дома блог страница 5045

СТРУМИЧАНИ СВЕДОЦИ НА НБА АТРАКЦИЈА: Гледач завртен со грб даде кош од пола терен (ВИДЕО)

Викендов публиката на натпреварот меѓу екипите на Струмица и Работнички беше сведок на една интересна ситуација која се случува ретко на терените.

publika-640x311

Станува збор за гледач кој доби шанса на полувремето да шутира од половина терен, а тоа го направи свртен со грб, во продолжение видете за што станува збор.

Ако имате 0 крвна група, од ова мора да се чувате – ќе ви го сочува животот

wegewrhrstjtyj

Луѓето со крвана група 0 се посебни бидејќи можат да даваат крв на сите останати групи, но можат да примат крв само од својата крвна група.

Но тоа не е се што ги прави прилично поинакви од останатите. Повеќе се склони на некои болести, но имаат и некои моќни карактеристики кои се моќни влијаат на популацијата.

Способност за водството, проактивност, голема количина на енергија и способност за секогаш да останат фокусирани. Исто така овие луше знаат да бидат многу моќни и продуктивни.

Од друга страма, склони се на некои болести како што е чирот, дисфукција на штитните жлезди, ниското ниво на хормонот на штитните жлезди и недостаток на јод. Таа дисфукција можат да се предизвика поради несакани последици од прекумерна телесна тежина и задржувања на вода.

Кога сте под стрес можете да се налутите, станувате хиперактивни и имплусивни, недостатокот на желба и нездрави навики и стресот ве прави подложни на штетни метаболички процес, како што се отпорни на инсулин, забавени активности на жлездите и дебелината.

Исто така имаат поголемо ниво на желедучна кислелина од другите крвни групи поради што имаат чуствителен желудник, а склони се и на добивање на чир во желудник.

Луѓето со крва група 0 треба да го избегнуваат кофеинот и алкохолот. Кофеинот може да биде многу штетен бидејќи содржи ниво на адреналин кој и онака е висок кај луѓето со крвна група 0.

СРЕДА НЕРАБОТЕН ДЕН

Согласно со Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25.11.2016 година, по повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

den-na-drvoto-640x512

На денот на акцијата градинките да се со вообичаено работно време.

Од МТСП информираат дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.

ВО НОВИ САД УАПСЕН АКТИВИСТ НА СДСМ: Бесим Осман од Гостивар фатен со преку 100 килограми дрога, близок до Зечевиќ и Шеќеринска?

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2016) во близина на Нови Сад од страна на Српската полиција било сопрено возило управувано од лицето Бесим Османи познат како „Беци“ при што бил забележан како фрла пакување со околу 100 грама кокаин.

marihuana

По консултации со Македонската крим полиција, бил извршен и претрес во домот на Османи во Гостиар при што не било пронајдено ништо, по што на предлог на гостиварската полиција било предложено да се претресе и викенд куќата на „Беци“ во Леуново, а по претходно добиена наредба од Основниот суд во Гостивар.

Како што дознаваме, во викендицата биле пронајдени две кеси со бела прашкаста материја, дигитална вага, една бела најлоснка вреќа со марихуана, пет црни големи патни торби со околу 100 најлонски пакувања со марихуана, четири бели буриња во различна големина полни со непакувана марихуана, едно големо буре со 16 пакувања марихуана, апарат за лепење на најлонски пакувања, зипер ќеси и најлони, три помали буриња со остатоци од марихуана и една празна црна патна торба со остатоци од дрога.

Она што е интересно во овој случај, е тоа што во периодот од 2013-2014 година лицето било приведувано за недозволено поседување на муниција. Тогаш обвинетиот Беци бил застапуван од извесен адвокат од Градец, за кој неофицијално дознаваме дека имал добра комуникација со раководството на СДСМ.

Според неофицијалните информации кои ги добивме, контактот на адвокатот кој го застапувал Беци бил со Миле Зечевиќ од СДСМ (екс-директор на УБК) и Радмила Шеќеринска, а според шпекулациите во судските ходници, Шеќеринска и Зечевиќ издејствувале намалување на казната и укинување со домашен притвор.

Како благодарност, Османи бил активно вклучен во кампањата на СДСМ, активно агитирал, а бил присутен и на централниот митинг во Прилеп.

Од извори на СДСМ дознаваме и дека токму Османи бил поврзан со групата која пред 2-3 месеци беше фатена со голема количина на дрога во струшко, во која беа уапсени неколкумина Албанци и Македонци, на кои Беци им гарантирал слобода само да се стрпат малку додека завршат изборите.

Извор: Инфомакс

Му побегнал на гробарот од лопата: Прилепчанецот Љубе е вистински борец низ годините

Љубе Героски станал од гробот, пред жив да го закопаат.

– Оживеал на гробишта како дете, но останал глувонем да ваја сувенири во годините како стечаен работник.

se_vratil_od_umrenite_gluvonem_da_vaja__suveniri_-_ljube_geroski

Веќе цели 59 години уста не отворил, глас не слушнал, 66 годишниот прилепчанец, Љубе Героски, родум од Пашино Рувци. Го загубил говорот и слухот, како последица на висока температура, иако знаел да чита. Глувонемиот стечаец од фабриката Современ дом го туркала судбината да се врати од умрените меѓу живите, да стане од ковчегот и да му куртули на селскиот гробар од лопатата. Дедо е, кој го осмислил времето, оти не се вработил по стечајот. Ваја мали дрвени сувенири да вади денар повеќе за семејниот буџет, бидејќи и сопругата не работи. Не може да ја зголеми понудата и асортиманот, оти не е арен со нозете, а и срцето непара му функционира. Се жали дека, од време на време, чувствува асматични тешкотии.

