дома блог страница 4999

ВИДЕО: Најновата песна на Тоше Проески

toseconc

Хрватски „Недељни Јутарнји“ ексклузивно објави видео во кое имате можност да ја слушнете најновата песна од нашиот Тоше Проески, насловена „If You Wanna Leave Me“. Оваа песна ќе биде најавен сингл на неговиот претстоен албум.

Тесниот круг на лица што се собраа да ги изберат музичките броеви беше предводен од прочуениот британски продуцент Енди Рајт кој ги продуцираше сите песни на Тоше на англиски, од Македонија беше претседателот на Меѓународната фондација Тоше Проески, Славен Ристески и менаџерот на неговата матична издавачка куќа „Award“, Сашо Митков.

Слушнете како звучи новата песна на Тоше.

Пет причини зошто треба да постите

boziken-post-595x320

Доколку сте загрижени дека божикните пости ќе ви го исцрпат организмот, тогаш се грижите без причина. Уште повеќе, постот може да има добро влијание врз вашето тело.

Хормон за раст

Концентрацијата на хормонот за раст во крвта може, благодарение на ваквиот начин на исхрана да се зголеми и до неколку пати. А на сите им е познато дека колку е поголемо нивото на овој хормон, толку е поголема веројатноста дека ќе согориме уште повеќе масти и дека мускулите ќе пораснат уште побрзо.

Детоксификација на организмот

Доколку досега не сте постеле, размислете за оваа опција, затоа што на овој начин ќе го исчистите својот организам од токсини. Од време на време на нашиот организам му е потребен одмор од производите богати со масти.

Трик за… долговечност?

Постојат стотици студии што покажуваат дека животните што се хранат со помал број калории живеат подолго, изјави за WebMD Џоел Фурман, автор на книгата „Јади за да живееш: Револуционерен план за пост и контролирано слабеење“.

Овие истражувања се спроведени на голем број животински видови, од црви до мајмуни и покажаа дека животните што периодично јадат нискокалорична храна имаат подолг животен век.

Го ревитализира организмот и ви дава енергија

По детоксикацијата на организмот и навикнувањето на посна храна, ќе почнете да ги чувствувате сите бенефити на овој режим на исхрана. Набрзо ќе забележите дека се чувствувате поубаво, полесно, помалку подуено и дека имате повеќе енергија за секојдневните задача.

Постот е добар за тенот

Преминувањето на посен режим на исхрана е чудотворно и за вашата кожа, која ќе стане посвежа, поубава и почиста.

 

Wi-Fi заминува во историјата – еве што ќе го замени

boost-wifi-signal

Нов начин на пренос на податоците на интерент ќе го засени добро познатото Wi-Fi.

Новиот метод на пренос на податоци се вика Li-Fi, а дава 100 пати побрз пристап до интернет од традиционалниот Wi-Fi рутер, со брзина од 1 гигабајт во секунда. За овој нов пристап се користи стандардна лед сијалица, интернет конекција и фото детектор. Овој начин за пристап до интернет е тестиран во Естонија.

Оваа нова технологија најверојатно ќе биде достапна за корисници за четири години.

Погледнете:

Шест професии за луѓето што не сакаат да работат многу

rabota-zena-600x396

Интелегентни сте, образовани, но не сакате животот да ви се сведе само на работа? Во тој случај овие професии се создадени за вас…

Постојат луѓе што едноставно не сакаат да работат, а принудното работење и стресот на работното место може да предизвикаат како психички, така и физички последици.

Ментално силните луѓе знаат како да управуваат со стресот. Еве неколку интересни професии за мрзеливи луѓе.

Учител по англиски јазик во Кина

Инетерсот за изучување на англиски јазик во Кина е толки голем што стандардите за вработување не се многу строги. Голем број училишта се подготвени дури и да вработат некого без диплома, па и да лажат за нивните спецификации, само е важно да го говорат англискиот јазик како мајчин.

