дома блог страница 5015

Напад во Париз. Експлозии, пукање и многу жртви.

Вечерва во Париз одекнуваа експлозии и имаше бројни престрелки во кои според локалните медиуми загинаа 26 луѓе, а неколку десетици се повредени според првичните информации. За драмата да биде поголема, околу 10 луѓе биле земени како заложници во познатата концертна сала Батаклан. Според ББС се работи за нешто повеќе од 60 заложници.


Експлозиите одекнуваа и до стадионот каде што се играше фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија, каде што медиумите пренесуваа дека се работи за самоубиствени бомбашки напади. Францускиот претседател Оланд, кој беше на натпреварот меѓу Франција и Германија бил евакуиран, после што веднаш се сретнал со министерот за внатрешни работи.

 

Љубов или разгаленост: Ќе и подари на 7- годишната ќерка најскап дијамант на светот

На аукција одржана во Женева, еден дијамант достигна цена од неверојатни 48,5 милиони долари. Од аукциската куќа „Sotheby’s“ изјавија  дека се работи за рекордна цена на едно парче накит на аукцијата.
5000sothebys-blue-moon-diam

На аукција одржана во Женева, еден дијамант достигна цена од неверојатни 48,5 милиони долари. Од аукциската куќа „Sotheby’s“ изјавија дека се работи за рекордна цена на едно парче накит на аукцијата.

Овој дијамант го собори петгодишниот рекорд кој пред него го држеше дијамантот „Graff pink“, продаден за 46,2 милини долари. Скапоцениот камен пронајден е во 1908 година, а како што наведува аукциската куќа, на јувелирот му требале повеќе од три месеци за брусење и обликување.

Купувачот на 12-каратната „Сина месечина“ е Џозеф лау, тајкун од Хонг Конг, кој скапоцениот камен планира да го подари на неговата седумгодишна ќерка за роденден.

Лау е познат како љубител на уметноста. Пред неколку години за 39 милиони долари ја купи сликата „Te Poipoi“, на францускиот сликар Пол Гоген. Според магазинот Форбс, богатството на Лау се проценува на 9,1 милијарди долари.

 

Ново видео со Дунавка: Цел Тајланд се шегува со македонскиот модел

Дунавка Трифуновска е вистинска ѕвезда по изборот за мис на Тајланд. Сега и организаторите почнаа да се шегуваат на нејзина сметка

 

Прво место за прилепчанецот Илија Белистојаноски во Софија

Ilija-Belistojanoski

Младиот тенор Илија Белистојаноски го освои првото место на натпреварот „Руска романсијада“ која се одржа во Софија.

Во рускиот информативен центар во Софија на натпреварот кој се одржа од 6-ти до 9-ти ноември, 2015 г. учествуваа над 30 натпреварувачки, меѓу нив и десетина од Македонија.

Големиот број на македонски оперски натпреварувачи е благодарение на големата заложба на пијанистката Елена Силјановска од МОБ, која несебично работеше со нив на интерпретацијата на романсите од нејзината родна земја.

Претседател на комисијата беше Заслужниот уметник на Русија, Галина Сергеевна Преображенскаја, а во жирито, покрај познатиот бугарски баритон Петар Данаилов, биле професори и актери од софиската академија.

Инаку, младиот тенор имаше успешни настапи на концертите на студентите на Факултетите за Музичка уметност од Скопје и Штип, на концертот „Коста Трпков“ со оркестарот на МОБ. Надареноста и техниката на изведувањето на тенорот Белистојаноски не остана незабележана од страна на дирекцијата на МОБ, која во мај 2015 г., уште како студент, го повика да настапи на отворањето на Мајските Оперски Вечери 2015 во улогата на Малколм во „Макбет“.

Мртво момче во штабот на ДУИ во Тетово

tet500
Утринава во зградата на стариот „Телеком“ во Тетово, каде сега се просториите на Изборниот штаб на ДУИ, е пронајдено безживотното тело на Хусеини Н. од Тетово. Починатиот имал 20 години, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител, започната е истрага.

СЕКС СКАНДАЛ: Протекоа порно фотографии на Цеца?! (18+)

По смртта на нејзиниот сопруг Аракан Ражантовиќ, фолк пејачката Цеца официјално не беше во ниту една врска иако медиумите често шпекулираа за тоа дали младата вдовица има или нема маж во нејзиниот живот.

Иако приватниот живот го крие како „змија нозете“ доколку се потврди автентичноста на фотографиите кои изминативе денови како вирус се раширија на интернетот , а на кои фолкерката е „љубовна акција“ со непознат маж нема сомнежи дека регионот ќе има можност да „се насладува“ со нов секс скандал.

Според неофицијални информации кои ги објавија некои регионални сајтови фотографиите кои протекле на интернетот наводно биле од нејзиниот приватен телефон, а како се нашле на интернетот сѐ уште не е познато. Пејачката сѐ уште не се огласила по повод овие шпекулации, а, доколку им се верува на информациите кои кружат, наскоро целиот настан ќе добие и нова димензија бидејќи ќе биде објавено и секс видеото од пејачката.

