дома блог страница 5023

Грчки хулагани се обиделе живи да запалат хрватски навивачи

grckihulihanii

Натпреварот во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите меѓу Олимпијакос и Динамо Загреб што утре треба да се одигра во Атина, УЕФА го прогласи за натпревар од висок ризик.

За таа цел ангажирани се голем број на полициски сили кои деноноќно патролираат низ градот бидејќи во Атина веќе се пристигнати околу 300 гостински навивачи, но и навивачи на „Делии“ од Белград.

Специјалната полиција веќе уапсила 41 навивач на Црвена Ѕвезда бидејќи добро е познато дека токму „Делии“ се пријателски навивачи со навивачката група „гејт 7“ на Олимпијакос.
Доцна синоќа дел од хрватските навивачи кои се веќе во Атина побарале од таксист да ги пренесе во друг дел од градот, но биле блокирани од неколку моторциклисти кои веднаш почнале физичка пресметка и ги скришиле стаклата од возилото.

Притоа внатре уфрлиле запалени факли, а само среќа ги спасило гостите кои се извлекле од возилото да не бидат живи запалени.

Натпреварот меѓу Олимпијакос и Динамо Загреб е меч од висок ризик, затоа што на трибините според најавите ќе владее хаос. Домашните навивачи ќе добијат поддршка од навивачите на Ц.Ѕвезда, додека гостите кои во Атина се пристигнати околу 300 ќе имаат поддршка од Панатинаикос.

ВИДЕО: Соборен уште еден руски авион, најмалку 40 мртви

avion1

Најмалку 40 лица го загубија животот во нова авионска несреќа на руски авион.

Несреќата се случила во близина на аеродромот во Дужба, главниот град на Јужен Судан.

Станува збор за теретен авион „Антонов“, а меѓу настраданите се 12 членови на екипажот, 20-на патници но животот го загубиле и лица на земја.

Доделени 3-то Ноемвриските награди

2

Синоќа во салата на НУЦК „Марко Цепенков“ пред бројна публика, на свечената седница беа доделени 3-то Ноемвриските награди за достигнувања. Председателот на советот на Општина Прилеп Г-дин Никола Димески, ја отвори свечената седница, а со поздравен говор се обрати и Градоначалникот на Прилеп Г – дин Марјан Ристески, кој со посебен пиетет ги спомена сите загинати борци, прилепчани најмногу заслужни за ослободувањето на градот од фашистичката окупација.

 

1

Наградите – дипломи по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им беа доделени на: Неждет Мустафа Министер без ресор во Владата на Република Македонија-Национален координатор на декадата на Ромите 2005-2015, Петар Јованоски-Калинче (бербер) за придонес во развојот и зачувување на занаетчиството во Прилеп, Лилјана Ѓорѓиоска – активист и ентузијаст во здружението „Преродба“, Димко Спиркоски – прв професионален пилот и промотор на воздухопловните дисциплини во Прилеп, Благоја Костоски – Чакра за долгогодишна активност во планинарското спортско здружение „Козјак“, Методија Ѓуроски (Клучар Цако) за придонес во развојот и зачувување на занаетчиството во Прилеп.

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп  му беше врачена на: Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски за 40 години уметничко творештво и развој на ликовната уметност во градот.

naslov

[Best_Wordpress_Gallery id=”68″ gal_title=”Доделени 3-то Ноемвриските награди”]

Што не смеат да јадат деца до две години?

hr500

Здравата исхрана е многу важна за правилен раст и развој на децата, меѓутоа, треба да се внимава во изборот на намирниците. Некоја храна која е исклучително здрава за возрасните, на малите деца може да им предизвика многу проблеми.

Мед

На деца до две години не смее да им се дава мед бидејќи може да содржи токсин Clostridium botulinum кој предизвикува труење, наречено ботулизам. Имунитетот на возрасното лице е способно да се одбрани, но не и детскиот, па најдобро е во целост да се одбегнува до оваа возраст, а потоа постепено и контролирано да се воведува.

