дома блог страница 5060

Според народните верувања: Какво е времето на Митровден, таква ќе биде зимата

Денеска е Митровден и е мрсна трпезата. Според народните верувања се вели дека ако денеска биде облачно, ќе имаме топла зима, ако биде ведро ќе имаме остра зима.

 

mitro

За Митровден се верува дека предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

ШОКАНТНО: ВИСТИНАТА ЗА ЦИГАРИТЕ-Откриена најголемата тајна на тутунската индустрија

На сите ни е позната вистината за цигарите дека тие се штетни и дека можат да предизвикаат могу болести па дури и рак.

o-cigarette-factory-570

Тоа што многу луѓе не знаат е дека тутнската индустрија има многу добро чувана тајна што ќе бидете запрепастени кога ќе дознаете. Тука е листата на само неколку од најлошите тајни за цигарите.

Постојат повеќе од 600 состојки и 4000 хемиски состојки во само една цигара. Тие содржат катран, никотин, формалдехид, амонијак, ДДТ, арсен, бутан,  и уште многу многу состојки.

Пушењето е причина за повеќе од 400 000 смртни случаи секоја година  само во САД. Статистички гледано, повеќе од 10 милиони луѓе умреле од цигарите во последните 20 години.

Но, дури и оние кои пушат повеќе години можат даго излекуваат своето тело кога ќе престанат да пушат. Телото има способност да започне со процесот на опоравување во самата секунда кога престанувате да пушите. Се што ви е потребно е само јака волја.
Кога првпат ќе ги оставете цигарите крвниот притисок и откуцаите на срцето се нормализираат, и нивото на јаглен моноксид се намалува.
Ако мислите дека Е-цигарите се сигурни , не сте во право. Тие се полни со токсини и хемикалии со кои наместо да порестанете да пушите уште повеќе тежнеете кон нив.
Најдобриот совет кој треба да го прифатете е да престанете да пушите, ќе бидете изненадени од промените.

Можеби ви звучи неверојатно: Овие градови плаќаат само да живеете таму

grad

Можеби идејата звучи помалку нереално, некој да ви дава пари само за да живеете во одреден град, но тоа навистина се случува во повеќе градови низ светот. Погледнете во кои градови може да добиете финансиска помош доколку сте нивни жител.

Градот Хармон во Минесота

Во ова гратче спремни се да ви дадат и до 12.000 евра доколку сакате да останете засекогаш. Иако се свесни дека на голем дел од куќите во тој град им се потребни многу поправки и вложување, смислиле интересен начин да привлечат нови жители. Оваа необична акција трае веќе неколку години.

Детроит

Изминатите неколку децении, Детроит беше во прилично тешка ситуација, а главна последица од тоа се потполно напуштените делови од градот. За да се изборат со тоа, тие ја покренале „Челинџ Детроит“ програмата која ги поттикнува младите, способни и образовани луѓе да се населат во тој економски пропаднат и помалку празен, запустен град. Споменатата програна им плаќа на заинтересираните да се преселат во Детроит и таму да работат и да стекнуваат контакти.

grad1

Чатануга, Тенеси

Овој град неодамна го доби прекарот „ГикСити“ бидејќи во Чатунга, секој граѓанин има пристап до Ви-Фи интернет со брзина од 1 гигабајт во секунда. Поради тоа, ја осмилиле програмата „ГикМув“ која им помага на младите компјутерџии да се преселат и да работат таму.

Саскачеван

За да привлечат што повеќе млади интелктуалци, од оваа канадска покраина одлучиле да понудат 20.000 канадски долари на малдите луѓе од Канада, но и на имигрантите, за да живеат и работат најмалку седум години. Единствен услов е да завршиле факултет (после 2006 година) и да се спремни да се соочат со канадската екстремна зима.

grad2

Нијагарини водопади

Додека многумина сонуваат да ги посетат овие познати водопади, тамошните власти на сите начини се обидуваат да привлечат млади жители. За тоа даваат помош од 7.000 долари за отплада на студентски кредит, ако имате желба да живеете таму. Услов е да имате завршено факултет неодамна, а програмата која се занимава со тоа се нарекува „Лив НФ“.

Канзас

Поголемиот дел од сојузната американска држава Канзас е спрена да им плати на луѓето да дојдат, да живеат и работат кај нив. Од 105 делови на оваа држава, 77  овозможуваат финансиска помош на новите жители. Во зависност од тоа за кој дел од државата Канзас ќе се одлучите, можете да добиете и до 15.000 долари за отплата на студентски кредит, или да  бидете ослободени од плаќање на даноци полни пет години.

