дома блог страница 5011

Уметнички дела од храна, изработија учениците од ООУ Добре Јованоски Прилеп

12273167_10206640619548584_1761289442_n

Учениците од Основното општинско училиште “Добре Јованоски” oд Прилеп на еден креативен начин приредија изложба насловена како “Уметноста преку храната”. Преку свои рачно изработени креации од овошје и зеленчук, учениците направија вистински ремек дела.  Погледнете ги фотографиите и уверете се во нивната умешност.

12277034_10206640619828591_1047631587_n

12277307_10206640619468582_1484578848_n

12278250_10206640619508583_258341331_n

12233289_10206640619428581_2049819188_n

12242223_10206640619348579_562002397_n

12242261_10206640619268577_1195795457_n

12243680_10206640619908593_1418277097_n

12244210_10206640619308578_1972618880_n

12248753_10206640619948594_93243772_n

12270042_10206640619788590_1979402125_n

12270212_10206640619388580_1786534734_n

12270394_10206640619868592_1696867087_n

12272952_10206640619588585_1985148028_n

Терористот кој сееше смрт во Франција дал интервју: Полицијата знаеше кој сум но ме пуштија!

untitledytj65y56uh56u56u56u5

Абделхамид Абауд, 27-годишното момче од Белгија кое се смета за главен организатор и мозок на терористичките напади во Фрнција, кои ја потресоа светската јавност, во февруари годинава дал ексклузивно интервју за „Дабик”, специјално списание на Исламската држава.

Во изданието кое е модерно, Абауд чие што воено име е Abu Omar el Baljiki, открива како успеал да избега од Белгија во Сирија, иако полицијата трагала по него бидејќи планирал напади, најверојатно овој во Франција. Тој во војната во Сирија отишол во 2014 година, а потоа за весникот открива како се вратил назад за да ги тероризира оние кои водат војна против муслиманите.

– Морав да се вратам. Белгија е земја која ги напаѓа муслиманите, рекол тој.

Му биле потребни месеци повторно да влезе во Европа. Кога конечно влегол во Белгија, добил оружје и сигурна куќа, додека планирал како со групата да изврши напади. Тој порано бил затваран па затоа и бил познат на полицијата, а неговата слика повторно се појавила во медиумите, откако настанала престрелка во која биле убиени 150 војници, и двајца негови соработници, по што била издадена потерница по него. И самиот бил шокиран кога успеал да се спаси.

untitleduyk67i67ik76i76y67i67ui67i76

– Еден од браќата не снимаше пред битката, но камерата се загуби. Потоа беше продадена на некој новинар од западот. Се изненадив кога си ја видов сликата во медиумите, но Алах ги заспал неверниците. Еден офицр ме гледаше, проверуваше дали сум јас тој на сликата, но не знам како не ме препозна и ме пушти, вели терористот. Тој додава дека тоа го смета за подарок од Алах.

Тој вели дека е благодарен на Бога што иако се спроведувале апсења во повеќе европски земји, никој од неговиот тим не бил фатен.

– Ме бараа но побегнав, Муслиманите не треба да се плашат од западот, тоа е доказ, вели тој.

Абауд и понатаму планира терористички акции, како што кажал за Дабик.

Влажен бран доаѓа кон Македонија – подгответе се за првиот снег

1

Нема уште долго да трае овој прилично долготраен топол ноемвриски период. Згора на се, од почетокот на месецов не падна ниту „капка дожд“. Но, работите ќе почнат да се менуваат во текот на претстојниот викенд. Антициклонот кој што го обезбеди топлото и суво време, конечно ќе попушти пред силата на широко и длабоко циклонско поле кое ќе се наоѓа со центар некаде над Скандинавија. Првиот бран на врнежи низ централна Европа се очекува уште во петок, но истиот кусо време ќе биде блокиран од алпскиот масив. Токму ова блокирање ќе биде одговорно за создавањето на поволни услови за формирање на прилично изразено циклонско поле на северот на Италија. Овој циклон ќе го донесе и првиот ноемвриски дожд годинава во земјава.