Докторите кренале раце

Сопруга му Трајанка кажува дека баба му на Љубе раскажувала дека внук í бил умрен, кој станал од ковчегот на гробишта.

– Љубе паднал болен од висока температура на седум години. Не знаеле старите дека детето паднало во кома. Првин го носеле кај надрилекари, а после и кај докторите во болницата. Но, тие кренале раце и го предале на Господ. Родителите го зеле детето дома. Пак го носеле по бајачки и гатачки, го мачкале со мелеми и свети води, но детето не давало знак на живот. Лежело во постелата со денови здрвено. Вегетирало, ниту живо, ниту мртво. Родителите не знаеле дали челадта е за кај Господ или за овој свет. Со болка во душата, се предале пред реалноста. Надежта ги напуштила и се збогувале. На погребот со целата црковна церемонија на селските гробишта, низ плачот на браќата, на роднините, Љубе се освестил и станал од ковчегот пред гробарите да ја фрлат првата лопата во гробот. Оттогаш не зборува и не слуша. Артикулиран глас не му излегува од устата. Мајка му се срамеше, а татко му не го сакаше, оти беше глувонем – ја прераскажува сопругата Трајанка судбината на својот сопруг Љубе.

Од светот на темнината, Љубе отишол во светот на тишината. Природата му го одзела дарот за говор и слух. Останал нем и глув. Уста не отворал и камбани не слушал. Со годините ја нашол животната сопатничка. Работел како дрводелец во Современ дом. И таму среќата му го свртела грбот. Фирмата пред петнаесетина години пропадна и отиде во стечај, а глувонемиот мајстор доживеал уште едно премрежје, овојпат од егзистенцијална природа. Останал без леб во топлото семејно гнездо со двете деца. Успел да ги накрене со државни надоместоци и веќе е свекор и дедо на внучиња.

Дар за уметност

Борец е Љубе низ трнливата и сурова животна патека. Не í се предава лесно на судбината. Покрај стекнатиот недостаток, упорен е и жилав. Не знае да мирува зашто во него вирее готовноста за грижа за семејството. Природата го казнила, му го зела јазикот и слухот, но му дарила вештина за вајање на дрво. Се движи низ чаршијата, продавајќи ги создадените ситни уметнички дела како сувенири за да извади некој денар за чоколадо за внучињата.

– Подебели прачки ми сечат на машина, оти не слушам. Од нив создавам мали цепеници. На нив надградувам, рачно направена дрвена секира. Сето тоа дома го стружам, го делкам со нож, го бојадисувам, го лакирам, да извајам сувенир за да обезбедам некоја пара, плус. Ги продавам по 60, 80, па и сто денари низ чаршијата. Доаѓаат и земаат по десетина парчиња за продажба за Охрид – кажува Љубе со гестови, кои ги преведува неговата сопруга, која го научила јазикот на глувонемите.

Уште од дете пробале родителите да му го олеснат животот, да му овозможат да го слушне мајчиниот глас, да ги чуе браќата. Пробале на разни места да најдат илач да му го вратат слухот, да го извадат од молкот за да ги почувствува убавините на животот. Но, залудни биле обидите да се најде чаре и Љубе да прозборува.

Хендикепираниот Љубе го минува животот без да ги чуе насмевките на внучињата, кога му викаат дедо. Тишина владее во неговиот свет.

Извор: Неделник Зенит

ВИДЕО: Погледнете каков домаќин е Министерот Никола Попоски

jklfsdjkl

Интересно видео утрово се појави на фан страната на министерот за надворешни работи, заменик претседател на Владата и =носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Никола Попоски.
Тој станал рано утрово и заминал на пазар. Си купи овошје и зеленчук и си направи муабет со пазарџиите.
Вели, пазарот е местото каде што се прави најдомаќински муабет.

Попоски има интересен стил на водење на својата предизборна кампања. За разлика од сите останати кандидати, кои главно се фокусираат на политички пораки Попоски наоѓа место да се прошета на пазар, но и да се качи на врвот на Водно.

Временска прогноза за цела недела: Температури под нулата, дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер, а во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.

 

ladno-vreme-1

Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови. Температурата ќе се движи од два до десет. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Температурата ќе достигне до пет степени.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата.

2

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Еве како сириската војска го “чисти” Алепо од терористи

sirija-vojska-haubica-rat-granatiranje-600x392

Единиците на сириската армија, со поддршка на палестинските доброволци од организацијата “Liva al Kuds”, а под команда на легендарниот генерал Сухеил ал Хасан, за само еден ден оствариле огромен напредок во “чистењето” на Алепо од преостанатите џихадисти.

Ф.Г.

ВИДЕО: Неверојатни трикови – Еве за што се можете да ја користите запалката

screenshot_6-64-640x401

Секојдневно ги користиме, но не знаеме што се можеме да направиме со запалките. Можеби сите овие трикови нема многу да ви го олеснат животот, но барем ќе внесат многу забава во него.

Погледнете ги овие 5 неверојатни трикови кои може да се направат со обична запалка:

Ф.Г.

Како најлесно да “потонете” во сон

spavanje_noc-696x398

Замрачувањето на собата за време на вашето спиење е наједноставниот начин да се сочува создавањето и функционирањето на мелатонин.

Кога луѓето имаат проблем и не можат да заспијат, давањето на овој хормон како лек, се покажало како многу ефикасно решение.

Хормонот мелатонин, е хормон на пинеалната жлезда и е многу важен за зачувување на мозочните ќелии.

Оваа жлезда се наоѓа на средината од мозокот и нејзината активност е исклучиво за време на ноќта. Кога има мрак, серотонинот се претвора во мелатонин.

Поради ова, најдобро е да ја замрачите собата пред легнување и нема да имате проблем со несоница.

Ф.Г.