештаните на Србобран.

jaguar-srbobran-zivotinja-pobegao-foto-sasa-urosev-1478296144-1028025

Лајош Хебек, еден од соседите на сопственикот на циркузот вели дека се трага по опасен јагуар, кој инспекторите и ветеринарите не го пронашле во дворот на Милан С.

Во неговиот двор се шетаат лами, а надлежните се обидуваат да го пронајдат и макаки мајмунот. Но она што ги плаши жителите на Србобран е јагуарот,  за кој се знае дека бил тука до пред неколку денови.

jaguar-srbobran-zivotinja-pobegao-foto-sasa-urosev-1478296144-1028023

– Соседството е вознемирено од звуците на животните. Се слуша како удираат со шепите по затворените кафези. Сопственикот е ретко во Србобран. Најмногу е тука по месец дена. Имаше некој чувар кој ги хранеше животните, сега и него го нема. Постојано се случува ламите да истрчаат на улицата. Животните живеат во нехумани услови без доволно храна- објаснува Лајош.

Во последниот преглед на инспекторите и ветеринарите, пронајдена е мала змија питон.

jaguar-srbobran-zivotinja-pobegao-foto-sasa-urosev-1478296144-1028031

Ф.Г.

Ова се најмоќните тајни служби во светот

prisluskivanje-snimanje-620x350-696x398

Она што е најинтересно во оваа листа е тоа што на првото место не се наоѓа ни американската служба CIA ниту руската FSB.

  1. ISI – главна тајна служба на Пакистан основана во 1948 година. Нејзината должност е да собира клучни информации кои се однесуваат на националната безбедност. Американските “Crime News” ја прогласија пакистанската тајна служба за најдобра и најјака тајна служба од овој вид. Седиштето на ISI е во Исламабад.
  2. CIA – Од сите служби кои се одговорни за безбедноста на САД, најистакната е CIA. Примарната функција на CIA е анализа на податоците од странски државјани, анализа на податоците кои ги бара раководството на државата, како и посебни операции за претседателот.
  3. MI6- Британската служба MI6 е формирана нешто пред Прва Светска војна како би се занимавала со активистите на Германската влада. Седиштето им се нарекува “SIS building” и се наоѓа во Лондон.  Оваа служба е вмешана во сите случувања во 20 и 21 век.

Агентите на MI6 се должни да водат грижа за  внатрешните и надворешните терористички активности, како и за организациите и државите кои можат да ја загрозат безбедноста на Британија.

4. FSB –  Рускиот FSB е наследник на некогашната KGB која делувала за време на постоењето на СССР. Оваа служба е основана 1995 година и е посветена на антитерористичките активности и заштитата на Руската Федерација.

Спрема некои податоци, FSB  има 250.000 агенти кои работат тајно во земјата или како странски шпиони во многу земји во светот.

5. BND –  Германскта BND е формирана за време на Втора Светска Војна за да ја шионира стратегијата и плановите на непријателите.

Буџетот на оваа служба е огромен, се смета дека располага со милјарди евра. Ја користат најсовремената опрема за да ги шпионираат непријателите во корист на владата.