дома блог страница 5004

Младите џудисти од Пролетер – Прилеп на Меѓународниот куп во Белград

12285817_10208394616852638_2017384699_n

На 22.11.2015 во Белград е одржан III Меѓународен Џудо Куп во организација на ЏК Партизан од Београд. На овај масовен турнир учествуваја околу 600 натпреварувачи , 50 клубови од сите балкански земи. Овај исклучително посетен турнир, полните трибини во спортскиот центар Шумице, како и навистина тешката конкуренција беше вистинска можност нашите млади натпреварувачи да застанат на татамите и да го презентираат најдоброто што го совладале на тренинзите . Нашата екипа освои 2 сребрни и 2 бронзени медали.
Сребрен медал освоија Спиркоски Никола и Стојановски Михаил
Бронзен медал освоија Кироваков Марко и Петрески Мартин
ЏК Пролетер Прилеп му честита на сите натпреварувачи и потенцира дека овие млади џудисти продолжија да чекорат по стапките на нивните постари колеги, кои во континуитет постигнуваат врвни резултати на меѓународните натпреварувања.
Честитки за постигнатиот успех..

12309111_10208394617292649_2134845166_n

12277994_10208394608532430_575844653_n

12305786_10208394608452428_1465031078_n

12308851_10208394608652433_1226362225_n

Проектот „Супер Марио“ во поддршка на старите и изнемоштени лица во Прилеп

IMG_5209

Градоначалникот Марјан Ристески го потпиша договорот меѓу Општина Прилеп и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ за продолжување на проектот „Супер Марио“.
Со реализацијата на споменатиот проект во домашни услови, домот за стари лица „Киро Крстески- Платник”, ќе обезбеди подобрување на квалитетот на живот на стотина семејства на стари лица на возраст над 65 години, во период од 12 месеци преку директна поддршка на основните животни продукти и одржување на хигиената на нивните домови.
За имплементација на планираните активности со проектот „Супер Марио”, општина Прилеп обезбеди финансиски средства во износ од 1,2 милиони денари.

IMG_5243

IMG_5265

IMG_5216

IMG_5222

IMG_5227

IMG_5233

IMG_5241

ВИДЕО: Ќе гори ли Блискиот исток – Русија носи во Сирија моќен ракетен систем

Руската воено-воздушна база во Лтакиа, ќе биде реорганизирана и ќе биде опремена со софистициран ракетен систем од типот С-400 САМ.

Ова оружје ќе биде доставено таму во најкус можен рок, изјавил денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, објавува „РТ“, пренесува Нетпрес.

Инаку, ракетниот систем С-400 САМ „Триумф“ е специјализиран за елиминирање на цели во воздух.

Што се крие во новиот детал на банкнотата од 20 евра?

Што се крие во новиот детал на банкнотата од 20 евра? Новиот детал на банкнотата од 20 евра „портрет прозорец“ станува транспарентен кога банкнотата ќе се стави на светлина и го открива портретот на Европа, феникиската принцеза од грчката митологија според која Стариот континент го добил името, пренесува агенцијата Франс Прес.

Парите беа и ќе продолжат да бидат важно средство за плаќање. Воведувањето на новата банкнота од 20 евра ќе биде опиплив доказ за тоа, изјави членот на извршниот одбор на Европската централна банка, Мерш за медиумите.

Новите банкноти што досега се отпечатени во 4,3 милијарди примероци, постепено ќе ги заменуваат банкнотите од 20 евра од првата серија, што ќе останат во употреба.

По банкнотата од пет евра во мај 2013-тата и банкнотата од 10 евра во септември 2014-тата ова е трета банкнота од серијата „Европа“ и како и останатите содржи број во зелена боја што ја менува нијансата од зелена во сина во зависност од аголот на гледање.

Се планира новата банкнота од 50 евра да биде пуштена во оптек во вториот квартал од 2017-тата година.

Битолчанец влезе во Спортлајф и стана милионер

За еден граѓанин од Битола овој викенд беше “Велигден“. За уплата од 7.000 денари во кладилницата на Спорт Лајф во Трговскиот Центар Кеопс успеа преку ноќ да стане милионер со  бруто добивка од 1.200.000 денари. Изиграл две системски ливчиња со три фикса и систем во кој барал три од вкупно седум натпревари со високи коефициенти. Главна причина зошто уплатил во Спорт Лајф биле високите коефициенти и големиот избор на игри што ги нуди кладилницата. Среќниот битолчанец добивката ја подигнал веќе следниот ден.

Уште 5 дена до крајот на најселфи на маркукуле.мк

Линк до играта

Остануваат уште 5 дена за да ја одбереме најлајкуваната селфи фотографија и да доделиме награда. Пријавувајте се на апликацијата на фан страната на маркукуле.мк на фејсбук, и освојте ваучер во вредност од 2000денари од Шопинг центар Лукас.

