дома блог страница 5006

Доживува ли Египет париско сценарио?

eksplozijaegipett

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени во експлозии на две бомби во близина на хотел во египетскиот град Ал-Ариш, најголемиот на Синајскиот Полуостров, во кој биле сместени судии учесници во избирачкиот процес во земјата, информираа безбедносни и медицински извори.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат британските медиуми.

Во експлозиите загина еден полицаец, додека двајца судии се повредени.

Државната телевизија и безбедносни извори наведоа дека прво експлодирал автомобил-бомба, а десетина минути подоцна во истата област одекнала и втората експлозија.

Бомбаш-самоубиец се обидел со автомобил бомба да влезе во хотелот пред безбедносните сили да отворат оган врз него, по што автомобилот експлодирал, прецизираа безбедносни извори.

-На местото на нападот, околу кој војската и полицијата веќе направиле безбедносен обрач, пристигнале возила на итната помош, информираа безбедносни извори.

До експлозиите доаѓа еден ден по завршувањето на вториот круг од парламентарните избори, наведуваат британските медиуми, потсетувајќи дека огранокот на Исламска држава во Египет – „Синајска провинција“, слични напади во овој регион изведувал и порано, во обид да ја собори владата во Каиро.

Кој биле најпознатите масони низ историјата?

mason500

Некогашната тајна листа со податоци за два милиони масони во историјата, сега ќе биде објавена на интернет и ќе го открие влијанието на оваа организација врз општеството.

Членови биле Оскар Вајлд, Радјард Киплинг, Војводата од Велингтон, а се зборуваше дека и пејачот за кого се сомневаше дека е Џек Трбосек (Мајкл Мејбрик) бил ослободен токму поради тоа што бил масон.

Помеѓу слободните ѕидари биле и Винстон Черчил, Едвард VII, Едвард VIII, истражувачот Ернест Шеклтони капетанот Роберт Фалкон Скот, научниците Едвард Џенер и сер Александар Флеминг.

Кога станува збор за нашите простори, познати масони биле Вук Стефановиќ Караџиќ. Михајло Пупин, Иво Андриќ, Петар Петровиќ Његош и многу други.

Листата ќе биде објавена на интернетската страницата на компанијата која се занимава со проучување на генеалогија, „Анчестри“.

 

Отворен ден и Ден на идеи во Oпштина Прилеп

IMG_5111

Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, Oпштина Прилеп уште еднаш ги отвори вратите за граѓаните на град Прилеп во рамки на проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“.

IMG_5108

IMG_5110

Основци, средношколци, вработените во јавни институции и сите заинтересирани граѓани кои се пријавија на телефонскиот број 401-720 имаа можност да ги посетат Секторите во Општина Прилеп, како и кабинетот на Градоначалникот на општината и поблиску да се запознаат со работата и надлежностите на локалната самоуправа.

IMG_5078

IMG_5088

IMG_5093

IMG_5059

IMG_5075

Во рамки на проектот „Ден на идеи – Идеа плус за подобар Прилеп“ беа презентирани неколку идеи од инфраструктурен карактер.
Пред присутните беше презентиран и филм од сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот.

IMG_5052

IMG_5032

IMG_5038

IMG_5042

IMG_5051

 

ПАРАГЛАЈДЕРИСТОТ ЈОВАНОСКИ СЕ ЗАКИТИ СО СРЕБРО НА СВЕТСКИОТ КУП ВО БУГАРИЈА

12282099_10206887868867200_993451039_o

Пред окoлу два месеци параглајдеристите на Параглајдинг клубот ,,ДЕЛТА” од Прилеп беа на подиум на Светскиот куп во Германија во Васеркупе. Овој викенд повторно ги освоија подиумските места на Светскиот куп во Бугарија (кој се одржа 20-22 ноември 2015 г. во месноста Сопот-Карлово, Стара планина) и во поединечна и во екипна конкуренција.
Борјан Јованоски повторно го докажа својот напредок и квалитет, го освои СРЕБРОТО (второ место) со 8 негативни поени, а беше прогласен и за НАЈМЛАД НАТПРЕВАРУВАЧ. Првото место му припадна на Матјаж Ферариќ со 3 негативни поени, а третото место му припадна на Матјаж Слуга со 9 негативни поени. Мартин Јованоски го освои одличното петто место, додека пак  нивниот тренер Миле Јованоски беше во погорниот дел на табелата, во конкуренција од 60 пилоти од 13 различни земји.
И покрај големата конкуренција тимот на прилепските параглајдеристи го освои ПРВОТО МЕСТО во екипно рангирање.
Следните активности на прилепските параглајдеристи се подготовка за наредната сезона во прецизно слетување, со надеж дека ќе потпомогнат институциите. Исто така следното лето ќе се одржи Европското првенство во прецизно слетување во Литванија. Р. Македонија на последното Европско првенство немаше свој претставник, со надеж дека Р.Македонија овој пат ќе има нејзин претставник, а ова е доказ дека прилепските параглајдеристи се конкуренти за медал и на Европско и на Светско првенство.

