дома блог страница 5032

Што се случува кога се менува од летно во зимско сметање на времето?

Враќањето на часовникот еден час наназад, односно воведувањето на зимското сметање на времето е лошо за здравјето, доведува до губење на енергијата и ја зголемува загаденоста.

zimskovreme

Со поместувањето на стрелките на часовникот, односно со почнувањето на зимското сметање на времето, луѓето стануваат во мрак, добар дел од дневната светлина ја пропуштаат престојувајќи во затворени простории на работа, а околу 17 часот повторно настапува темницата. Поради тоа, голем број луѓе имаат проблеми со будењето, а нарушувањето на биолошкиот часовник, освен на заморот, влијае и на работењето на бубрезите и на метаболизмот, и ги прави луѓето подепресивни, утврдиле научниците. Некогаш се потребни и до четири недели за да се адаптира „внатрешниот часовник“, а во ситуации кога треба да се будиме порано, очигледна е намалената продуктивност.

Иако на многумина им е познато дека времето е релативна категорија, во современото секојдневие свесно или потсвесно овој поим се поврзува со рокови, брзање, проблеми поради доцнење итн. Сето тоа создава огромна количина на стрес, па така луѓето не само што се чувствуваат збунети, туку се чувствуваат и лошо и непријатно, со многу здравствени проблеми поради нарушената синхронизација меѓу внатрешниот биолошки часовник и оној надворешниот.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот кога се поместува сметањето на времето, луѓето се најчувствителни и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со зголемен крвен притисок, па дури и инфаркти и мозочни удари. Една од причините поради која луѓето стресно ја доживуваат промената на сметањето на времето е фактот што најчесто не им е јасно зошто воопшто се менува и како дошло до тоа.

Враќањето на часовникот еден час наназад, односно воведувањето на зимското сметање на времето е лошо за здравјето, доведува до губиток на енергијата и ја зголемува загаденоста. Со оваа промена, исто така, се краде еден час светлина од попладнето, при што доаѓа до зголемена потрошувачка на енергијата за осветлување (недостиг на природна светлина) и се ограничуваат човечките активности надвор од домот (шетање, занимавање со спорт и слично). Сето тоа му штети на здравјето, а негативно влијае и на природната средина.

Треба да имате на ум дека речиси половина од светската популација има ниво на витамин Д во крвта кое е под оптималното. Недостигот на овој витамин, кој се нарекува и „витамин на сончевата светлина“, претставува утврден ризичен фактор за рахитис, а има и индиција дека ќе го зголеми ризикот од автоимуни болести.
Научниците пресметале дека кога не би поминувале на зимското сметање на времето, би уживале во 300 дополнителни часови дневна светлина годишно. Тоа би ги направило луѓето порасположени, поенергични и помалку болешливи, какви што се во текот на подолгите сончеви летни денови.

ЗАСТРЕЛАН КАПИТАЛЕЦ ОД 201кг ВО ДЕЛЧЕВО!

kapitalec

Одстрел на дива свиња на ловиште Влаина Делчевско, стрелец Дејан Салтировски со екипата на ловно здружение Острец Делчево. Дивата свиња е тешка 201 килограм.

Оглас кој ја насмеа цела Македонија

 

 

 

 

Овој глас ја насмеа цела Македонија.

oglaszabi

Тој објави оглас на кој вели дека продава половни заби со кои има изедено само еден комбиниран сендвич и една јаболка.

Calypso 23.10.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”60″ gal_title=”Calypso 23.10.2015″]

Големо осветување на храмот Св. Петка на огромна радост на сите верници

DSC01634

Новиот божји храм посветен на Св. Петка во Прилеп денес го дочека светото осветување на радост на сите граѓани и добронамерници присутни денес на овој чин. Црквата иако е доста голема, беше претесна да ги собере стотиците верници кои доаѓаа од сите страни на градот, носејќи со себе дарови и свеќи, за здравје, за спасение.

DSC01633

DSC01623

Пееше и црковниот хор, се чувствуваше божјото опкружување околу сите нас. Прилепчани покажаја дека се големи верници во Бог и покажаја огромна почит кон Светицата, со длабоки воздишки и радост на лицата.
Се виде колку овој храм им значел на сите и дека со нетрпение се очекувало отпочнувањето на светите литургии и отворените врати во секој ден од неделата.

DSC01629

DSC01627

На чинот на осветувањето присутни беа челниците на градот, градоначалникот Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, претставници на бизнис секторот, претседателката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со чинот на осветувањето на храмот чиноначалствуваа владиците Петар и Климент.

DSC01619 DSC01624 DSC01621 DSC01622 DSC01626 DSC01618

Нека ни е за многу години !