Изборот е започнат од 1ви ноември и трае до 1декември 2015 г. Oчекувајте нови изненадувања од наша страна и во иднина.

Линк до играта

Тикет на денот – 25.11.2015

Астана – Бенфика 2
ЦСКА Москва – Волфсбург ГГ
Атлетико Мадрид – Галатасарај 1 и 3+
Малмо – ПСЖ 2
Шахтјор – Реал Мадрид 2

Учениците од ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ учествуваа на VI меѓународен натпревар за камерна музика

1

Традиционално и оваа година, учениците од ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од класата Народни инструменти кај професорот Мендо Ташкоски,  кој се одржа во Кавадарци на 18 и 19 Ноември. Како и изминативе 6 години, така и оваа година учениците кои ја негуваат традиционалната музика се вратија со највисоки награди. Во предкатегорија се натпреваруваа најмладите ученици: Петрески Христијан – кавал, Рампоски Михаел – тамбура и Кочоски Божидар – тапан кои ја добија првата награда. Настески Сергеј – кавал, Трајкоски Антонио – кавал и Соколески Марио – тапан се натпреваруваа во А категорија и исто така заслужено се закитија со прва награда. Овие талентирани ученици се иднината на македонската традиционална музика, од срце го сакаат фолклорот и се гордост за музичкото училиште и градот Прилеп.

12234857_942564969113089_2599678146729306305_n

Трагедија: 9 годишно момче прегазено од камион

policiska-lenta500

Четириесет и шест годишниот С.Џ. од скопско Арачиново паркирал камион Мерцедес поради утовар на роба и излегол, по што во еден момент возилото само се придвижило и удрило во двајца пешаци, 35-годишниот Х.С. и девет годишно момче.

По незгодата, пешаците биле пренесени во кумановската болница, каде од страна на доктор кај момчето е констатирана смрт, додека Х.С. се здобил со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Полицијата извршила увид на лице место на несреќата.

НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИ ВЛОЖУВАЊА ВО ФУДБАЛСКАТА ИНРАСТРУКТРУКТУРА ВО ПРИЛЕП

111

Пред извесно време, ревносниот и проевропски ориентиран градоначалник во градот под Марковите Кули, Марјан Ристески, заедно со членот на УО при ФФМ, и воедно претседател на ОФС на Прилеп и координатор за третата лига Југ, Марјан Стојкоски – Манта и Илчо Ѓорѓиоски, првиот човек во Македонската куќа на фудбалот, потпишаа договор за целосна реконструкција на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Со овој проект, планирана е реконструкција на фудбалскиот храм во Прилеп, според УЕФА Хет-трик програмата 4, со комплетно нов терен со дренажен систем, осветлување по меѓународни стандарди, поставување 15.000 седишта и покривна конструкција над трибините. Инвестицијата од над еден милион евра, ќе биде готова до крајот на 2016 година. Но тука нема да се застане, туку ќе се продолжи со дообликувањето на стадионот со изградба на нова источна трибина од страната на старата болница. На тој начин, објектот ќе може да се користи за клупски и репрезентативни меѓународни натпревари.
Постои идеја, досегашната трева да се пренесе комплетно на игралиштето кај Металец, каде има одлична дренажа. Покрај него, за тимовите на располагање е и фудбалското игралиште на Могилата на непобедените и фудбалскиот стадион во близина на некогашната зоолошка градина, кој е со вештачка трева и исто така е проект на истите партнери. На Могилата на непобедените има играшиште со природна трева и рефлектори за ноќни тренинзи и натпревари. Таму претежно настапуваат тимовите од општинската лига, но по потреба го користат екипи од повисоките рангоги, како што се 11 Октомври и Победа. Исто така две години, во функција е, фудбалското игралиште со вештачка трева во близина на некогашната зоолошка градина, каде има прекрасен рамен терен ограден со висока мрежа. Има и соблекувални и рефлектори. Овој терен го користат двете генерации од Спортската гимназија – фудбалска академија, како и сите категории од школата н фудбалскиот клуб Победа. Исто така, најавена е реализација на слични проекти и во населените места, кои гравитираат ви рамките на ОФС Прилеп: Алинци, казнатларци и Големо Коњари. Се очекува и на овие фудбалски игралишта да бидат постравени рефлектори, каде во иднина ќе можат да се одигруваат и ноќни натпревари. Претходно беше комплетно изградено и во функција е прекрасното игралиште во Тополчани.
Прилеп е само еден од градовите, каде е збогсатенс фудбалската инфраструктура. Низ државата беа или се во тек работите на повеќе стадиони кои се според УЕФА критериумите. Станува збор за објектите во тетово, велес, штип и Битола, а ао оваа прилика да не заборавиме на најрепрезентативната инвестиција – стадионот Арена Филип Втори во Скопје, каде во 2017 година, ќе се игра европскиот Супер Куп во организација на УЕФА.

Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски
Прилеп