дома блог страница 50

Бела куќа: САД и Македонија договорија рамка за фер и реципрочна трговија

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа.

Во заедничката изјава се наведува дека двете земји „се согласија на рамка за договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија со цел да се зајакне билатералната економска соработка и да се обезбеди проширен пристап на извозниците од двете земји до меѓусебните пазари“.

Според договореното, Македонија ќе ги укине царинските давачки за американските производи. Во соопштението се нагласува дека „Македонија ќе ги елиминира царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД што се извезуваат во Македонија“.

Од друга страна, САД ќе задржат одредено ниво на царини за македонски производи. „Соединетите Држави ќе ги задржат на ниво од 15 проценти реципрочните тарифи за производи со потекло од Македонија, а истовремено ќе идентификуваат производи што ќе добијат нулта стапка на реципрочна тарифа“, се наведува во текстот.

Двете страни се обврзуваат и на решавање на нефискалните бариери.

„САД и Македонија ќе работат на адресирање на загриженостите поврзани со нефискалните бариери што влијаат врз билатералната трговија во приоритетни области“, стои во изјавата. Дополнително, тие „се обврзуваат да одржуваат консултации со цел да се адресираат и спречат бариери за американските земјоделски производи на македонскиот пазар“.

Во делот за енергетиката се истакнува поддршката за изградба на гасниот интерконектор со Грција. Во соопштението се наведува дека проектот ќе овозможи и набавка на американски течен природен гас, при што „Македонија ќе започне со купување на американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор“.

Документот содржи и обврски за заштита на животната средина и дигиталната економија. „Македонија се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефективно да ги спроведува своите закони“, се наведува во текстот. Во однос на дигиталната трговија, се посочува дека земјата „се обврзува да не воведе данок на дигитални услуги и да ја поддржи трајната мораториумска одлука за царини на електронски преноси во рамки на Светската трговска организација“.

Двете земји оценуваат дека договорот претставува чекор напред кон продлабочување на економските односи и зајакнување на стратешкото партнерство.

Maкедонија во група со Шкотска, Швајцарија и Словенија во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лигата на нации ќе игра во групата од 1 од Б сегментот против Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Ова е одлучено вечерва со жрепка која беше извлечена во Брисел, на маргините на редовниот конгрес на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Македонската делегација на жрепката во Брисел ја предводеа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и селекторот Гоце Седлоски.

Петтата по ред сезона во Лигата на нации ќе стартува во септември, а групната фаза ќе финишира во ноември.

Македонската репрезентација прв пат во историјата ќе игра во вториот по ранг сегмент во Лигата на нации, откако минатата сезона заврши првопласирана во својата група во Ц дивизијата.

Останатите групи се следни:

ЛИГА А:

А1: Франција, Италија, Белгија, Турција
А2: Германија, Холандија, Србија, Грција
А3: Шпанија, Хрватска, Англија, Чешка
А4: Португалија, Данска, Норвешка, Велс

ЛИГА Б:

Б1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Б2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Б3: Израел, Австрија, Ирска, Косово
Б4: Полска, БиХ, Романија, Шведска

Прилепчанец им го попречил патот со возило на брачен пар, па ги нападнал со остар предмет

Последниот полициски билтен на Министерството за внатрешни работи бележи повеќе случаи од црната хроника во Прилеп, при што против три лица се поднесени кривични пријави за различни кривични дела.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А. (22) од Прилеп поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес извршен во февруари 2026 година во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и таблети.

ОВР Прилеп, пак, поднесе кривична пријава против Ј.А. (67) од Прилеп за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во викенд куќа што повремено ја користел пријавениот, извршен на 03.09.2025 година, биле пронајдени и одземени ловечки карабин и воздушна пушка.

Во третиот случај, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К. (20) од Прилеп поради сомнение за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според информациите, на 20.12.2025 година во Прилеп, пријавениот со патничко возило го попречил патот на друго возило во кое се наоѓале двајца сопружници, при што им се заканувал со остар предмет.

Николоски на средба со американсаката амбасадорка – автопатот Прилеп-Битола една од темите на разговор

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава.

На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола – Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар.

САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија во реформските процеси во државата, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата, беше истакнато на средбата.

Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот, особено во услови на силни економски и геополитички потреси во различни делови во светот.