Професионален странец

Оделото го чини човекот… Но, се секогаш на добар начин. Ако се наоѓате во Кина, би можеле да бидете платени за вашиот статус на странец. Некои конески компании се подготвени да платат 1.000 долари неделно за да носите работно одело и да се ракувате со кинеските стопанственици, додека другите ќе вработат странци за да присуствуваат на деловни настани и да се претставуваат како познати личности.

Научник

Веројатно сметате дека научниците не се од тие што се мрзеливи, но според тврдењето на еден хемичар „мрзеливоста раѓа изум“. Други пак тврдат дека мрзеливите луѓе се најдобрените вработени, затоа што знаат пократок пат, ефикасни се и знаат како да ги решат проблемите, работите ги решаваат глатко и знаат да заштедат на време. Факт е дека голем број изуми се направени од желбата животот да се направи полесен.

Програмер

Програмирањето е континуиран процес на учење, но навистина не мора многу да се работи, затоа што со текот на времето сфаќате дека голем број предизвици се повторуваат. Добрите програмери пишуваат по неколку реда од кодот, но тоа е една од најдобро платените професии. Дополнителен бонус: работите со интелегентни луѓе, а инвеститорите плаќаат големи суми за најновата идеја.

Гуру

Зборот „гуру“ доаѓа од санскритот во значење на „учител“, но во духовна смисла значи повеќе од обичен учител. Традиционално, гуру подучува не само специфични знаења, туку се и главни водичи на умот и душата.

Експерт

Еден професионален аналитичар смета дека најдобра можна професија за некој што е интелегентен, но мрзелив, е да биде ескперт за нешто – да ги подесли сопствените мисли и мислења со другите луѓе што ќе ја ја работат тешката работа. За да станете експерт, пронајдете активности што не вклучуваат работа и пронајдете ги луѓето што се подготвени да платат.

Девојки за големи достигнувања, интервју со сестрите Маријана и Мишела

Успехот на сестрите Маријана и Мишела е и наш успех, успех на нацијата, успех за државата. Две сестри, две ближначки, сплотени како едно тело и еден дух. Посветени, упорни, газат и чекорат кон спортските височини, кон спортска гордост. Не израдуваја со сребро од престојното Светско првенство во Џакарта, Индонезија и ни ги отворија очите, дека Македонија може, дека Македонија е силна за секакви достигнувања. Нашиот разговор би го започнал со една мисла за успехот од Кенеди, кој рекол – “Сето замислено, нема да биде извршено во првите сто дена, ниту во првите илјада, ниту можеби за време на нашиот живот на оваа планета. Но, да почнемe “.
Здраво дечки, најпрво честитки за огромниот успех и освоеното сребро на Светското првенство во Индонезија. Чест ни е што ве имаме за наши гости, а уште поголема чест што ве имаме за наши сограѓанки.
Како се роди љубовта кон каратето кај вас, дали пресудно беше тоа дека вашите родители се спортисти или само од себе ве натера да запловите во овој спорт?

Уште од многу мали години, нашите родители кои се тренери на КК Ронин и селектори на државната репрезентација во ката постојано не носеа на тренинг со нив. Кога наполнивме три години, кај нас се јави желба за карате. Секако дека има улога и тоа што нашите родители се спортисти, но тоа не беше пресудно за да избереме карате, можевме да избереме било кој спорт, но сепак нашата желба беше да бидеме каратисти.

Вие сте млади спортисти, гордост на Прилеп и Македонија. Колку внесува жар и желба за идни победи оваа пријатна атмосвера која ја созададовте?

Ние пред се го сакаме каратетто кое претставува нашиот начин на живот. Секако напорно тренираме и тоа донесе многу резултати и признанија за нас, но секако се стремиме кон нови достигнувања и нови цели. Се разбира не застануваме овде продолжуваме со уште поголема жар за нови победи.

Колку напорни беа подготовките за Џакарта, што беше клучно за ваквата силна спремност?

