дома блог страница 5054

Мурињо со шокантно тврдење: На Азар му беше платено да го промаши пеналот!

04399104-511572_thumb_medium500_297

Фудбалерите на Челзи новата сезона во Лигата на шампионите ја отворија со убедлив триумф над Макаби од Тел Авив со 4:0. Победата можеше да биде и поголема, доколу Еден Азар на стартот од мечот го реализираше ударот од белата точка.

Сепак, Жозе Мурињо има “логично“ објаснување за промашувањето на неговиот најдобар фудбалер.

-Азар намерно го промаши пеналот. Платено му е за тоа со цел да го промовира Светското првенство во рагби, рече низ насмевка Португалецот на прес-конференција во Лондон.

Откако се пошегува, Мурињо продолжи со сериозен тон.

-Тој е најдобриот изведувач на пенали во напиот тим и сигурен сум дека во некој од наредните натпревари ќе биде најдобар на теренот, бидејќи о него нема подобар во Премиер лигата, вели искусниот стртег.

ПОКАНА

5620-pokana-960x600-1

Општина Прилеп во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, Ве поканува на манифестацијата што ќе се одржи на 22 Септември со почеток во 11:30 часот, по повод одбележување на „Европската недела на мобилност“, настан кој ќе се одбележи во сите поголеми европски градови, а има за цел да го поттикне пешачењето и движењето со алтернативни видови на превоз, со што би се намалил сообраќајот и загадувањето на животната средина.
Ве покануваме и Вие да учествувате на истата.

АГЕНДА
11:30 -12:00 – Забавна програма на камената бина
12:00 – Свечено отварање на настанот
12.15 – Почеток на велосипедската парада
12:15 – Движење по следнава рута низ центарот на градот: булевар „Гоце Делчев“, ул.„Кузман Јосифоски“, Кеј 9-ти Септември, ул. „11 Октомври“, ул. „Јоцка Јорданоски“, булевар „Гоце Делчев“.
12:25 – Пристигнување и собир на велосипедистите пред камената бина

Маркови Кули

Тврдината Маркови Кули или кај граѓаните на Прилеп попозната како Маркукуле, претставува остаток од средновековен град на кралот Волкашин и неговиот син Крале Марко, последниот крал кој владеел со поголем дел од Македонија пред вековната власт од Османлиите. Тврдината се наоѓа на 120 до 180 метарски рид од вулканско потекло кој изобилува со многу несекојдневни карпи кои според својот облик добиле и свое име кај жителите. Истата го обвиткува градот од северната страна и во себе носи огромна историја, за што говорат големиот број пронајдени архелошки остатоци кои датираат дури од антиката. Кој дел и да го допрете, каде и да згазнете, вие допирате дел од историјата кој носи своја приказна и говори за различни цивилизации од различни периоди на човештвото кои живееле на овие простори.

Локалитетот датира од раноантичката населба Керамија (старото име на Прилеп), за што говорат многубројните гробници и наоди , како и карпести цртежи кои потекнуваат од 7ми век пред нашата ера, од периодот на железното доба, лоцирани на популарно познатото место меѓу Прилепчани, Тапанче.

Имено современите геохронолошки испитувања покажуваат дека овој масив постои цели 700 милиони години, чиј што простор го сочинуваат импозантни грамади кои се простираат во две низи север-северозапад и југ-југоисток чија надморска височина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади се поврзани со највисоките врвови во северниот дел Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м).

Овој природен раритет, а воедно и упориште низ времињата служел за одбрана на населението од разни напади. Во овие тврдини Царот Самуил ги пречекал своите 14 000 ослепени војници. Тоа се истите тврдини кои во времето пак на кралот Волкашин го оградувале главниот град во тоа време во Македонија. За време на владеењето на Кралот Марко, по кого тврдините се именувани, истите биле последната пречка која ја спречувале Османлиската опсада во 1385 година и кои после Маричката битка во 1371 година ја гарантирале единствената независна територија во однос на Османлиската држава. И после смртта на Кралот Марко во 1395 година, тврдините остануваат да говорат за неговата тактичност и државничка мудрост.

Денешен Прилеп И Марковите Кули се несомнено две истории испреплетени помеѓу себе кои говорат една за друга, две приказни кои се надополнуваат помеѓу себе и сведочат за непокорот тогаш и денес, за челичната воља која постои на овие простори.

Кулите се препознатлив белег за Прилеп, монумент кој доколку го немаше ќе недостигаше еден огромен дел од историјата за Прилеп и Македонија, ќе немаше за што да се пее и раскажува, за што да се пренесуваат легенди и преданија.

Ова епохално ремек дело е единствено место кое ниту највештите мајстори и вајари со свои раце не би го направиле подобро од тоа како самата природа си поиграла и го создала да стои гордо над Прилеп. Сите карпи се формирале на мали платоа и секоја од нив е природен споменик со впечатлив облик.

Една од нив е карпата во форма на Слон која претендира да биде заштитена од УНЕСКО. Висока е 8метри, широка 5метри, а од тоа место Прилеп се гледа како на дланка. Се верува дека истата низ времето служела за одржување на религиозни обреди, за што говорат многуте гробници пронајдени во непосредна близина.

Во подножјето на Марковите Кули и ден денес постои првата населба Варош, која е камен темелник на денешен Прилеп. Во населбата постоеле 77 цркви, на секоја фамилија по една. Денес се зачувани дел од нив и тоа црквите Св. Димитрија која некогаш била и соборен храм на стариот Прилеп, црквата Св. Петар и Павле, Св. Атанасиј како и најстарата црква Св. Никола која датира од 1298 година. Најголем зачуван објект од тоа време е манастирот Св. Архангел Михаил, кој уште се нарекува и градски манастир, како и древниот манастир Трескавец. Сите овие монументални изданија го прават Прилеп богат со туристички потенцијал и број еден дестинација во поглед на манастирскиот туризам.