Гадафи бил оженет со најубавата Хрватка

gadafi.jpg-500

Младиот полковник Гадафи имал осум деца. Првиот син му бил од првиот брак, додека сите останати деца биле од вториот брак со Хрватката од Мостар, Софија Фаркаш, која по венчавката го променила името во Сафија Фаркаш Гадафи.

Ја запознал кога студирајќи во Југославија пристигнал во Мостар во рамките на тогашната пракса на размена на студенти. Ја посетувал “Воздухопловната академија” во Мостар. Неговата сопруга била внука на некогашниот австриски школски окружен надзорник во Мостар, Иван Фаркаш, и во тоа време била меѓу најубавите девојки во градот.

500

Полковникот Муамер ел Гадафи владеел со Либија повеќе од четири децении, а власта ја преземал на само 27 години во 1969. година, на местото на кралот Идрис.

Ретроспектива за 23 октомври 1893г. и поважните настани поврзани со организацијата

12180114_10206710840441118_922376361_n

На овој голем ден за нас Македонците, во чест на сите оние кои ја натопиле оваа земја со својата крв, за слобода, своја и за идните поколенија, денес се сеќаваме на сите херои и ги величиме нивните имиња. Овој свет датум е најзначајниот за сите нас, сите сме ВМРО. Од овој ден Македонецот почнал да ја исправа својата глава над острата душманска сабја и организирано да се спротивставува. Ова е денот кога напатениот, измачен и угнетен народ, започнал да ја реализира својата идеја, својата кауза.
Идејата за независна и самостојна држава била вкоренета од раѓање па се до смрт во секој поединец за време на владеењето на Османлиите во Македонија. Особено после Берлинскиот конгрес (13 јуни – 13 јули 1878г.), кога територијата на Македонија била повторно вратена во рацете на османлискиот окупатор. Кога другите држави добиле самостојност како Србија, Црна Гора, Романија, за Македонија како и денес друг одлучувал на маса, притоа немајќи ни малку совест за се она што се случувало тука.
Положбата на Македонците и пред тој конгрес не била во ништо подобра, но овој момент од историјата значел продолжување на агонијата, нови агресии, илјадници загубени животи. Со други зборови Македонскиот народ бил културно, духовно, политички, национално и просветно обесправен.

12073578_10206710840321115_562511028_n

Ваквата неподнослива состојба, како и пропангандите на соседните народи за асимилација, се причините за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО). На 23 октомври 1893 година во Солун, шестмина револуционерни интелектуалци : Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел по пат на вооружена борба да се издвојува автономија за Македонија ја формираат организацијата и го започнуваат нејзиното ширење.

12170727_10206710840201112_422260343_n

Усвоен бил Устав на организацијата, Централен Комитет ( претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев ), како и мрежа на организации низ поголемите центри на Македонија. Особено организацијата добила на тежина кога кон неа се приклучиле Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев и други револуционери кои ја делеле истата цел.
Цели на организацијата биле следните: 1. Организацијата да е тајна и револуционерна, 2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија со нејзините природни и географски граници, 3. Во неа да членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност, 4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономна Македонија и 5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

12181850_10206710840481119_1313402889_n

Започнала да се реализира паролата “Слобода или смрт за Македонија”. Сите надежи и сите погледи понатаму се вперени кон организацијата и нејзиното дејствување.
Конечно народот Македонски имал свој заштитник, луѓе кои ќе ја спроведуваат правдата на дело и ќе ги шират идеалите за слобода и самостојност.
Следувале Ресенското советување во летото 1894г. кога се формирани трите окрузи Скопски, Солунски и Битолски, па првиот Солунски конгрес во јануари 1896г. кога организацијата била преименувана во (ТМОРО) или Тајна македонско-одринска револуционерна организација . По овој конгрес забрзано се обучувале и вооружувале чети. Со вооружените сили раководел Гоце Делчев кој го формирал и Четничкиот институт.
На Солунскиот конгрес во 1903 година, во отсуство на Делчев, влијателните луѓе на организацијата Груев и Сандански го наметнале своето мислење за кревање на Илинденското востание на втори август 1903 година.
Токму после овој настан на површина испливале внатрешните превирања, надворешните влијанија, предавствата и меѓусебните пресметки, како и борбата за превласт. Тоа ја ослабнало организацијата до ниво што голем дел од лидерите биле убиени, а мекедонското ткиво било разединето.
На Рилскиот конгрес во 1905г. организацијата одново претрпува промени, името било заменето со (ВМОРО) или Внатрешна македонска одринска револуционерна организација. Со вакво име организацијата постоела до 1908 и почетокот на Младотурската револуција кога и дошло до конечен расцеп и нејзин престанок.
Не смеат а да не се споменат значајните битки кој ги водела организацијата со Турците, би ги издвоиле битките кај: Могила, Готен, Трсје, Слива, Ножот, Маргара, Баница, Мечкин Камен, Арменско и мн. други.
Како пандан на претходната организација, кон крајот на 1919 година е формирана и (ВМРО) – Внатрешната македонска револуционерна организација, со Централен комитет (Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев). И во овој период мисијата била иста автономија или независна Македонија, односно создавање на самостојна држава за Македонците.
Потсетувајќи се на овие денови од Македонската историја во секој еден од нас треба да се развива чувство на гордост, чувство на херојство. Да вградиме такво чувство и кај идните генерации, за да ја пренесуваат вистината за македонското страдање, но и за македонското бунтовничко спротивставување против угнетувачите тогаш и сега.

