дома блог страница 5041

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Загина 24- годишен прилепчанец

13500002737349

Николче Мирчески, роден 1991 година од Прилеп го загуби животот во сообраќајна несреќа што изутрината се случи на патот Прилеп – Крушево.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Таматова несреќата се случила изутрината околу 6 часот и 20 минути, кога возилото „Рено меган“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, излетало од патот кај селото Врбјани.

– Возилото е пронајдено во нивите крај патот полни со вода. Момчето починало на лице место, изјави Таматова.

Полицијата и основното јавно обвинителство направија увид на местото на несреќата. Наредено е да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според заменик-јавниот обвинител Дамчо Кочоски, на телото на момчето не се пронајдени телесни повреди, автомобилот бил речиси целосно во вода.

Одблиску со младиот и шармантен водител

Димитар Атанасовски е амбициозен ТВ водител со многу реализирани проекти и стекнат огромен респект од македонската публика во ТВ етерот. Постојано позитивен и насмеан, Димитар е една од најсветлите точки на националната телевизија кај нас. За маркукуле.мк раскажува за почетоците на својата кариера, за неговото учевство на “Taнц со ѕвездите”, своите желби и интереси. Од поново време, Димитар работи уште како Маркетинг директор во фабриката за идеи како што ја нарекуваат, Идеа Лаб.

 

За почеток, кој е Димитар Атанасовски?

Димитар Атанасовски е една темпераментна личност, која сака да ги користи 25 од можни 24 часа во денот. Сака многу да работи, сака успешно да работи и да се посветува на работата за да има резултати.

Кој те вовлече во светот на медиумите?  

“Ова ме враќа на 18-годишна возраст, а како да било пред 100 години. Сосема случајно, пријателка на чичко ми којашто работи во МТВ ми кажа дека има аудиција за млади и нови водители во нашата национална телевизија. Јас бев голем противник да се појавам на таква аудиција зашто мислев дека водителството и медиумнот не се нешто што би сакал да го работам. Аудицијата беше закажана во петок во 12 часот, а јас тој петок во 11.30 полагав испит на факултет. А таму ми го одложија испитот за неколку дена. Дали се поклопиле коцките не знам, ама си реков да си ја пробам среќата, па отидоив на аудицијата. Ме застанаа пред камера, ми рекоа да им кажам кој сум, што сум, што правам, си кажав, и во понеделникот ми се јавија да ми кажат дека имаат емисија за мене. Да не беше пријателката на чичко ми, сега можеби немаше да бидам водител”.

Што има поголема магија, телевизијата или радиото? 

“И во двете има многу голема магија, неспоредливо е едното со другото. Пред некој ден разговаравме за тоа во радио, зашто поголемиот дел од колегите исто така работат и во телевизија. Јас телевизијата не би ја сменил за ништо на светот, зашто таму сум почнал и магијата што ја доживувам таму не можам да ја доживеам во радио. Двете имаат различна магија која не може да се споредува, ама двете ме исполнуваат”.

Дали имаш некој идол, некој за кого си сакал да бидеш кога ќе пораснеш?

Кога бев мал многу сакав да бидам полицаец. Идол како личност никогаш не сум имал. Многу гледав странски филмови , гледав филмови со суперхерои, ама од друга страна пак никогаш не сум се поистоветувал со некој таков. Подоцна кога почнав да работам на телевизија имав идоли и имав емисии кои што не престанував да ги гледам, од типот на Џамбазов шоу. За мене човекот е се уште број еден шоумен, како што би рекол он, шоумен без сопствено шоу во Македонија. Секогаш сум сакал да градам свој сопствен став за работите  и свој сопствен стил, кој подоцна ќе направи да бидам препознатлив.

Од каде идејата за ИДЕА ЛАБ , што всушност работи Димитар во ИДЕА ЛАБ и која е неговата главна улога ?

