дома блог страница 5008

Ноќен живот Прилеп : Calypso – 20.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”80″ gal_title=”20.11.2015 – Calypso”]

Зимата доаѓа – утре дожд, ветер и на планините снег

Дождот ќе почне попладнево. Утре пороен дожд во западните и крајните источни делови.

snegce_thumb_medium500_268

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
1 Берово, 2 Струмица, 4 Скопје, Битола, Кр. Паланка, 5 Куманово, 6 Пожар, Гевгелија, Штип, 7 Пожаране, Лазарополе, Крушево, 8 Маврово, Ѓуриште, 10 Тополчани, Прилеп, Тетово, Претор, 11 Охрид, 12 Д. Капија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот.
1 во Лазарополе

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно , во крајните западни делови со повремени врнежи од дожд кои во ноќнте часови ќе се прошират насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне од 15 до 20 степени.
Скопје променливо облачно во ноќните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засиле ветер од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе достигне до 16 степени.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладнето во западните и крајните источни делови на места ќе бидат пообилни и ќе имаат пороен карактер (над 20 л/м2). Попладнето ќе се спушта постудена воздушна маса од север , што ќе создаде услови на повисоките планини во северозападните делови од земјава да има и повремен снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70км/час.

Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 15 степени.

Во март 2016 година ќе стартува обновата на конаците во манастирот Tрескавец

treskavec.jpg-500_thumb_medium380_0

Во средината на декември годинава ќе се знае изведувачот за обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец кај Прилеп, врз основа на распишаниот тендер кој ќе трае до 9. декември, информираат од прилепскиот Завод и Музеј.

– Проектот за обновата на конаците е готов, го добивме конзерваторското решение и сега треба да се избере изведувачот. Кон средината на декември, ако се одвиваат работите според роковите, треба да се знае изведувачот кој веднаш ќе почне со подготовка на теренот, изјави денеска директорката на музејот, Гордана Данилоска Спироска.

Големите градежни работи за обновата на конаците, зафат вреден околу 157 милиони денари, финансиран од државата, се очекува да почнат во март наредната година.

– Според планот на Министерството за култура конаците треба да бидат готови до 2018 година. Во меѓувреме се работи на проектите за реконструкција и конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и трпезаријата и на проектот за магерничкиот конак, магерницата и камбанаријата кои ќе бидат готови кон крајот на годинава, а в година за нив ќе се распише тендерот за изведувач, објаснува Данилоска Спироска.

Со обновата на конаците на манастирот Трескавец ќе се врати нивната автентичност и тие треба да изгледаат онака какви што биле пред пожарите од 2013 и 1990 година.

– Проектот го работевме врз основа на стари фотографии, од кои една е најстара и датира од средината на 19. век на која е сликан прилепскиот еснаф. Од фотографијата се гледа дека западниот и северниот конак се затворени, вели Данилоска Спироска.

Во подготовката на проектот најмногу време се потрошило на заштитата на конаците од нови огнени стихии. Секој конак секторски е одвоен со бетонски ѕидови и огноотпорни врати за евентуален пожар да не може да се прошири и да ги уништи конаците како досега во два наврата последните 25 години. Предвиден е и нов систем на гасење на евентуален пожар.

– Проектот за заштита од пожари предвидува гасење на евентуалните огнени стихии со инертен гас за да не се уништува мебелот и внатрешноста на конаците, нагласи директорката на прилепскиот „Завод и Музеј“, Гордана Данилоска Спироска.

Последниот пожар на 4. февруари 2013 година целосно ги пеплоса конаците на манастирот Трескавец. Во меѓувреме до манастирот е изграден асфалтиран пат кој многу ќе ја олесни обновата на манастирските конаци.

ФОТО ГАЛЕРИЈА – Железничката станица во Прилеп го добива новиот изглед

DSC01902

Прилепската железничка станица светнува во ново руво. Свежа фасада, нова дограма, столарија, нови санитарни јазли, затоплени и реновирани чекални, се само дел од новите услови кои ќе им бидат на располагање на патниците на Македонски железници. На фотографиите може да се види и новото плато, осоверемени перони, а ќе се постави и ново осветлување. Низ разговор со работниците на фирмата изведувач Виа Вевчани дознаваме дека целокупните активности околу железничката станица во Прилеп ќе завршат до крајот на месецот.

DSC01906

DSC01904

DSC01905

DSC01912

DSC01910

DSC01911

DSC01909

DSC01907

DSC01908

DSC01923

DSC01916

DSC01917

DSC01918

DSC01919

DSC01920

DSC01921

DSC01922

 

Еве како да го намалите ризикот од дијабетес, мозочен и срцев удар

zelen-caj

Шолјата чај е на добар глас кога станува збор за здравствените благодети, а експертите тврдат дека редовното конзумирње на чајго регулира крвниот притисок го намалува ризикот од дијабетес и мозочен удар.

Би требало да пиете помеѓу три и пет шолји чај, тврдат научниците од Здравствениот совет во Холандија.

Ерф Шотен, портпарол на Советот изјавил ека во стручната литература последниве 10 години интензивно се говори за позитивното влијание на чајот врз здравјето.

Позитивните резултати до кои дошле истражувачите, а кои укажуваат дека чајот е одлича ревенција од хипертензија, мозочен и срцев удар и дијабетес, настанале со истражување на влијанието на црниот и зелениот чај.