12177619_10206710840561121_1995845481_o

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ !

Првиот од предвидените шест возови истоварен на пристаништето во Солун

11215192_1231558533537784_3698938463714486998_n

Првиот од предвидените шест возови за МЖ Транспорт, кои ги набави Владата за обновување на железницата, денес беше истоварен на пристаништето во Солун и веќе е на пат за Македонија.

Имено минатата година беше најавено дека железницата за прв пат после 35 години ќе се обновува и со дури 25 милиони евра инвестиција, граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност да се возат во нови гарнитури.

Претходно со 15 милиони евра се набавија и товарни вагони, а со уште 10 милиони ќе се обновуваат старите патнички гарнитури.

Во прилог ве потсетуваме како Македонија беше промовирана во Кина, заедно со промоцијата на новиот воз, во јули месец оваа година.

 

ВИДЕО: Вака се одмаздува изневерена жена!

Кинеска му се освети на мажот што ја изневерувал на начин што со чекан му го искрши скапоценото BMW.

womanbmw

Жената околу 20 минути удираше со чекан по возилото кое беше паркирано во Шензхен, додека случајни минувачи поминуваа.

Сведоците велат дека жената говорела „како возилото било премногу валкано затоа што во него нејзиниот маж бил со ку***”.

Снимката од инцидентот многу брзо се рашири на кинеската друштвена мрежа Weibo.

НОВИОТ ЦРКОВЕН ХРАМ СВ. ПЕТКА ВО ПРИЛЕП БЛЕСНА СО ЦЕЛИОТ СВОЈ СЈАЈ

1

Во исполнетата со луѓе и воздишки од убавината на црквата Св. Петка, денес после 103 години Прилеп е пред ново осветување на божји храм.
После 103 години Прилеп доби нов духовен храм. Црквата Св. Петка во населбата Точила е новото духовно светилиште кое освен што ќе служи за задоволување на верските потреби на граѓаните од овој дел на градот, плени со убавина и возвишеност.

2

Го продолжуваме патот и традицијата на нашите предци, дедовци и прадедовци, за градење на божји домови во нашиот град.
Со многу љубов и желба пред се, со вредните раце на мајсторите и помошта на секој добронамерен верник во Бог, се издигна овој свет храм и донесе среќа на лицата кај сите Прилепчани. Сите оние што подадоа рака, со благослов и добра воља помаѓајќи ја изградбата нека најдат вечен мир, нека божјата рака биде над нив и нека бидат горди што дел од нив ќе живее вечно токму во овој храм.

4

Денес 23 октомври 2015 година се одржува света литургија, а веќе утре ќе биде осветен храмот и ќе биде предаден на народот, на верниците, на секој оној со добрина во срцето и доблест во душата. Внатрешноста на храмот зрачи со мир, носи спокој, дава сила. Се чувствува зближеноста на луѓето, се слуша чукањето на срцето од радост, Бог е со нас, тука е, не чува. Тука сме сите исти, сите сме едно и не се делиме по никаков основ.

5

Нека овој храм биде местото каде многу луѓе ќе се сменат кон подобро, каде лошата енергија ќе испари и добри мисли над секого ќе надвладеат.
Ова е најава за утрешното духовно осветување на храмот, кое ќе го води Поглаварот на Македонската црква Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, во присуство на владиците Петар и Климент, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија Димитар Стевананџија и Ане Лашкоска, бизнис секторот и стотици верници. Ќе одекне првото црковно ѕвоно на радост на сите граѓани во нашиот град, а храмот ќе биде освен духовно светилиште , уште и ремек дело кое ќе привлекува око на туристи од Македонија и надвор од границите на државата.

3

6

8

9

10

11

12-glavna

Нека е за многу години , да продолжиме со посветеноста кон Бог и да го следиме неговото учење.