Било каде на Алјаска

Доколку немате проблем со ниските температури, оваа програма која е најпозната во светот можеби е за вас. Како што на многумина им е познато, Алјаска им плаќа на луѓето кои постојано живеат таму. Секако, за да добиете пари треба да докажете дека навистина сте се преселиле таму. Ако тоа го направите, може да очекувате до 18 000 долари, неповратни кои ги исплатуваат секоја година.

 

Пука деколтето од бујната предница: Елена Велевска повторно провоцира! (ВИДЕО)

Познатата фолкерка ги „запали“ социјалните мрежи.

elena-640x361

Елена Велевска често пати објавува жешки фотографии, а не се штеди да го покаже најдоброто од себе и на своите настапи.

Овој пат, фолк пејачката реши на местото на профилна фотографија на својот Фејсбук профил да стави кратко видео, на кое се гледа дека носи тесен фустан, од кој изгледа како да ќе и пукне деколтето од бујните гради.

Сигурни сме дека од раскошната предница, не успеавте да ја погледнете Велевска во лице, а уште помалку позадината од видеото!

 

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА СЛУЧАЈОТ „ШПИОН“: Погледнете ги деталите за тоа како обвинетите од „Шпион“ продавале снимки на ЦИА, ФБИ и грчките служби!

Новиот македонски документарец „Шпион“, во реализација на продуцентската куќа Револушн од Скопје и режисерот Дејан Милошевски премиерно беше прикажан вчера на Ал Џезира Балкан.

spion_aljazeira

„Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20 тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот“, се вели во најавата на телевизијата за документарецот „Шпион“.

 

Откриено како да дознаете дали некој го прислушкува вашиот мобилен телефон – еве како да проверите

11-1

Доколку сакате да дознаете дали некој го прислушкува вашиот мобилен телефон погледнете го видеото и откријте дали некој ве следи или не:

 

БРУТАЛНО: Кога ММА борците ќе изгубат контрола (ВИДЕО)

УФЦ борбите најчесто се многу жестоки и агресивни. Борците во овој спорт се личности полни со адреналин кој понекогаш не можат да го „скротат“ дури и кога се надвор од рингот.

 

mma-borcite-640x335

Тие добро се познаваат меѓусебно, ги знаат своите предности и слабости, па поради тоа се случува да си упатат лавина провокации дури и пред да се соочат во рингот.

Во ова натпреварување, секогаш постои најава на мечот преку која се претставуваат учесниците во борбата и тие даваат изјави за медиумите. Меѓутоа, тензијата на ваквите најавни настани, неретко знае да ја премине точката на вриење, па насилството меѓу конкурентите започнува многу порано од предвиденото.

Во продолжение, погледнете ги најжестоките вакви ситуации:

 

ВИДЕО: Педофил замина на средба со девојче а таму начека пекол

pedofil-dejvid-hanson1-620x350-620x330

Дејвид Хенсон (45) е педофил кој падна во рацете на тимот со име “Dark Justice” кој го предводат двајца мажи, а чија цел е да ги заштитат децата од болни и перверзни луѓе.

На сајтот за запознавање “Баду” оваа група направи лажен профил зад кој наводно се наоѓа малолетно девојче со име Ана. Хенсон започнал да се допишува со неа а потоа целиот разговое се претворил во една перверзна комуникација.

Ф.Г.

 

ВИДЕО: Најчудните работи видени на Марс

daa-696x398

Иако истражувачите сеуште немаат пронајдено “мали зелени човечиња” на Црвената планета, сепак со фотографиите и со снимките имаат овековечено некои чидни настани.

Ова се најморничавите работи пронајдени на Марс:

  • Лажица- Иако наводно настанала геолошки, изгледа како да лебди над површината.
  • Мистериозна жена – Некои веруваат дека е во прашање дух, други дека тоа е статуа на некоја прастара цивилизација, а трети дека тоа е само куп прашина.
  • НЛО – Ова летало се појавило на многу фотографии и создаде многу теории.
  • Сирена – За некои ова изгледа како скулптура како онаа во Копенхаген.
  • Кацига – Ако ова е вистина кацига – тоа значи дека таму некогаш живееле суштества кои имаат глава.
  • Пирамида – Со големина на авотмобил и создаде многу теории за тоа што би можело да биде.

Ф.Г.

НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ТППЕ КРИВОГАШТАНИ

img_0028-480x336

Врз основа на одлуката донесена на Владата на РМ , Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија изврши распределување на противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари, со која одлука за потребите на територијалната противпожарна единица на општина Кривогаштани  додели теренско противпожарно моторно возило марка Volkwagen модел Amarok, целосно опремено и прилагодено за потребите на противпожарната единица.

Покрај ова во последниот период  општината значително го подобри возниот парк на ЈП Пелагонија со нов камион за смет, додека за потребите на општинската администрација  обезбедено е возило марка Volkswagen Polo.

img_0024-225x3002x