дома блог страница 5020

Нема послатко: Видео кое ќе го гледате одново и одново

Новата песна на Адел „Hello“ за кратко време стана мегапопуларен хит.

hello

Ова мало момче е многу културно и знае како да возврати на поздравот на пејачката. Неговата насмевка ќе се освои, а видеото ќе сакате да го гледате одново и одново.

Ноќен живот Прилеп – Irish Pub – 06.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”69″ gal_title=”Ноќен живот Прилеп – Irish Pub”]

ФОТО: Марјана Станојковска пука од сексапил!

marjana500

Марјана Станојковска е постојано активна на социјалните мрежи и знае како да го привлече вниманието на обожавателите така што секогаш поставува провокатвни фотографии, кои особено ги воодушевуваат припадниците на машкиот пол.

Овој пат Маријана поставила фотографија на која носи здолниште со тигрест принт во кое изгледа навистина сексапилно.

marjana1500

 

Две мобилни апликации кои можат да ве шпионираат

Замислете дека некој може да ве шпионира преку мобилен телефон, кој можеби сега го држите во рака, а за тоа не сте ни свесни.

mob500

Една жена тврди дека токму тоа и се случило, па го пријавила својот поранешен сопруг дека во тајност на нејзиниот мобилен телефон инсталирал апликација со чија помош можел да ја следи.

– Никогаш не знам дали тој ги гледа пораките кои ги праќам преку телефон или ги прислушкува моите телефонски разговори, рекла таа кога го пријавила нејзиниот поранешен сопруг.

Иако звучи страшно, истражувачот Брајан Хил, кој е специјализиран за подрачјето на дигитална форензика, објасни колку сето тоа едноставно може да се случи и тоа со само две апликации mSpy и FlexiSpy.

Апликациите се симнуваат преку официјални страници на нивниот производител и чинат околу осум долари месечно, а често се користат за „контрола‟ на децата или вработените. Доволно е да се искористи момент на невнимание на сопственикот на мобилниот телефон и да се инсталира една од овие апликации и да се има увид во активноста на телефонот, како и движењето на лицето.

FlexiSpy сепак е „корисна‟ апликација за прислушкување на телефонски разговори, но потребно е подолго време за нејзино инсталирање.

Двете компании потенцираат дека корисниците на апликациите, пред се поради законот, треба да користат надоградба само на телефони чии сопственици сакаат на пример „заштита‟ на сопствените деца, но јасно е дека многу корисници ја злоупотребуваат „предноста‟ на ваквите апликации, применувајќи ги на пример на „потенцијално неверни‟ партнери.

Интересно е и дека ниту една од овие апликации не може да се најде на познатата платформа за продажба Apple Store, ниту на Google Play.

Експертите за овој случај советуваат едноставно да внимавате вашиот телефон постојано да е со вас или да подесите шифра за влез во вашиот мобилен телефон.

Со оваа храна против сезонскиот грип и досадните настинки

flufood

Овие типови на храна значително ќе ви помогнат во борбата против грипот и настинките.

За да има влијание храната врз вашиот организам, потребно е што почесто да ги консумирате следните намирници.

Масна риба – туна, скуша, лосос, харинга, сардина. Масната риба изобилува со омега 3 и одлична е за покачување на имунитетот, број еден борец во борбата против настинките и вирусите.

Лук – свежиот лук изобилува со антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките. Супер ефикасен е и во зајакнување на имунитетот.

Печурки – богати со антиоксиданси, витамини и влакна.

Сончоглед/масло и семки – Еден од најсилните антиоксиданси и најмоќен во заштита на клеточниот ѕид од оштетување од слободните радикали е витаминот Е кој најмногу го има во сончогледовото масло и семки. Витамин Е во одлични количини има и во бадемите, кикиритките и малку помалку во јајцата.

Благ компир – благиот компир е совршен за зачувување на здравјето во текот на зимата. Неговите состојки се претвораат во витамин А кој е клучен за силен имунитет.

Освен овие намирници, задолжително јадете и брокули, јаболко, зелен чај, цитрусно овошје, црвена пиперка, чили, зелка, црн грав, суво овошје, ѓумбир, житарици и маслиново масло.

