дома блог страница 5043

Нова современа авенија ќе никне на улица 11-ти октомври кај Солидност

1

Со започнување на градежните активности на улицата „11 Октомври“ која треба да прерасне во булевар со четири коловозни ленти, зелен појас на средина, беше означен почетокот на настаните во пресрет на празникот. Булеварот кој ќе прерасне во убава и современа авенија ќе биде во должина од 200 метри и инвестиција од седум милиони денари.

2

 

 

Шести по ред Фестивал на медот во Прилеп

1

По шести пат вчера во Прилеп се отвори традиционалниот Фестивал на медот кој е во организација на прилепското пчеларското здружение „Братство“. Овој фестивал годинава е лоциран пред старата прилепска чаршија, и е своевидна промоција на здравата еколошка храна која за жал е се помалку присутна на трпезиите и преставува одлична можност за избор и дегустација на пчелните производи кои се своевидна лек – исхрана. Фестивалот свечено го отвори градоначалникот Марјан Ристески кој уште еднаш ја подвлече важноста од здравата исхрана како основен предуслов за правилен психофизички развој и ги покани граѓаните да дегустираат и изберат од широката понуда на мед .

2

3

4

5

6

7

Промоција на алати од германската фирма Bosch

На ден 10.10.2015 година пред ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ кај старата автобуска станица во Прилеп, ќе се одржи голема промоција на производите од марката Bosch. Посетителите ќе имаат можност да набават алати и до 30% пониски цени. Се покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ги пробаат сите професионални алати на реномираната германска фирма Bosch и да се уверат во нивните квалитети. Настанот ќе трае од 10 до 16 часот


Врие од народ во центарот на Прилеп

Започна одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп. Прилепчани празнично расположени како рој мравки се распрснаја низ центарот на градот. Гужва на секој чекор, полни локали, маркукуле.мк ви ја пренесува атмосверата од почетокот на празнувањето.

[Best_Wordpress_Gallery id=”52″ gal_title=”Врие од народ во центарот на Прилеп”]

Македонското знаме повторно блесна во центарот на Прилеп

И оваа година како дел од програмата за празнување на 11 Октомври, среношколците од Прилеп го формираа државното знаме на плоштадот Методија Андонов Ченто во центарот на градот. Глетката секако беше поубава од птичја перспекива, затоа ви пренесуваме преку фотографии како сето тоа изгледаше.

Германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер во посета на општина Прилеп

1

Градоначалникот Ристески оствaри средба со германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер. На средбата амбасадорката беше запознаена со културно – историското наследство на Прилеп, неговата богата историја и со неговиот стопанско-индустриски потенцијал. Разменувајќи си подароци во знак на срдечност и добредојде Градоначалникот Ристески изјави дека соработката со германската амбасада секогаш била на завидно ниво, а таква ќе остане и во иднина.

3

2

 

Инциденти во Тетово по поразот на Албанија од Србија

Најмалку едно момче е претепано вчеравечер во Тетово по мечот меѓу Албанија и Србија во Елбасан, јавува Пресс 24.

38459248124809609821147821269n

Очевидци за порталот тврдат дека поголема група влегла во тетовското кафуле Пина и почнала да го демолира. Гостите почнале да бегаат, а еден од нив се сопнал и паднал во летната бавча, по што бил нападнат од повеќе лица.

На местото пристигнла и полиција, но се уште нема официјала потврда од МВР за овој инцидент.

Србија ја замолкна Албанија среде Елбасан

tekma21000x0

Денешниот натпревар помеѓу Албанија и Србија во Елбасан заврши со резултат од 0:2 за Србија.

За Србија првиот гол го постигна Александар Коларов во 90 минута, а вториот гол Љајиќ во продолжението, односно во 94 минута.

Подгответе се: Циклонот Димитар ќе донесе потоп во Македонија

francija-poplavi1

Од денеска, па сѐ до крајот на продолжениот прзничен викенд, територијата на Македонија ќе биде зафатена од моќен циклон кој доаѓа од Медитеранот, пишува метерологот Славчо Попоски. Името на овој циклон е Димитар.

Овој циклон ќе ни донесе обилни врнежи од дожд над целата територија на Македонија. Ќе има и локална појава на грмежи. Особено обилни врнежи ќе имаме за време на викендот што доаѓа. За време на овој циклон на некои места се очекува да наврне огромна количина воден талог (над 80 литри на квадратни метри).

Повремено ќе дува силен ветер од јужен правец кој се очекува да достигне брзина од преку 60 километри на час. Температурата ќе биде во значително опаѓање и за време на викендот ќе биде за десетина степени пониска од сегашната.

Прв јавен собир за изготвување на локална стратегија за климатски промени на Општина Прилеп

2

Милиеуконтакт Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, заедно со локалната партнер организација Центар за граѓанска иницијатива и Општина Прилеп одржаа прва јавна средба на чинители за развој на стратегија за климатски промени на Општина Прилеп. Целта на состанокот е презентација на методологијата на Зелена Агенда за креирање на локални стратегии за климатски промени, како и целокупниот процес на спроведување на проектот и резултатите од спроведената анкета за зачувување на вредностите на општина Прилеп. Во рамките на состанокот се формираа и работни групи составени од граѓани по тематски определби врз основа на претходно избрани вредности, кои ќе работат на развивање на локална стратегија за климатски промени. На средбата присуствуваа директорот на Милиеуконтакт Македонија, г-дин Игор Славкоски, градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Марјан Ристесњки , како и значителен број на заинтересирани општински чинители, вклучувајќи други претставници од општината, граѓани, претставници од локалната партнер организација, како и претставници од локалната бизнис заедница. Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за климатски промени, имплементиран од Милиеуконтакт Македонија, до сега успешно се спроведува во осум општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница. Оваа година, активностите се проширија на уште две општини, Прилеп и Делчево.

3

4

5

6