Економските односи уште еднаш беа во фокус на разговорите каде беа потенцирани добрите трговски врски меѓу двете земји кои бележат континуиран раст и се од огромно значење за деловната клима и инвеститорите.

Вицепрмиерот Николоски, ја нагласи силната заложба на Владата за економски развој преку реализација на крупните капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција. Истакна дека предвидените проекти на главните транспортни коридри ќе придонесат за зарбрзан економски и инфраструктурен развој во државата и регионот.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаења во различни дејности.

Двајцата говорници потеницираа дека постојат реални можности за интензивирање на економската и трговска соработката и во насока на добрите пријателски односи меѓу двете земји, истакнаа заедничка подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес.

Две сестри од Прилеп со многу љубов создадоа креации што ќе ги стопат срцата на сите заљубени – Побрзајте во Лизијан!

14 февруари – ден кога љубовта се слави насекаде. За некого Св. Валентин, за некого Св. Трифун. За едни ден на романтиката, за други празник на љубовта и виното. Но, без разлика како го нарекуваме – ова е ден кога срцето зборува погласно од зборовите.

Овој викенд, цвеќарница Лизијан – Прилеп ви подготвува вистинска магија за сите вљубени. Прекрасно аранжирани букети, внимателно спакувани подароци, романтични комбинации од цвеќе, вино и слатки изненадувања – создадени да измамат насмевка и да разбудат емоции на прв поглед.

Лизијан е повеќе од цвеќара, тоа е едно уникатно атеље, каде двете сестри Снежана Цветковска и Јулка Николоски, со многу љубов внесуваат посебност во секој детал, во секоја креација, а крајниот епилог од тоа се задоволни и среќни муштерии и клиенти.

Секоја декорација раскажува приказна. Секој букет носи порака: „Те сакам“.

Без разлика дали сакате да изненадите сакана личност, да запалите нова искра или да ја зацврстите постоечката љубов – во Лизијан ќе го пронајдете совршениот подарок.

Посетете ја цвеќарница Лизијан во старата катна гаража, веднаш до “НЕПТУН” и дозволете љубовта да зборува преку најубавите цветови.

Овој викенд не подарувајте само цвеќе, подарете чувство, подарете спомен, подарете љубов.

Следете ја цвеќарница Лизијан на социјалните мрежи / ФЕЈСБУК / ИНСТАГРАМ

Претседателот на Регулаторна комисија поднесе оставка

Марко Бислимоски поднесе оставка од функцијата претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Тој во писменото известување упатено до Собранието, наведува дека се повлекува од функцијата на која бил именуван, односно реизбран, на 26 јули 2023 година, и бара согласно Законот за енергетика да се утврди престанокот на мандатот.

Оставката на Бислимоски следи две недели откако Финансиската полиција поднесе кривична пријава против него. На 29 јануари, Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе пријавата за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, односно оти не била одземена лиценца за вршење енергетска дејност на фирмата „Тритерол Петрол ДООЕЛ“ Скопје.

-Пријавениот М. Б. во својство на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел, биодизел, еуросупер, екстра лесно 1 и течен нафтен гас на правното лице ‘Тритерол Петрол ДООЕЛ‘ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година. Со тоа ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки, соопштија тогаш од Финансиската полиција.

Бислимоски ги отфрли обвинувањата и изјави дека не чувствува вина во врска со постапувањето. Надлежните институции треба да утврдат дали има основ за кривична одговорност и дали во случајот биле прекршени законските обврски.

Ристески: Договорот за зголемување на платите во јавната управа е доказ дека социјалниот дијалог функционира

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија, изјави дека Владата со последниот постигнат договор за зголемување на платите во администрацијата покажа висок демократски капацитет и транспарентност во работата, како и дека овој договор е доказ дека социјалниот дијалог во државата функционира.

-Со договорот со двата репрезентативни синдикати САДУ и УПОЗ со кој ќе се зголемат платите за над 40 проценти за 11.000 вработени во администрацијата со 2028 година, како и со претходни договори за зголемување на платите на вработените во образованието, здравството, социјалните работници, армијата, полицијата и други сектори, Владата го заокружи процесот таму каде што таа е работодавач, кажа заменик-министерот Ристески.