НАРОДОТ ОДЛУЧУВА

ZORAN-199x300Многу стапици го демнат развојот на македонската држава, баш како и нејзиното уставно управување. Но, една се чини дека е поголема од сите, а таа e болната зависност на политичката стабилност од странско посредништво, интервенција или/и туторство. Со ова мислење немам намера да се спротивставувам на било која добра намера за градење на заедништво со светот. Што се однесува до мене тоа е божја покана. Но, постои голема разика меѓу заедништво со останатиот свет и феноменот на болната зависност на политичката стабилност од интервенција, медијаторство или/и туторство од странство. Всушност, ако сакаме да бидеме во вистинска заедница со светот тогаш треба да се одесуваме и ние како него, а тоа значи дека и обврските, и придобивките, и агонијата од реформите и радоста од заедничкото живеење да ги делиме сите како припадници на сопствената заедница-држава.

Од друга страна, пак, ако наша тенденција e да бидеме држава без интегритет и идентитет, тогаш мораме да се согласиме со она што се случува во последно време на домашната политичка сцена: ќе работиме сите, ќе се жртвуваме сите, агонијата на реформите без малкумина (се мисли на оние кои што до скоро не си ја вршеја ниту работата во парламентот патем подигнувајќи си ја незаслужената плата) ќе ја делиме сите, а одлуката за тоа кој ќе “кормилари“ со македонската држава (читај кој ќе ја води државата) ќе бараме да ја “ујдисуваат“ надворешни фактори, т.е. странски разузнавачки служби или/и меѓународните политички институции.

Ова второто, се случува кога некои “политичари“ немаат друга цел освен да го продадат своето “водство“ на гласачите. Во тој случај, тие сe откажуваат од јасните стандарди на политиката и поголемиот дел од нивната работа го посветуваат на импресионирање на публиката (домашна и странска). Незаинтересирани за основните начела на државата, движени единствено од амбицијата за преземање на кормилото на власта промовираат во политичкиот систем некој облик на општествен садо-мазохизам нe затоа што со него ветуваат практични резултати за општествената заедница, туку затоа што тоа за нив e начин за самодраматизација.

Овие “стратези“ опседнати со “герилски“ начин на војување во политиката, на кој што главно правило на игра му e “бомбардирање“ на македонската колективна свест со полувистини крирани врз основа на незаконски прислушкувања стипендирани од странски служби, всушност, го поткопуваат идентитетот и интегритетот на нашата држава. И сето тоа во името на борбата за граѓански права и демократија. Ваквата, да ја наречам Sennetova концепција на политика на самоинтерес на политичката герила во нашата држава, афирмира болна зависност на политичката стабилност од туторство на странските политичари и институции и тоа како единствен механизам за решавање на проблемите кои што таа( политичката герила), самата ги создала.

Всушност, низ вековите нашиот народ и нашата македонска држава секогаш страдале од ваквите кројачи и кроења на нивната судбина. Тие не страдале заради немање на вистински политички, духовни и идеолошки водачи. Оттука, но и заради тоа, како причина, како резултат, но и како последица произлегува здравиот одговор содржан во синтагмата „НАРОДОТ ОДЛУЧУВА“, а кој што заради последните настани на домашната политичка сцена ја артикулира кормиларот на владиното управување, односно Претседателот на Владата на Р.Македонија г-динот Никола Груевски.

За среќа, во сегашно време креаторите на тактиката на општествен садо-мазохизам и импресионирање на публиката(меѓународна и домашна), со своето “жртвување“ за нацијата собраа толку малку практични резултати така да заклучокот е единствен: политичката герила (читај група составена од поединци припадници на домашната политичка опозиција ујдисана со странски непријателски настоени служби кон нашата држава) во обидот да драматизира угнетување од страна на власта сe зароби самата во сопствената мрежа. Сe зароби во сопствената тактика на општествен садо-мазохизам. Односно, сè зароби во стил без содржина.
Некои или тие, можеби не можат да сфатат како можат самите себе си да се заробат во сопствените…., не можат да сфатат како може да бидат толку многу збркани за да се заплеткаат во својата мрежа и затоа постојано бараат виновници и одат во лов на вештици, притоа, постојано обвинувајќи некого дека е одговорен за нивните ментални проблеми.
Мислам дека има вистина во оваа хипотеза. Но, постои барем исто толку вистина во следната пропратна хипотеза, дека политичката опозиција алијас политичката герила во Р.Македонија, цело време се однесува како да избегнува да ги исполнува задачите кои што пред неа ги исправиле македонските граѓани и држава.
Д-р Зоран Петрески,
Авторот е доктор по јавна администрација

Од понеделник температурен шок

soncevo-esen-2-640x396

Од понеделник температурен шок. Под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури, кои ќе се движат во интервал од 15 до 25 Целзиусови степени.

