дома блог страница 5034

Општина Прилеп ве поканува

5689-pokana-960x600-1

 

Литературно читање во ООУ Рампо Левката по повод 23 Октомври

12170599_10153622435627978_1465760296_n

Во соработка со диреткторката на ООУ Рампо Левката и литературната секција при истото училиште предводена од наставникот по македонски јазик, Роберт Ристевски беше одршан II литературен конкурс по повод денот на македонската револуциеонерна борба. Присуствуваа ученици од сите основни училишта во Oпштина Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Првите три места им припаднаа на учениците: Гешоска Софија ООУ Гоце Делчев 3то место, Марија Ацеска ООУ Кире Гаврилоски – Јане второ место и од ООУ Јонче Смугрески с. Обршани Андреј Грашкоски прво место.

12170573_10153622436437978_642672515_n

Во прилог ви ја пренесуваме и победничката песна :

„Борбата на Македонскиот народ никогаш нема да престане“
Ех,ти земјо Македонска
со векови измачувана,
еј,ти убавино
од Османлиската Империја поробувана.
Ти сонце наше што сите не грееш,
во тешките периоди татковино,
твојата крв јуначка ја лееш!
но напред чекориш силно!
Спомен траен,
на војсководци наши
чии животи згаснале како свеќа,
за наша прекрасна иднина и среќа.
Многу душмани сакале да те згазат,
тешки маки ние сме претрпувале
од оние кои многу не мразат,
мислеле дека земјата ќе ја обиколувале.
Не,не само се лажат,
нема душмани од тронот да станат,
овде нема ништо што да кажат.
Не болело срцето за љубов и мир,
сите сакале да бидеме во друг свет,
некаде таму во бескрајниот шир!
Тежело робството од сите
копнежот со насмевка ни ги будел дните.
Слобода или смрт за сите нас
боли овој сонот ваш!
нека секаде Македонскиот глас одекне,
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Oва мото нека силно екне!

12179694_10153622497322978_982113964_n

ХОРОР ВО БИТОЛА: Нашол три деца на лулашки и ги силувал

pedofilija12

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Л.(60) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “полов напад на дете кое не наполнило 14 години”.

-Пријавениот во два наврати во октомври годинава со неговото патничко возило ги зел трите малолетни деца, две сестри и нивната малолетна другарка, кои се наоѓале кај лулашки во Градскиот парк, истиот ги викнал и ги однел надвор од градот во околно битолско село каде врз сите три извршил друго полово дејствие, информираат од полицијата.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Ќе се снима филм за Аркан, ќе глумат Роберт де Ниро и Ева Мендез

arkan-tigar

Ќе се снима филм за Аркан. Холивуд наскоро ќе почне да снима филмот „Скокот на тигарот“ инспириран од Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во филмот меѓу другите улогите ќе ги толкуваат оскаровесот Роберт де Ниро и Ева Мендез.

Филмот не го прикажува веродостојно животот на Аркан

Владимир Ѓорѓевиќ, автор на книгата „Аркан“ по која ќе се снима филмот, откри дека улогата на Цеца во филмот би требало да ја добие Ева Мендез.

Овој филм е инспириран од животот на Аркан, но нема да го прикажува веродостојно. Станува збор за акција која го следи вистинскиот живот на мафијата и нивните криминални активнсоти, како што тоа своевремо го направија „Скарфејс“ или „Кум“. Во нашата приказна мораме да се осврнеме на главниот јунак со тогашниот претседател на државата (Слободан Милошевиќ) и сопругата која е пејачка (Цеца), открива Ѓорѓевиќ.

Првиот кастинг за филмот е одржан вчера во Белград. Филмот ќе почне да се снима во февруари 2016-тата, во неколку држави.

Сега работиме на одредување локации во Србија, Шведска, Америка и Црна Гора која е замена за Грција. Направивме кастинг во Америка каде имаше повеќе од 1.000 актери, а дури 400 од нив се пријавија за главната машка улога. Имаме буџет од 7, 5 милиони долари, а целта ни е со ова остварување да ја освоиме Источна Европа, особено рускиот пазар, но се надеваме на голем успех и во САД затоа што лошите момци таму секогаш се популарни вели Ѓорѓевиќ.

Цеца откри кој сака да ја глуми неа

Информацијата за филмот ја изненади и Цеца, која за српските медиуми откри дека најмногу сака нејзиниот покоен сопруг да го глуми Вук Костиќ.

ceca-arkan-1386881646-411445

Вук ми е пријател, добро се познаваме и јас мислам дека тој одлично би го одглумил темпераментот и карактерот на Жељко. Многу е талентиран и сигурно ќе му легне таа улога, наведе фолк дивата.

Еве како реагираше Цеца на информацијата дека нејзиниот лик ќе го толкува латиноамериканската дива Ева Мендез.

