дома блог страница 5

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

На настанот најавен за 13:00 часот, ќе присуствува и генералениот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

По завршувањето е предвидено Мицкоски, Николоски и Курт да одржат заедничка прес – конференција.

Во изјава за МИА, директорот на ТАВ Македонија, вели дека реконструкцијата и модернизацијата на Охридскиот аеродром ќе чини 2,7 милиони евра,

Со предвидените активности, според ТАВ Македонија, аеродромот конечно ќе добие нов лик, при што во терминалната зграда ќе се добие поголем простор за патниците, со цел поефикасни и покомфорни услуги.

Проектот ќе опфати неколку клучни сегменти и ќе се реализира во неколку фази. Се очекува целосно да заврши до крајот на мај оваа година. Додека се одвива реконструкцијата, авиосообраќајот ќе се одвива непречено.

Нема запирање! Нашиот Матеј го шокираше 14 години повозрасниот Босанец – Блескава победа за Прилеп и Македонија!

Професионалниот боксер и студент на Факултет за Електротехника и Информациски Технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, прилепчанецот Матеј Чатлески, вечерва оствари значајна победа на боксерската сцена.

На настанот во Бор, во организација на Balkan Boxing, Чатлески ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина – противник со огромно искуство и зад себе стотина борби.

И покрај тоа што има само 19 години и ова му беше трета професионална борба, Чатлески покажа зрелост, дисциплина и квалитет во рингот, совладувајќи го 33-годишниот противник со едногласна одлука на судиите (3:0).

Оваа борба во 4 рунди, претставуваше сериозен тест за формата на младиот македонски боксер, кој чекор по чекор гради сигурна и ветувачка професионална кариера.

Со три борби – три победи, Матеј Чатлески веќе сериозно го најавува своето име на регионалната боксерска сцена.

Oпштина Битола распиша конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативна зона – АРМ

Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени,
следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој.

Конкурсот ги има следните специфичи цели:

– Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот развој на градот во просторна и програмска смисла,

– Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини,

– „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,

– Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води),

– Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.

Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседуваат стручните класификации согласно условите на конкурсот.

Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026 год. до 12.00 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат.

Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување на истиот.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/idejno-reshenie/

Ноќеска ќе спиеме еден час помалку, почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03:00 часот.

Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Импресивна изложба во “Цепенков” – Уметницата сликаше со музика во живо, перформанс во кој сите уживаа (ФОТО)

Во Ликовна Галерија од ЦК”Марко Цепенков” Прилеп, синоќа беше отворена извонредната изложба “Оган” од академската уметница Бојана Артиновска.

За импресивните дела на Артиновска, говореше м-р Викторија Димеска, која посочи дека уметницата за новите апстрактни дела инспирацијата ја црпи од огнот.

“Острите назабени форми се извршуваат како бранови и создаваат структури што интуитивно продуцираат преку визуелна интерпретација. Трепетливите арабески ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разголена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевито колоритни површини”- рече Димеска.

Посетителите на изложбата имаа ретка и несекојдневна можност да го проследат ликовно уметничкиот и музички перформанс “Ширење на светлината”.

Бојана сликаше, а музички ја следеше музичарот Методија Костоски. Бојана Артиновска има реализирано бројни изложби, работи сценографија, костимографија и е мултимедијален уметник.

Со изложбата “Оган” Центарот за култура “Марко Цепенков” ја започна богатата програма за 2026 год.од визуелните уметности.

Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски на последните анкети

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.

24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.

Повеќе од половина од испитаниците кои се изјасниле за конкретна политичка партија на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5% се определиле за Вреди, 11,1% за СДСМ, 10,9% за ДУИ, 7% за ЛЕВИЦА, 4,8% за ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. МКД.мк

Момироски: Најгласните сега молчат и без грам срам се прават на “мутави”

Во најновата колумна за минатонеделните општествено-политички случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна на финансиската состојба во која се наоѓаат јавните претпријатија во градот.

-Додека во ЈКП Водовод и канализација новите пописни тимови бројат и пребројуваат, а ревизорите сигурно ќе си ја работат и благовремено ќе си ја завршат својата работа, во ЈКП Комуналец веќе се е избројано, а финансискиот извештај констатира. Ова јавно комунално претпријатие 2025 година ја завршило со неплатени обврски спрема добавувачите од околу 540.000 евра. Или вкупните обврски во споредба со 2024 година биле зголемени за близу 40.000 евра. Факт е дека до пари се потешко се доаѓа наспротив зголемените трошоци, а услугите кои ги очекуваат граѓаните не ги добиваат на потребното ниво. Засега остануваат отворени три клучни прашања. Дали ќе се изврши внатрешна реорганизација преку нова систематизација, оти толку под шефови, шефови и над шефови ретко може да се најдат на друго место.