Ристески додаде дека со овој договор овие над 11.000 вработени во државната управа ќе добијат повисоки плати и ќе се приближат до другите државни институции, а со ова се исправа неправдата нанесена од штетните политики на минатата власт.

-За жал, наследивме една хаотична состојба со платите во јавниот сектор, каде платите се регулираат со разни колективни договори, правилници и одлуки, а тоа допринесе во исти ресори или институции, вработени на исти позиции да имаат различни плати. Во наредниот период со двата репрезентативни синдикати треба повторно, во еден транспарентен процес, да преговараме за нов Општиот колективен договор за јавниот сектор кој е истечен. Овој нов договор треба да даде квалитетни и системски решенија за пресметките и растот на платите во јавниот сектор. Со ова ќе имаме јасен систем за пресметка на платите и можност за поквалитетно и поодговорно планирање на буџетските средства потребни за оваа намена, додаде Ристески.

Околу минималната плата Ристески повтори дека разговорите мора да продолжат помеѓу синдикатите со најголемите работодавачи, а тоа се претставниците на приватниот сектор, како и дека Владата ќе го прифати било кое решение кое тие ќе го договорат, а доколку нема договор тогаш минималната плата ќе се зголеми согласно постоечкото законско решение.

Новинарот Момироски песимист за нов театар во Прилеп? Што се крие зад тоа?

Во најавата за најновата колумна, во која ги отсликува минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна и на долгогодишните очекувања на прилепчани да добијат нов театар.

,,Ново-старата престава,, НОВ ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР иако подготвувана скоро 8 години, дефинитивно нема да се гледа.А и стариот за кој се планира реконструирање и возобновување нема да стигне до 5 јуни кога треба да започне годинашниов јубилејен 60 –ти театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински,, – напиша Момироски.

Какви детали има бардот на новинарството во Прилеп, останува да видиме во утрешната колумна на неговиот Фејсбук профил

Блескава победа за прилепчани против Тиквеш – Ќе успее ли РК Прилеп да се избори за плеј-оф во последните две кола?

Ракометарите на РК Прилеп во рамки на второто коло од пролетниот дел во Супер машката ракометна лига забележаа важна и голема победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26, откако на полувремето имаа предност од 16:11.

Ова беше првиот настап на прилепчани пред домашната публика во вториот дел од сезоната, а избраниците на тренерот возвратија со борбена, дисциплинирана и ефикасна игра. Од самиот почеток наметнаа силно темпо, со цврста одбрана и разигран напад, не дозволувајќи му на противникот да го доведе во прашање победникот.

Најефикасен во редовите на РК Прилеп беше капитенот Димитар Димитриоски со девет постигнати голови, додека значаен придонес даде и Никола Шипинкоски со седум погодоци.

Ова беше деветта победа за прилепчани кои сега имаат 18 бода на табелата, само два помалку од петто и шесто пласираните Тиквеш и Бутел.

До почетокот на плеј-оф/плеј-аут разигрувањата, РК Прилеп ќе се соочи со Еурофарм Пелистер на гости и Радовиш на домашен терен. Прилепчани ќе се надеваат на кикс на Тиквеш, кој игра на домашен терен со Куманово и на гостински терен токму со Бутел во последното коло. Од друга страна пак Бутел пред решавачкиот дуел со Тиквеш, ќе се соочи и со Охрид на гостински терен.

Подари љубов, Подари инвестиција

Овој ден на вљубените, подарете практична љубов.

Наместо класичен подарок што ќе трае кратко, изберете нешто што носи вистинска вредност, можност за заеднички финансиски раст и посигурна иднина. Со P2P инвестирањето, љубовта добива ново значење: грижа, доверба и поддршка за целите на личноста што ви значи.

Со нашата акција 1+1, добивате 1% бонус за вас + 1% бонус за личноста што ја препорачувате. Регистрирајте се, препорачајте ја својата сакана личност и заработете бонус заедно.

Така, не само што правите подарок, туку ја мотивирате вашата сакана личност да го направи првиот чекор кон паметно инвестирање и финансиска сигурност.

Бидејќи вистинската љубов не се мери само во моменти, туку во сигурноста и можностите што ги создавате заедно.

Подарете нешто што носи вредност денес, но и утре – подарок што работи за вас. Започнете на P2P.mk и направете инвестиција што расте, исто како љубовта.