Првичната идеја за ИДЕА ЛАБ беше на Ема Темелковска, која имаше замисла да си започне нешто свое и да го работи тоа што го сака цел живот. Претходно со Ема имавме реализирано неколку проекти заедно, таа во PR-делот, јас како водител, но никогаш не сме седнале за да разговараме за нешто заедничко што може да прерасне во сериозна компанија. По неколку месечното договарање, решивме да започнеме и засега одлично ни оди. А што се однесува до работата на Димитар во ИДЕА ЛАБ, можам слободно да кажам дека е од местење знаменца на бандери до комплетна pr или маркетинг стратегигија. Од работа нема срам, тоа е барем моето мото =)

Беше учесник во втората сезона на Танц со ѕвездите, како дојде до тоа да го прифатиш тоа учество?

Јас ја следев и првата сезона, многу ми се допадна тоа. Втората сезона дојде многу неочекувано, прво, заради тоа што не очекував дека мене ќе ме викнат на такво нешто, второ,  јас никогаш не сум се гледал како танчер или како ѕвезда која би учествувала во такво шоу. Најголемата причина поради која што го прифатив моето учество беше предизвикот, сакав да се видам во таква улога и сакав да видам како ќе се снајдам. Од емисија во емисија се повеќе ми се допаѓаше концептот, се повеќе сакав да се докажувам и затоа со Јована која што ми беше партнерка, вежбавме по 6 до 7 часа дневно. По цел ден бевме во телевизија и се посветивме максимално на тоа и на крај тоа беше резултат да ослабам 10 кила и на некој начин да се заљубам во тоа што се нарекува танцување и подготвување кореографија.

Дали од секогаш те фасцинирала јавноста и дали можеш да се замислиш себеси да работиш работа затворен во канцеларија?

Па искрено, не можев, ама како поминува времето, гледам дека и така можам да се снајдам. Инаку, сум изјавил неколку пати, од водителството јас нема да се откажам зошто ми е првата љубов.

Кога би можел да кажеш дека си успеал во животот?

Јас сум девица во хороскоп, јас сум перфекционист и најверојатно јас никогаш нема да кажам дека успеав и ќе одмарам. Знам да ценам успех, знам да работам напорно за да стигнам до успех, ама од друга страна пак знам да се мотивирам повеќе за да стигнам до нови успешни работи и до повеќе работа која што ќе ми донесе успех. Сега, од денешен аспект, можам да кажам дека сум успешен во тоа што го правам, затоа што сум 9 години на телевизија, 6 години на радио и 2 години сум сопственик на ИДЕАЛАБ која што прилично успешно граби на пазарот. За овој период имам постигнато успеси, но тоа не е мојот максимум и знам дека можам многу, многу повеќе од ова.

Што прво помислуваш наутро кога ќе се разбудиш?

Зошто најчесто се успивам, си помислувам, кој крај да го фатам.

Каде се гледаш себеси за 20 години?

На некоја планина, во многу помирно издание…

Со кој холивудска актерка би снимил жешка сцена?

Со… порано имав список за вакви работи, сега немам некоја посебна желба… Еве оставам на холивудските актерки да одберат.

Објасни ни што е тоа судбина?

Нешто што луѓето ги тера да се откажуваат од работите и да чекаат нешто непостоечко да им ги реши проблемите.

Која историска личност би сакала да бидеш барем еден ден во животот?

Филип Втори.

Да знаеш дека утре е крајот на светот што би правел денес?

Би им кажал на сите, за да прават и тие што сакаат.

Каков е Димитар приватно?  

“Мислам дека сум истиот зашто и претходно бев оптимист и ентузијаст. Можеби само повеќе дојде до израз мојата самодоверба, зашто работата во медиум влева самодоверба.”

Брзи автомобили или мотори? 

“Возам и едно и друго, ама адреналинот на мотор е поголем, а јас сакам адреналин”.

Доколку Димитар Атанасовски не е ТВ лице , водител , ПР , сопственик на ИДЕАЛАБ … што навистина би бил ?