Затоа, токму овие два вида чај задолжително нека заземат место на вашата листа за пазарење.

Добиени средства за изградба на паркинг на зелен пазар во Кривогаштани

Biro_za_regionalen_razvoj-702x297

Општина Кривогаштани добри финансиски средства за изградба на паркинг на зелениот пазар во Кривогаштани во висина од 537.000 денари, со ки средства ќе се изгради паркингот веднаш до зелениот пазар со вкупна површина од 210 м2. Средствата се добиени преку Бирото за регионален развој,преку кое општината обезбеди средства за реконструкција и адаптација на општинската зграда, изградба на зелен пазар со пазар за млечни и сувомеснати производи и инсталација на енергетски ефикасни ЛЕД светилки за улично осветлување во висина од 260.000 евра. Општината веќе отпочна тендерска постапка за реализација на овај проект и кога ќе го додадеме сточниот пазар чија реализација е во последната фаза, Кривогаштани ќе го добие најмодерниот пазарен комплекс во државата што се очекува во голема мера да допринесе за развојот на општината.

ВИДЕО: Има 19 месеци, а веќе знае да чита!

cita-mal

На ова видео снимк кој стана вистински хит на Интернет е прикажано деветнаесетмесечно бебе кое веќе знае да чита и брои до 50.

Мајката на малиот Картер Вајстсајд, Латоја од Северна Каролина, вели дека нејзиниот син почнал да ги распознава зборовите кога имал само седум месеци. Колку детето е напредно за својата возраст сведочи и тоа што тој умее да брои до 50 и знае повеќе од 300 зборови.

“Мојот син има 19 месеци и знае да чита и ја знае азбуката. Умее да брои до 50 и јасно да прочита над 300 зборови. Кад и да тргнеме тој ги чита знаците. Кога имаше 12 месеци почна да изговара зборови кои никогаш не сме му ги кажале“, вели гордата мајка.

Учество на 48 – те Детски Рацинови средби

1

На 48 – те „Детски Рацинови средби“ ученичката Климентина Котеска беше пофалена заедно со уште 10 ученици кои во конкуренција од 200 лични творби беа избрани и наградени со пофалници.

JA ЉУБАМ МОЈАТА ЗЕМЈА
Од рани зори златести крилја разбиваш,
До темни ноќи во мракот заспиваш.
Тебе лице ти жолто поле разлеало,
Тебе очи ти чисти води езерски.
Само туѓа крв-црни робови,
Темни долгови, ти дамнешни времиња засенила.
Каде ли си сега ти, ти моја светлино?
Каде ли е твојот ден, ден да не остане-земја да покрие?

Пуста си ме земјо родила, гледала па израснала.
Тук, пусти да не останат жар, чад животот ни кучешки.
Само горчина во душа не бега,
Војна, куршум и револвер се стега.
Магла тивка однадвор надоаѓа.
Бура силна низ очи ми проаѓа.
К’тно време на уво ми шепоти.

Не, повеќе нема народ да плачи.
Не, повеќе нема страв душа да мачи.
Не, од сега ќе само радост гледаме.
Не, од сега ќе ново време везиме.
Земјо моја, земјо родна ти татковино, Македонијо плодна.
Денес, македонско знаме гордо се вее,
Татковино моја ЉУБЕНА, вечно нек` тлее!

ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
ученичка: Климентина Котеска VIII-4
ментор: Јулијана Талеска

2

3

Домаќините срдечно не` пречекаа. Не` прошетаа низ градот. Ги видовме спомениците на Кочо Рацин, Музејот на град Велес, Цветниот замок и најмногу од се` ни беше драго што зачекоривме по Сокакот на поезијата и поминавме незаоборавни мигови во куќата на Рацин. Излеговме на терасата каде што на свеќа ги пишувал песните кои ние денес ги читаме и им се восхитуваме.

4

5

6

7

8

Јулијана Талеска,
www.mojataucilnica.wordpress.com

Во понеделник „Отворен ден за граѓаните“ и „Ден на идеи“ во Општина Прилеп

FUN_2498

Општина Прилеп во понеделник, повторно ќе ги отвори вратите за сите посетители кои се пријавија и изразија желба да ја посетат општина Прилеп. Средношколци, основци, вработените во јавни институции.. и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“. Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ќе ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината. На присутните ќе им биде презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот.
Во понеделник на 23 ноември сите граѓани кои имаат приложено идеа за подобар Прилеп, ќе имаат можност истите да ја презентираат на „Денот на идеи – идеа плус за подобар Прилеп“.

Оддбележан „Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди“

IMG_4474

Денеска во Прилеп беше оддбележан „Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди“. Децата од сите основни училишта во градот излегоа со порака, секогаш да бидат заштитени во сообраќајот. Статистичките податоци укажуваат на фактот дека бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди е недозволиво висок и дека учеството на децата во вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди покажува тренд на зголемување што ја наметнува потребата за преземање на соодветни мерки за поголема безбедност на децата во сообраќајот.
Во чест на сите загинати лица во сообраќајни незгоди, Претседателот на Совет на општина Прилеп, а воедно и Претседателот на Општинскиот совет за безбедност г-динот Никола Димески се обрати пред присутните и заедно со сите учесници оддадоа почит на „Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди“.

IMG_4524

IMG_4445

IMG_4447

IMG_4450

IMG_4464

IMG_4491

IMG_4494

IMG_4503

IMG_4507

IMG_4510

IMG_4513