Првите врнежи може да се очекуваат уште во сабота , но само на планините во западниот регион, додека во недела се очекува дожд во најголем дел од земјава. Овој бран на врнежи, според засега достапните прогностички материјали, ќе се задржи и во понеделник.

Заедно со врнежите се очекува и значителен пад на температурата. Засега, очекуваме мала промена во насока на пад на температурата за време на викендот, но веќе во периодот по понеделник се очекува температура со максимални вредности генерално под 10°С.

Како стојат работите, снег се очекува од сабота вечер, но само на планините, додека низинските предели сега за сега ќе почекаат за снежни врнежи. Снежните врнежи на повисоките планини ќе се интензивираат во недела навечер.

ff4

(ВИДЕО)ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА АТМОСФЕРАТА ВО РУСКИОТ ГЕНЕРАЛШТАБ: Моментот кога Путин ја даде наредбата, и почетокот на бомбардирањето!

generalstab_rusija-30b05ndi3p850ua1ulnda8

По официјалниот извештај за причината за падот на Рускиот цивилен авион во кој при терористички напад загина 230 руски државјани, денес Путин веднаш нареди масовна воздушна кампања против ИСИС.

Во кампањата се вклучени сите најмодерни оружја на Руската Федерација меѓу кои и крстаречки ракети кои се лансираат од подморници и бродови, како и нуклеарните стратешки бомбардери ТУ-90 и ТУ-160.

Еве го моментот кога Путин ја издаде наредбата за старт на кампањата, и како тоа беше следено од Москва!

Во САД уапсен синот на Никола Кљусев – Препишувал лекови за кеш

kljusev-500x396

Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „Адерал“ и “Занакс“( кај нас познат под името „Хелекс“) за кои тие му плаќале во готово.

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“, пренесува агенцијата Мета.

Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „Адерал“ и “Занакс“( кај нас познат под името „Хелекс“) за кои тие му плаќале во готово. Со него заедно е упасен и Душан Босотов, под истото обвинение.

Кљусев бил изведен пред судија и задржан во притвор, а Босотов е ослободен со 200.000 долари кауција. Во истрагата биле користени заштитени сведоци и полицаец кој се претставил како пациент. Тие тврделе дека Кљусев им препишувал лекови без да ги прегледа за што му давале пари. Наводно тој и на Босотов му дозволил да пишува рецепти додека бил отсутен.

Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. Тој е исто така обвинет и за перење пари за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.

Тужен и за сексуално злоставување

Људмил во 2013 година е тужен од своја пациентка за сексуално злоставување. Во својата изјава пред судот таа кажала дека на почетокот тој бил одличен доктор, но потоа работите станувале се’ почудни.
„Еднаш кога зборуваше со својата жена на телефон, тој дојде до мене, ми ја потргна косата и ми ја бакна тетоважата на вратот“ , кажала таа. Воедно тврдела дека тој почнал да ја присилува на секс, но таа го одбила и ја нпуштила неговата канцеларија.

Во септември 2012 година, Кљусев кој имал канцеларија во Њујорк, бил притворен и казнет со 15.000 долаи поради испраќање на лични пораки до негова пациентка, нарекувајќи ја „Срце“.

Идентитетот на пациентките не се открива, а тогаш Кљусев тврдел дека се работи за исти жени.

Помошникот на Кљусев, тогаш тврдел дека лекарот бил жртва на културна дискриминација.

Кљусев се бранел дека жената која го тужи имала тешка зависност од дрога и претходно била хоспитализирана.

Што се однесува до обвинувањата за „Срце“, тој рекол дека таа од него побарала да и се обраќа така, а не со нејзиното вистинско име.

Според судските документи, жената била подложен на психијатриско испитување од страна на друг психијатар, кој утврдил дека таа ја кажува вистината во врска со однесувањето на Кљусев.