Би си купил 50 овци и како офчар би живеел во село =)

Во Прилеп ситуацијата на терен е под контрола

Кризниот штаб информира дека состојбата во врскa со обилните дождови кои го зафатија Пелагонискиот регион е под контрола. Утринава, беше оддржан координативен состанок на Кризниот штаб на кој беа изнесени најновите информации за обилните врнежи кои го зафтија градот Прилеп и населените места.
Екипите се на терен, обезбедени се вреќи со песок кои се користат на критичните места, вклучена е и АРМ и вработените во Јавните претпријатија.
Нивото на Црна Река е под контрола, но сепак состојбата постојано се следи, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
195 е телефонскиот број за пријавување на било каков проблем настанат од страна на обилните врнежи кои во наредните денови се очекува да бидат намалени.

vo-prilep-situacijata-na-teren-e-pod-kontrola-960x600-3 vo-prilep-situacijata-na-teren-e-pod-kontrola-960x600-2 vo-prilep-situacijata-na-teren-e-pod-kontrola-960x600-4

Art Caffe Aporea – 11.10.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”55″ gal_title=”Art Caffe Aporea – 11.10.2015″]

Жаре Еден на Еден продолжува со своето шоу

eden na eden

Многу наскоро започнува седмата сезона на највозбудливото шоу кај нас, Еден на Еден. Уникатниот Жаре и неговите гости, секогаш интересни за македонскиот аудиториум. Жаре за маркукуле.мк претходно кажа дека оваа сезона менува национална телевизија, очекуваме да видиме каде.

Променливо облачно време со повремен дожд

dozd.jpg-500

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд во северните делови од земјата. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северозападен ветер. Т-мин. од 10 до 16 а т-мин. 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Т.мин. 14, Т. макс 20 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде претежно стабилно и суво, со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде без значителна промена. температура.

НАТО даде одобрение за соборување руски авиони

nato_thumb_medium500_250

Пилотите на НАТО, меѓу кои и припадниците на британското воено воздухопловство кои управуваат со повеќенаменските ловци „Торнадо“ добија дозвола во воздушниот простор на Ирак да соборуваат руски авиони, доколку ги нападнат или доколку се најдат во животна опасност.

Ова го објави Daily Star Sunday, повикувајќи се на извори во одбраната на Обединетото Кралство.

Истовремено, британските пилоти добија упатство по секоја цена да избегнуваат контакт со руските ловци, пренесува весникот.

Авионите „Торнадо“ дополнително ќе бидат опремени со ракети воздух-воздух. Тие добија дозвола да ги напаѓаат непријателските руски авиони, се наведува во написот.

„Овој потег е преземен откако британските министри предупредија дека ситуацијата на Блискиот исток стана премногу опасна поради потезите на Русија, тврди британскиот весник.

Извор од британскиот одбранбен ресор тврди дека е “прашање на време кога британските авиони ќе се најдат во борба со руските авиони“.

РЕАКЦИЈА И СООПШТЕНИЕ НА РЕГИОНАЛЕН КРИЗЕН ШТАБ

5667-reakcija-i-soopshtenie-na-regionalen-krizen-shtab-960x600-1

Определени интернет портали и политички партии ги искористуваат врнежите за ситни дневно политички цели и како секогаш ја напаѓаат локалната самоуправа.
Само да Ве информираме дека сите канали за кои обвинувате дека не се исчистени, СЕ исчистени и сите скинати насипи се затворени и Ве молиме веќе еднаш направете разлика од поплава и пороен дожд.
А вашето обвинување (невистинито како и секогаш) дека нема екипи на терен да ве информираме дека:
Регионалниот кризен штаб ја следи состојбата во врска со обилните врнежи кои го зафатија Пелагонискиот регион и цела Македонија . Рано изутрина беше оддржан координативен состанок на Кризниот штаб на кој беа изнесени најновите информации за состојбата и превенциите кои се превземаат, од обилните врнежи кои го зафатија градот Прилеп и населените места.
Дежурните екипи на Јавните претпријатија, Центарот за управување со кризи и сите останати релевантни институции, се на терен од синоќа и постојано ја следат ситуацијата, а нивото на Црна Река е под контрола, но сепак состојбата постојано се следи.
Ги повикуваме политичките партии и одредени интернет портали пред да обвинуваат за невистини да се консултираат со нивните стручни кадри (ако воопшто ги имаат) за тоа како се превенира во ситуации кога има поројни дождови , а НЕ поплави.
А истовременео за информации на располагање е и Кризниот штаб да ги даде потребните информации.

