Покана за учество на Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“

5681-pokana-za-ucestvo-na-tradicionalniot-turnir-vo-mal-fudbal-sveti-nikola--2015-960x600-1

Во тек е пријавувањето на екипите за шестиот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал што и годинава традиционално ќе се оддржи во чест на големиот празник „Св. Никола“, патрон на град Прилеп. Организатори се: Општина Прилеп, конфекциската фирма „Комфи Ангел“ и „Младинската Мултикултурна Заедница“ од Прилеп.
Во зависност од тоа кога ќе се пријават екипите, котизацијата за учество изнесува – 6.000, 8.000 или 10.000 денари.

Настанот како секоја година така и оваа ќе биде збогатен со награден фонд за прво, второ, трето и четврто место.
Заинтересираните можат да се обратат на телефонскит број: 072/269-168 кај лицето Александар Најдоски.

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“ ќе се оддржи од 11 до 27 декември во спортската сала „Арена Сонце“ во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.