 

Ревија на македонски филмски класици во киното Мис Стон

12241225_1687596208140616_1586781707214888386_n

Љубителите на филмската уметност од среда до петок (18 до 20.11.2015) во Кино Мис Стон ќе имаат можност да ја проследат Ревијата на македонски филмски класици. На програмата се пет извонредно добри македонски играни филмови снимани во различни периоди. Цената на влезниците е симболична по 50 денари. ЦК,,Марко Цепенков,, Ревијата ја реализира во соработка со Вардар филм од Скопје.

Среда 18.11.2015 -20.00 часот

 ТЕТОВИРАЊЕ

 Година: 1991

Траење: 128 минути

Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.

Режија: Столе Попов

СценариоМирко Ковач

Музика: Љупчо Константинов

Улоги:  Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др…

Награди:

– Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови

– Прва награда ” Златна мимоза” за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш

– Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ “Милтон Манаки” Битола

и други…

Четврток, 19.11.2015

18.00 часот

 ПЛАНИНАТА НА ГНЕВОТ

 Година: 1968

Траење: 81 минути

По Втората светска, социјалистичката револуционерната војна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна

Режија: Љубиша Георгиевски

Сценарио: Анте Поповски

Музика: Тома Прошев

Улоги:  Ристо Шишков,Бранислав Јериниќ, Дарко Дамевски, Драгомир Фелба, Нада Гешовска, Петре Прличко и др…

Награди:  Специјални награди за актерите Дарко Дамевски, Ристо Шишков и Марија Исаја 1968 ФФ, Ниш

 20.00 часот

 СРЕЌНА НОВА  49

 Година 1986

Траење: 125 минути

Приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и Сталинизмот.

Режија: Столе Попов

Сценарио: Гордан Михиќ

Музика: Љупчо Константинов

Улоги:  Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други

      Награди:

Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула,

– Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула

– Нагрдада ” Милтон Манаки” од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула

– “Златен гладијатор”, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш

– Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања

– Југословенски кандидат за Оскар 1986

–  13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ

и други…

Петок, 13.11.2015

18.00 часот

ХАЈ – ФАЈ 

 Година: 1987

Траење: 102 минути

Филмот “ХАЈ –  ФАЈ” создаден е според мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефановски.

Борис Бојановски, после пет години поминати во затвор, не успева да се снајде во ситуација која што ја наоѓа во сопствениот дом. Судирот со син му започнува околу некои тривијалности, но многу бргу се продлабочува во суштински генерацијски конфликт.

Филмот го следи развојот на односите помеѓу таткото и синот, врз кои се рефлектираат и некои пошироки општествени проблеми на современиот македонски и југословенски живот.

Режија: Владимир Блажевски

Сценарио: Горан Стефановски

Музика: Љупчо Константинов

Улоги:  Фабијан Шоваговиќ, Данчо Чеврески, Елизабета Џоревска, Мето Јовановски, Вукосава Донева и др…

Награди:

1987, Пула, Златна арена за режија за Владимир Блажевски 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за монтажа за Петар Марковиќ 1987 ФЈИФ, Пула

– награда “Кодак” за фотографија за Мишо Самоиловски 1987 ФФ, Ниш

– Голема повелба за главна машка улога за актерот Фабијан Шоваговиќ 1987 Годишна награда на ревијата Екран за актерско остварување на Данчо Чеврески

20.00 часот

 ТРИ АНИ  

 Година: 1959

Tраење: 93 минути

Пензионираниот железничар Марко Петровиќ ги живее монотоно своите пензионерски денови се до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени кои секоја од нив подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека вистинската Ана загинала во војната.