 

113-520x385 25 34 43

ФОТО+ВИДЕО: Моќен банкар открил нешто што не смее, а е поврзано со Путин и сега живее во страв

„Ќерката на Путин, Екатерина Тихонова е омажена за милијардер. “

putin

Андреј Акимов, заменик директор на Газпромбанка, тврди дека е лажен извештајот на Ројтерс од вторникот, во кој што тој наводно кажал дека Екатерина Тихонова, заменик проректорот на московскиот универзитет, е ќерка на Путин.

ekaterina2

Екатерина Тихонова води проект именуван како “Иннопрактика” со кој што им се помага на младите научници, а ги спонзорира “Газпромбанк”.

-Знам дека тоа е ќерка на Путин. Но секако, одлучивме да ги поддржиме проектите на универзитетот во Москва без оглед на роднинската врска, рекол Акимов, а пишува „Ројтерс“.

-Акимов беше изненаден и збунет кога го прочита извештајот во Ројтерс во кој што му се препишува изјавата дека водичот на “Иннопрактика”, госпоѓата Тихонова, е наводно ќерка на претседателот на Руската Федерација. Тоа не е вистина, стои во соопштението на Газпромбанка.

ekaterina1

Ројтерс сепак стои зад своите вести.

-Нашата проценка за она што го кажал Акимов е точна и Ројтерс стои зад своите стории. Ројтерс во својот извештај се занимава и со улогата на Екатерина Тихонова и подемот на втората генерација на руската елита која што е поврзана со рускиот претседател, изјавил портпаролот на новинската агенција.

Ова е најмоќниот лек против воспаление на синуси

sinusi-1026

Овој лек од рен и оцет е навистина моќен во борбата против воспаленија на синуси и главоболките кои се задолжителен симптом.

Се што треба да направите е да изрендате рен и да го прелиете со половина литар вински оцет.

Мешавината ставете ја во стаклено шише и добро затворете. Чувајте ја 10 дена на собна температура, со повремено мешање.

Кога ќе поминат овие 10 дена, неколку пати во текот на денот отворете го шишето и правете инхалации околу 5 минути.

Истата течност може да ја ставите на парче памук или ткаенина и да ја држите како облога.

Терапијата трае 5 дена, што е сосема доволно. Можете да ја повторувате најмногу 2 пати во месецот.

Уште еден рецепт против воспалени синуси е да изрендате 50 грама рен во половина литар вода и да ставите да зоврие. Потоа правете инхалации, покриени со пешкир.

Подгответе зелено рижото и лимон бакнежи

rizoto

Изненадете гивашите најблиски и денес зготвене нешто во боја – на пример вкусно зелено рижото!

Подгответе и лимон бакнежи за десерт. Со нив ќе се заблажите по главното јадење.

Нека не ве лаже името – тие се слатки и вкусни!

Состојки

1 шоља од 200 мл ориз

1 брокула

1 шоља грашок

1 кромид

2 лук

100 мл бело вино

500 до 700 мл врела вода или бујон

1 коцка за супа (ако не користите бујон)

Сол, бибер

30 гр масло

50 гр свежо изрендан пармезан или пекорино

Малку маслиново масло

Подготовка

Брокулата измијте ја и одвојте ги цветовите – ставете да се вара во зовриена вода со малку сол, додека не омекната. Од водата одвојте 700 мл и во неа растопете ја коцката за супа.

На малку масло пропржете ситно исечкан кромид, додајте ориз и пропржете со постојано мешање. Додајте исечкан лук па додате вино – оставете малку да испари. Додајте ја брокулата и грашакот заедно со оризот да врие.

Сега додајте малку топол бујон (или водата со коцката супа), постојано мешајте, и додавајте од бујонот додека оризот ја упива течноста. (Оризот не смее премногу да плива во течност, а не смее ниту да биде пресув). Така додавајте од бујонот и мешајте го рижотото од прилика 15 до 20 минути. По вкус и потреба зачинете уште со малку сол и бибер. Брокулата треба да се развари и сето тоа убаво да се сврзе.

Кога рижото ќе биде згответено но, се уште малку „ал денте“ тргнете го од оган и во него додајте на мали коцки исечкан путер и изрендан пармезан. Мешајте додека путерот не се растопи.

88fdd7113d87457a19c4b2828b32a7fc_header

Лимон бакнежи

Состојки

200 гр путер

100 гр шеќер

1 жолчка

1 лажица ванилин екстракт или 1 кесичка ванилин шеќер

Изрендана кора од 2 лимони и сок од 1 лимон

350 гр остро брашно

Шеќер во прав

Џем или лимонов кајмак

Подготовка

Исечкан омекнат путер на коцки и измешајте ги во брашно, додајте шеќер и се’ останатот. Ако тестото е суво, додајте лажица млеко.

Замотајте во пластична фолија и нека се одмори во фрижидер 60 минути.

Тестото размесете го тенко, користете брашно ако ви се лепи и вадете колачиња со некој калап. Печете во два наврата на 290 степени да не ја променат бојата. Лепете ги со џем или лимоновиот кајмак, а потоа извалкајте ги во шеќер во прав.

Урнебесно фото: Како Игор Џамбазов ја „поздрави“ Дунавка

По вчерашните случувања на социјалните мрежи меѓу Дунавка Трифуновска и дел од естрадните уметници во Македонија, следува урнебесна фотографија.
igorslikas

Еве како Игор Џамбазов ја „поздрави“ Дунавка.