дома блог страница 5042

Нема да престанете да го гледате ова видео: Погледнете како танцува Џеј-Ло кога не знае дека ја снимаат (ВИДЕО)

7-sidebar-800x1200-vn1

Латино пејачката мора да почне да гледа што и прават пријателите позади грб.

Кога Џенифер Лопез ќе излезе на бината сите остануваат без здив, што поради енергијата, што поради совршениот изглед кој го поседува иако има 47 години.

Погледенте го ова видео кое на Инстаграм го постави нејзина пријателка.

 

ФОТО СПОРЕДБА: 10 милиони евра инвестиции во образованието во Прилеп (ООУ “Кире Гаврилоски)

111

Основното општинско училиште “Кире Гаврилоски-Јане” од Прилеп e eдно од училиштата каде постојано се инвестираше во изминатите 10 години. Училиштето доби нови подови, ново централно греење, нова фасада, хортикултурно беше уреден дворниот простор …. и.т.н.

Вака изгледаше училишната зграда претходно:

dsc00627

dsc00629

dsc00630

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

 

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

Разликата е огромна:

2 3-copy

4-copy

5

6

7

3558-obrazovanie-960x600-1

Утре во Прилеп: Пелагониско дерби во ракометната Супер Лига

_dsc6048markukule

Утре со почеток од 19:00 часот во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” во Прилеп, ќе се одигра мечот од 12-то коло во машката ракометна Супер Лига, помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Пелистер.

Прилепчани натпреварот го започнуваат од седмото место на табелата со 17 освоени бодови, а Пелистер се наоѓа на третото место со 22 бода, но и натпревар помалку од РК Прилеп.

Досегашните натпревари помеѓу овие два ривали секогаш биле проследени со многу овации, навивање и тензија, па истото се очекува и утре во Прилеп.

 

НАУЧНИЦИТЕ ЗАПРЕПАСТЕНИ: 1000 километри под површината на земјата има огромно водено пространство

zemlja-ff-e1460366964778-600x364

Водата прекрива 70% од површината на Земјата, но и во внатрешноста на нашата планета се крие огромна количина на вода.

Двете нови истражувања на научниците покажаа дека во длабочината на Земјата, на околу 1000 километри се наоѓа огромно водено пространство. Без таа вода би престанала геодинамичната активност, под чие влијание настануваат вулканите, неопходни за создавање и  одржување на животот на Земјата.

Во првото истражување, научниците на државниот универзитет во Флорида и Универзитетот во Единбург, предводени од Др. Мајнак Мукирџиј, утврдиле дека водата ја има на голема длабочина под површината на Земјата, што до тогаш се мислело дека се наоѓа во минералот бурцит.

Стабилноста на минералот кој пренесува вода, како што е бруцитот, е целосно ограничена и тие минерали се распаѓаат во Земјата. Додека се распаѓаат ослободуваат вода, која како вулканска активност повторно се враќа на површината. Новото истражување, меѓу другото покажува дека бруцитот може да ги преживее фазите на висок притисок и да пренесува вода до голема длабочина и при тоа да не се распадне.

Ф.Г.

ЗИМА И ПРОБЛЕМИ: Дознајте како да го исчистите заледениот прозорец на вашиот автомобил за 30 секунди (ВИДЕО)

screenshot_1-135-640x381

Зимата ни дојде, а ладните декемвриски утра ќе создадат проблеми за сите возачи. Многу е важно да се подготвите за она што зимата го носи.

Кога станува збор за вашите автомобили, мора да знаете како да го решите проблемот со заледениот прозорец. Доколку ви се случи целата врата да замрзне, тогаш обидете се со фен.

Но најчесто проблемот се јавува со прозорците. Погледнете го видеото и видете како може наједноставно да се ослободите од мразот.

Ф.Г.

ВИДЕО: Слушнале плачење среде шума – Кога се приближиле до ова шупливо дрво не можеле да веруваат

screenshot_3-100

Девојка која е сопственик на колиба во шумата во Висконсин, се загрижила и се преплашила кога две ноќи со ред слушала некои страшни звуци.

Тоа биле звуци на животински плач, но немала храброст да провери за време на ноќта. Но кога конечно собрала храброст, видела за што се работи.

Кога се приближила до едно старо стебло имала што да види, две мали мечиња биле заглавени во него.

Ф.Г.

Еве што се случува кога возите со летни гуми по снег (ВИДЕО)

screenshot_6-71-640x420

Колку брзо можеме да закочиме со летни, а колку со зимски гуми ?