Второ, дали ЈКП Комуналец ќе се дели на два правни субјекти: ЈКП Комуналана хигиена и ЈКП Паркови и зеленило. Или клучното за иднината е јавно приватно партнерство. Која од овие варијанти ќе биде избрана сигурно дека ќе биде подобара од сегашната и за фирмата и за вработените во претпријатието и за граѓаните, оти вака повеќе не можи. Инаку целиот извештај за финансиското работење во текот на 2025 година ќе биде тема на расправа и пред советниците на една од следните седници. Оти на 1 април денот на шегата и лагата се закажани не една туку две. Првата ,советнички прашања, а веднаш потоа е следната на која ќе се расправа за ребаланс на општинскиот буџетот за 2026 година и финансиските извештаји на јавните претпријатија за 2025 година, освен оној за ЈКП Водовод и канализација.

Ништо не е подобра финансиската состојбата и во ЈП ПУП.Иако по обем мнгу помало ова претпријатие лани останало должник кон своите добавувачи околу 80.000 евра.Од вкупните приходи, велат од новиот управен одбор околу 61% одат за плати и за придонеси за вработените. Дали се многу вработени или малку допрво ќе покажат анализите, но факт е дека желба за излез има и кај вработените и кај членовите на новиот надзорен и управен одбор. Уште да има пари се ќе биде во ред.Ама нив се помалку ги има. Поради тоа има над 600.000 денари заостанати и неплатени рати за автобусите на метан купени од времето на СДСМ и тогашниот градоначалник Илија Јованоски.

Тогаш многу актуелни контраверзни информации и реакции околу набавната цена ама и со многу сомнежи за тоа дали се можни финансиски малверзации кај тогашната опозиција, ама сегашна позиција.Повеќе од шест години поминаа, тогаш најгласните сега молчат и без грам страм се прават на ,,мутави,,како јавно да не изразувале или како да немало сомнежи, односно дека се било обичен ветар и магла за пред граѓаните.

Покрај за репрогамирање на долгот во ЈП ПУП пред новото раковдство лежат и тежат и тужби на вработени по разни основи што се на се ја прават оваа состојбат уште по сложеа. Поради сето ова најверојатно можна е поголема внатрешна реорганизација. Па така одделот за Просторно и урбанистичко планирање да биде едно ,а градски или евентулно меѓу општинско сообраќајно претпријатие сосема друго. Со пуштањето на донираните четири автобуси во минатата година некои пресметки покажуваат дека би можело да се заштеди и во трошокот за горивата особено во ова кризно енергетско време. Притоа не е исклучено и минимално покачување на цената на некои од услугите на ЈП ПУП.

Целата колумна на Момироски, прочитајте ја ТУКА

Кој e мистериозниот директор/ка од Прилеп со нечовечки манири?

Скандалозен случај од образовна институција во Прилеп ја бранува јавноста, откако Павлинче Матеска објави статус на социјалните мрежи во кој опишува понижувачки однос кон вработен пред пензија.

Според напишаното, станува збор за настан во кој вработен со долгогодишен стаж бил оттурнат од работното место токму на денот кога требало достоинствено да се пензионира.

Статусот на Матеска го пренесуваме во целост во продолжение:

„ОВА СЕ КАДРИТЕ ОД ТИМОТ!? Ова ви се случува по образовни институции? Вие сеуште немате разбрано за случката? Повеќе од 15 години работиш во институција. Денес ти е последен работен ден – си заминуваш во пензија. Купуваш благо, солено, носиш на работа да ги почестиш колегите. Те вика директорот во канцеларија и ти вели за две минути да си заминал одовде. Ти културно враќаш да се поздравам со колегиве и ќе си заминам. Директорот го фаќа хистерија, почнува да урла по ходници и вика полиција. Ама се си може – директор од партија го донеле да се изживува врз вработени оти институцијата личен нивни имот е. Какви личности водат образовни институции!“

Засега не е познат идентитетот на директорката на која се однесуваат обвинувањата. Јавноста со право прашува – дали ќе има одговорност и кој стои зад ваквиот однос во образовниот систем во Прилеп?

Најнова вест: Прилепската гимназија доби нов ВД директор

Конечно по 14 дена без прв човек, денеска беше назначен нов В.Д. директор во прилепската гимназија “Мирче Ацев”.

На местото на Снежана Спиркоска, која ја вршеше директорската функција во ова училиште нецели 6 месеци, од денеска именуван е Роберт Стојаноски, професор по латински јазик.

Поради тоа што училиштето немаше директор, немаше кој да ги свика класните, а потоа и наставничките совети. А без овие совети прашање беше како ќе се дадат тримесечните оценки на учениците. Поради тоа професорите како и учениците, а преку нив и родителите реагираа што поскоро да биде избран и именуван новиот директор.

Кривична за прилепчанец – Полицијата му пронајде хероин и кокаин во автомобилот

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.В.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.03.2026, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило, кое го управувал пријавениот и во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени хероин и кокаин – информираат во полицискиот билтен на МВР.