12272721_10206887869067205_396404206_n

Дали Американците на ПЛЕТВАР ја обележаа новата американска база?

amerika1

На ПЛЕТВАР се забележани два огромни јарболи едниот со знамето од Кутлеш а другиот со американското знаме …

Интервју со Ивана Ѓорѓиоска, разорното крило на ЖРК Прилеп

Ивана Ѓорѓиоска е уште еден од плеадата спортисти од плодната почва Прилеп, за која се надеваме дека и претстои блескава ракометна кариера. Со нејзините настапи за ЖРК Прилеп, Ивана плени со начинот на игра и пред се умешност во нападот. Активно ги полни противничките мрежи на сите натпревари и претставува лидер во играта на својот тим, за кој веруваме дека ќе го привлече вниманието на сите спортски работници во женскиот ракомет. Таа е доказ дека женскиот ракомет има што да понуди на подолг рок и дека постои иднина која треба да се искористи.

Здраво Ивана и добредојде на страниците на маркукуле.мк

Најпрво ти благодарам за прифатената покана да одговориш на нашите прашања и да дознаеме многу повеќе за тебе и твоите спортски успеси во ракометот.
Кога почна да се занимаваш со ракометот, како започна твојата спортска кариера, кој се твоите мотиватори, оние на кои им должиш за твојот напредок?

Здраво, најпрво и мене ми е мило што ќе споделам дел од моите спортски успеси во ракометот за вас. Со ракомет започнав да се занимавам од мојата осма година. Мои најголеми мотиватори се моето семејство, бидејќи без нив и нивната поддршка не би била она што сум сега. Оние на кои им должам најмногу за мојот напредок, се сите досегашни тренери што сум ги имала. Од сите нив научив што се е потребно за да се стане добар ракометар. Спортската кариера ми започна доста интересно. Мојата поголема сестра исто така се занимаваше со ракомет и јас присуствував на секој нејзин тренинг. Гледајќи ја нејзе, љубовта кон ракометот се повеќе растеше и така на мојата осма година започна мојата ракометна кариера.


Ти си новиот бомбардер на женската екипа на ракометниот клуб Прилеп, колку ти годи називот дека во тебе го гледаме нашиот Дибиров во женскиот ракомет?

Називот дека во мене го гледате нашиот Дибиров во женскиот ракомет, секако ми годи. Тој е голем играч од кој има што да се научи, игра со мозок и срце и се надевам дека некогаш ќе постигнам барем половина од неговиот успех.

ЖРК Прилеп е млада екипа, колку постои перспектива во клубот, колку истиот може да биде отскочна даска за млада ракометарка како тебе?

Точно ЖРК Прилеп е млада екипа. Се надевам дека нашиот спонзор Витаминка Прилеп нема да се откажи од нас, бидејќи во сите мои соиграчки пред се има еден позитивен дух и атмосвера за добра игра за успех, а пред се желба да се врати женскиот ракомет во Прилеп. Се надевам со мојата игра ќе придонесам за нашата екипа, а воедно некој ловец на млади таленти ќе ја забележи мојата игра.

Напредувате од натпревар во натпревар, направивте мала низа на победи, каква е атмосверата кај девојките од клубот, дали можеме да очекуваме многу повеќе од вас?

После неколкуте победи во нашиот клуб се врати самодовербата и желбата за повисок пласман на табелата. Јас се надевам дека со многу повеќе работа резултатот ќе си дојде сам по себе.

Дали веќе постојат и други клубови кои пројавуваат интерес да те ангажираат во нивните редови?