Зимската опрема е многу едноставна: зимски гуми, односно M+S гуми на сите тркала, исто така како зимска опрема се користат ланци на гумите.

Ф.Г.

Среда и четврток – неработни денови!

По повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, утре 30 ноември е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

 

neraboten-den-640x356

Ова е заклучок од владина седница одржана на 25 ноември. На денот на акцијата градинките се со вообичаено работно време.

Од МТСП информираат дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.

И четврток, 8 декември, е неработен ден. Празникот Свети Климент Охридски е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

 

СТРАШНО ВИДЕО: Снимено уривањето на авионот полн со фудбалери

untitleduyk7674i867748i6748i46754545

Снимен е моментот на рушењето на авионот на бразилските фудбалери. Според последните и најнови податоци од светските медиуми, само 13 лица го преживеале падот. Во авионот имало 72 фудбалери и 9 члена на екипажот.

Фудбалерите на бразилскиот клуб „Чапокоензе“ требале утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка

Лидерот на албанската дијаспора Љамалари: Заев е месија на Албанците, ако не победи ќе ги прекинеме изборите

Претседателот на албанската дијаспора од Македонија, Муса Љамалари, кој отворено се залага за федерализација на Македонија, во изјава за “Вечер” вели дека лидерот на СДСМ Албанците го гледаат како спасител (месија).

 

image-0-02-05-1499b362b63a176f68bd9696a1cadbcdc76341971d4b3f37731335b950251988-v-640x360

-Зоран Заев, со проектот “Вистината за Македонија” во многу области на албанското општество се гледа со восхит како спасител на Албанците од канџите на криминални групи и партии со латинични букви, мислам за партиите кои манипулирале во име на Албанците. Несомнено е дека Зоран Заев ќе ги преземе и албанските гласови, и покрај неговите стратегиски грешки со Албанците со кои соработува. Некои од нив биле со ДУИ и учествувале во неколку инциденти во џамиите. Сега како ќе гласаат, останува да се види по изборните резултати, вели за Вечер, Миса Љамалари, кој во јавноста се претставува под псевдонимот Тим Шкупи.

Љамалари тврди дека е сигурен оти Заев ќе освои многу албански гласови во сите изборни единици каде што има Албанци. Запрашан за изјавите на Заев за двојазичност и федерализација, тој додава дека и Никола Груевски ја имал шансата да стане херој на Албанците како што денеска е Зоран Заев.

-Ако Никола Груевски го направеше ова што денес го прави Зоран Заев со овој директен пристап до граѓаните Албанци, денес Македонија би била сосема поинаква. Албанците во Македонија имаа страв од Албаниците што беа на власт или од тие партии што беа стратешки партнери на Никола Груевски.

image-0-02-05-f44fb4d0cdfd888f814acdf6b64f357de9c9ea30f1ae377f745d71616d06e569-v-640x400

Лидерот на Албанците од дијаспората неколку пати има остварено средби со лидерот на СДСМ. Околу неговата соработка со Заев, Љамалари вели дека лидерот на СДСМ по малку се плаши да има соработка со албанската дијаспора.

-Последниот пат јас се сретнав со него во “Александар палас” каде што бевме гости кај реисот на ИВЗ за бајрамската баклава. Заев не треба да се плаши од албанската дијаспора, туку треба да се плаши од некои групи што зборуваат албански и немаат ништо со Албанците и нивните интереси. Мислам тука на некои групи кои се позната како групи што пропагирааат лажен политички ислам во Македонија, вели Љамалари.

Љамалари е помеѓу првите јавни личности во Македонија кои јавно кажаа дека се залагаат за федерализација.

-Ние имаме барања, но ние сме дијаспора и не можеме да одлучуваме. Сите знаат дека јас сум за федерализација, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите – рече Љамалари.

Љамалари на Фејсбук: Ако не победи Заев ќе ги прекинеме изборите! 

Пред два дена на Фејсбук, Љамалари потпишан како Tim Shkupi, или Тим Скопје, метафорички однесувајќи на се на тимот подджувачи кој тој ги има во Скопје, го напиша следниот статус:

„Овој ја има најтешката задача. Овој има благослов од Господ. Ќе победи убедливо!!! Доколку не победи, изборите ќе бидат прекинати!! Ви кажувам со време!! Да живее социјалистичката партија.“

image-0-02-05-15844f9e61f9cb7a557958ba137c625c83d08ece3fcdc0dcda9633bae0961d87-v

Извор: Курир