Во денешно време Општината на Прилеп прави напори и вложува значајни средства заедно со Министерството за култура за поголемо доближување на овој локалитет до граѓаните и туристите, преку изградба на патеки и асфалтирани патишта до манастирите со цел за привлекување на нови тур оператори ширум светот, мисија која полека но сигурно станува успешна приказна.

Исто така од 2012 година до денес се одржува и традиционална планинска трка По стапките на Крали Марко” (Krali Marko Trails) со која Прилеп се впиша во светското треил трчање, како уникатна дестинација која привлекува голем број на учесници.

Марковите Кули биле предизвик на повеќе режисери, па на падините на овој масив се снимени Пред дождот” на Милчо Манчевски , “Збогум на 20-от векна Дарко Митревски и Александар Поповски, Прашинана Милчо Манчевски и многу други филмови.

И покрај неколку децениските истражувања и археолошки ископувања, Марковите Кули кријат уште стотици тајни и мистерии, скријани негде длабоко, кои допрва ќе треба да се откријат и да го направат ова место уште поатрактивно и уште пофпечатливо. До тогаш иако пола разурнати, Марковите Кули ќе стојат гордо исправени над Прилеп и ќе го привлекуваат секој посетител со својата магичност и мистичност.

Редакција на markukule.mk

[Best_Wordpress_Gallery id=”25″ gal_title=”Маркови Кули”]

На пат кон Европа се 30 до 35 милиони бегалци

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека 30-35 милиони бегалци се на пат кон Европа и дека поради тоа јакнењето на границите има клучено значење.

ssijartoo

Сијарто во интервју за весникот „Маџар идок“ нагласува дека ЕУ ја занемарила заштитата на своите граници и дека европските лидери се плашат работите да ги наречат со вистинско име, бидејќи им е полесно да ги критикуваат тие што работат.

Според унгарскиот министер европските лидери постапуваат врз основа на лажни информации на меѓународните медиуми, како и дека на Унгарија и е јасно дека Европа не може да прими стотина илјади или милиони економски мигранти.

– Можеме да ја контролираме кризата само ако го поддржиме и зајакнеме Шенгенскиот систем, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто денеска ќе го посети Белград каде ќе разговара со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Викендов сончево, од понеделник пониски температури и дожд

vvremenskaaaa

Сончево и топло време се очекува викендот, а од понеделник, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер и со максимална температура до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Северните делови од земјата и утре ќе бидат во жолта фаза од метео-алармот во однос на високите температури.

Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен и проследени со ретки грмежи.

Во понеделник ќе има значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ЦЕЛОСНО ЗАВРШЕНА ИЗГРАДБАТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

DSCN4840

Во текот на вчерашниот ден целосно беше завршена изградбата на новото повеќенаменско игралиште во Кривогаштани. Сите градежни и технички работи целосно се завршени и се очекува во текот на идната недела истото да биде и технички предадено во владение на општината. Инвестицијата од Агенцијата за млади и спорт изнесуваше 9.000.000 денари или околу 150.000 евра, инвестиција од која младите во општината ќе имаат најголем бенефит. Општина Кривогаштани тука не престанува да инвестира во најмладите и својата иднина така што ќе продолжи да се стреми кон реализирање на уште повеќе проекти и игралишта во сите населени места во општината каде младите ќе го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.

DSCN4827

DSCN4873

DSCN4909

ВИДЕО: Вонземјани го рушат стадионот на Барселона

Овој филм сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барселона.

nou-kamp-film-500

Светот, Шпанија и Каталонија се пред тотално уништување од страна на агресивните вонзејмани. Непријателите на земјата не бираат цел, рушат и уништуваат се што ќе им се најде на патот, па и култниот стадион на Барселона „Ноу Камп“.

Шпанскиот фил „Втор извор“, чиј синопсис е борбата на преживеаните по нападот на вонземјаните наскоро ќе биде прикажан во Шпанија и Европа.

Фактот што „Ноу Камп“ се најде во овој филм доворно говори за каков грандиозен симбол на Каталонија се работи.

ВИДЕО: Ова е трејлерот за „Последниот Македонец“

„Голема цивилизација не може да се освои однадвор се додека не се уништи себе си, однатре.“

posledniot-makedonec.jpg500

Во сабота на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ ќе биде промовиран новиот документарец „Последниот Македонец“.

 

Патрон празник на ОУ „Добре Јованоски“

1

Со свечена програма подготвена од страна на учениците од ОУ „Добре Јованоски“ беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Градоначалникот Марјан Ристески и Советникот за образование Марјан Матракоски денеска положија свежо цвеќе пред бистата на херојот во училиштето, а воедно присуствуваа и на пригодната свеченост. Градоначалникот ги поздрави присутните гости и колективот честитајќи им го празникот и посочувајќи дека ОУ „Добре Јованоски“ е пример за соживот и успех на Македонската и Ромската популација на ниво на Македонија и пошироко. Исто така тој посочи дека наскоро училиштето ќе добие нова спортска сала, а планиранио е и доуредување на училишниот двор.

[Best_Wordpress_Gallery id=”37″ gal_title=”Патрон празник на ОУ „Добре Јованоски“-2″]

Calypso – 18.09.2015 Ноќен Живот

[Best_Wordpress_Gallery id=”38″ gal_title=”Calypso – 18.09.2015 Ноќен Живот”]