Непастеризирано млеко

Кравјото млеко содржи млечни протеини кои децата до една година не можат да ги сварат, па затоа не се препорачува воведување на оваа намирница во детската исхрана пред првиот роденден. Но, и понатаму во животот, треба да се одбегнува домашно млеко кое не минало низ процес на пастеризација.

Цитрусни плодови

Лимонот, лиметата, цитронот и портокалите се дел од здравите плодови од фамилијата на цитрусите чија главна карактеристика е високиот процент на витамин Ц. Сепак, овие плодови ги карактеризира и висока киселост која може да го надразни чувствителниот желудник на детето. Токму затоа се препорачува одбегнување на оваа храна кај деца помлади од една година.

Храна која го дуе стомакот

Брокулата и грашокот се само дел од намирниците со висок процент диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата, но предизвикуваат и силни гасови. И додека кај возрасните предизвикуваат непријатност, кај малите деца може да биде проследено со силни болки во пределот на стомакот. Затоа воведувањето на ваквата храна треба да биде постепено, контролирано и соодветно на возраста.

ФОТО: Убиен украинскиот блогер кој се подбиваше со жртвите од паднатиот руски авион

bloger

Украинскиот блогер Максим Волох кој ликуваше и се подбиваше со жртвите на урнатиот руски авион А321 над Синајскиот полуостров, е убиен во неговиот стан во Киев, соопштии uralpolit.ru.

Според првични информации непознатите сторители ја искршиле вратата, влегле во домот на Волох и повеќе пати го проболе со нож, по што тој починал на самото место . Официјално украинските истражители не ја коментираат случката.

Потсетуваме дека овие денови на социјалните мрежи се појави видео во кое Волох отворено изразува радоста од трагедијата со невините патници на Ербас А321.

Во 20-минутниот клип блогерот со изобилство од непристојни изрази изразува радоста по повод трагичната катастрофа, во која загинаа 224 лица.

Упорноста и волјата на РК Прилеп наградени со плакета 3ти ноември

“ПЛАКЕТА 3ти НОЕМВРИ” оваа година заслужено доби и машкиот тим на РК”ПРИЛЕП” за континуираниот успех во спортските резултати на сите нивоа на клубот.Ова сигурно ќе биде мотив за во иднина да го вратиме сјајот на прилепскиот ракомет.

ФОТО: Игор Џамбазов го смени имиџот

igornov

Игор Џамбазов имаше доста турбулентен период во минатите неколку месеци. Две операции, закрепнување, па стана дедо… Сето тоа на човек му одзема доста време и енергија, па заборава и на бричење и на потстрижување.

1igornov

Но за среќа, сето тоа е зад него сега. Игор многу време поминува во домот на својата стара пријателка Весна Петрушевска, дружејќи се со неа, нејзините деца и нејзините родители.

Па така веднаш по бричењето на долгомесечната брада појде на дружба кај нив, а атмосферата го понесе па ја фати гитарата и заедно со Мина, ќеркичката на Бејби, ја запееја „Време за плачење“.

2igornov

 

Акцијата за ослободување на Прилеп, 3ти Ноември 1944

Могила_на_Непобедените-Прилеп

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци Македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на Прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.

На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Хуманитарна забава за поддршка на децата со посебни потреби

received_10205115460473920

Четврток, 05.11.2015 во 21:30часот во Арт Кафе-Апореа ќе се одржи Хуманитарна забава организирана од Интеракт Клуб при гимназија ,,Мирче Ацев”- Прилеп. Влезот е 50 денари. Собраните сретства ќе бидат донирани во центарот за деца со посебни потреби ,,Ѕуница”.

Тешка сообраќајка кај раскрсницата Чумовчанец во Прилеп

policija

Неофицијално на пешачки премин (кај Чумовчанец) е прегазено 14 годишно девојче од автомобил фолсваген шаран со прилепски регистарски таблици. Според тврдења на очевидци девојчето е во критична клиничка состојба. Полицијата моментално е на лице место и истрагата е во тек, се очекува увид да изврши надлежен јавен обвинител.