Честит 11-ти Октомври

4

5

По повод 74 годишнината од почетокот на народното востание, изутрината делегации на Собранието на Република Македонија, АРМ, Владата, Сојузот на борците, локалната самоуправа, поллитички партии, здруженија и граѓани ги посетија Паркот на Револуцијата, Могилата на непобедените, Алејата на народните херои, споменикот на жената-борец, положија цвеќиња и се поколнија пред моштите на жртвите што ги дал Прилеп во Народната револуција и антифашистичката борба.

7

Со почит за борците, хероите и жртвите, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласи дека на овој светол ден од македонската национална историја гордост е да се биде пилепчанец, зашто од Прилеп почна ослободителното востание, а заветот на борците од НОБ е наш аманет.
– Гордост е да се биде прилепчанец и Македонец на овој светол ден, зашто токму на 11 октомври пред 74 години пукна првата пушка, почна антифашистичката борба. Прилеп беше прогласен за град херој со најмногу народни херои и загинати во оваа антифашистичка револуција. Борбата на сегашните и идни генерации продолжува да ги претвориме Македонија и Прилеп во попросперитетни со нови инвестиции со подобар живот за сите граѓани. Македонија да биде дел од европското семејство, изјави Ристески.

9 (3)

Илија Велкоски од Сојузот на борците потсети дека Прилеп дал 650 жртви и 15 народни херои како ниеден град и беше срцето на народната револуција.
– За време на револуцијата 1941- 1945 година, Македонија даде преку 25.000 жртви, што значи скапо ја плати сопствената слобода. Прилеп е носител на Револуцијата со над 8.000 директни учесници, што значи од секоја куќа имаше по еден учесник во НОБ, градот даде 650 жртви, 141 носител на партизанска споменица од 1941 година и 15 народни херои што ниеден град од екс Југославија го нема тоа. Прилеп го даде срцето на револуцијата, рече Велкоски.

8

За министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој ја предводеше владината делегација, Македонија по вековни борби, по народното востание од 1941-та стигна до своја држава.
– Ми претставува голема чест што денес ја предводев владината делегација за оддавање почит на паднатите борци кои ги удрија темелите на денешна Македонија. Драго ми е што по вековни борби успеавме да направиме држава, треба да продолжиме да се бориме да ја зачуваме оваа држава, да ја направиме просперитетна и да биде дел од Европа и НАТО, изјави Цветков.

9

10 (1)

12

Делегациите им оддадоа почит и положија цвеќе и пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот.
Со програма на плоштадот „Александрија“, со импровизиран напад на градот и богат огномет, синоќа Прилеп потсети на историските настани 41- та кога со нападот на тогашниот Участак, денес меморијален музеј „11 Октомври“ почна народното востание и четиригодишната народноослободителна војна.

15

17

По повод празникот денеска ќе се одиграат и повеќе спортски натпревари, а вечер во Домот на културата завршува и интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“.

19

21

Градот херој по 74-ти пат свечено го одбележа државниот празникот „11 Октомври“

1

Во центарот на Прилеп вечерва се одржа централната прослава по повод 74-годишнината од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. Покрај традиционално импровизираниот напад и огнометот, како потсетување на историските настани од 41-та кога со нападот на тогашната бугарска полициска станица Участакот, денес Меморијален музеј „11 Октомври“ започнало востанието.

2

 

Прилеп се гордее со улогата што ја има во историските настани за почетокот на антифашистичката борба. Го чува заветот на предците кои ги извојуваа битките за слободна и независна држава. Денешните генерации имаат нови битки–за подобар живот, за економски просперитет. Градот се издигнува во современо и модерно место, се обидуваме да ја подобриме економската слика и да ги решаваме проблемите, рече градоначалникот Марјан Ристески кој им го честиташе празникот на прилепчани.

3

Пратеничката Ане Лашкоска го честита празникот со желби за мир и единство и стремеж кон Европски Прилеп.

4

Вечерта беше заокружена со посета на настапот на „Ѕвездичките“ во ЦК „Марко Цепенков“.

5

6

7

9