За ваков голем резултат се спремаме цел живот. Наша цел беше медал на Светско првенство (јуниорско и сениорско). Но, поинтензивните подготовки за Индонезија започнаа пред две години после Светското првенство во Шпанија 2013 (Светско првенство се одржува на секои две години…парните се сениорски а непарните јуниорски години). Оттогаш вежбаме напорно секој ден, по два пати без застој, бидејќи во меѓувреме имавме многу важни официјални сениорски и јуниорски натпревари. Поседните подготовки беа во Дојран со репрезентацијата каде што исто така имавме психички подготовки со психологот Ленче, која многу ни помогна во тој дел.

Ги победивте едни од најсилните репрезентации во карате спортот. Дали се зголеми респектот и стравот од Македонија за во иднина?

Точно е тоа, до сега не бевме аутсајдери, и за тоа говорат резултатите на последните првенства ( прво место на сениорска премиер лига во Истанбул, први на светската ранг листа, петто место на сениорско Европско првенство итн..) Сега со овој последен резултат каде што не виде целиот свет, и е прво финале за Македонија на официјално Светско првенство, секако дека е зголемен респектот кон Македонија особено кон катите. Сега веќе сме препознатливи, добивме многу пофалби од селектори и судии од цел свет, како многу млад, перспективен и талентиран тим. Сите ни предвидуваат светла иднина, се разбира со многу труд.

Покрај успехот на Светското првенство во Индонезија, што уште имаат Маријана и Мишела како свои одликувања?

Ние тренираме 14 години и во нашата кариера имаме премогу резултати, но би ги набројале најзначајните: 2-ро место на Светско јуниорско Првенство 2015/Индонезија, 3-то место на Европско јуниорско првенство 2014/Лисабон, 1-во и 3-то место на сениорски премиер лиги/Истанбул, 5-то место на Сениорско европско првенство 2015/Истанбул, 5-то место на јуниорско Светско првенство 2013/Шпанија, прво и второ место на Светската ранг листа, медали од Светски купови и многу медали од Балкански првенства.

Кои се вашите идни планови, што може да очекуваме од вас во скоро време?

Ние веќе остваривме еден наш сон, но секако дека не застануваме тука. Нашата следна цел е Европското јуниорско првенство во Кипар 2016. Во меѓувреме имаме и балканско првенство и сениорски премиер лиги. Секако наша главна цел е да го повториме овој резултат и во сениорска конкуренција, медал на следното Светско сениорско Првенство во Австрија 2016г.


Колку е тешко да се тренира со родител, дали имате притисок, бидејќи нели дома го имате тренерот постојано, или пак сето тоа е едно огромно задоволство?

Па не е лесно родителите да ти бидат тренери. Кај нас буквално преку цел ден се зборува за карате. Тоа што се случува на тренинг продолжува и дома. Секако дека притисокот е поголем и поинакво е чувството, но додека сме на тренинг тие се наши тренери и така се однесуваме. Сепак задоволството е големо.

Сведоци сме дека каратето е постојано во врвот во македонскиот спорт. Дали Македонија би се израдувала со медали на Олимписки игри во моментот кога каратето ќе стане олимписко натпреварување? Поседуваме ли квалитет и за такви достигнувања?

Па ние сметаме дека Македонија ќе се израдува со олимписки медал во карате, затоа што навистина има квалитетни каратисти во Македонија и Македонија веќе има огромни резултати во карате на официјални натпревари. Како и на сите спортисти, олимпискиот медал е наш сон и ќе вежбаме многу напорно за да го оствариме, да донесиме медал од Олимпијада за Македонија.

 

Знаеме ли да ги цениме вашите успеси, колку сте задоволни од македонската медиумска јавност во тој поглед, и дали има полиња на кои треба да се помогне во каратето ?