Режија: Бранко Бауер

Сценарио: Слободан Глумац

Музика: Бојан Адамиќ

Улоги: Гал Дубравка, Стефановиќ Душан, Кон Марија, Мишковиќ Светлана и др…

Награди: 1960 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена од жирито за филм 1960 ФЈИФ, Пула, Награда за епизодна улога на Светлана Мишковиќ

 

 

MOTOCROSS PRILEP OPEN – ПОКАНА

5873-pokana-motocross-2015-960x600-1

На ден 22.11.2015 г. на MOTOCROSS Арената во Лагово, ќе се одржи уште една возбудлива трка. Општина Прилеп ве поканува да присуствувате на овој настан. Мотокрос Арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за одржување на вакви настани и изобилува со неверојатена доза на адреналин.

Уште 4 неработни денови до крајот на годинава

prodolzenivikendiii

До крајот на годината уште 4 неработни денови. Според програмата за неработни денови на Министерството за труд и социјална политика 8 декември, вторник, по повод празникот Св. Климент Охридски ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Неработен ќе биде и 25 декември, петок, но само за граѓаните од католичка вероисповед, кои тогаш ќе го прославуваат католичкиот Божик.
На 22 ноември (недела) ќе се слави Денот на Албанската азбука. Овој датум е впишан како неработен ден во програмата на МТСП, но со оглед на тоа дека е недела, нема да му се израдуваат многу граѓани од албанската задница во Македонија.
Но затоа, граѓаните од турската заедница во Македонија, ќе имаат супер продолжен викенд бидејќи на 21 декември, понеделник нема да мора да одат на работа бидејќи ќе го прославуваат Денот на наставата на турски јазик

Вкусно грне со месо и полнети печени јаболка

mesovogrne-640x396

За неделниот ручек ние ви предлагаме да подготвите селско месо во грне и превкусни печени јаболки наполенти со ореви и суво грозје.

Потребно:

1 кг свинска пушена коленица

500 гр маринирани печурки

3 страка праз

5 суви црвени пиперки

3 моркови

5 ловорови листови

1 лажица мешан сув зачин

200 мл бело вино

Сол и бибер

Масло за јадење

Подготовка:

Месото се двои од коската и се сече на коцки. Празот се сецка и заедно со исецканиот морков се пржи на загреано масло. Од како ќе се испржи се додаваат исецканите суви пиперки, месото и печурките и целата смеса се динста околу 15 минути. Целата смеса се истура во земјено грне или огноотпорен сад ,се зачинува со зачин, сол и бибер , па се налева со виното и се става на печење околу 30-40 минути. Се служи со туршија и домашно вино за вистинска недела гозба.

Одличен десерт за студените денови.

jabolki1-300x235

Потребно:

4 јаболка

2 лажици шеќер

1 лажичка цимет

2 лажици мелени ореви

1 лажица суво грозје

сок од еден лимон и лимонова кора

мед

маргарин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете им ја внатрешноста од семки. Во мал сад, измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, лимоновата кора, мелените ореви и сувото грозје. Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на јаболката.

Полијте ги јаболката со малку мед и на секое јаболко од горе ставете една мала коцка маргарин. Во тавче за печење, ставете зовриена вода и внимателно ставете ги јаболката, колку да ги покрие до половина. Печете околу 30 минути сè додека јаболката не станат меки. Пред служење можете да декорирате со шлаг и цимет.

Шокантна порака на Роналдо до Флорентино Перез

Првиот стрелец во историјата на Реал Мадрид не игра во посакуваната форма сезонава, а за тоа смета дека тактиката што ја подготвува тренерот Бенитез не му одговара.

benitez-and-ronaldo-july-2015_thumb_medium500_279

Тоа деновиве било причина Роналдо да има средба со претседателот на Реал, Флорентино Перез, кому, според шпанските медиуми, јасно и гласно му порачал: „Со овој тренер нема да освоиме ништо!“.

Незадоволството на Роналдо, според медиумите, е поради односот на Бенитез кон Португалецот, кој смета дека тренерот на „кралевите“ го симпатизира Герет Бејл и сака да го направи главен играч во составот.

Ова е и една од причините зошто се појавуваат информациите дека Роналдо размислува за заминување од Мадрид.