Добиени средства за изградба на паркинг на зелен пазар во Кривогаштани

Biro_za_regionalen_razvoj-702x297

Општина Кривогаштани добри финансиски средства за изградба на паркинг на зелениот пазар во Кривогаштани во висина од 537.000 денари, со ки средства ќе се изгради паркингот веднаш до зелениот пазар со вкупна површина од 210 м2. Средствата се добиени преку Бирото за регионален развој,преку кое општината обезбеди средства за реконструкција и адаптација на општинската зграда, изградба на зелен пазар со пазар за млечни и сувомеснати производи и инсталација на енергетски ефикасни ЛЕД светилки за улично осветлување во висина од 260.000 евра. Општината веќе отпочна тендерска постапка за реализација на овај проект и кога ќе го додадеме сточниот пазар чија реализација е во последната фаза, Кривогаштани ќе го добие најмодерниот пазарен комплекс во државата што се очекува во голема мера да допринесе за развојот на општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.