Изненадете гивашите најблиски и денес зготвене нешто во боја – на пример вкусно зелено рижото!
Подгответе и лимон бакнежи за десерт. Со нив ќе се заблажите по главното јадење.
Нека не ве лаже името – тие се слатки и вкусни!
Состојки
1 шоља од 200 мл ориз
1 брокула
1 шоља грашок
1 кромид
2 лук
100 мл бело вино
500 до 700 мл врела вода или бујон
1 коцка за супа (ако не користите бујон)
Сол, бибер
30 гр масло
50 гр свежо изрендан пармезан или пекорино
Малку маслиново масло
Подготовка
Брокулата измијте ја и одвојте ги цветовите – ставете да се вара во зовриена вода со малку сол, додека не омекната. Од водата одвојте 700 мл и во неа растопете ја коцката за супа.
На малку масло пропржете ситно исечкан кромид, додајте ориз и пропржете со постојано мешање. Додајте исечкан лук па додате вино – оставете малку да испари. Додајте ја брокулата и грашакот заедно со оризот да врие.
Сега додајте малку топол бујон (или водата со коцката супа), постојано мешајте, и додавајте од бујонот додека оризот ја упива течноста. (Оризот не смее премногу да плива во течност, а не смее ниту да биде пресув). Така додавајте од бујонот и мешајте го рижотото од прилика 15 до 20 минути. По вкус и потреба зачинете уште со малку сол и бибер. Брокулата треба да се развари и сето тоа убаво да се сврзе.
Кога рижото ќе биде згответено но, се уште малку „ал денте“ тргнете го од оган и во него додајте на мали коцки исечкан путер и изрендан пармезан. Мешајте додека путерот не се растопи.
Лимон бакнежи
Состојки
200 гр путер
100 гр шеќер
1 жолчка
1 лажица ванилин екстракт или 1 кесичка ванилин шеќер
Изрендана кора од 2 лимони и сок од 1 лимон
350 гр остро брашно
Шеќер во прав
Џем или лимонов кајмак
Подготовка
Исечкан омекнат путер на коцки и измешајте ги во брашно, додајте шеќер и се’ останатот. Ако тестото е суво, додајте лажица млеко.
Замотајте во пластична фолија и нека се одмори во фрижидер 60 минути.
Тестото размесете го тенко, користете брашно ако ви се лепи и вадете колачиња со некој калап. Печете во два наврата на 290 степени да не ја променат бојата. Лепете ги со џем или лимоновиот кајмак, а потоа извалкајте ги во шеќер во прав.