Во однос на медиумската застапеност и информирање за нашите резултати сметаме дека нашите резултати и на останатите репрезентативци се релативно добро застапени во медиумите, во најголем дел од порталите и пишаните медиуми, додека на телевизиите таа е помала. Што се однесува до помошта од институциите и бизнис секторот можеме да кажеме дека таа не е соодветна со нашите врвни резултати. Од Општина Прилеп сеуште не ни се исплатени наградите кои според правилникот ни следуваат за остварени резултати на Светско, Европско, Медитеранско, Балканско Првенство и Светски купови. За сите наши медали од 2013, 2014, 2015 сеуште ги чекаме нашите награди кои се надеваме дека ќе ги добиеме после овој историски резултат за македонскиот спорт. Се надеваме на стипендија-меѓународна и светска категорија од Агенција за млади и спорт, која според законот за спорт на Република Македонија ни следува за освоен сребрен медал од Светско Првенство. Само за илустрација турските и египетските репрезентативци кои освоија медал се пречекани со највисоки почести од врвните личности на нивните државии, слично е и со репрезентативците на Шпанија, Италија, Германија, Иран, Австралија, кои ги имаат сите привилегии како фудбалерите, ракометарите, кошаркарите на овие држави, каде медал на Светско има иста тежина без разлика во кој спорт е освоен.

Маријана и Мишела што е потребно за тим од 3 девојки да успее толку добро да се синхронизира меѓусебно, толку добро да умее во дел од секундата да се следи меѓусебно и да изработи токму онака како што е потребно?

Ката тим е најтешка дисциплина во карате. Многу е тешко да се состави тим од три девојки кои што треба да прават исти движења, со иста снага, иста брзина, иста експлозивност и во ист ритам. А во мечот за медал тимот покрај катата вежба и еден дел бункаи во кој ги покажува значењата на движењата во катата. Тоа е борба меѓу трите члена во тимот со акробатаски скокови и удари кои се забранети. За да се состави ваков тим потребно е трите девојки да бидат упорни смирени психички силни и да знаат тимски да се согласуваат.

Кој е патот до успехот?

Патот до успехот е многу макотрпна работа, откажување од задоволства, посветеност и упорна работа, пролеавме многу пот и солзи. Секојдневно посветено живееме со карате почнивајќи од наутро, тренинзи, исхрана, натпревари, психички тренинзи. За да се стане еден врвен спортист не е само последниот ден на натпреварот, патот е многу трнлив и тежок, но сладок на крајот. Многу е лесно слободното време да го трошиме на забави, но ние го обравме овој начин на живот. Да бидеш врвен спортист е навистина посебна привилегија на малкумина. Посебно ни е значајно тоа што имаме многу пријатели шампиони од цел свет
( Азербејџан, Кувајт, Италија, Венецуела, Египет, Шпанија, Австралија, Нов Зеланд, Макао, Бразил, Турција, Естонија, Шветска, Мароко, Иран, Перу, Јапонија, Индонезија итн…), постојано контактираме и се гледаме на натпреварите. Тоа не може да се купи и не може секој да го има. Овие се пријателства кои ќе ни останат за цел живот. Тоа е привилегијата на спортот.

Кои се желбите на сестрите Димоски, што би сакале да постигнете во вашата спортска кариера?

Наша најголема желба е како што кажав да го повториме овој резултат во сениорска конкуренција, односно медал на Светско сениорско првенство. Ќе вежбаме напорно и се надеваме дека во Линз-2016 ќе успееме да стигниме до тој резултат. А кога каратето официјално ќе стане дел од Олимпиското семејство секако и медал од Олимпијада за Македонија.

Порака до читателите на маркукуле.мк?

Верувајте во себе и во вашиот сон, бидете упорни и со работа и силна желба вашиот сон ќе стане реалност.

Девојки продолжете да нижите успеси, гордост ни сте, ќе се радуваме и ќе известуваме за сите ваши достигнувања. Само храбро и остварете ги вашите и нашите соништа да бидеме број 1 . Екипата на МАРКУКУЛЕ ви е благодарна.