Инаку во текот на викендот не очекуваат слични временски услови како денешните. Сабота ќе биде речиси идентична на петок во метеоролошка смисла, додека во недела очекуваме мало наоблачување, пред се во северниот дел од земјата.

Температурата во недела ќе биде слична на петочната, додека сабота ќе биде само за нијанса посвежа.

 

Свечена заклетва даде 27-та генерација војници на доброволно служење во АРМ

vojnici

Во кругот на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 27-та генерација војници на доброволно служење во АРМ.

Свечено дадената заклетва им ја честита и им посака успешна обука заменик командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски.

– Давањето заклетва е чин достоен на храбрите и оние кои се спремни ако затреба да го жртвуваат и својот живот. Вие како и многу генерации пред вас, пред државното знаме на Република Македонија и пред вашите старешини, родители, роднини и пријатели денеска на свечен и достоинствен начин се заколнавте дека ќе ги извршувате обврските и должностите како бранители на најсветото, на суверенитетот на својата татковина Р.Македонија, потенцира полковник Љубенчо Петровски.

Инаку, младите војници од оваа 27. генерација, вкупно 139, а меѓу кои 14 девојки во наредните три месеци во Центарот за индивидуална обука ЦИО во велешката касарна ќе ја изведуваат основната воена обука. Тие потоа можат да конкурираат на еден од конкурсите за професионални војници во редовите на АРМ.

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ со нов проект

1

Учениците заедно со професорите од Србија и Унгарија како и домакините од СОУ „Ѓорче Петров“, денеска ја посетија општина Прилеп. Училишната делегација беше причекана од шефот на кабинет Марија Секулоска и од Советникот за образование Марјан Матракоски кои им ја претставија Општина Прилеп, ги запознаа со работата како и со многуте проекти реализирани од страна на општина Прилеп. СОУ „Ѓорче Петров“ учествува во проект кој е дел од АЦЕС-програмата за прекугранично партнерство на училишта. Целта е размена на искуства за медиумска писменост, меѓународна соработка и партнерство на училиштата. Проектот е поддржан од 15 министерства за образование на исто толку земји-учеснички.
Поделени во тимови, учениците со менторите имале работилници, каде, заедно со гостите од Србија и Унгарија наоѓале патишта за изготвување на мини проекти.

2

3

4

5

 

Во Прилеп заедничка акција на МВР и шумската полиција против дрвокрадци

sumska-policija1

Прилепската шумска полиција во последната акција вчера против дрвокрадците заплени 10 кубни метри просторно огревно дабово дрво, еден автомобил ауди и поднесе три прекршочни пријави. За време на акцијата нападнато е полициско возило во прилепската населба Тризла, информираат од Шумската полиција во Прилеп.

Според командирот на шумската полиција Илија Спиркоски, заедничката акција на МВР и на шумската полиција почнала на Плетвар и во реонот на месноста Тројаци.

– Заедничката акција во текот на вчерашниот ден беше против поголема група дрвокрадци во шумско-стопанските единици Никодин, Беловодица и во Дрен. Одземени се 10 метри просторни дабово огревно дрво, се поднесени три прекршочни пријави и одземен е автомобил. Потоа во акција на МВР, нивното возило е нападнато во населбата Тризла, вели Спиркоски.

Спиркоски објаснува дека дрвокрадците се организирани и стануваат по агресивни, иако овој период се зголемени акциите. Пред еден месец, потсети, е нападната шумската полиција и едно лице е потешко повредено.

– Организирано е дрвокрадството од поединци, добро организирани во поголеми групи. Секоја екипа која ќе излезе на терен излегува пред лица-дрвокрадци од 10 до 15 души. На 3. октомври е нападната шунската полиција, еден е потешко, а двајца шумски полицајци се полесно повредени. Лицата се откриени и седуммина се приведени.Во овој период повеќе е ангажирана полицијата и е понамалено дрвокрадството. Но, се појавени поголеми инциденти, напади на овластените службени лица, вели Спиркоски.