Ева Мендез да ме глуми мене? Изгледа феноменално, но таа е расна жена, а јас немам баш такви облини. Сепак, не се бунам. Не знам дали знае да пее, но тоа не е проблем. Тоа ќе го решат со плејбек. Сепак, ако ја дадат улогата на Аркан на Бред Пит, тогаш ќе прифатам сама да се глумам, се пошегува Цеца.

Сепак таа додава дека не е воодушевена многу поради филмот, бидејќи во него нејзиниот сопруг ќе биде прикажан како немилосрден убиец.

Избегнат инцидент: Количка со бебе се заглави на ескалаторот во ГТЦ (ВИДЕО)

ko500

Детска количка се заглави вчерaвечер на ескалаторот во Градскиот трговски центар, а само поради присебноста и брзата реакција на родителите на детето, беше избегната поголема катастрофа.

Погледнете:

Извршители го распродаваат луксузот на Буцо Лазов

Buco4-650x396

Буцо Лазов, кој е познат по своето мегаломанско живеење, и по луксузната автомобилска ергела во неговата гаража, сега е банкрот.

Владимир Буцо Лазов, сопственик на некогашната компанијата „Еуролинија“ и фирмата „Лазов груп“, за која од минатата година е отворена стечајна постапка, се чини дека веќе подолг период има финансиски потешкотии.

Буцо Лазов, кој е познат по своето мегаломанско живеење, и по луксузната автомобилска ергела во неговата гаража, сега е банкрот.

Со години наназад, Буцо Лазов ги восхитуваше скопјани со своите колекционерски пасии кон скапи автомобили и мотоцикли, накит, часовници, уметнички слики, патувања… Единствен, по скопските улици тој се возеше со „Bentley Continental GT Speed“, од 300.000 евра.

lazov-bentli-3

За македонскиот бизнисмен Буцо Лазов, кој во еден период имаше монопол во изнајмувањето билборди и рекламен простор во земјава, веќе подолг период се зборува дека работат не му оди баш најдобро, особено откако лани компаниијата за надворешно рекламирање, „Лазов груп“ отиде во стечај.

Од документот, објавен во неколку печатени медиуми, како оглас за јавно наддавање, се гледа дека Буцо Лазов, зел кредит од Стопанска Банка Битола.

Но, поради неговата неисплата, банката активирала извршител да ги распродаде работите кои најверојатно му биле ставени како гарант за кредиторот, односно биле заложени.

buco

 

На јавното наддавање што ќе се оддржи кон крајов на месецот, ставени се 275 уметнички слики во вредност од 400.002 евра и 35 ирански килими вредни 200.063 евра, како и два мотоцикли марка „MV Agusta“ тип „f5 f4 cc“ и „MV Agusta“ тип „fc f4 1000 rp“, вредни нешто повеќе од 25.000 евра.

На продажба е и уште еден ваков модел на мотоцикл, сопственост на заложниот должник Тодор Исаиловски, а вреден 13.414 евра.

 

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Утре многу дожд, можен е и снег

500poroen-dozd1-540x272-1

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите од дожд утре ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен.

Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во петок претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои во недела ќе се движат од 14 до 20 степени.

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ГИ ИСПЛАКНИТЕ ОЧИТЕ И ДА СЕ СЕЌАВАТЕ НА ОВАА СУДБИНА .. ПРОЧИТАЈТЕ…

ddecinjaaa

Тажна приказна која зборува за четири братчиња во Брчко кои ги оставила мајка им и никогаш повеќе не им се јавила.

Иако се лути на својата мајка, нивната едиствена желба е повторно да бидат заедно.

Тие имаат едно прашање „Мамо, зошто не остави“?

Лавина од коментари следуваа по објавувањето на оваа сторија. Оној кој е најчесто копиран е: „Оваа жена не заслужува да биде мајка. Мајката е ангел, оваа жена е сатана“.

Погледнете ја оваа трогателна приказна која е емитувана во емисијата “Ispuni mi želju” на Hayat телевизија.

Покана за учество на Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“

5681-pokana-za-ucestvo-na-tradicionalniot-turnir-vo-mal-fudbal-sveti-nikola--2015-960x600-1

Во тек е пријавувањето на екипите за шестиот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал што и годинава традиционално ќе се оддржи во чест на големиот празник „Св. Никола“, патрон на град Прилеп. Организатори се: Општина Прилеп, конфекциската фирма „Комфи Ангел“ и „Младинската Мултикултурна Заедница“ од Прилеп.
Во зависност од тоа кога ќе се пријават екипите, котизацијата за учество изнесува – 6.000, 8.000 или 10.000 денари.

Настанот како секоја година така и оваа ќе биде збогатен со награден фонд за прво, второ, трето и четврто место.
Заинтересираните можат да се обратат на телефонскит број: 072/269-168 кај лицето Александар Најдоски.

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“ ќе се оддржи од 11 до 27 декември во спортската сала „Арена Сонце“ во Прилеп.

Тикет на денот – 21.10.2015

ЦСКА – Манчестер Јунајтед 2

Галатасарај – Бенфика 1

ПСЖ – Реал Мадрид Х

Јувентус – Менхенгладбах 1