Да постојат и други клубови кои пројавуваат интерес да ме ангажираат во нивните редови. Интересот е зголемен, се јавуваат, прашуваат, но засега не планирам да го напуштам мојот клуб, а за понатаму ќе размислам.

Дали Ивана има добиено повик за женската ракометна репрезентација или пак веќе имаш забележано настапи за истата или можеби за помладите екипи?

За женската сениорска репрезентација немам добиено повик, но еве веќе 4 години сум во редовите на кадетската и младинската репрезентација.


Постои ли шанса за повторно издигнување на женскиот ракомет во нашата држава или моментално можеме да се задоволиме само со настапите на ЖРК Вардар?

Шанса секогаш постои, а исто така и доволен кадар, но најголем проблем со кој се соочува женскиот ракомет воопшто во нашата држава е спонзорството. Треба многу повеќе компании дел од своите средства да ги насочат на женските ракометни клубови, да има повеќе клубови и со самото тоа ќе постои поголем избор за составот на женската ракометна репрезентација.


Освен со ракомет ти се занимаваш и со моделство, како се снаоѓаш на ова поле?

Моделството ми е хоби, а ракометот секогаш во прв план

Ивана кој е патот до успехот според тебе, што се е потребно за еден млад спортист како тебе да се издигне и да биде лидер на својата позиција на теренот?

Патот до успехот бара пожртвуваност, дисциплина, многу труд, работа и пред се треба да го сакаш од срце ракометот, доколку сакаш да успееш.

Ивана ти поскауваме огромни успеси, се надеваме дека ќе ги достигнеш највисоките ѕвездени моменти во твојата кариера и дека ќе донесеш многу радост, како на градот од кој потекнуваш, така и на целата нација.

Подготви: Александар Георгиоски

ВИДЕО: “ЕКСПЛОЗИЈА” во салата Јане Сандански во Скопје

Што се случуваше на вчерашната утакмица Вардар – Барселона … Вардар можеше против Барселона но не и против судиите.

НА ЕДЕН ЧЕКОР ДО ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ

20151115_103500

Во шестото коло од првата пингпонгарска лига на Македонија, ППК Мадост 96 забележа уште една висока и убедлива победа. Овој пат победена и надиграна беше екипата на Кочани, во Кочани со резултат 5-1. Во натпреварот се влезе крајно мотивирано знаеќи дека само со победа Младост96 останува на чекор до освојување на есенската титула. И овој пат одлични партии прикажаа Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски кои имаа по две победи, и М.Иваноски кој извојува една победа и имаше еден пораз. Во последното коло од есенскиот дел, во Прилеп ќе се одигра и дерби натпреварот во првата лига со екипата на Ѓорче Петров од Скопје. Воедно ги повикуваме сите љубители на пинг понгот од нашиот град, во недела да им дадат подршка на пингпонгарите на Младост 96 да извојуваат уште една победа, и во пролетниот дел да стартуваат од челната позиција на табелата.

СООПШТЕНИЕ

krivogastani

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ„бр. (,,Сл.весник на РМ,, бр.51/2005, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Кривогаштани го издава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат граѓаните, правните лица, органите на државната управа, научните и стручните организации, од просторот опфатен со планот:
1.Урбанистички план за село Бела Црква, КО Бела Црква, Општина Кривогаштани со плански опфат во површина од 35,5 ха, со граници на село, со плански период 2014-2024, за организирањето и спроведувањето на постапката за донесување на истиот.

Јавната анкета ќе трае од 18.11.2015г. до 01.12.2015г. во траење од 10 работни денови. Планските документи ќе бидат изложени на увид во просториите на Општина Кривогаштани од 8,00 до 16,00 часот секој работен ден, а заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да даваат забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.

Јавната презентација ќе се одржи на ден 27.11.2015г.(петок), во просториите на Општина Кривогаштани во 12,00 часот.

Анкетните листови се подигаат и доставуваат во архивата на Општина Кривогаштани, секој работен ден во период од 8,00 до 16,00 часот.

Градоначалник
на Општина Кривогаштани
Тони Заткоски

ВИДЕО: Северина танцуваше со свекорот – свадбата како во бајка

keba500

Свадбената веселба се одржа во белградскиот хотел „Краун Плаза“, а невестата за танц ја замоли и таткото на младоженецот, пејачот Драган Којиќ Кеба.

Тие двајца танцуваа на песна од Горан Каран.