Подготви: Александар Георгиоски

ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ

BRZA-POMOS-693x336

Oд денеска и официјално ќе започне со работа итната медицинска помош во Општина Кривогаштани. Општината за прв пат добива итна медицинска помош на својата територија, во објектот кој е во склоп на амбулантата во Кривогаштани кој е целосно преуреден и реновиран за потребите на брзата помош. За почеток ќе работат два тима почнувајќи од 20 до 8 часот наутро, додека започнувањето со целодневна работа се очекува за краток временски период. Со овој проект граѓаните на општината и жителите на соседните населени места од другите општини добиваат огромен бенефит за своето здравје.

Почетен состанок за II фаза од проектот Пречистителна станица

5894-poceten-sostanok-za-ii-faza-od-proektot-precistitelna-stanica-960x600-1

Денеска во просториите на Општина Прилеп се одржа првиот почетен состанок за започнување на втората фаза од проектот Пречистителна станица. Во втората фаза, проектот опфаќа реконструкција на околу 45 км канализациска мрежа, средства во висина од 10 милиони евра обезбедени од ЕУ и Владата со што градот комплетно ќе го реши проблемот со третман на отпадните води. Рокот за изведба на втората фаза е две години од денот на потпишување на договорот и една година гарантен период.

5894-poceten-sostanok-za-ii-faza-od-proektot-precistitelna-stanica-960x600-3

Путин ја прогласи фондацијата СОРОС за непожелна во Русија

russia_thumb_medium500_281

Генералното обвинителство на Русија ги прогласи за непожелни фондацијата „Отворено општество“ (Фондација Сорос) и фондацијата „Содејствие“ (Соработка), соопшти претставникот на институцијата за надзор Марина Гридњова, пренесува „Лента.ру“., објави Руска реч на македонски.

Според нејзините зборови, одлуката била донесена по обраќањето на Советот на Федерацијата до генералниот обвинител Јуриј Чајка со барање да се проверат организациите вклучени во таканаречената стоп-листа. Во текот на проверката било утврдено дека дејноста на фондациите претставува закана за основите на уставното уредување на Русија.

На почетокот на јули Советот на Федерацијата на РФ по иницијатива на комитетот за меѓународни работи состави список со непожелни невладини организации, во кој се најдоа 12 организации: Фондацијата Сорос, Националниот фонд за демократија (NED), Меѓународниот републикански институт (IRI) и други.

Законот за непожелни странски организации беше потпишан од претседателот на РФ Владимир Путин на 23 мај оваа година. Тој предвидува доделување на статусот непожелни на странски невладини организации доколку тие ги загрозуваат основите на уставното уредување на земјата, нејзината одбранбена способност или безбедност. Статус на непожелна организација може да го доделува Генералното обвинителство во договор со МВР Русија. Прва организација која беше ставена на листата со непожелни е Националниот фонд за поддршка на демократијата (The National Endowment for Democracy).

Фондацијата „Сорос“ работи во 30 земји во светот. Во Русија беше активна од 1995 до 2003 година. Во текот на тој период организацијата додели грантови над 1 милијарда долари на учители, професори и студенти – вкупно над 64,5 илјади луѓе. Во моментов во Русија продолжуваат со работа организациите формирани со поддршка на фондацијата: Московската висока школа за социјални и економски науки, фондацијата за култура и „Институт ПРО АРТЕ“ и Пушкинската библиотека.

СООПШТЕНИЕ

dennadrvotoo500

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани, месните заедници, невладини организации, здруженија, стопанските субјекти, Советот и општинската администрација да земат активно учество во граѓанската иницијатива „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и сите заедно да допринесеме за збогатување на шумскиот фонд.

„Денот на дрвото“ ќе се спроведе на ден 02.12.2015 година (среда), во атарот на населеното место Ореовец (непосредно до регионалниот пат за Скопје).

Организиран превоз: 09.00 и 11.00 часот пред новата општинска зграда. Сите граѓани-учесници во акцијата ќе бидат пренесени и вратени од локацијата за пошумување.

Со почит,

Општина Прилеп

Сончево време со мала до умерена облачност

soncevo-esen-2-640x396

Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер не очекува во текот на денешниот ден.

Температурата ќе се движи од пет до 14 степени.

Во текот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.